Еве го реално твојот проблем. Ако маж ти е муле ти што си Не можам да сфатам како човекот со кого сте заедно и делите и добро и лошо, го сакате и го делите креветот со него може да го наречете муле Околу проблемот (кој реално не е проблем, туку нетрпеливост и одбивнот затоа што тоа е свекрва а не комшивка или пријателка), има жени задоени со тоа дека свекрва се мрази, па и Мајка Тереза да е лоша е.
Мила, кај свекрвите на гости, а кај мајките? Дека е мајка е дозволено да каже да се помогне или да се пожали. Мајката не може ништо да ја замени, тоа е факт. И јас со мајка ми си кажувам се што ми лежи на душа, а со свекрвата секакo не можам. Ама сепак, дека му е мајка на маж ми, па гледам барем во тие два часа што ќе ме покани на ручек да направам политика колку и да ми оди на нерви некогаш.
Толку ли е тешко да се направи компромис на таков ден? Во ред те поканиле на гости и можеби нормално е како гостин да чекаш некој да ти принесе/раскрене, но веројатно од претходно си ги познавала секојдневните навики на тие луѓе и си знаела што се очекува од тебе, а и ти од нив. Колку треба да се процени човек и да се реагира на начин на кој тој функционира? Сигурно од вчера не си во таа куќа?! Јас визуелно си ја замислив ситуацијата и не видов ништо лошо во: - поставување на маса за ручек каде би требало да ги собере сите присутни; - суптилно барање помош од гостинката да подготви салата на начин на кој секојдневно ја спремаат и тоа за четворица. Изговор-на таков ден не се спрема храна. Е кога ако не на Велигден, Божиќ?! Што да ти кажам? За погрешен маж си се омажила.
Не гледам некој страшен проблем тука. Не е нешто што би требало да се стави при срце, и да избие револт. Некогаш самите непотребно си правиме од ништо нешто.
Јас не гледам ништо лошо во тоа да помогнеш на твои блиски. Дома секако дека работам, ама помагам и кај бабите и кај идната свекрва. Пример на фамилијарни ручеци кај бабите мажите прават скара, ние местиме маси, правиме кафе. Штом викаш некого на гости значи го удостојуваш и ти значи. Помош при местење и раскревање маса кај одредени луѓе и ми е задоволство. Пример јас кај идната свекрва одам и помагам ден пред некој празник, слава, роденден. Ич не ми е тешко да соберам тањири од маса и да исчистам остатоци од храна а таа да ги измие или да ги ставам вилушките и ножевите во посебен сад да се киснат. Ама за некого што местел маси претходно и што цела вечер станувал да им сипе пиење на гостите е огромна помош. Е добро, колку може да ви се меша кога живеете одделно? Доколку имате други проблеми кои не се од типот "ме тераше маса да наместам и раскренам", тогаш треба да зборуваш со маж ти. Вие дома гладувате ли за празници? И дома кај тебе ќе си местела маса и кај свекрвата на гости. Дали ќе ставиш 5 копмплети плус не е проблем. Жената има таков карактер и ти нема да ја смениш. Ама затоа можеш да се договориш со маж ти како ќе функционирање. Протестирање за празник дека она те терала да работиш е ниско и скроз непотребно. Гости кај братучеди од второ колено не е исто ко гости кај свекрва. Исто ќе му дојде ко маж ти да отиде кај твоите на гости и да се навреди јер татко ти го замолил дрва да исцепка оти него раката го боли.
Абе и кај братучеди од второ колено ќе помогнеш ако се собираш пример да правиш скара. Сигурно нема да седам со скрстени раце, а другите да ми носат, а јас као празнувам и не работам ништо.
Јас имав мака ја споделив. Лажам,не лажам кој како сака нека мисли. Благодарам за се што прочитав. Тоа е што е, моја грешка е што воопшто дозволив да бидам гост каде што очигледно не било планирано да сум гост. Да не опишувам какви коментари слушнав дека има за мене а ги шири по други. Помалку ќе ме болеше мене да ми ги каже лично,а не да се раскажува кај треба и не треба. АМа тоа е.
Сите мислења надвор од темата се избришани. И уште еднаш ве замолувам да не провоцирате и навлегувате во расправии. АКо некој мислете дека трола, навредува, провоцира - пријавете, не реплицирајте. АКо мислете дека лаже, манипулира итн, имате опција ,,игнорирај,, Ве молам да ги почитувате правилата на форумов.
Зависи колку сме блиски. Ама пример ако сум поканета на слава, таму сигурно има некоја личност која е поблиска до домаќинката, па јас не се мешам. Е сега дружба за скара на викендица со друштво секако дека треба сите да се ангажираат. Домовите кај мајка, свекрва, баби се места кај што е културно да помогнеш. Те викнале на гости, спремале, пред се ти отвориле врати од својот дом и не бива да си со сите четири во вис.
Jas ziveam vo zaednica so svekor I svekrva normalno na poseben sprat so poseben vlez ITN. I pogolemiot del od denot go pominuvaat so nas.Ako ne se kacat na sabajle za kafe ili opsto da ne dojdat podolgo vreme,znaci zboram za vo denot jas odam kaj niv Zato moj sovet pokazi malku tolerancija I pocit prema lugeto ako sakas da te pocituvaat..
Така и треба. Се знае редот кој на кому е гостин. А не те викам на гости за да те командам како ми чини зошто си ми дошол дома и сега те третирам како ентериер и ке те поместувам,шетам ваму-таму зошто ми се може.
Дoбрo штo те кoмaндaa,дa кoпaш,дa oрaш?Ете мoже те зaмoлилa свекрвa ти дa нaместите пa зaеднo дa седните,нели беше мнoгу дoбрa и културнa женa.Акo тoлку несaкaш дa гo мрдниш г.зoт кaжи и декa си гoстинкa и гoтoвo не дa прaвиш дрaми.
И после ќе речете снаите светици, свекрвите ѓаволици. Се има, во проблемот е свекрвата крива што ја сметала за ќерка, а на снаата проблемот е што сакала да биде угостена ко КРАЛИЦА да ја служи свекрвата, кој на кого му работи кликерот. Не е до вас, до стереотипите е. Мамичка ве служи, ве рани, ве пере и после и свеќи тоа треба да го прави, во спротивно не била угостена, не требало да се помага. Ууу мене свекрва ми(некоја идна бог знае која ќе ми се падне) да ми рече те сметам за ќерка и да ме прашува што како и да ми трча со рецепти ми е најнормално, зашто во денешно време си кубат коси. Култура бе, на последно место, прво угостувањето ко КРАЛИЦА.
Како може во таа куќа каде што сте израснале и која била ваш дом пред да се омажите, да се чувствувате како гостинка и да чекате да ве угостат како што сакате. Јас кога сум одила кај моите, сум правела и ручек, ако моите не си дошле од работа, сум варела кафе, миела садови. Па ако за таа куќа, која до вчера била мој дом, сум гостинка, не знам што да кажам. Моментално во заедница живееме, ама уште малку ќе се одделеме. И ако ме викне свекрвата на еден ручек, нема да ми падне круната ако помогнам, кога јас ќе имам потреба од неа, па и таа ќе ми помогне.
Фино и лепо сум гостинка кај МАМА. Ако не викне на ручек значи има однапред испланирано што ќе се јаде и пие. Нема што да се докажувам или изигравам домаќинка кога на гости кај моите седам неколку часа и си одам дома. Значи јас лично кај мајка ми одам да се одморам, т.е. да си поиграат со малата, да седнам да јадам како што треба, а не од нанозе или брзински, да пијам раат кафе 15 мин полека, а не како дома или ладно ќе го пијам, или ќе го шмркнам набрзински, и ред други работи. А да сум на поседок неколку дена тогаш да, можам да помогнам и раскревам и слично. А за 3,4 часа и кај свеќи и кај мама сум гостинка
За празникот бевме кај моите на ручек, се најадовме, напивме и додека мајка ми вареше кафе сопругот и јас станавме да ја раскренеме масата.Една минута ни одземе тоа и воопшто не се изморивме. Нема рацете да ме заболат ако ги тргнам чиниите од маса. За мене си кажувам, за вас не знам. Можеби ви е тешко тоа. И кога сум одила на гости кај братучеди, тетки сум помагала, оти се осеќам како дома, мене тие неколку минути нема да ме изморат, а на нив ќе им значат многу.
Исто и јас. Кај мајка ми и кај свекрва ми помагам во поставување или раскревање на масата. Што ако сум отишла на 3, 4 саати и што ако помогнам. Утре и мене ќе ми затреба помош од нив кога ќе имам дете. Не можам така четирите во виc, незгодно ми е, а и плус ко што рече ти, тоа одзема неколку минути. За кај други роднини не се мешам во тоа.
И мене ми е незгодно така, они да спремат се, а јас како принцеза да седнам, да се најадам и станам. Па јас утре ќе имам дете, ќе треба некој да го причува некогаш. За помагање кај роднини, помагам само за оние кои ги сметам за ептен блиски и за кои знам дека и тие ќе ми помогнат.