Сакам на одмор, на плажа, ама имам дете што не смее на сонце да излегува, па подобро да си земам дадилка што ќе го гледа но да е безгласна буква, да ќути ко да не постои, дух. Оти нели соодветно ја плаќам Таа идеше со вас оти потреба има по цел ден со детето во соба да е затворена или вие имате потреба од дадилка дури се сончате на плажа?
Да одам на одмор и на дете да му скратам од одењето на плажа, за да јас уживам . Оди ти на одмор и преседи го во соба! Многу себично. Убаво ти рекле погоре. Каде детето таму и вие. Ем не ја поднасаш свекрва ти, ем и доверуваш дете на чување и после се лутиш што пререкува. Маж ти не сака да помине време со тебе и со детето, па мора и мамичка да ја тегне? Ако со едно дете свое не можете да излезете на крај и ви смета на плажа, не знам штом да кажам повеќе...
Значи не е проблемот детето и свекрвата. Еве овој одмор си бевме само ние по наш кеиф. Она глуми дека ни е потребна заради детето иако претежно седи во соба доаѓа и на плажа, а понекогаш детето по нејзино барање дека е мало бала бла опасн на сонце преседува со неа итн. Разграничувајте луѓе не се фаќајте за детали. Муабетот е сака да се лепи со нас, маж ми и дозволува и тоа е тоа. Овоја пат не беше така и затоа уште пред да стасаме си отклучила дома да не дочекала демек и вчера ден по одмор одма направи сцена. Резултатот е јас заминав со малото кај моите да се смирам,а мм замина кај другар. Во бес се спомна и развод итн. Не сум за развод и секогаш гледам спас и во најситната опција,но постојано мешање на неговите, доаѓање кај нас ан гости кога се сака. Командување вака треба и фаќа преместува по нејзино мислам нема смисла. Додека она е стара бабаетина без цели во животот мене сиот живот во кој треба трезвено да создавам, правам ми се уништува поради мама вака рече,мисли,сака. Претерува ама и се може. Мм колку и да и пререче по некогаш секогаш е на нејзина стана и тоа е.
Поставување јасни граници,кој до каде смее да оди,само така ќе немате проблеми. Прочитав дека не можете да замислите одмор без децата.Ќе биде и тоа.Кога ќе потпораснат и ќе почнат сами да одат,ќе одите и вие,тука некаде,во нивна близина,само да сте поблиску до нив,ама ќе ги пуштите сами,нормално е да се осамостојуваат. @AURUA има нова тема на форумов,инфантилизација,ја објаснува поврзаноста на децата со мајките,во твојов случај,мајка син.Прочитај и се ќе ти стане јасно.
Сосем случајно ми излезе видеово, додека листав по фејсбук. Сево ова се случува во соседна Бугарија. Значи гледам и се грозам, бидејќи не ми е сфатливо колку бездушна треба да е оваа дебела свиња, за вака да ја тепа снаата и тоа пред малото внуче кое хистерично плаче. Не ми се верува до каде стигна општеството...буквално сите вредности се уништени
Не знам што да кажам...затоа не сакам живот во заедница. Се надевам снаата што ја познаваш не е од Македонија, зошто навистина е бедно да има вакви работи и кај нас
За жал од тука е, си имаше дијагноза жената, шизофренија, и се вадеше на тоа. Имаше подршка од мажот, за жал на свекрвата..среќа си отиде старата од кај нив па поживеа уште некоја година на раат..
Значи баба ( мајка - свекрва ) на одмор со мене не носам па макар и јас не одмор да не одам. Имам две недели во годината да си уживам 24часа со маж и дете сама јас да мкнам баба . Ако мм или јас не можеме без мамичка две недели сме требале дома да си седиме а не да ствараме наша фамилија.
Знаете кога ке ми текне колку бивши ми (дечко) беше поврзан со мајка му (како уште да ја има папочната врвца) , имаше ситуации каде што она му кажуваше што да облечи , она му кажуваше што да зготви (строго по нејзин рецепт , ништо ново) и овој ја слушаше за све , една ситуација :Му велам ајде да одиме во вашата викендица , и тој :-Чекај прво да ја прашам мајка ми дали да одиме Ке се дотераше -Мамо убав сум ? Мамо ја купив блузата што ми рече , а ропаков 27 годишен , и кога и да му напоменував дека сакам кога ке се земаме да живееме настрна он ми се лутеше и ми велеше Што ти сметаат моите ? Јас Дури ми рече Ти ги мразиш моите Почна полека да се одалечува од мене и одлучи да ми раскине , и за два месеци да ја запроси "неговата најдобра другарка" , мајка му многу ја бендисвела ... Тоа дорљичето со таква срека си ја прифатило понудата за брак (па со такво минато треба и да е срекна) незнаејки дека мамичка е алфа мажјакот ... И еден ден кога ке кука како свекрвата и се меша во бракот т.е таа не се меша во бракот туку УПРАВУВА со бракот нејзин и изиграва бригадир , е тек тогаш сакам да бидам присутна и да и кажам директно во очи :-Оној што се смее на туга несрека , никогаш нема да се радува на своја срека ! Така и ти дрољиче
Едноставно си се спасила, кога веќе нема друга алтернатива и меѓусебно разбирање. И јас имам свекрва манипулатор, но со мене не може така, прво бидејќи јас не дозволувам мешање и контролирање а второ , не живееме заедно.
Не е ова толку битно колку што е битно да имаш прав маж што ќе има муда да и објасни на мамичка дека има жена.
хаха, во право си , но иронија е што мојот беше и тоа каква маза. Јас си поставив услов, а тој после некое време убедување прифати и сега живееме во мој стан, сами ние двајца. Од друга страна, деверот остана да живее таму со вереницата и претрпеа огромна непријатност, па дојде и до крај на нивната врска, што е навистина голема жртва! Ретки се таквите...затоа се презема се во свои раце и се решава проблемот...
Биди среќна што си се спасила на време.Тоа не би било живот туку пекол.Ти си заслужуваш маж вистински маж а не мамино синче кое никогаш нема да знае да се снајде во животот прво за себе а не пак да створи и да се грижи за семејство.
Мене едно не ми е јасно. Како тоа свекрвиве не се свесни дека со тоа нивно мешање во врска/брак влијаат на самата врска па затоа и многу врски или уште полошо бракови се распаѓаат. И тоа не поради недостаток на љубов туку ете поради тоа мешање во сѐ. Не дека не се криви ни мажите. Штом допуштиле да дојде до уништување на брак значи криви се, ама скоро секогаш со мешање на трето лице започнува сѐ.
Toa e zasto snaite si go dozvoluvam e toa nesto da ni se mesaat i mojata se mesase dodeka ne si gi pokažav zabite