Стварно незнам овие свекрвите ко по исти калап се праени, исто размислување исто понашање никогаш нема да прифатат нов чоек во куќата
По мене ти си скроз во право да не даваат на своја рака било што. Еве мојов е скоро две години па и ден денес кога им го оставам на чување оставам подготвена храна. Бабите ми имаат кажано дека и нив така им е полесно. Ама што си се ставила во улога на слугинка,си се ставила, и што му бараш оправдања на мт. И мојот пред да живееме заедно во кујна немаше влезено. Ама он да рече незнам, а дете само макарони да јаде, епа срам да му е. Можел да те праша или да прочита на интернет манџа како се прави. Мислам не треба школо за тоа. Не го правдај, подбери го. Па и за старите, со кутење и затварање во соба проблем не решаваш. Кажи си, луге мене ми е напорно, од денес јас готвам за децата, на кој му се јаде нека си спреми. Зошто дур кутиш ке те товарат.
Значи толку ме изнервира. Мм на службен пат и она одма да ми правела друштво со малото. Знае дека се обидуваме подолго за 2ро,и ене ја пред мајка ми на гости што дојде,па да се смири малку,да не се нервира толку ќе фати. Ми иде. Знае дека најмногу она ме нервира и гледа колку се воздржувам да не се сакраме,ама ми пукна и реков,секој за себе да си гледа. Јас си гледма за мојата матка,друг за својата да си води грижа. И одма пред мајка ми ама еве одма сака да се кара,уште будала на здрав ум ме прави. Божено да ми даде екстра нерви да ја дотрпам до дека мм не е тука. А прв ден како замина одма почна да досадува. Инаку пак ќе пишам од порано интелектуалка е,учена не е глупа да не разбира,ама така и чини да боцка,да семеша во се. Уште вчера почна попис низ стан,што требало што не требало. Порано и молчев и и одев по ќеиф,ама веќе само велам да.да си влегувам во соба и си бркам мои работи. Ужас,ем на гости дојдена,ем газда ти се прави на тебе и се останато.
Па ако не ти се свиѓа нејзиното друштво можеш на многу културен начин да ја откачиш, кога ќе се најави ако се најави, да и кажеш дека ќе излегуваш, или ако дојде ненајавена да не и отвараш и решен проблемот. Плус, што има да знае дали и колку време се обидувате за второ дете?
Мм се им кажува,така е воспитан. Еве и мајка ми знае,ама никогаш не силувала така. Пример на роденден ете ми посакала ќерко да ти се оствари желбата за дете,ама да ми досаѓа така не. Ја откачувам коклу можам и кога можам на културен начин,ама понекогаш ме фаќа жал постара жена па ај да и обрнам внимание и она си зема здраво за готово дека може се да си дозволи и да команда. Таков и е карактерот. Случајно се најдов на прослава со нејзини поранешни колешки од раб. и нели муабет која си што си и одма свекрва ти е таа и таа? Јас велам да и одма само ми рекоа јака ти душа како ја трпиш,и се кажа еден-два гафа нејзини од раб.толку. Муабетот ми е исто како што се однесува со мене така се поставувала и на раб.и буквално никој не ја сака. На свадба никој од колешките не и дојдоа,културно одбија.А мене ми се вади демек многу ја сакале,ја викале да се видат,дека послободни во пензија ама она немала време демек со внучето зафатена се правдала,а нема врска повеќе мајка ми го гледа него она.
I jas se soglasuvam so tebe, sto ima potreba ona da znae???? I plis nemoj da I kazes samo da I da si vlagas vo soba da brkas svoi raboti, da se custvuvas neugodno vo sopstvena kuka. Tuku ke I kazes direkno, slusaj vamu jas koga doagjam kaj tebe na gosti, ti se mesam li vo rasporedot tovoj? Ti se pravam li gazda vo tvoja kuka?? Ne... Epa nemoj I ti, ova e moja kuka, pravam kako sto jas sakam, jas sum si gazda, ne se mesaj kaj sto ne ti e ranota, za mir na dvete, neli ne sakas da se karame, a samo bockas. Taka kazi I. I kako sto napisa feminkata gore, ne ti se dopagja nejzinoto drustvo sto e normalno snaa I svekrva nikogas ne idat zaedno, ti otkaci ja na kulturen nacin.
Епа со маж ти реши си го проблемот, нема што да им поднесува извештај од вашата спална соба на мајка му и татко му. Уосталом, нека си дрнда де, ко никој, речи и добро.
@AURUA нема потреба да и кажуваш вакви работи на свекрвати тоа си е ваш интимен и приватен живот. Во иднина гледај да не и ставаш в уши ништо. Муабет поврзан со времето и денешниот живот, општ муабет само и толку. Што и да каже се друго ќе игнорираш зависи сепак од ситуација и муабет, крај краева ќе и кажеш дека не е вкусно од нејзина страна да се пика кај што не и е местото или ти или маж ти подобро. Кој каква матка има не е нејзин проблем.
Никогаш не ми се допаѓала таа блискост меѓу снаа и свекрва. Не гледам никаква потреба да и се доверувам на свекрвата, ни па таа мене. Уште помалку можам да го разберам пак таквиот (мамин) син.
Јас сум блиска со свекрва ми и не гледам ништо лошо во тоа. Не и се доверувам кога правиме бебе ама за се останато што ми лежи на душа го споделувам со неа. А и таа со мене. Ниедна од нас го нема злуопотребено тоа. Мене ми е сосем океј односот кој го имаме. Сум пишувала дека супер се сложуваме. Ниедна од нас не е идеална ама правиме компромиси за се што е потребно.
И јас увидов многупати дека не треба да и се доверувам на свекрвата. Кога и да и кажам нешто, си ќутела, као не ја интересира, и тоа ме нервирало. Еве сега сум бремена и се прави дека не ја интересира, се случило да ми ги игнорира муабетите за тоа што да му купам на бебето за да се спремам пополека нели, а за другиот внук од снаа и уште пред да се роди, абе се п.... да ми простите на израз. Епа нека ми извини, ама не можам да дозволам да се нервирам во бременост поради неа и мојот муабет со свекрвата е службено.
Кога кажав блискост, баш на тие работи мислев ,,правење бебе,, Инаку за останатото е ок да се има коректен однос. Не секогаш свекрвите се криви
Жената е учена,интелектуалка,претежно досега била ок.Знаела да му промрчи на мм да ми пререче он нешто,некогаш да се согласам,некогаш не итн. Најнормални раб.Ама ја има удрено периодов луда мисла дека и дошол крајот. Си ставила на мени дека ќе менува се според тоа како треба да и изгледа неа исправно. Буквално ко со мало дете да се објаснуваш за се и сешто зошто така го правиш. Ете и лице да и поднаправиш дека нејзиното е во право ама од тие и тие причини така сум направила. Арно соба врата што има(иако секогаш па и вратата не и пречи да си завлезе).Стара е и ја фаќа тоа старечкиот страв од крајот и додева мила @stetoskop ке,знаеш колку можат да бидат здодевни одредени персони со нивниот чуден темперамент или се да е по нивно или во се да се мешаат,па онакви често што тонат во минатото и ко слеп за стап ама ти тогаш така рече,ко да е животот праволиниска материја итн.? Што да се прави тоа е,да ни потрае форумот со се на него,да му помине мака на секого. Снаа од свеки и обратно.
Искрено и покрај се ме фаќа жал што ја маваат такви филмови па почнува се да доминантно изменува,ај за 2ро побрзо итн. Што знам дури сакам совети-искуства како сте се справиле со свекрвите кога ги фаќале вакви црни мисли па почнувале да негативизираат околина? Дали да и обрнувам повеќе внимание или да ја избегнувам како што правам? Дали грешам,можеби и треба блискост повеќе. Инаку да на гости е и ете ја трпам,само понекогаш откако ќе ми мине нервозата што знае за секунд да ми ја набие ме фаќа жал.
Здраво женски. Веќе година ипол како сум со мм и секој ден сум со нервози. Брат му е женет и имаат посебен спрат, а ние живееме со мајка му и татко му и плус деверот и јатрвата си седат кај нас по цел ден. Тука јадат, пијат, чекаат гости, а кај нив си одат само за спиење или кога се ептен уморни за да си одморат. Плус свекрвава е цело време со неа, работат заедно низ куќи (двете се невработени) а јас си одам на работа и имам еден слободен ден во неделата кој сакам да го искористам за шетање и кога ќе ме видат како излегувам седат налутени со денови, а кога им помагам тогаш сум најдобра на свет. Еве денес на пример сум премногу изнервирана. Од сабајле тропаат по врати, ја оставаат вратата од дневната отворена и зборат гласно за да ме разбудат. Само што се решив да станам многу ми се јадеше слушам гласови - тетката на јатрвата на гости во наш спрат. Не можам ни да станам да јадам, не сакам секој да ме гледа кога станувам кога легнувам, што јадам и сл. Јас сакам на сабајле да си поуживам малку сама, да јадам, да си направам кафе, а не да се расправам со туѓи гости. Ми препукна и му кажав на мм дека ми сметаат и тој нормално не превзеде ништо туку почна да ми вика мене. Јас решив да ја превземам ситуацијата во свои раце пошто тој не мрда ни со малиот прст. Ја викнав мајка му и и кажав што ми смета и дека не се чувствувам како дома со толку многу луѓе. Едноставно немам слобода. Таа ми скокна мене, јас сум сакала да ги избркам и нив од куќата, сум сакала делење ама тоа ќе кажел свекорот кога ќе биде а не јас. Па ги изврти муабетите да сме се преиспитале ние двајца дали се сакаме бидејќи ако сме се сакале ќе сме поминеле преку се. Ним сега им одговара вината да ја префрлат на мене, дека јас не го сакам син им и затоа барам рачки, а не знаат дека од оваа година и пол, 10 месеци се караме заради други отколку заради проблеми помеѓу нас. Да бевме сами никогаш не ќе се искаравме, ама вака сите проблеми произлегуваат од други. Јас сум била затворена, не сум сакала да се дружам со нив, да правам муабет.. Ме направија психијатриски случај а како е тргнато и тоа ќе биде. Секој ден толку нервози само болест можат да ми донесат. Пробавме и за бебе и ништо. Од овие нервози тешко дека и тоа ќе биде..
@Bellucci* имате ли услови да заминете под ќирија? Да се тргнете од таму или не сака мт? Зошто свекорот да одлучува за тоа не ми јасно? Во брак сте ти и мт , не со свекорот и свекрвата. Жал ми е за ситуацијата во која се наоѓаш, очигледно сопругот твој е нај виновен за целата ситуација. Ти се нервираш , другите мува не ги лази.
@duffi Услови имаме. Јас работам, тој работи, ама не сака да одиме под кирија. сите негови заработени пари одат за потребите на куќата, брат му и жена му, (двајцата невработени). 1000 пати досега има тргнато настрана пари за да направиме барем една соба за нас да сме посебно и сѐ нешто ќе испадне и ќе ги даде на мајка му и татко му. Свекорот ќе одлучувал затоа што негова е куќата и ај сега расправај се и барај правда да те видам. Брат му си има спрат опременн со сѐ, а седат кај нас. И пак јатрвата е подобра од мене. А таа кај неа едно кафе не им има направено. Да седат тие со неа и плус јас и мм ќе не избрка после еден час. Ама јас можам да трпам.
Уф бре @Bellucci* , не си во завидна ситуација. Разговор со сопругот, отвори му се, кажи колку ти е тешко што вака функционирате. Очигледно дека со старите разбирачка нема. Со јатрвата пак ич . Млади луѓе , а му штетат на сопствен брат бре, што луѓе ќе беа , без осет. Јас сум секогаш за живот во заедница доколку се има разбирање со цел да се присобере полесно некоја пара за побрзо младите да се тргнат настрана, ама твоето измачување е.