Кога ве читам страв ме фаќа да се мажам. Имам братучедка на која свекрва и душата и ја изеде. Коски и кожа стана братучедка ми. Не им дава да реновираат. Таа правела зошто сега тие да бутаат. Убаво си било. Кое убаво од пред 30 г. А имаат средства да можат да средат и на башка спрат седат ама ете им се меша жената. Не им дава да исфрлаат нејзини стари работи, стар плакар од нејзиното време и мора да им зафаќа простор. Секакви луди постојат. Фини се додека не им влезеш во куќа и после си ги покажуваат забите.
Не мора да ја гледа. Секаков контакт се прекинува. Ако живеат заедно, по секоја цена одделување. Џабе ја брани, што фајде, здравјето нема цена, нели?
Снаата ја познавам 14 години .Мн добро знам каква личност е.Свекрвата е психички пореметен случај за кој зборуваа и околината.Злоба невидена и мн љубоморна е. Другарка ми сакаше лаптоп да подари на брат и.Ова го турнала лаптопот го скршила.Уф има мн мн грди работи ,ама јас велам има Бог па нека и суди
@L-a-r-a22 нема зошто да ти е страв. Баш напротив, учи од братучетка ти. Ќе си најдеш партнер кој ќе те сака тебе, ти ќе го сакаш него и ќе сакате да бидете заедно. Партнер со кој ќе бидете една целина. Вашите родители ќе ги почитувате, ама убаво ќе облежите една линија до каде тие имаат право да се мешат до каде не. И мене свеки ми остави високо квалитетна тарпезариска маса и скоро нови столови, ама јас ја заменив со тарпезариска од Икеа за 2.000 денари. Ако јас живеам овде, јас одлучувам дали сакам да бришам прашина од резбано дрво или не. Најпросто и објаснив, работите кои ги сакаш и ти вредат земи ги и користи си ги. Мене не ми значат и не очекувај да ги вреднувам. Жал ми е, но во моите очи тие се само вишок предмети во мојот дом и простор.
И пак свекрвата виновна. А кај е мажот во оваа приказна? Изгледа е еден од многуте безгласни букви. Ја не знам како на луѓето не им дојде преку глава а ден по ден, животот им поминува во нервози. Во твојот случај, имаат пари а пак седат со свекрвата. Ме занима зошто?
Ве читам цело време и се чудам, 11 години со свекрва живеам, 80 год има жената, никојпат преку мм не сме решавале проблеми, ние сме се карале он не ни знаел. Кога сум одела во таа куќа сум договорила ова е моја куќа мое домаќинство од сега јас превземам ако сакаш да помагаш ок ако не твое право. Никогаш ништо од нејзе не сум очекувала. Како со мајка ми така и со нејзе што ми пречи одма кажувам и од старт решаваме проблем. Кога решивме да посвојуваме не прашаа што мисли свекрва ти ??????? Никој не ја ни праша што мисли детето е нејзино внуче ако осетам дека е одвоено на било кој начин од другите ќе и ја скинам главата од рамена и толку ќе и биде....до сега никаков проблем немало. Нека е жива и здрава уште 100 год на мм му е мајка единствен родител како што не би дозволила мене од мајка ми да ме одвојат ни на мм не би му го направила тоа
@EuHenIa мило ми е за вас Но за компромис треба двајца. Не може само снаата да се привикнува, свекрвата да си тера по свое. И обратно, не може да дојде снаата и да очекува сите навики одма да се сменат, дека е сега најбитна и крај. Со луѓе се прави муабет. Со стока не. И не е важно дали е свекрва, маж, золва, сестра, родена мајка. Само со човек можеш да зборуваш. Конфликти не може да нема, прашањето е од колкав размер се и како се решаваат истите. Ова за во заедница зборувам. Ако секој си живее посебно, а нема компромис, многу е полесно.
@EuHenIa сосема си во право, но сепак многу често постојат и свекрви и мајки, кои знаат многу лесно да ја поминат линија. Кај мене кога свекрвата зема залет да се меша, јас се спротиставив, мм се спротистави и свекорот многу совесно ја опомени. Сепак јас имав среќни околности што сите околу мене беа совесни и реагираа будно. Кога татко ми проба да се меша, јас се спротиставив од старт, мајка ми ме поддржа и тој се повлече. Сепак, доколку сите како заедница не се решителни и не го почитуваат приватниот простор на останатите, настануваат проблеми.
Со луѓе кои слушаат можеш да разговараш,да решаваш проблеми,да изнаоѓаш компромис.Но,луѓе кои едно мислат,друго зборуваат,трето прават,а,ба крај черврто испаѓа не можеш на крај да излезеш. Не велам дека јас како личност сум топ,далеку од тоа,имам мани лоши навики,но секогаш мислам и за др се ставам и во нивна кожа меѓутоа кога во еден дом односно семејство се играат игри, се манипулира,се уценува во тоа сем иднина нема.А најтрагично е што се има проблем и да се тргнеш да живееш самостојно.Пишував за мојот случај прво беше закана и уцена дека ке се самоубива и ги имаме милион сцени,сега болеста ја користи ние да живееме во заедница ,која за нас е пекол.Јас едвај чекам да се иселиме,и ние сме за посвојување дете,но тука услови немаме ,ќе мора да се иселиме.А за гледање са таа е негова мајка,ама има решение за се па и за ова.Јас ќе готвам и храната ке им ја испраќам преку мм ,ќе одам два пати неделно и ке им исчистам .Сум зборувала со мм и жена ке најмиме ние фин малку ке помогнеме за менување памперс. (Бидејки е непокретна).Свекрва ми беше голем проблем,е сега имаме уште поголем покрај свеки сега девер ми е нејзина копија.Што ни правеше таа сега тој ја заменува.
Имаат пари да си го средат спратот, да си купат мебел што нив им се допаѓа, а не да им стои од времето на свекрва и. А сосема друго е стан да купиш или куќа да градиш. А и кога веќе се одвоени зошто има да им се меша во се? Нека се качи, нека се напие кафе и секој по свое нека си тера. Не го оправдувам ни мажот на братучедка ми, треба и тој да воведе некој ред. Но познавајќи ја жената знам дека и тој мака си мачи за да и докаже некои нешта. Жената е толку никаква, само таа се знае, не дава никој ништо да каже. А проста е, многу. Да беше паметна немаше ни да прави како што прави. Можеби и не требаше ништо да пишувам, сепак не е ни мое да зборувам, ама муабетот беше тој па само сакав да го кажам како пример.
Не мора да купиш, можеш под кирија да одиш, за мир на душичката. А зошто не ја оправдуваш братучедка ти? Какво влијание може да има она врз свекрвата? Мажот е тој кој треба да пресече и да сфати кај се наоѓа, бидејќи за негова мајка правиме муабет.
За жал, има мажи кои не се свесни дека жената и децата треба да им бидат приоритет. Пред да се вериме со маж ми му кажав дека сакам да живееме под кирија. Ако не се согласува, ништо од веридбата. Иако од старт живееме одделно, свекрвата одреден период си го пикаше носот кај што не и местото. Кога дојде да ми помага после првиот пораѓај, душата ми ја извади. Никаква помош не видов од неа. А маж ми цело време и ќутеше. Дури и откако си отиде она пак се мешаше. За секоја одлука поврзана со детето он ја прашуваше мајка му. Еден ден ми пукна филмот и лом го направив. Бирај - или мајка ти или јас. Веќе не се издржуваше. Чашата се прелеа кога госпожата се дрзна да го извалка споменот на мојата покојна мајка. Безобразна. Оттогаш престана да се меша. Доаѓа само за родендените на децата. Да се прашувам јас, нити ќе ми доаѓа, нити ќе и одам. Маж ми знае понекогаш да ми презбори, ама не се замарам. Откако пресеков имам мир на душичката.
А толку ти згрешиле па не можеш ни на ручек да одиш? Некогаш се претерува искрено со бегањето од свекрви. И ние сме си посебно, сега чекам нова кујна ама гледаме барем еднаш неделно да одиме на ручек и кај неговите и кај моите. Сепак се тоа родители, 2 саата у денот не е многу, а на нив им значат превише. Тука зборам за нормални луѓе де, не како од примерите погоре.
Друго и е целта на неа,ја познавам подобро. На нив никој не им брани,секогаш ке бидат добродојдени,ама едноставно сакам да ни ја почитуваат приватноста и да не ме врзуваат да морам среда и петок таму да јадам. Јас едвај чекам на раат ние двајца да си бидеме седиме,лежиме,јадеме,било што,таа обврски ми наметнува. Сакам и јас да си готвам.
Dobro Ti si znaes. Jas na nikogo neveruvam, a bogami i nesakam da slusam nicii prikaska. Sto e sigurno, sigurno e. Pokojna baba velese "ni luk jal, ni luk mirisal".
Не се нервирај и замарај уште од сега на секој нејзин збор и план.Почекај преселете се па види како ќе се однесува,или само слушај и ги плановите и климај со глава,не се карај подобро за тебе. Млади луѓе се разбира што сакаме ама како и да е малку почит заради маж ти
Вака на кратко мили. Живеам со момчето подолго време а не сме земени. Односот со неговите се влоши со тек на време. Сега стасавме до тоа конечно свадба да си направиме и се усреќиме малку. Сепак толку се олошиле односите и нивните сваќања за нашата врска што родителите на момчето син единец се мислат дали воопшто сакаат да дојдат на свадба. Мене баш и не ми прави некоја разлика се помирив дека не сум им сакана,ама криво ми е за син им. Сепак е единец и не сакам на најсреќениот ден да се осети напуштено. Неговата болка е и моја. А не сакам да се мешам и да им дадам причина за драма ама не можам да седам на страна и да гледам како најубавите моменти од нашите животи се уништени заради нечии комплекси и себичност.
Не постои начин да седнете и разговарате, до толку е сериозен раздорот? Ај тебе нека не те сакаат, ама синот не си го сакаат ли?