@Minnie 1 јас ништо лошо не гледам во тоа, напротив. И вие некогаш претерувате аман. Биди мајка и ти сигурно ќе сакаш синот да ти дојде утре на ручек . Ништо лошо во тоа да се осамостоите а 2 дена по 1 саат не ви нарушуваат ред и мир дома. Одиш , јадеш пиеш кафе што има лошо незнам??? Жената ви понудила помош. На работа одите? Знаеш колку значи готов ручек после работа нити садови нити ништо. Еј стварно не сте ми јасни ..... Ни кај твоите нема да одите на ручек? Нека биде фер Ја па едвај чекам некој да ме викне
@CameliaMiller Стварно незнам што да ти одговорам. Ме буни целата ситуација исто колку и што би збунила било кој друг(нормален). Постои можност за разговор,не си го игнорираат синот до толку.Само било која тема поврзана со свадба и заедничкиот живот кој го живееме за нив е тригер. Како тоа се се упропастило откако сум дошла и како син им изгубил цел и амбиции во животот заради мене. Сум го влечела назад па сега уште и ќе сме се зеле. Им бодиш очи буквално. Но двајцата работиме, самостојни сме не зависиме од никого. Можда не е директор а јас некоја богаташка ама барем се сакаме и почитуваме. Незнам стварно како да ги премислам од тоа горчливо однесување.
Е од вакви родители еден куп мажи остануваат неженети. Може помило ќе им биде цел живот да си го гледаат синот сам, без фамилија, а и тие без внуци.
@eli25 Си имам јас свои причини зошто сум таква со неа. http://press24.mk/svekrvite-glaven-vinovnik-za-razvodite-vo-makedonija
Кога веќе сте кај неделните ручеци кај свекрвата или мајката , јас сакам да дадам едно мислење . Еве ние живееме сами со мм . И мајка ми и свекрва ми имаат мерак некогаш да се собереме сите за ручек . И двете не викаат на гости . Е сега мене не ми смета воопшто . Ќе помогнам за поставување/раскренување на масата ако е потребно , ако не си ги гледам децата . Кафето секогаш е од мене . Нема ништо страшно да отидеш на ручек и да одвоиш по еден ден за твоите и за родителите на партнерот . Ем и вие ќе се одморите ( деца се си сакаат внимание 24 часа , што некогаш доведува до психички замор , особено ако децата се мала разлика )
Не свекрвите, синчињата мамини Мајки на синови, не ги галете многу. Однесувајте се исто како и со ќерките. Замислете, можат сами да фрлат ѓубре, да пуштат машина за перење, да сменат постелнина. "Лошите" свекрви пораснале инвалиди мажи, затоа маме ја бараат и кога самите се родители. Поука
За ова потполно се согласувам со тебе . Јас имам син и ќерка и се стремам да го воспитам син ми исто како утре што ќе ја воспитувам ќерката ( мали се сеуште за некои работи , синот има 3 ќерката е 1 година ) . Син ми веќе знае дека после ручек садовите треба да ги стави во мивалник , играчките кои ги растуриле со малата треба да се соберат и вратат на место , хартиите кои се непотребни да ги фрли во ѓубре итн . Јас сум тотално ЗА за да бидат рамноправни и машките и женските деца и во делот на куќните секојдневни обврски и секојдневно ќе се трудам така да ги воспитам децата .
Убав пост каме. АМА замисли свекрвите никогаш нема да можат да разберат дека синовите замисли можат да прават ручек и да раскреваат по дома. Нема збор со кој ќе можеш тоа да и го објасниш просто
Хаа и јас имам такава дома болна легна кога реновираме сега седам рат со мажот ми и кога реновираме спалната пак се лутеше ако моите ми дадоа пари за да си купам спална и се друго пошо свадба немаме направено само во матично глупава нека седи сега сама во дворот кога не знае да живе
Па затоа реков сегашни мами на синови ете ти како мајка на син ќе знаеш како да го воспиташ да биде возрасен, способен маж, а не на 30 години да чека ти или жена му гаќи да му исперете Иначе еднаш мајка му на дм ми рече нешто во стилот "па он можеби ќе ти помага" - и' реков дека како прво, не може да ми помага со тоа што и тој живее во иста куќа и се' што треба мора да прави, а второ, ако тој можеби ќе направи ручек, јас можеби ќе исперам. Па да видиме до кај ќе стигнеме така. Ништо не ми е тешко, ама он со пивце пред ТВ, а јас да трчам по дома? Мхм, сигурно. Само кај маме така ако го трпи
Фамилијарна ситуација: "Ејјј знаеш, порано многу те мислев сега помалку и поспокојно дека жена дете... знаеш..." Мм: " шо ма ја на неспособен ли ти личам?!"
Исто, исто Сине јади.. Сине касни малку... А јакната ја зема?! Ај со Камелија си нема да те мислам... Дм: значи аман ма мамо, јас немам ли акл?!
Па самите жени израснуват мамини синови, па после се жалат зошто маж им бил мамин син. Искрено мене ми е многу страв да имам син, оти не знам дали правилно ќе го воспитам, не сакам утре некоја друга да се нервира поради него. Знам како е да имаш сопруг мамин син, моја среќа е што за кратко време се промени, па јас и моето мислење му се најважни сега.
Еве како ми помага ММ. Купатилото е негова работа еднаш во неделата комплет го чисти. Мора да помага не сум слугинка дома, и јас одам на работа, ручек,машини... Edit: Ова вчера чистеше да биде чисто пред да одиме на одмор
Ти помагааааа??!!!!! Па он каде иде во вц, одделно живеете?? Не ме разбирај погрешно и ти убаво си пишала не си слугинка, факт е има мажи ништо не ги занима. Мој став колку он живее во таа куќа толку и јас, колку он прља толку и јас (е добро де некој повеќе), епа кога ќе се чисти ќе се прави распределба на работите, не он ногите во вис и маж сум, а ти рмбај цел ден жена си ^^ како си го фатила во кадар секоја чест
Може лошо сум се изразила. Уште кога се зедовме му го отстапив ВЦ. Знае понекогаш да усисива и највеќе околу малата. Ја шета по кладилници, кафичи, кај сака одат. Мора заеднички да се помагаме,ако сакаме успешен брак. Да знае дека ма форум ќе го ставам ќе ме масакрира
Аналогно на ова сакам да те прашам : дали имаш проблеми со свекрвата имајќи маж со кого се помагате и подржувате?
Искрено немам проблем. Живееме одделно. Лично свеќи ниту ми помага ниту ми одмага. Таа е задолжена највеќе околу малата( да ја земе од градинка,ако има време да направи ручек и не вика) Друго не ни барам. Секој во својата куќа е свој газда.
Те прашав зошто жениве што се жалат тука од свекрвите ,немаат проблем со нив,вероватно со мажите. Ниедна жена што има поддршка од сопругот нема проблеми со свекрви,т.е и да проба да се мешкара свекрвата и да прави заврлзами ,ако мажот е стабилен не би доаѓало до жестоки расправии па и бркање со секири и разни ладни оружја како што сме читале во оваа тема.