Најдобар совет е да си ја фатиш под рака уште од сега со арно и убаво. Мамо ти како мислиш? А за ова наместо тоа ова да го ставиме како би било? Ќе дојдеш заедно да разгледуваме? Направи да се чувствува важна и инволвирана, дека син и се жени сака се да погоди иако некоаш родителите знаат со најдобра намера да направат грешка или како викаат Parents sometimes do wrong things with only good intentions. Затоа полека полека и се ќе биде. Подобро да си ја имаш за пријател отколку за непријател.
Ете јас не сум мажена но мислам дека мајката на идниот ми маж( се надевам ке биде тој) е стварно душичка. Срекна сум што дечко ми не е мамино галениче затоа што мислам дека тоа им е многу плус на лошите свекрви, кога синчето е на нивна страна. Така беше цел живот на мајка ми се до пред 2 недели кога почина баба ми. Искрено е навистина тешко да живееш во заедница. Но мислам дека колку се криви свекрвите толку се криви и снаите. Во денешно време за ништо незнае да се преќути... На пример еве сестра ми мажена е ама не живее во заедница. Свекор и и свекрва и живеат дури и во друг град на 200км оддалеченост и ги гледа за празници како Божиќ, Велигден и летно време ако дојдат или они најчесто свекрва и на гости или па овие да отидат на неколку дена. Жената ја имам запознаено, се гледа дека е ќутни-бутни ама па секоја мајка за своето дете е таква бе па. Никогаш ја нема навредено и оваа пак неможе да ја истирпи 2 недели годишно. Секогаш вештерката вака, онака. Па после се љутел зет ми, па како нема да се љути безвезе. Сега да има и вистински проблеми во денешницава има секакви и свекрви, а има и снаи. Но јас лично мислам дека не е секоја свекрва вештерка, а секоја снаа цвеќе за мирисање. Мислам дека ако навистина се сака може сложно да се живее и опстане и во заедница. Што се однесува до викањето мамо сигурна сум дека мајка му на дечко ми ако ми биде свекрва ке ја викам мамо. Да, знам ке речете како не ти е мајка и слично неможе да се сака така. Нормално дека нема да ја сакам како мајка ми ниту пак она мене како син и. Можеби и во иднина ете кога ке бидам дел од таа куќа ке се смени. Но сега за сега, што знам баш е супер. Жената за ништо се нема побунето. Баш му беше матурата на дечко ми ( малку сум постара од него ) годинава и јас дојдов како гостинка се разбира но прашав и нешто да не треба помош и слично. И сега прв пат што се вика и влагам во кујна мислам кога е она дома и требаше да се сервира, и јас прашувам како и она ми вика па како си сакаш ти... вика јас да не ти се мешам. Друга случка. Треба да се купува теписи за доле во станот( делот кај што живее дечко ми) и она мене ми вика дојди заедно да одбереме тебе што ке ти се допадне... Незнам мислам дека навистина е жената супер. Дури и еднаш се случи многу се скаравме со дечко ми затоа што пијан беше многу а има многу лошо пијанство и морав дома да го однесам. Она луѓе му се дере пред мене лом го направија и татко му и мајка му. Навистина си имаше кривица ама во ниеден момент не се стави на негова страна. Дури ме викна наредниот ден на кафе ми се изнаплака колку и било срам син и што така се испонашал, ми се извини милион пати. Верувам дека сепак има жени(свекрви) иако се скоро изумрен вид кој стварно заслужуваат почит.
Ми треба ваш совет во врска со свекрвата. Често знае да се пожали дека не и го давам доволно малиот да го гледа(чува). И така јас си почнав секојдневно кога ќе треба да си средам нешто, наместо да го правам тоа додека спие тој, го симнувам кај неа долу и го оставам таму (со цел ем да го види она ем јас да си зачистам) Веќе неколку пати забележувам дека кога и да го однесам долу Ј, она си има нешто работа. Ја прашам дали е слободно за да го гледа вели да, а кога јас ќе се симнам да ја проверам по 5 мин, таа или нешто земала да работи (ќе чисти, мие садови, јаде). Е сега, мене ме многу нервира ова нејзиново. Изреволтирана сум премногу од нејзината сабајлешна постапка. Беше долу малиот и заспа и сега ај да не го шетам така заспан, го оставив долу да спие. И слушам брмчи правосмукалка. Значи, со сиот памет женава почнала да чисти. Се симнувам и ја прашувам што прави, детето спие во истата соба кај што она чисти, и ми одврати : Па нели не се плаши од правосмукалка? Инаку бебето беше будно и плачеше на сет глас а она од далеку му довикуваше: ехее ехее не плачииии. Е сега, ќути си, ќути си да не се караш, ама ова ги минува веќе сите граници. И кажав еднаш дека кога ја прашувам дали има работа нека не ме лаже, нека каже донеси го подоцна и решен проблем. А вака ем ризикува да го повреди (два пати ја видов како пржи риба и компири, го оставила детето веднаш до шпоретот,а може да му прсне зејтин) ем не минува време со него. И после пак ќе кука, ќе се жали како не и го давам детето доволно да го гледа.
Можеби сака да го гледа кога таа ќе посака а не кога ти ќе имаш потреба...За инает тоа башка можеби и нема толку мерак за чување туку бара причина да критикува... И мојата така правеше па јас прекинав да и го давам, ако дојде да ја земи арно ако не, ич не ја носам...Ќе си зборува таа пак, туку кој ја слуша...Поздрав
Не и го оставај веќе, ако пак се буни, речи и кога ќе заврши се по дома што планира ако сака да ти го побара, ако можеш ќе и го дадеш и готово
Ама јас не и го носам кога имам потреба, туку и го носам со цел да го види нели, да не се жали дека не го гледа доволно. Само што го искористувам тоа време додека он е долу, јас да средам нешто. Пред малку имаше пак една случка, по што сфатив дефинитивно не и е мерак зачување, туку само да најде нешто да се скара. Јас правев така, па бидејќи секогаш се погодуваше она да го побара кога треба да цица или кога треба да спие (бидејќи еднаш во денот ќе се качи да го побара да го гледа) и од тука настанаа проблемите, дека не и го давам детето доволно. А стара е, неразбрана, простичка жена е за многу работи, ама за дволичност е многу паметна.
Ќе сватиш дека не ти е потребна нејзината помош. Ќе имаш после многу потешки последици (со оглед на тоа каква е жената). Ако си кука нека си кука само кажи и кога ќе имаш потреба да го причува ќе и кажеш а ако сака да го види нека се качи горе ,,на кафе,, да го види. Верувај нема да се качи. Само опипува пулс до каде може да оди а ти воопшто не се замарај.
Веќе ви пишував дека сум тазе верена и дека моментално сме на ист српат со свекрвата. Решив долу да не и се мешам во редот, затошто за година време ке ми биде готово спратот и ке си ставам мој ред горе. Но вчера со вереникот си правиме муабет и го прашувам како мисли понатаму да живееме.И он ми вика па во заедница сите тројца со мајка ми. еднаш ти ке готвиш еднаш она ке се договарате. и јас му викам а нели може да бидеме само јас и ти при донесувањето на одлуките, а во никој случај мајка ти нема да биде запоставена.Кога ке и треба помош тука ке бидам, коо ке готвам ке готвам и за неа, а за секоја одлука да се допитуваме и до неа мене не ми изгледа малку логично.И му викам шо е целта ако ми викаш дека јас горе ке си бидам газдарица коо мислиш пак кујната да е заедничката. Ве молам многу сум изгубена, како да се прилагодам и прилагодат на новата ситуација.Мене ми е замислено сите одлуки мегу мене и него да се случуват, а да си помагаме со свекрвата која како ке има потреба а не нон стоп да биде вклучена у нашиот живот. Или пак јас грешно мислам.
мислам дека во поглед на храната и готвењето колку што разбрав маж ти сака да е тоа заедничко а сето друго оделно. Ако е така јас мислам дека е во ред помали трошоци а и плус за еден или за двајца кога се готви плус не е проблем, заштедувате струја и време. Сега си млада, може немаш ни деца мислиш дека имаш време за се. Ете мерак ти е и се останато. Но што понатака стави се во ситуација да имаш деца па да переш пеглаш средуваш ех што убавго би ти било одмена за некој да ти направи ручек. Или па и да готвиш ти таа сама жена што ќе готви манџичка само за еден и цела недела да ја јаде. Незнам јас сум секогаш за компромис нека има меѓу вас разбирање па еден ден ти ќе готвиш еден она ќе се задоволат сите потреби, накрај и немора заедно да ручате тенџерето ќе и го симнеш или качиш горе и ќе си ручаш пак со маж ти важно ете еден ручек ќе си имате за сите.
да се насмееме малку, дали се сеќавате на оваа песна? мислам дека најубаво ја опишува темава поздрав до сите снаи и свекрви http://www.youtube.com/watch?v=fEtsOjN3VM8
Eве сега јас да се пожалам некни не бевме сите соберени за на ручек и свекрвата седна сама да руче и си ја измијала чинијата и после јас по неа некое време оти не ми се јадесе со баба ми јадевме и ги оставивме чиниите на водарникот па свекорот седна да јаде и чинитее стоот свекрва ми има 50 год а бабата 70 уште бабата готве се работе само не мозе да мета и јас влегов да се избанјам и баба и вика чиниите да ги измиеш и она вика јас мојта си ја измијав и јас ја слушнав и викам ај секој посебно да си мие а на маж и кој ке ја измие болна кокошка....а пред некој ден па дојдоја моите и таа беше на продавница да пазарува и кога си дојде ми вика ја тама ти е се јас ке седам сега ти работи си...и јас викам ај нека седе тама кај нив и потоа кога си отидоа и таа зема да ги внесе китките дома да не измрзнат и јас и викам ела да раздигнеме масата после ке ги внесеме и она на мене не мозам раздиги си и јас и викам добро коо ке дојдат твоте да не ме чепкас и некни дојде керка и со маж и на вечера а јас се најадов и си отидов во мојата соба тенкото влакно не и фатив
aaa ti si bila ema za karanje em za tepanje ,, Млада госпоѓица! или голема ама не солена ! ако почнеш да живееш посебно свекривати ке дојт да ти ги мие тањирите кога ке ти дојдат твоите или твоите другарки ! Ти си невеста и треба да се прилагодиш спрема редот на таа куќа ! а ако не ти чини ,,дели си се ,,ако има каде ! П.С. и ЈАС сум ,,невеста,,остарев како невеста и пак ја прашувам по некој пат свекрива ми колку да не се осети до толку бескорисна и онака е многу болна и не можи ни да стои а камо ли да работи !
Јас некако те разбрав едвај, ама...колку да се изнервирам, таман. Според ова што го пиша тука, ти воопшто нема на што да се пожалиш, уште инает тераш. Нормално дека си требала да ги измиеш садовите, е сега она не била во право што ја измила нејзината, можела и таа да ја остави, ама ете тактики спроведуваат тоа старите да видат како ќе одговориш. За втората ситуација, ама ич никаде не си за жалење. Свекрва ти напазарила, и ти рекла да сервираш. Па? Што сакаш ти? Ти донела жената, толку ти е тешко во тањири да наредиш? После она си внесувала цвекиња, а ти и викаш да остави да ти помогне да раскренете?!!! Па 100 души ли имавте па не можеш сама? Жената си работела нешто, а ти ја викаш да раскревате. Боже мил. И уште ти си таа што е повредена, па ќе се закануваш, ќе видиш кога ќе дојдат твоите, па уште се гордееш што си се најала и си станала. Само додека она раскревала ти работеше нешто или си го триеше најадениот стомак? Срамота. Искрено, не те познавам, ама за твое добро ќе ти кажам, да си се потсобереш малку, овде, според ова што си го пишала никаде ти не си загрозена, туку луѓето со кои живееш, бидејќи како што гледам, само демнеш, мислиш дека некој кова заговор против тебе, па да го провалиш и да му вратиш. Ај олабави малку, и не фаќај кусур на се и сешто. И ќе измиеш, и ќе раскренеш. Големо чудо. Прочитај какви проблеми имаат тука девојкиве, па може ќе ти се разјаснат некои работи.
Какви бре млади снашки - стари свекрви, ваков бил адетот, онаков бил редот...трт мрт..Ме нанервира снаата, ја мразам свекрвата, да му умре козата на комшијата..Не ве разбирам. Жени сами си ги правите работите, јас имам едно правило: Не ти се мешам-не ми се мешај. Ниту сум сакала да живеам во заедница ниту ќе сакам, баш од причина да не се замарам со патријахалност. Живееме во 21 век. Знам дека некои немаат услови да се одвојат со сопрузите и сеуште многу парови живеат во заедница, ама млади се и треба да си ги поставите навреме работите. Дрвото ако криво го насадиш криво и ќе ти расте. Во најубавите години кога треба со мажот да си правите планови, да си стварате потомство, да се стабилизирате финансиски не треба ни да дозволите некој да ви се меша во најклучните одлуки. Малку грубо ќе се изразам АМА во кревет не може да бидете ТИ, ТОЈ и МАЈКА МУ. Јас ќе си бидам културна, фина и принципиелна, при тоа мислам на следново - Ќе ја сослушам свекрвата што има да каже, ќе и покажам дека го почитувам нејзиното мислење како човек и притоа ќе и дадам на знаење дека мојата одлука е последна а не нејзината. Јас многу го почитувам нејзиниот личен простор, одлуки и време ама кога ќе дојде време за мојот личен простор, време и одлуки нема што она да ми се меша, тоа е култура на однесување. Ако претера со солење памет - Треба вака со маж ти вака да правите, онака да правите...се исклучувам а она нека си зборува... Ако почне маж ти за ручекот да ти збори - Чекај мајка ми да ја прашам..отиде манџата. Чувајте си го бракот од добронамерни совети, и прајте си го ќејфот еден на друг а не на други. И пред да решиш со некого да го делиш животот провери дали му е пресечена папочната врвца, зашто никогаш нема да отидете на далечни патувања ако е он врзан постојано дома
Подолго време немав пишано на темава и еве решив да го споделам со вас чудното однесување на идните свекор и свекрва. Во последно време некако ми се чудни, но не знам зошто. Не сме имале некој близок однос па да речам дека е драстична промената, но сепак јас си гледам дека не е тоа тоа. Пред некој ден си седиме јас и вереникот во соба и влегува свекорот само до врата да го прашал нешто син му, јас му велам добро вечер а тој се направи како да не слушна (или можеби навистина не ме слушна) ништо не ми прозборе ни како си да праша, туку зборуваше нешто со вереникот и си излезе. Ми падна непријатно. И свекрвата чудно се однесува, пред некој ден бевме спремни да одиме на едно место сите заедно и гледа дека сум спремна и ми вели и ти ќе идеш или... а јас и велам штом сум се спремила и тргнав (излезена бев во дворот) нормално дека ќе идам, тогаш свекор ми и рече ма што збориш ти како нема да иде и таа заќуте. Ме нервира тоа што во многу ситуации се прави наудрена како ништо да не знае, изгледа сака да провоцира и да види што ќе и одговорам.