Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.864
    Допаѓања:
    99.565
    Ама пак не се разбираме. Значи, јас велам дека ние нема што да ги збориме неговите приходи, битно е само тоа што девојката напоменала дека неговите земаат пари од него. Колку и да се неговите пари, небитно. Уште потрагично е кога се малку.

    А за проблемот на девојката, можеби сеуште се млади за озбилно да ги зборуваат тие теми како брак и живеачка. Битно споменале, битно му го напипала пулсот... Знае во кој правец размислува дечкото на темата барем. И можеби не се решени дека ќе го поминат заеднички остатокот од животот, едноставно таа си кажа што ја тишти во конкретнава врска.
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Да сум како дечково сама ќе си се преселам во соба изнајмена, и ни девојка, ни родители, ни кредити ни одмори. Дури не се научат да не ми бркаат во мој џеб и со мои пари и живот планови да прават, па заради тоа и да се караат и докажуваат кој на што поголемо право има...сите на стенд бај.
     
    На Elen4e_sonce, elena.mak, YoungandBeautiful и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто не сакаш да разбереш. Мене приказната ми звучи невистинито. Нова членка која всушност и нема проблем, решила да напише мислење.

    Снаа и свекрва сеуште не се, нема потреба тука да пишува. Второ родителите земаат пари од него а тоа не е нејзин проблем, јер не живеат заедно и не се во брак т.е. не делат трошоци заедно. Идната свекрва во принцип ништо не кажала за неа, таа си има проблеми со синот. Девојка му го натерала факултет да запише, ама он си го плаќа, родителите може до утре да зборуваат и јас не гледам проблем.

    По се изгледа, како и најголем дел од сите кои пишуваат тука, жените си имаат проблем со мажите - мекотели кои не можат да се оделат од сукњата на мама или уште полошо родното гнездо.
     
    На mama31, AURUA и artemidis им се допаѓа ова.
  4. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    13.679
    Пол:
    Женски
    Девојкава неможе да се меша, а свекрвата може да се меша во приходите на девојката???
    Пиша членката дека ја замешала нејзе кога рекла девојката нека ти дава пари.
    Уште не земени. Безобразно!
     
    На MiaPia, Skorpija25 и Emy867 им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Кога девојката би била присутна во моментот на дискусијата и идната свекрва каже нека ти даде девојка ти пари - океј, сето останато е излишо. Сега, ем не им се до крај дефинирани односите со дечко и, а таа се секира што кажала свекрвата?! :^)

    Како што кажав, нема девојката проблем со идната свекрва, туку синчето си има проблеми со мамичка. Тоа што родителите се злобни е друга тема и нема простор за дискусија.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    13.679
    Пол:
    Женски
    Па слушнала на телефон додека зборувал со неа, тоа исто ти се фаќа.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Да не слушнела преку телефон, никогаш не би ни дознала. Тоа многу кажува за проблемот кој дечко и го има со неговите. Тој треба да покаже заби, тој треба да си излезе преку врата штом така го третираат и на одлуката за студирање реагирале така бурно.
     
  8. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    23.823
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R нејзе и велеле дека треба да зема поголема плата. Во случајов девојкава има веќе завршено факултет, а дечкото тек се запишал. Јас барем така разбрав.
     
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Јас обратно разбрав. Ама да речеме така и кажала идната свекрва, зошто девојката не реагирала? Од почит? Не, за да почитувам јас некого, мора и таа личност мене да ме почитува.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    23.823
    Пол:
    Женски
    И јас се водам според тоа. Кој колку ме почитува толку почит ќе добие и од мене. Јас да сум била на нејзино место ќе реагирав, ама не знаеме како девојката изреагирала пошто не спомна ништо во постот.

    Велиш не се земени не смее да се меша во финансиите. Па подобро од сега да се замеша отколку подоцна да се расправаат секој ден заради проблемов. Вака барем ќе си знае со каков човек си има работа,па на крај краева не мора ни да се земаат.
    Подобро да се спречи отколку да се лечи.
     
    На AURUA и MiaPia им се допаѓа ова.
  11. MiaPia

    MiaPia Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    @Rebecca_R
    Вака да започнам со тоа дека ако сакав да зборувам за тоа дечкоми колку плата зима и дали ни стига ќе пишував во тема "финансии" а не во оваа тема. Јас не кажав дека јас бев присутна кога таа рекла да му давам јас пари,туку мене тој ми кажа дека таа така нему му кажала.
    А јас станав членка токму поради овој проблем затоа што сметав дека можеби ќе се обратам кон група на девојки,жени,дами што имаат повеќе искуство во ова од мене и од моите другарки кои исто така не се во брак и можеби ќе ми дадат совети за тоа како да размислувам по повод темава.
    Инаку пак ќе повторам јас имам завршено факултет а тој не.
    Во ред е тоа што кажа "синчето си имам проблем со мамичка" ете ќе го прифатам како совет иако на малку чуден начин кажан.
    А јас и тој не е дека не се договараме за брак и не е баш така.Во темава јас немам напишано се односно не кажувам за што се разговараме и колку финансии имаме и што работиме туку го пишувам тоа што е клучно за темава за да можам полесно да ја доловам ситуацијата. Работата е што дечкото смета дека ако се направи спрат со посебен влез ние нема да имаме допирна точка со неговите доколку јас не се симнам доле.
    И незнам зошто секогаш се бега од тоа за што е темата.
    И доколку јас бев невеста во куќата работите ќе беа различни,меѓутоа јас не сум а и таа (мајкаму) никогаш лично не ми кажала> не те сакам и несакам да си со син ми.Поради тоа и пишувам во темава и барам совет затоа што незнам како да разберам се.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    @MiaPia иако не сум мажена, од непосредни искуства, а тоа ќе ти го потврдат и омажените членки, мир ќе добиеш ако и само ако ти и свекрвати имате различни адреси. Да не сфатиш погрешно, со човек кој е разбран можеш да се договориш и да имаш убава живеачка дури и ако живеете под ист покрив, но од она што го кажа идната ти свекрва е тешка жена и за да си живееш на раат со маж ти и децата, единствено решение е различна адреса.

    Решение ќе најдеш до дечко ти. Отвори картите и договорете се што и како ќе правите. Ете штом работите и двајцата можете да почнете да живеете под кирија, па зависи од тоа каква амбиција имате, можете и свој стан/куќа да направите. Ти како негова девојка мора да му посочиш какви проблеми може да има во иднина, а штом тој тебе ти пренел како стојат работите значи дека е свесен каква жена е мајка му, па сигурно ќе ти е полесно да го убедиш.

    Спрат со посебен влез значи дека свекрвата ќе знае кога си ти дома а кога не, па без никаков проблем таа ќе дојде кај тебе. Различна адреса ќе значи дека можеш да изманипулираш доколку си уморна од работа и сакаш да одмараш а не да чекаш гости.
     
    На bibiiii, YoungandBeautiful, Offspring и 6 други им се допаѓа ова.
  13. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.608
    Пол:
    Женски
    Јас мислам од ваква напаст-жена идна свекрва нит различна адреса не ја спасува. Само идниот маж,ако и биде иден маж е да расчисти еднаш засекогаш со мајка му,и се останато,да реши или ќе созрее и оформи фамилија со жена што ја избрал за животен сопатник или ска да биде нит ваму нит таму меѓу мама и жена.
     
    На bibiiii, CameliaMiller, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cinderella12

    Cinderella12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    107
    Не само тоа, кога ќе му текни ќе брка ќе се иживува со нив ,ако не прават како што сака така, има многу случаеви.
    Пример девојката ќе оди некаде ќе си дојди подоцна,и одма на старите ќе им пречи зошто таа излегува,па зошто толку доцна си доаѓа па малку по малку ќе си почни нивниот удел во тоа и на крај ќе биди да зборуваат ,да си замините кај сакате па ако сте на иста сметка за струја охоо , ќе се иживуваат:)
     
    На Emy867, stilas7, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Аман немојте на туѓо да вложувате пари. Ако веќе имаш да вложиш, вложи каде ќе имаш мир. Подобро на свој плац една соба, отколку спрат од 100 квадрата над свекрва ти.
    Пошто животот е таков каков што е, непредвидлив, што на пример не дај Боже ако утре дојде до развод, а ти во нивното си ја давала платата да дигнеш спрат?
    Мм има земја таму од каде што се избегани за време на војната каде што живееле пред да им ја запалат куќата, ама на памет не ми паѓа да отидам таму и да правам нешто, утре да дојдат и браќата негови со се жени и деца и да полагаат право таму. Нека стои празно ако сака засекогаш.
     
    Последна измена: 5 јуни 2017
    На Elen4e_sonce, bibiiii, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  16. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.608
    Пол:
    Женски
    Реално ако имате и двајцата мерак и пари да го обновите старото огниште можете откако браќа/сестри итн се откажат од имотни амбиции во полза на брат им. Додека немате црно на бело за било кој случај не вложувајте во туѓо или ако веќе вложувате чувајте се фискални,договори со ваш потпис дека отплаќате кредит за кат итн. за не дај Боже утре ако дојде до развод пред суд кога ќе се приложат сметките се дели на пола, бидејќи обострано е вложувано/градено.
     
    На Elen4e_sonce и Cinderella12 им се допаѓа ова.
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    13.679
    Пол:
    Женски
    Абе вие ако уште неземени или пресно земени на развод размислувате поарно не се зимајте.

    Од љубов се зимате или ќе терате пресметки со фискални и потписи за случајно ако дојде до развод???

    Јас на такво нешто не размислувам, ако го изгубам мажот божем ќе ми дојде до дневната мајка ми ми ја направиле? Или чаши, чинии и тенџериња што сум купила.

    Во тој момент ама до ништо нема да ви биде дојдено.
     
    На НаталиЛили, stevemila и Selest им се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Тоа може ако се работи за бајка каде принцот и принцезата среќно си живееја во нивниот дворец.
    Во реалниот живот се е можно и нема мижење кога станува збор за ЖИВОТОТ. Јас во мојот живот не се заебавам и не мижам.
    Моите се разведоа по 25 години брак, па сега ти види. Јас мм го сакам и обожавам ама од кај знам што ќе биде за 20 години? Јасно му нагласив сега кога купуваме куќа дека сакам да гласи и на мене, исто колку што гласи и на него. Око не ми трепнува ич да ви кажам право, јас за себе не гарантирам во животов, а не пак за било кој друг. Може утре којзнае што ќе се деси, животот свашта носи, да не треба да донесе некоја друга жена во куќа за која јас сум се мачела? А нече мочи, Бога ми.
     
    На Rebecca_R, YoungandBeautiful, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Немам амбиција, затоа што створивме живот на друго место, сега да одам да градам на место каде што немаме работа и двајцата и на слепо со две деца, не ми се ризикува.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.005
    Јас милион % се согласувам со Офспринг.
    Не сум во брак, но со дм заедно купивме плац, заедно ќе правиме куќа сега.
    Сѐ е на име на двајцата, 50/50.
     
    На Gosh, Rebecca_R, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.