Абе уживајте колку можете. Не се трудете да покажувате колку сте способни на готвење, чистење, чувајте се за во кревет Сериозно, на никој не му е совршено. На кој помалку, на кој повеќе. Ама пред да се креира било каков проблем, ние прво сами си го креираме во главата. Трудете да ги бркате негативните мисли. Не за комшиите, ами за да ви е мирна психата п.с. и јас не сум родена со ваква дарба да игнорирам, ама малку по малку труд, и некако има резултат со текот на времето
@Цвет88 И јас сум таква, многу мозгам и се што кажат свекор ми и свекрва ми го анализирам и понекогаш си правам некои филмови. Кога таа праве јадење, мие садови или чисте по дома, се си мислам леле сега свекрва ми ќе помисле дека сум мрзлива и не сакам да работам по дома. Ова додека живеевме заедно во ист спрат. Секогаш гледав кога ќе си дојдеа од работа да биде јадењето на маса, салата направена, садовите измиени, дневната средена. Од кога дознав дека сум бремена, најголем дел од јадењата таа ги правеше, таа усисуваше дома, чистеше, и ме пазеше да не ми се случеше нешто, оти она како млада имала спонтан и и' беше страв за мене. Сега еве еден месец како сме одделени на посебен спрат, ручекот ни е секогаш заеднички и скоро секогаш таа го праве. Ние симнеме се најадеме се и се качеме горе. Кога нема ручек дома, јас се симнам и направам, средам ја дневната, кујната,измијам садови ако има, и покрај тоа што сме одделени си помагаме. Вака функционираме и кога оди на работа преку недела и кога е слободна за викенди. Еве пред некое време си кажа дека дел од одморот ќе го земе кога ќе сум се породила, за да ми помогне барем првата недела. Јас немам ништо против, знаеме дека е тешко додека се привикнеш со бебе, а не верувам дека намерно ќе ми смета и наредува, мислам дека ќе ми биде од помош. Кај тебе е проблемот што сега и двете сте дома слободни, па нема што да правете, освен ручек или да се зачисти по дома нешто. Јас те разбирам како ти е, зашто со мм 3 месеци седевме кај баба му и дедо му, пензионери се, стануваат рано и одма баба му почнуваше да праве ручек уште од сабајле, ретко се договаравме за ручек, ама па добро функциониравме во некои работи. Разбирам дека сакаш да бидеш од корист а таа не ти дозволува. Нареден пат понуди се за помош, да исечкаш нешто за јадењето, бутај се и ти до тенџерето, пробај го јадењето, ставај сол. Јас така правев кога свеки ќе кажеше дека не и треба помош. Нареден пат сама ќе ме замолеше за нешто да и' помогнам.
Горе доле исто беше кај нас додека работеше ...ајде ваљда ќе се сменам кога ќе се роди бебево. Фала ти пунооо
Сега заради хормоните повеќе си осетлива и многу работи ти сметат. Потруди се да не се замараш со неа, гледај си ги бебето и мажот, таа нека си ја гледа манџата.
Како тоа и дала дом, тоа не е куќа и на син и? Како може да барам ќерка ми да ми биде благодарна што сум ја примила да живее во куќата каде што е родена и растена? Дај не претерувај!
Па да, треба да ти биде, посебно ако ти донесе и маж и деца со неа. Возрасни чим сте, никој не ви е должен ништо. И ако веќе ќерка ти живее со мажот и децата кај тебе, ваљда треба да се привикнат на правилата на твојата куќа?
Јас немам свекрва и си ја барам ако ме веруваш... Баш дека била вредна, домаќинка... Може да беше жива немаше да се сакаме и ќе ми сметаше, ама ептен ми треба помош... Уживај дури можеш, и почитувај го тоа што те прифатила и што прави се' без да ти пререче. И моли се така и да остане... Со лесно бременоста, уживај во секој миг
Ако помага,зошто помога. Ако не помога ,па обратно. Ако ѕвони, што ѕвони Ако не, не е заинтересирана. Жени ви нема погодувачка искрено. Ете свекрва ми денес два пати ѕвони. Па што , не е досадна. Мајка е и она, ја интересира како се и што прават нејните деца.
Ако земиш на никоја снаа не и одговара свекрвата , и на никоја свекрва не и одговара снаата но има исклучоси не велам не , треба сепак да има некој компромис меѓу двете страни инаку отидоа нервите абе живејти си го животот оти кога ќе дојдат вистинските проблеми ќе се смеете воопшто што се нервирале за глупости деца треба да се гледаат за нив богами треба нерви .
Најубаво ти е да си уживаш во бременоста. Ма твое место да сум, цел ден од спална не би излегла. Серии најди на нет, читај книги за бебиња, лежи, одмарај, уживај. Познавам жени во менопауза што се побркале така, емоции ги надвладуваат и или на плачење или на карање ја терале. Свеки твоја ако цел живот работела и сега одеднаш е дома верувај не и е лесно. Јас месец дена пред да се породам дома останав, збеснав сама со себе не знаев што да правам. Од чистење, готвење, пазарење, до последно не давав никој да ми помага. И уште една работа, не е само до тебе, гледаш дека спрема сите е таквс. Уживај додека не те тера со стомакот до заби да рибаш купатило
А свеки што се откажа од својот дел по смртта на свекорот и се му препишал на мм ненормална е? Некој сепак не си го гледа детето и снаата како скитници на кои им дава покрив над глава. Она вика дека живее за нас и се радува зошто сме уз неа. Многу себични ми се размислувањава какво твоево. Да ми биде побитно јас да сум главна од среќата на децата ми е дегениски. Сега свекрвата помага на младите, утре кога ќе остаре младите ќе се грижат за неа. Многу себично и нетолерантно време дојде.
Е свекрва ми е обратно на ова и се радува што сме делени, јас уште повеќе. А сум пишувала, да не се повторувам оти сме во супер однос. Отворено ни има кажано дека и ние ќе им сметаме на нив , а и тие на нас уште повеќе. Е да требаше да се стинеме некоја година, ќе се стисневме. Ама да е среќна што сме сите скоро три генерации во 100кв, ете немаше да биде.
И тоа е во ред. Посебно ако е изводливо се знае како е најубаво. Секој сам. Зборот ми беше дека се најдовме во таква ситуација и сме толерантни двете страни. Не можевме да се снајдеме одма ( финансиски исцрпеност поради болеста и смртта на свекорот),но свеки не не избрка ниту пак изиграва газда дома. Имам пишувано и порано дека и покрај тоа ова е привремено решение. Во процедура сме за изградба на спрат со мм. Така и она ќе си биде слободна долу и ние сами горе, а воедно и блиску за помагање.
Мојава свекрва едвај чекаше да се одделеме. И она отворено си кажуваше ем ние нема да ви сметаме, ем вие нема да ни сметате на нас. Дури и му даде рок на свекор ми да заврше со плочките во купатилото, оти тој ни ги лепеше, му кажа децата на 1 мај се качуват горе, а ти како сакаш така прави. Има разбирање она за тие работи, едноставно има судир на генерации и не можеме долго време да бидеме така. Секако кажа и дека нема да не оставе сами во ваква ситуација и дека ќе помага колку може, додека не се роде бебето и не почнам да работам после, знае дека сме во тешка финансиска состојба моментално. Леле никогаш не помислив дека толку ќе ја бранам свеќи моја, ама овој месец откако се одделивме повеќе разбирање и почитување има за разлика од кога живеевме заедно.
Не душо,нејзините деца ќе бидат и мои деца/внучиња исто ти е,а зетот не би го сметала како странец туку како мое дете. Никогаш не би им наметнала мои правила и не би се понашала како сакам,тие се мои деца и се би направила да бидат среќни. На никој не е обцрска,но вероватно ова го правам од љубов кон моето чедо! Истото важи и доколку еден ден имам син,никогаш не би се перчела со тоа "моја куќа мои правила", навистина ми е прост тој израз,би се потрудила да наидам на компромис за доброто на семејството. И да има своја куќа,мојата куќа секогаш ќе биде и нејзина! Не ја разбирам оваа демагогија,двоење на мое и твое помеѓу родителите и своите најсакани! Ако им помогнам во тешки денови,не значи дека треба се низ гз да им извадам и да ги терам да играат по мои правила. Кога немав дете,подруго размислував,ама сега сфатив колку боли за своето чедо,душата боли бре луѓе!
Тогаш сакаш да кажеш дека свекрвиве не си ги сакаат синовите? Што да ти кажам, освен да не се согласам?
Има свекрви што размислуваат вака како тебе и не се сакаат самите себе,не па некој друг! Не сум толку современа ни па живеам западњачки и никогаш нема да дозволам да бидам себична само да изигрувам авторитет!
Само ќе кажам дека имаме среќа, жени. Не знаете какви свекор и свекрва има. Во мои комшии свекорот ја избрка снаата (причина:не правела јадење и ги перела алиштата на мажот само, а не на сите други од куќата) и зашто куќата била негова, а мажот ништо не му рече на татко му, татино синче.
Епа мажот е за ќотек. Лигле. @ilyan епа јас сум од "модерните" и тргнувам од себе, не ми паѓа на памет да живеам со свекрва, ќе почека и брак и деца, се' ќе почека. А ако веќе немам избор, ќе бидам среќна што ми отстапила место. И не мислам дека мајка ми треба да живее за мене. Треба да живее за себе.