Neznam megjutoa nesto moram da prevzemam bidejki vaka od strana gledano ne se nekoi problemi ama koj i da e tuka tesko deka nema da se nervira
Од страна гледано не е проблем, ама и те како нервира ти да чистиш, а некој да растура, да валка и да не си зачистува. Во куќа во која живеат повеќе членови секој еден треба на некаков начин да придонесе за домот. Не може една сама и да готви, и да чисти и дете да чува. Нервоза е. Ај еден ден, два, ама секој ден бога ми нервен слом ќе добијам.
Нервира да, но кога гледаш дека е таков човекот ќе си се помириш и ќе чистиш по него, тоа е. Некогаш ќе преречеш, некогаш и ќе се поткарате, ама да доживувам нервни сломови ради тоа, не вреди. Додека живеев со моите сум чистела и собирала позади татко ми, баба ми и брат ми. Колку повеќе луѓе во заедница, толку повеќе карактери. Ако неможеш да се навикнеш и направиш компромис, замини си, едноставно решение.
Луѓе мене ми е претешко. Откако се омажив живеам во пекол. Животот ми се скрати за 10 години, пропаднав, се упропастив. Претходно бев насмеана девојка, шетав, се дотерував, се шминкав, а сега сум само обичен партал. Случка од денес. Реновиравме нешто со маж ми и чистевме, а во меѓувреме свекрва зела грав да прави ама дојде јатрвата и зборуваа нешто, мислеа дека сум надвор, ама јас бев пред вратата и ги слушав. И ѝ вика свекрвата на јатрвава остај јас ќе правам зошто ти после ќе зборуваш, а јас ќе се нервирам. А знам дека тоа зборување и надговорување кој што направил е заради мене бидејќи јас сум трудна и треба да мирувам препорачано ми е од доктор, и демек јас лежам ништо не правам а таа ми прави јадење. Му кажав јас на мм и тој и рече на мајка му и таа одма на јатрвата и вика ми скокна син ми да ми вика не слушнала жена му кај што зборуваме. И добро после свекрвава дојде и ми вика што е работата јас и кажав дека такви муабети зад грб не толерирам и дека никој никого не може да натера нешто да прави или не. И викам ако ви е проблем што вие правите јадење а јас само лежам и јадам кажете слободно, ќе си купувам за толку сум способна. Почна да ја брани јатрвата, таква си била таа си зборувала што и да прави ама не мислела така. Епа јас и викам така се осеќам. А ко ќе се бунам да си седат на нивниот спрат одма јас лошата. Е токму поради вакви работи не сакам живот во заедница. Бидејќи се надгледуваат кој што прави. Ако таа направи нешто зошто јас да седам и да се лакирам на пример. Не сакам живот кој ќе ми заби и од други, не сакам живот во кој ќе правам работи со сила само за на други да им угодам. После тоа мм не ми прави муабет. Му викам што ти е, вика Мама ќе плаче заради тебе, како не ти е срам, ти ваква ти онаква. Стиснав заби и овој пат не пуштив солза. Не за друго туку бидејќи повеќе не ме вреѓаат неговите зборови. Видов јас колку му значам. Кога јас бремена плачам заради мајка му и јатрвата никој збор не им вели бидејќи им се плаши. А мене може да ми вика со бебе во стомак. Да ви кажам само заради бебево сум силна иако го жалам уште сега што стресови окрка за само 4 месеци во мојот стомак. И навреди, и солзи, и кревање рака, и неправди и сѐ. Ама ќе издржам. Само заради тоа малечко ќе издржам. А во душата јас сум мртва одамна.
Многу мака ми паѓа кога читам вакви изјави. Ама ти сепак немаш проблем со свекрвата туку со маж ти. Пробувај со време договарајте се, решавајте да се тргнете од заедница барем за добро на детето.
И јас сум исто и во бетер ситуација, трудма сум за второ.. касно ми е за абортус и неможам веќе а ги гледам, направија од мене невротична психопатка
Е сега чекај малку, претеравте. Како прво ова не е проблем па да ти се загорчи животот како што кажуваш, не си ни слушнала нешто да зборуваат туку идеш на претпоставка сигурно на мене миселе дека јас лежам цело време. 2ро биди благодарна што секој ден по 100 пати не ти пререкуваат дека само лежиш и јадеш оти има и бетер, а тебе те оговараат зад грб, а не трпиш навреди лично во лице. Значи седи и ќути. 3то свкрвата за мир у кучи те трпи и тебе и ќерката сама работи се за двете да не се зарчкате. 4то кога си и рекла дека си слушнала незнам што си очекувала да застане во твоја одбрана да си ја нападне ќерката? Па и ти да си во таква ситуација ќе искоментираш зад грб нешто незнам што ви е чудно секој со секого се оговара денес, а ти филм направи како да којзнае што зборувале за тебе. и 5то, свекрвата не рекла за тебе ништо лошо туку јас тука гледам дека ја напаѓа ќерката дека зборува и префрлува и како ај за да те затнам седи ти јас ќе сработам. Незнам што сакате кај и вода во кревет да ви носат пак непогодено оти зад грб зборувале бе... Па уште животот пекол ви го направиле. Луѓе со какви проблеми се соочуваат, а вие стварно ја претерувате, влакно во јајцето барате!!!
Ех дури сега уште повеќе ја сакам нејзината свекрва. Кој баланс го одржува, браво. Тешко нејзе со вакви дома
Сега не е се така розево во балансот. Понекогаш навистина нервира таборизирање дали свекрва и керка или свекрва и една снаа против другата. Едноставно нервира. @Osamena5 треба да е мртва ладна на провокации за да не се кара со маж и,а да си тера вода на своја воденица и ако можат со тека на време да се отселат од таму каде што е оговарано нејзиното присуство,што прави дали и колку се лакира и кога итн.
На жената не и' се проблем ниту свекрвата, ниту јатрвата. Се сеќавам на сличен нејзин пост. Таа има многу сериозен проблем со маж и', многу посериозен од тоа дали свекрвата зад грб и' зборела.
@Osamena5 а ти вака постојано си прислушуваш?! Оти си ставаш сама терет на душа? Батали такви работи,оди лежи си и терај си мирна бременост! Што се трудиш да разбереш кој што збори кога мисли дека не слушаш?! Ако ти рече во лице некој дека лежиш по цел ден,тогаш е тој за осуда.Ете бремена си,мораш да лежиш и не си виновна,ситуацијата е таква. Сега вака излегува дека правиш гужви во фамилијата со рекла-казала.
Јас во приказнава не гледам никаков баланс. Баланс е со една да оговара и да оди против другата снаа? Според мене свекрвата ќе беше правична со двете ако со ниедна од нив не зборува зад грб за другата и ако со двете се однесува исто. Ти со свекрва живееш?
Оговарање е кога двете зборуваат за тебе. А ти не си слушнала ни од едната ни од другата нешто за тебе, туку претопоставуваш дека на тебе се однесувало! И да со свекврва живеам.
Mizebi na tebe ti se pogodila svekrvata, ama ne kaj site se pogodila istata...dodeka ne osetis na svoja koza ne mozes da znaes kako mu e na drug. Ova ti e kako.... sit na gladen ne veruva.
Факт е само дека темава е за напаѓање сверкври. Ама кога ќе се задлабочиш во приказните и снашкиве се нешто им смета, си замислуваат дека ги оговараат и по малку си додаваат зачинче во целата прикаска
@Osamena5 тоа што си пишала кревање рака, а и во бременост плус, е огромен проблем и неспоредлив со ова што се случило со свекрвата. Имаш проблем со мажот, со него реши го и не дозволувај да се случи повторно. Немој да трпиш никакво насилство и заштити го бебето, твоја должност е единствено тоа. Подоцна и со него ќе е исто. Тешко е ако немаш каде да одиш, ама ако споделиш со најблиските, сигурна сум дека нема да те остават да го преживуваш ова.
@Osamena5 разговарај со маж ти , бидејќи со него имаш проблем . Тој треба да застане во твоја одбрана , пред се за здравјето на ВАШЕТО ЗАЕДНИЧКО дете , а потоа и за твоето здравје . Свекрвата во случајов е најмалку важна . Додека си во состојбата во која си , не работи ништо , ако некој каже нешто ќе им кажеш отворено : " Јас сакам ова дете да се роди здраво ! Ако на вас не ви е важно , мене и те како ми е ! Ако не верувате дека бременоста е таква каква што е , одиме уште веднаш на доктор ! Да слушнете и од него ! " . За тоа што дигнал рака на тебе плус бремена , кажи на твојте веднаш . Тој ќе си земе замав ако ќутиш , и тоа ќе стане се почесто ! Што се однесува до свекрвата , еве мене што ми кажа свекрва ми кога за прв пат дојдов во куќава . Ми вели : " Ја сум отворена жена , ти кажувам се што имам во лице , сакаш замери сакаш не замерувај . Ја тебе ќе те почитувам , ама нема да те сакам . Верувај ми , ни една свекрва не сака снаа , ни една снаа не сака свекрва . Тие што викаат така , лажат . Ја тебе ќе те почитувам , затоа што син ми те одбрал тебе и за мир у куќа , истото би сакала и од твоја страна . Почит ми е доволен . Не можам да ти бидам мајка , ниту ти мене ќерка , за да се сакаме така . Ама може да се почитуваме , да испиеме кафе , да поразговараме .. " . Мојата реакција на ова беше сосем нормална . Не ме изненади воопшто , бидејќи јасно ми беше дека свекрва и снаа не можат заедно ( живеевме во заедница со баба ми и дедо ми од страна на татко ми , па оттаму јасно ми е се ) . Секоја чест на исклучоци кои си живеат во заедница складно и се согласуваат одлично , ама не секој е таков тип . Затоа те советувам ( иако сум помала веројатно од тебе ) , свекрви , золви , девери и јатрви остај на страна се тоа . Прво среди ги односите со маж ти . Никако не смее да те удри . Па негово дете носиш , жено . Како му дава совеста ? Не е ли свесен во каква ситуација си ? Твојата бременост не е лесна воопшто , уште ти отежнува . Мене не ми даваа чаша да дигнам , иако бев со нормална бременост .. Не само маж ми , туку сите во куќата . Иако им велев дека сакам да помогнам , не ми дозволуваа . Маж ми не повишуваше тон на мене додека бев бремена , а камо ли да крене рака .