Ви завидувам сто имате толку помош од вашите свекрви јас од мојата немам помош све чека на мене.А и во све се меша
@CameliaMiller ако ме читаше претходно и јас направив како тебе уште кога бевме во врска,значи и јас си живеам на башка со сопругот и детенцето. Јас кажав дека доколку се нема услови или паднат у криза родителите ако им ги отворат вратите од куќата,која всушност е куќа и на синот/ќерката,не треба да глуми "газдарица", туку за доброто на своето најмило да се наиде на компромис.
Tака де. Од двете страни. Јас викам дека кога родителите се волни да отстапат простор (не мораат, нели?) најмалку што заслужуваат е почит кон нивните досегашни навики, ставови итн. Не може да очекуваме, па ни кај сопствените родители, дека светот се врти околу нас. И останува прашањето, ако толку е лоша свекрвата, зошто младите не живеат со родителите на жената? Зошто се очекува родителите на мажот да отстапат простор, да сменат навики, да се прилагодат?
Гледајте да поминете со свекрвите. Мојата е супер јас немам проблеми со неа. Иако секој почеток е тежок. И таа е мајка. Некои проблеми кога ќе се појават ги решаваме со разговор иако јас повеќе попуштам,и тоа не за да докажам кој е во право туку невреди да се замарам. Ја разгледувам и нејзината опција и се трудам да сватам од нејзин аспект зошто така таа мисли. Само да напоменам скоро 15 години сум во брак и живееме во заедница нити таа а нити свекор ми работи. Пред 1 година таа излезе на пензија до тогаш се јас и ММ носевме за јадење таа дома ни готвеше. Сите викенди претежно јас готвам, десертите се мои и вечерите. Па шуќур сега ни останува некој динар да отидеме на одмор или да си направиме горе спратот. Кај и да е и тоа ќе биде. Бракот ми е совршен
Девојки здраво,незнаев каде да го сместам ова па за оваа тема некако ми беше најсоодветно. Не сум во брак па затоа и се мислев но имам некаков сличен проблем.Во врска сум 3 години со дечкоми и некако работите со мајкаму не стојат баш најдобро. Некако чувствувам дека кога ќе отидам таму се е глума и фолирање,уште од сега а тек што ќе биде понатака. Пред некое време они двајца се караа и тој збореше со мене на телефон и во позадина ја слушам неа му вика епа ако не ти чинам јас оди си кај девојкати. Ова беше прв пат и после ова се повтори истово уште три пати. Инаку тој работи и јас исто работам и имаше еден период криза каде што не му даваа плата фирмата имаше некаков проблем финансиски и бараше од нив,значи тоа траеше месец дена,тој месец дена толку многу се караа зошто барал од нив значи беше страшно.Еднаш тој ми кажа дека мајкаму му рекла ете и двајцата работите што не ти дава она пари... А тој иначе им отплаќа кредит нив зошто имаат многу долгови... Некако чувствувам дека од сега не ме сакаат а буквално нема никаква причина. Секогаш сум била коректна до максимум и сум ќутела затоа што сметам дека не ми е место мене сега јас да објаснувам и да кажувам. Многу пати како во иронија ќе ја слушнам да каже : Епа ете ти факултет имаш завршено,зимај поголема плата тогаш...А дечкоми се запиша на факултет пред една година зошто јас го терав за да добие унапредување и патем сам си го плаќа факултетот. И кога се запиша тоа дома беше страшно,како демек да сум му рекла да убие човек а не нешто што е подобро за неговата иднина.. Незнам што да кажам,сум зборела со многу луѓе за ова и сите се некако зачудени. Па ако може од вас мислење да слушнам.
Јас да сум на твое место со време ќе разговарам со дечкото да се тргнете настрана пред да се земете,зошто после уште полошо ќе биде. Ќе те тераат и твоите пари да им ги даваш и да ги гледаш. И двајцата работите, на почеток можете под кирија па здравје после ќе си направите или купите и нешто свое. Подобро така отколку да ја слушаш и гледаш секој ден и со нервози да живееш. Дечко ти што вели за ситуацијава?
Да бара пари од тебе, а не сте во брак...  Таа некоја многу паметна. Неа не и е обврска што и е син и живеат заедно, тебе ти било.
@MiaPia , какви ви се плановите за во иднина? Ако планирате да се земете, и да не живеете со нив, ич да не ти е гајле. А ако планирате со нив да живеете, размисли убаво дали би можела да живееш во таква средина. За жал, многу од постарите генерации живеат со тоа дека кога синовите ќе станат работоспособни, тие треба да печалат за во домот, и овие ќе си чекаат на готово. Вакви примери знам стотици, буквално... воопшто не ме чуди. И тоа знам многу жени што со свои уши сум ги слушнала да велат: Епа зошто сум раѓала син/ови, тие ќе печалат ќе не гледаат... и опнати гледаат турски серии. За мене е ужасно тоа, ама знам дека е честа појава, за жал Ама искрено, ако си се земете, и си бидете на страна, да не ви се мешаат во финансии, и секако дечко ти да не им плаќа кредити... мислам не би било нешто страшно. Само зависи од него како ќе си се постави. Ќе мрчат на почеток, ама ќе навикнат со тек на време
А дечко ти наместо да им ги плаќа кредитите да си се тргне настрана под кирииче некое макар да и една соба да биде и истите пари да си ги дава за кирија? Да видат како е без него малку. Има брат/ сестра дечко ти?
@Skorpija25 @jacqueline.s Па он искрено е контрадикторен.За бранење ме брани и не дозвлува нешто лошо да се каже,на пример коа се случиле овие работи е премногу нервозен и со денови збориме за тоа и ги усогласуваме мислењата ама после некое време заборава,што е и до некаде разбирливо зошто родител му е. А за ова со живеачкава не ни помислувам ни на крај памет со нив во заедница или слично,доколку тој би ми бил маж.Меѓутоа сме збореле неколку пати на темава и некако гледам дека тој сака да се живее на спрат над нив,повеќе натака влече @ocicka2014 Има брат постар.Меѓутоа некако со брат му е друга политика.И тој има девојка ама дома не ја носи дали до сеа два пати дошла кај нив и јас општо со неа не сум се видела повеќе од 5 пати до сега.Незнам некогаш како да не му е постар брат зошто за ништо не му се нашол во животот до сеа.А најинтересното од се е што без него неможат да живеат,што кога ќе отидеме на одмор,на зимување,еве и на викенд телефонот не прекинува да му sвони,на вибер да му се пишува и слично.Па тука има муабети од типот на ее отиде на одмор не заборави и слично. @Luna91 Најлошо од се е тоа што толку им пречеше што се запиша на факултет.Изгледа зошто парите ќе му одат на факултет или незнам што да кажам.Три дена збореа како не бил тој за факултет,демек ни во средно не учел,џабе само фрлени пари и тн...
@MiaPia па кој ќе им го исплаќа кредитот ним ако тој ги троши парите на учење. Не можам да ги сфатам таквите родители. Наместо да се радуваат за свое дете тие љубоморат.
@MiaPia епа од што живее дечко ти? Ем факултет плаќа, ем рата за кредит? Колку пари и да зема, сепак мене математиката не ми оди. Година 400 евра (претпоставувам дека е приватна квота), плус книги и друг потрошен материјал, плус пријавување на испити, плус превоз итн. На сето ова вие имате пари и на одмор да одите. * зборувам за Скопје, на факултетите во другите градови не знам како е.
Нема врска, ама љубопитна сум. Наброја неколку работи и сето тоа ми е контрадикторно. Поаѓам од себе, не трошам многу пари, умерен купувач сум, сама го плаќам факултетот, сама си ги плаќам кафињата и одморите, оставам на страна ама мора да напоменам дека имам релативно високи примања за нашава држава. Значи и покрај високите примања јас мора штедам и да внимавам што купувам доколку сакам да одам на одмор. Ми нема логика некој со една работа да покрие толку трошоци. Само размислувам гласно, не замерувај. Доволно време одите заедно за да знаете дали имате заедничка иднина. После 3 години прашањата како брак и место на живеење во бракот се многу битни и треба да се разговара со отворени карти. Се седнува и во четори очи се договарате што може да што не бива. Доколку тој "влече" да живеете кај неговите а тебе тоа не ти одговара, не гледам причина да си го трошиш времето со него.
@Rebecca_R како не ти е логично кога и сама кажуваш дека од една плата и факултет плаќаш, и сите свои потреби сама си ги плаќаш и плус уште тргаш нешто на страна за одмори. Девојката никаде не спомна колку плата зема дечко ѝ. Може и тој е од тие што зема релативно висока плата за нашата држава.
Кога би плаќала рата за кредит, не би можела да го платам сето тоа што сега го плаќам. Сега можеме само да претпоставуваме колкава е ратата, ама штом се заглавени во кредити, сигурно не е некоја занемарлива сума. Не ми е логично бидејќи неговите родители му велеле дека имал факултет и требало да зема повисока плата, а тој уствари сега се запишал, плус девојката навела дека во даден момент тој барал пари од своите родители бидејќи фирмата била во финансиски проблем.
@Rebecca_R што имаат врска математиките што ти ги правиш за приходите и расходите на дечкото во врска со проблемот кој членката го образложи овде???
Затоа што има премногу чудни работи за да можам да го дискутирам "проблемот". Еве и јас живеам во државава и приказнава ми е премногу бајковита а финансискиот дел - ренеален. Уште не продискутирале кај ќе живеат откако ќе стапат во брак а членката е зачудена зошто свекрвата не ја сакала.
Збореле на неколку наврати, како не збореле? Прочитај поубаво. А финансискиот дел и да е нереален, мене ми е многу реално дека и 5000 да зема дечкото, неговите ќе му ги исцицаат, така да, и да не подмирува толку трошкови колку што пишала девојката, сепак верувам дека колку и да зема, неговите ако се гребатори, гребатори се и крај! Си имав работа со едни такви - на синето парите и наши пари се!
Не си ме разбрала, јас никаде не реков дека неговите не се грабатори. Реков за да може да го плати сето тоа што она го набројала треба да зема многу пари. А фирма која има финансиски потешкотии не дава многу пари. Штом родителите велеле дека треба да зема повеќе пари, не верувам дека платата е којзнае колку висока. Не е исто да зборуваш неколку пати и да велиш дека тој "влече" да живее на спратот горе. Во конкретниов случај јас не и ја разбирам маката. Кога знаеш дека со некоја личност ќе го поминеш животот заедно, зборуваш на сите теми, отворено и без дилеми што и како. Сега ем тој нестабилен и не знае што сака, ем сеуште не се договориле за брак, а таа сепак вели дека имала проблем.