Така им одговара и плус нема кој д аги спречи во нивните намери и однесување кон снаите т.е. нама маж со муда да рече мамо ова ми е жена ќе ја сакаш и почитуваш исто како јас што го правам тоа. Не е само да покажеш заби треба и подршка од маж. Ти можеш до 101 да покажуваш заби ама ако мажле вели мама е во право џабе е се,мама ќе си зема повеќе сила.
@Meckicja многу жени го имаат тој проблем со нивните мажи... Мажот си е мамина маза и ги слуша заповедите од алфа мажјакот (неговата мајка) и она е на прво место , не неговата жена и деца ... И така настануваат брачните кавги , имаше и статистика на разводи , во кој најголем причинител за разводите во повекето случаи била свекрвицата
Znam i mojot bese takov ama koga mu kažav ako si resil da živees so majka ti zivej jas si odam i gotovo ako ne ne i se smeni
Јас мислам дека свекрвите се уверени дека помагаат и ја прават вистинската одлука во име на синот. Сигурно си филмуват во главата дека и син и го мисли истото како неа, ама нема доволно храброст, па тие превземаат чекори место нив.
Е тогаш маж со муда настапува на сцена и најљубезно ја замолува во иднина да не презема ништво во негово име без да праша или воопшто. Зошто и снаа т.е. сопругата да му замери мајка ти ова она колку и да знае сека женица е во право од машко его ли инат ли што му се пререкува за негово нема да ја прекори мамица. Зрел маж,зрел емоционално и созреан за живот во брак никогаш нема да дозволува караници меѓу 2те најважни жени во неговиот живот. Ќе ги менаџира односите меѓу мама и жена ама ако сака искрено и без притисоци од фамилијата,општеството итн. А таквите се ретки,што се уште не завистат било како од мама и тато и имаат муда да речат како е истправно а како не и тоа да биде речено и обмислено непристрасно ни спрема мама ни спрема жена.
Ovaa treba podhitno da ja zatvorat na robija zaedno so sin i...psihopatka Snaava I se chudam kako ne I ja opne edna naopachechki na mrdnatava!!! Ja bi ja lezela ednash za sekogash zimi majka
Леле ја читам темава страв ме фати, кузнае што ме чека.Не сум уште ни верена, ама ќе си имам мака осеќам. Првото запознавање не беше баш сјајно, свеки моја се разочара дека сум била 10 класи под нив, не ме сакала, кога идам лице само ми прави. Ми вика-Ех, син ми пред тебе да видиш каква лепотица имаше, ама таа учи, се запиша во странство, баш беа сладок пар, онака цинично..совет за во иднина?
Многу некултурно беше од нејзина страна,инаку соседи се со родителите на бившава и секој ден се по кафиња и шетања, многу ми е страв да не го навлече дечко ми против мене
Ќе си зборуваш со дечко ти отворено, ќе му дадеш отворено до знаење дека нема да дозволиш некој да те понижува и нервира.
Бившата на дечко ми е од јака и моќна фамилија, беше и моделка. Си мислам дека ради тоа ја сака, ама и на дечко ми фамилијата е богата, имаат добри услови и се. Комшии се и си одат по кафиња, се дружат, но веќе долги години живеат таму и не знам како да се замешам.Ќе зборам со дечко ми за се ова, иако тој вика дека нема проблеми...
Ако тој тебе те сака нема што да бара по бивши ... А свекрвите во 90% се такви-никакви ! Мозокот да им се промени не може .Тоа е.
Навистина не знам која е логиката, искрено кога отидов прв пат кај нив дома бев максимално културна, пристојно облечена, средена, помогнав дури со миење садови и раскревање на масата, цело време користевЧ благодарам, ве молам, разговарав за се, и пак јас не им чинам
Ако ја сака сеуште и тоа за пари, тоа доволно ти кажува за него како човек. П.с не се замарај толку да се допаднеш на некого. Треба да си своја и таква да те прифатат. Ако не се способни за тоа, нивни проблем.
Да да, за нејзе сакав да пишам.Ќе се држам на дистанца, мислев дека ќе биде нормална, не сакам ни да одам, многу се дигната фамилија, се со некој луге на висока нога се дружат, додека другите свекрви чистат по дома, средуваат т.е како што имам читано и слушано, оваа има фобија од скршен нокт и размачкан лак, постојано е на кафиња, жива се јаде ако не е некаде за викенд, не знам која и е финтава, првпат среќавам ваков случај. Така и ќе направам
Мееех.. луди жени.. Ако нешто ти значи, кога бев прв пат кај нив дома, бев прикладно облечена за ситуацијата во која се наоѓавме, не мрднав со прст кога ми рекоа да сварам кафе.. им реков, јас тука прв пат идам, не знам ни шпорет ни кафе ни шеќер кај има.. Плус околностите беа такви, па пола поширока фамилија беше во истата просторија и го слушнаа тоа кој знае што си помислија за мене, а искрено и мене ми идеше да пропаднам во земја.. Ама жената е таква, искулирана и фина.. Си ја сакам премногу, иако не покажувам ама колку што се секирам за мајка ми, толку и за неа.. и за двете планини би поместила.. Барем од досегашниот однос.. Значи..сакав да кажам, не е до тебе, до жената е. Лошо се поставила кон тебе, не се сака веројатно ни сама себе а не па тебе.. Кулирај си и уживај со дечкото. Важно е тој да те сака, не таа