јас не ја познавам свекрвата ми...ама се плашам од неа оф мори мајко....попрво со луцифер леб би делела
И свекрвите се само жени. Како ќе се поставите, така ќе ве третираат. Утре и вие ќе бидете луцифер за некого... Коректен однос и смирен тон можат далеку да ве однесат.. Не дека сум компетентна да говорам, уште не сум официјално во брак..ама како бре јас не сум имала проблем со ниедна мајка, а сите врски ми биле налик брак
Убаво викаш Даст, НАЛИК на брак. Тој збор менува многу. Колку и да е врската интензивна, сепак на крајот од денот или после неколку дена ти си одиш пак во твојот дом каде владеат твои правила, а тој во неговиот со негови правила. Кога се официјализираат работите и кога се станува свесен дека тоа што го кажав погоре нема да е веќе така, некои нешта менуваат димензија... меѓу нив и нештото наречено свекрва.
Ова се однесуваше на последните 2 коментари од погоре.. Ем немаат свекрви ем се жалат.. затоа и ниту еден од претходните коментари на членките не цитирав Сепак, во голем дел од месецот, на крајот од денот одам во неговиот дом, затоа што поспокојно спијам, додека мајка му е на 50 метри од мене
Се така нека ти е... ама дека не е исто, не е... Ти си сепак сеуште туѓинка во таа фамилија и се нема слободата која можеби свекрвата би ја имала да сплеткари во брак.
Мајките наши имале свекрви Даст . Исто и нашите сестри , братучетки , истите нивни мислења ги имаат и повекето од темава ... Патем не може секој да си даде свое мислење ? Мора тоа да го доживеал па да го раскаже , и само таа личност има право да каже мислење на таа тема?
Очигледно пак не го разбра мојот коментар.. Ама нема врска.. како што вика Justicija сите имаат право на мислење..па дури и ние немажените.. де де..еден лист хартија да не не смени Ама сепак си стојам на ставот дека како ќе се поставиш од почеток, така ќе бидеш третирана. Не мора да ве третираат како принцези, ама кога ќе покажеш заби барем нема да ве третираат како ѓубре. Или ако е од подобрите, како што напишав погоре, фер и корентен однос. И никој нема да ме убеди во спротивното.. Во секој случај, и вие ќе бидете Луцифер за некого за 20тина години
Јас Луцифер никаде не спомнав, а Луцифер можеш да бидеш за некого и најарен на свет да си. Нему/нејзе ќе си му/и Луцифер оти така и се сака и крај. Има нешто и во табиетот, не е се во добрината или лошотилакот.
Е добро де, дошла да ве пречека жената што има лошо во тоа? Сигурно сака и внучето да си го види. И која потреба да и кажуваш што си вратила/купила ,а што не? Стави таму куферите во спална и уживај. Нека влези таму да ти ровари, па тогаш подбери ја. За беспотреба само си се нервирате. Кулирајте малце
Скоро сите слики на фб од одмори снашките се со нејзините родители на одмор, важи ли тоа ауууу јака ти душа и за мажите на дотичните или само се пренемага ако е свекрвата?
Слажем се. Еве јас сум во брак и истото го тврдам. Ама нема осмех и климање со глава дури и кога не е во право, за да не се увреди. Играње со сите карти на маса и поставување јасни граници. Човек е побогу, ќе сфати.
Јас не се пронаоѓам во пишаново но бидејќи јас начнав тема на одмор со свекрва не по моја воља нормално да пишам.Последен одмор со моите бев пред брак. И во брак имав прилики да одам со моите на одмор и мм рече само курвите така правеле. Нормално по наговор на неговите ова,демек како снајка оди на одмор без мм. Така да и да ми скала душичката со моите ми било ускратено барем досега. А и моите се по со осет никогаш не рекле а ова лето бевте со неговите зете и ние со вас следно лето,ама никогаш. Нејсе и јас да можев на заеднички одмор со се моите и мене ќе ми беше мерак на фб да објавам.Сега не претерено со усул ама ете ќе ми беше поќејф да објавам со моите отколку со свеки која се лепи на сите слики во моментите кога ќе се накани за плажа.
Тебе мажот не ти чини ... Не свекрва ти.. *СмајлиШтоСеКрсти* И на него ќе му е мерак да објави на фб кога е на одмор со неговите.. реципроцитет ..
убаво ме насмеа ноќва,тамам да одморам од распакување и царинска контрола. Да човек е ми рече чистено сум оставила по дома. Се прозирка додека се распакував па и во несвес падна кога и подарив нешто а не беше за неа ете со мир да тераме т.е. да не ме гњави бар додека влезам во колосек. Сум била префер кон неа зошто мене замарње со друга жена независно од возраст ми е залудно губено време. Но се случуваа гадни настани помеѓу нас две настан за настан предизвикан од неа како јас не сум таква во изглед и однесување како што таа замислила дека треба да е жената на син и. Ја наслушав на доручек пред долго време како му вели како не видел со која се жени. И се налутив и пререков. Џабе. И со добро и со лошо секако сум и кажала не е пожелна на долго време во моја близина на кратко, ручек шетање што и да е и чао-пријатно секој од кај дошол ок,ама пак си тера по нејзино. Измислува дека е болна, дека треба да ми помага(читај одмага по дома) и еве ти ја на гости. Не се прашува може или не може му се јавува на мм и овој отпосле кога веќе е тргната ми вели мама ќе дојде зошто знае ако ми каже порано што ќе му речам. Го буцкаат неговите така да ми вели. Нив им е срам дека ќе ги збореле дека снаата без маж идела на одмор. Мене свекор ми ми има речено ако сум сакала така по одмори па да излегувам со другарки навечер да сум се разведела дека не сум била зрела за брак. Тоа првите месеци. Сега си научив што лицемери се со се свекрва ми. Јас претежно си терам по свое кога можам ама мм уште следи наредби, совети и препораки,тоа ме нервира. Ако се пререче сите знаат од мене потекнува таа иницијатива и јас секогаш сум лошата ама ако нека се мавне побрзо не виде и дочека-исцарини и ајт.
Реципроцитет е кога веќе он ми ја лепи неа на слика да му текне дека можда и јас сакам мајка ми да му ја залепам него на слика со се мене нормално и да ме порадува тоа дали на фб или во рамка на слика дома не ми менува многу. Не ти е реципроцитет откако е родено малово секој одмор да е со нас под изговор помага. Да помага кога не може секој ден да е на плажа и седи со неа во соба. Инаку во главно се си е исто, си коментира, пререкува. Одоморот и слободноте активности се прекројуваат по нејзин мерак дека се сака да знае види ама заборава дека одамна прошишала 65та па телото не и е кога била млада. Па загледува девојчина млади па како биле така разголени во нејзино време...бла бла бла. Добро е што низ годиниве се научив да се исклучувам тотално од нејзиниве муабети. Нема што да расправаме. Може во нејзини очи јас сум и Луцифер а во мој таа ми е но како и да е кој е кој мене ми е неомилена личност поради се направено досега помеѓу мене и неа. Дојдена и надмината е и таа граница која откако ќе ја помине секоја свекрва кога се лепи дури и со добра намера во твојот живот тебе ти е едноставно одбивно и непотребно сето направено или планирано да ти го направи. Дури не сакаш нит да се замараш дал со добро или лошо го мислела да го прави. Ете толку тие небитно и непожелно све свекрвино.
Па ти немаш храброст да му ја залепиш мајка ти на слика до него, заедно на одмор. Тоа е проблемот. Немаш свое јас во бракот. Тоа што не може да доаѓа на плажа со вас и седи во соба со детето, нели е помош?! Ти го чува детето, додека ти се печеш на сонце и пливаш.. Што е важно какво и е телото на 70годишна жена? За нејзе е телото, не е твое..