А ако ми било решено и ете одеднаш ми се расипал планот? Треба да се разведам и да се вратам кај мајка ми? И да напоменам, и таа свекрва е снаа во таа куќа а не газда.
Во тој случај биди благодарна што те примила дома кога си останала без својот дом. На подарениот коњ не му се гледаат забите.
па да де, ја не сум човек....и читај, не ми дала она дом, и она е дојдена овде кај свекор и и она не е газда. Значи не судете површно, ако имаш живци сослушај го човекот, ако не не се мешај....и не одпомагај.
Она не е газда. Ама ти па најмалку. Извини но ти си снаа и тоа тазе сигурно. Некои има се 20 години во брак па не се прават газди кај свекорот и свекрвата.
Она е кај маж и дома, ако свекор и е умрен. Значи во наследството на маж и. Кога ќе умре твојот свекор и она, тогаш во наследството на маж ти ти што сакаш ќе правиш. Под претпоставка дека имаш, па губиш стан, буквално старите ве прибрале. Или кај ќе одевте ако не ве примеа?
Значи на се ќе најдете маана. За сопствено дете да речеш си го прибрала од улица, овде сеа зборам за син и....срамота!!!! И не не е умрен свекор и и сеа? Мислам извинете што господ ми земал и татко и брат и куќа, сум остана на улица, јас немам право да живам, ајмо на бесилка зошто сум кажала нешто. Поздрав до вашите совршени свекрви и животи. Нема потреба да ми реплицирате, зошто нема да се разбереме.
Немс потреба од толку напаѓање ипак не знаеме се. Пишав у еден пост што ако мажот и хо предомислила мама ден пред свадба да не одат под кирија итн. Различни проблеми има, не е фер увек со приказната шо мислеше пред мажачка, да настапуваме. Сепак е форум и секој може да се пожали, дајте малце разбирање да покажеме. Нема потреба да сме до толку напаѓачки настроени. Секако ние не можеме ништо да решиме ама па ни нема потреба да ја убиеме... сослушај, ако знаеш совет ако не зошто кавга и ти дала спална па уште плачеш муабет... неубаво звучи искрено... @Цвет88 решение уз кафе сабајле муабет со свеки да направиш, ајде да ги поделиме обврските у денов кои се мои кои твои? Следен пат легни си и ти во дневна или разговарај со мт некако за уште една соба да доградите, да си имате своја дневна па да не мораш во спална тв да гледаш. А од др страна јас живеам во мал стан, па се ни е на куп, дневната е и спална и дневна и трпезарија... еден да спие другиот ќути да не стропа па да го разбуди првиот.
Абе ајде, жити се'. Епа ако си имала толку тешкотии во животот, знаеш и сама дека ова свекрва ти што го прави не само што е смешно, туку и има секое право да го прави. Свекрва ми совршена не е, ама па и јас не брзам да и' се уселам. @Mari-Ja ако мажот ден пред свадба се премисли, или ако мажот иде по памет на мама, тогаш ич нема проблем со свекрвата. Мажот е проблемот. Јас би размислила дали стварно со таков човек сакам деца да раѓам.
Сум правела таков муабет, ајде викам јас ќе готвам, ти чисти, добро важи неам против, и не еднаш туку 100 пати е кажано на убав начин, дека не сум научена да седам, сакам да допринесам и јас, зошто додека не работам можам да работам по дома. И беше ок, се до пензија, до тогаш и готвев и чистев, ама сега не стигам, сабајле од 6 почнува, а ако мм и спомне остај, немој го крева носот. Ти викам, не е само мене да ми смета, со сите дома е, на свекор ми само му се дере а он најмалцд заслужил. Не може да и се каже ништо. Зошто како да не перцепира, а да бидам лоша и со лошо да кажам не можам. Би преградила, ама неможе ни тоа, зошто веќе е доградена една соба. Реков имаме и стар човек дома. И не е убаво да се префла дека стариот смета, кога сите си сметаме и тоа е факт. Едноставно таа има таков карактер, јас друг. И маж ми се напнува, него па со друго. И ќе ја седне и муабет и со фино, и свекор ми и збори. Ама не, ти и викаш црно е, таа е не е, црно е. Ако збориш за исто. Фали ти на разбирањето и советот. Јас верувај се трудам и прифаќам се, не се жалам по луѓе, еве тука се отворив. Ми треба да ми олесни, за многу работи.
Не ме пецкај за тоа, недај боже да ти умре татко, брат....не пецкај за нечија смрт, посебни не дека ради тоа има некој право да ми прави било што. За смрт не ме пецкај!!!!!!
Не те пецнав, го кажав истото што и ти. Дека на таква траума, мака, извољевањето на свеки ти е проблем? Јас не знам што тебе свекрва ти ти прави, ама она што го напиша, ништо трагично. А кога станува збор за умирачки, не можеш да знаеш дали мене сите ми се на број. И да, ако веќе ти и маж ти сте имале стан, па сте го изгубиле (твој пример), неговите ви дале дом кога сте биле на улица. За тоа треба да сте благодарни и што сакаш мисли си и притресувај се, ама тие не мораат да живеат со вас. Вие морате со нив.
Уште у првиот пост имам кажано дека не ме навредила или нешто лошо да ми прави, само кажав како е дома, а и дека сакам и јас да учествувам во се, и за себе, и за маж а и за неа да и помогнам. Тешко е само да седиш така.
Абе цвет, видов дека си бремена. Биди среќна што она сака да готви. Нека готви. Што се замараш сега бремена со такви глупости. Ти кулирај си и одмарај си.
Да, така е. Ама тоа и не е толку голем проблем. Да сум на твое место, цел ден Кенди Краш ќе играм, нек си готви Па уште бремена со ова се занимаваш?! Абе цел ден читај за бебиња, остај ја нек си има занимација она.
Ете се разбравме, ама јас сум си крива што многу ја мозгам, што и како ќе се рече, да не испаднам мрзлива...ама за тоа сум си крива признавам.
И филмови ќе си гледам Цветче уживај ги овие месеци,шетај,спиј. Кога ќе дојде бебчето на свет да знаеш колку само ќе ти биде мило ако свеки ти праве јадење ,чисте. Ќе знаеш дека ќе можеш цело внимание да го посветиш на детето а не да трчаш и да вршеш еден куп домашни обврски.
Ќе пробам, ветувам @Black girl веруватно ради бременоста, порано не избувнував до толку, сеа полесно се нервирам.
Абе ич да не ти е гајле се согласувам со Мила, кога ќе се породиш ќе и' бидеш благодарна за секое манџиче Толку убава работа ти се случува, не се оптеретувај со глупости. А башка, ако е тазе пензионер, она не знае што да прави со себе. Затоа си изнаоѓа обврски, за да биде се' уште корисна. Башка и со свекор и со снаа, а наскоро и со внуче ќе живее, сигурно и неа не и' е лесно. Како и да е, има на темава примери за психо свекрви, која колнела, која со секира бркала... Да ги прочиташ ќе ја гушнеш твојава
Скоро кај сите луге периодот по пензионирањето им е малку тежок и влијае на нивното однесување. Некои се затвараат во себе, некои сакаат да доминираат, некои пак што повеке да работат за да покажат дека уште се корисни. Имај го ова во предвид, период е. И нејзе и е тешко, голема промена во животот е. Имај разбирање и можеш само корист да имаш.
Фала ви...абе сите сме си криви...само кој за што. Ќе пробам да уживам...се надевам ќе се сменам малце.