Јас бев културна, бебе во спална со мене, го видоа доволно за да бебе фати бактерија од детенцето на золва ми. Го донесе болно. Попуштив ради маж ми , после 1 год не-комуникација, иако маж ми сметаше дека нема потреба зошто не заслужуваат на секој начин. Долго и широко. Така да да игнорираш неможеш скроз ти дошле во куќа-си прифатила, ама бев на дистанца. Балансирав некако @Mari-Ja не на свекрва ти, срам да му е на маж ти. За ништо отишол оставајќи те таква. За да го видат комшиите.
Хаха ме насмеа со ова. Мојата па зборувала по комшии дека сум почнала да му давам ад на детето оти сум сакала да си шетам со другарки како пред тоа ,а нејзе да и го давам да го гледа. Епа за тоа сега со мм секаде си го носиме , а ако треба некаде да излегуваме и го оставам на мајка ми. Само едно ќе кажам секакви луѓе трпи светов .
Значи никогаш нема да можам да го сфатам ово од свекрвите, да не се наљути снаата зошто децата личат на татко им, би се наљутила да ми рече дека децата личат на комшијата ама на татко им што личат нема причина зошто би се наљутила снаата. Е да не се наљутиш ама малите се копија на татко им. Мене исто глупа ми е ситуацијата кога на пример децата личат на мајка им а свекор, свекрва упорно тврдат дека личат на татко им, како сега пример татко ми иако сите три деца се копија на мм упорно да вика дека личат на мене, внуци се, здрави, живи нека се мора на едниот родител да личат.
Само мојата свекрва вика дека малата личела на мене, а сите други викат на татко ѝ личела. Додуша само носето ѝ е такво напрчено како моето, а сега гледам дека бојата на очите ѝ врти некај плава, како моите.
Глеј си го бебуш. Свекрва не се сака. Ако заслужила и за атер на мм се почитува и толку. Се друго од едно влегло од друго излегло и раат во душа и спокој во куќа.
А ако бабата и дедото не ги занима тоа дете, како да му требаат тие на него? Ете јас сум таков случај. Израснав со еден пар баба и дедо, другите ни питале, ни прашале. Ни па ми требаат мене. Па ете, ништо не ми фали, не чувствувам никаква празнина во однос на нив. Исто како да ги немам. Не е болест за умирање, па сега ај на сила, де бабо, де дедо, аман заман внука сум ви...
Нормално, ако сакаат да бидат дел од животот на внучето де Со сила убавина не бидува. Ама... мајката да го ускратува правото да си го гледаат внучето, затоа што им е лута или не ги сака, според мене, не чини.
Баш така. Ако свекрва ми не прашува за внучето. што има да се упикувам јас со него. Еве мојата свекрва ќе ја земе божем да го подржи пред други, да изглуми, или пред мм глуми као многу загрижена, а кога сме сами со бебето не прашува како е. Епа не ми е гајле воопшто. И она не заслужува да ја држи ќерка ми зашто се подебаваше (се извинувам на израз) на мојата несреќа за спонтаните пред да се породам.
Па и нашите односи со дотичните се заради подсмевање за истата причина. Тоа е еден од милионте поводи да не ги чувствувам дека постојат. На мајка ми не јалова крава, не ќе родиш дете кога на дланката влакна ќе ми никнат (значи никогаш) и сл. подигравки. Ете @An-na , заради вакви работи па и не би сакала да ми го гледаат детето. Иако, мајка ми не им бранеше.
Тие на мене нема ниту да ми се јават туку на мм ќе вртат. Тој ќе ме праша мене како да постапиме. Инаку ништо не сме им згрешиле. Мене ме мразат од дно на душата, барем јас имам такво чувство, затоа што со мм премногу се сакаме и сме сложни во сѐ. Тоа не им одговараше, тие сакаа тој да работи и парите на нив да им ги дава и да им плаќа долгови. Мене ме избркаа а мм несакаше да не остави и си излезе и тој со мене и детето. Сега само се правеа божем се радуваат а несакаа ни да почастат за внуче а камоли мекици да прават, со изговор дека немаат. Инаку за золва ми имаа и правеа. Јас како и да е сум на дистанца бидејќи никогаш не се поставиле како баба и дедо ниту на првото, воопшто не ги интересираше. Туку сега дали да прифатам воопшто да дојдат зошто тешки навреди паднаа врз мене а и врз моите деца.
Мене да ме избркаат ги множам со нула,па ни за арно ни за лошо со нив,каков атер какви бкрачи, море матер за таквите! Исто така би се погрижила и син им да не престапи во таа куќа. Многу мразам лицемерие и глумажа,ако некого не го сакам и ме треснал од земја,ако знам дека од дно на душа ме мрази, зошто да правам лице за атер од мм,тие зошто за атер од син им не се однесувале пристојно кон снашката и внучињата? Како една членка на форумов се колеа со свекрвата,со секири се бркаа и правеа разни сцени опасни по живот и околина,после наеднаш почна да кажува како многу ја обожава свекрвата,многу се зближиле,е тоа за мене е лицемерие и глума. @Mari-Ja маж ти нека не се вади ссо неговата наивност,малку преиспитај го него,ако мајка му му рече да се фрли во Вардар,треба да се фрли?
Па и син им не ги есапи воопшто а јас не им правам лице, тие знаат кое е моето мислење за нив. Тогаш бевме многу млади па ни правеа притисоци и попуштивме. Многу ретко и мм комуницира со нив но мислам дека сега потајно се надеваше дека некои работи зе се средат, нели од мерак за внучето. Мене ми беша јасно бидејќи 9 месеци не ни прашаа како сум. Но жал ми е за мм што има такви родители. Додуша мајка му и за ќерка и одеше и секаде ја викаше курва а сега неможе да ги одлепиш една од друга, не за друго сега взаемно се искористуваат. Имаш право, треба да се преиспитам и да си држам до ставот.
Нема потреба од број, друга ми беше поентата. Ти со свекрва ти војуваш а со маж ти имаш проблем, ама изгледа не можеш да го увидиш тоа. Си споделила проблем јавно, треба да бидеш свесна дека некој можеби ке те цитира и ке дискутира за она што го имаш пишано. Инаку, сите што велите дека баба и дедо треба да бидат со внуците и никој не смее да им го одземе тоа право, колку и да се лоши, можам само да ви кажам дека грешите. Хипотетички, доколку некоја персона не ме почитува мене како личност, доколку се мешаат во бракот а за време на бременоста тие личности се обидуваат да ми отежнат на било кој начин, ако ми предизвикуваат стресови и нервози, ќе видиме дали и колку ќе го гледаат внучето. Матката моја не е инкубатор и не штанцам деца по желба. Не очекувајте свекрвите да ве сакаат, ниту пак на раце да ве носат, очекувајте почит и не прифаќајте ништо помалку од тоа.
Тоа ми беше и мене дилемата бидејќи сите се научиле со тоа баба и дедо се. Кога снаата ни грам не ја почитуваат како тогаш децата ќе ги почитуваат што носат и нејзина крв? Ај божем да не ги делиш од баба и дедо ама изгледа не е баш така.
100% се согласувам со тебе. И јас забранив свекрва ми да ги гледа децата. Тоа се мои деца, јас ги родив, јас ги носев 9 месеци, јас сум исечена јас не спиев и не спијам за нив и не јадам по потреба, она со ништо не придонела да биде дел од нивниот живот. И на мм му нагласив, немој случајно да разберам дека си ги однел кај неа, ќе имаш со мене проблем. Многу и поќутував, многу ја толерирав и игнорирав, како човек не ја почитував никогаш, ама ја почитував како мајка на мм, ама сега ни како таква не ја почитувам. Ај и пуштав водичка, ај нека ја, ај многу ми е гајле, ама ги премина границите. Крајно не почитување спрема мене покажа, значи крајно, ме стокми со гомно, ама ќутенката, ништо не рече и директно не ме нападна, ама направи една работа која е грозна и ме испонижи ко што никој ме нема испонижено во животот, а пак кога гледаш од страна, изгледа како она ништо да не направила. Јас тврдам дека од неа заслужував почит до небеса, заслужував нозете да ми ги мие, тврдам и стојам позади тоа, затоа што во најтешките моменти од нејзиниот беден живот, застанав зад неа, оти ми било жал, а нејзе ни во една секунда од истиот беден нејзин живот, не и било гајле како се чувствувам јас. Епа ако не ме почитуваш, и ме рамниш со гомно на дожд, за тебе се исто и децата кои јас ги родив. Денес баш ме сретна низ град, јас разговарав со една пријателка, додека едното дете ми беше во раце а другото во количка, мислеше дека ќе ја изигнорирам, или ќе и попуштам, застана на ќерка ми да ја гали, јас само ја оттргнав количката и продолжив да се понашам како да ја нема. 3 месеци, не е јавена да праша како се нејзините внуци и син и. И сега наеднаш ќе ми изиграва брижна баба. Многу ми е криво што не ја запознав со мојата одвратна страна, секогаш бев фина со неа, и и се смешкав, и и викав добро, едно чудо жени на темава советував да игнорираат и да викаат добро, така и јас бев со неа, аха, добро, да, аха, добро. Имам страна во мене која е добра и мека како леб, ама имам и одвратна страна, а таа страна не бира зборови.
@Offspring јас сум една од тие жени! И еве и даље на игнор левел сум, до кога ќе видиме. Туку друго прашање, не се осеќате глупаво и изиграно кога вие не добивате трошка почит, а им доаѓа бабата/дедото на децата и им вика пр. мило тоа срце на баба/дедо? Само се прашувам дали се свесни дека детето не го донел штркот? Мене ме газат а детето го "сакаат" како? Ова е дешавка од пријателка, мака па со свекорот си има она, откако ја роди малата, свекорот не разговара со нејзе, одеднаш го снема, а кога оди кај нив (прв пат на 4мес отиде да го види бебето) нејзе буквално ја игнорира, како да не е присутна да не постои, а на малата и збори срце на дедо, ти си мојот живот итн. Како??? Како грам почит немаш спрема некој кој едноставно лоза ти продолжил? Од тоа сум загадена некако, до каде може да оди лицемерието значи уф!
Оти тоа детето е нивна крв. Тоа на некој нивни начин, не е ваше туку на нивниот син. Сум слушнала примери од блиски каде дедото и бабата прават мајката да се чувствува како сурогат. Можеби не директно, но ете со тие „мили„ зборови и епитети.
Ќе споделам, долго е па кој има живци... Да не должам дека не сум во Мк мажена туку надвор, повеќе тоа го знаат, имам добар брак и добар човек до мене, реално од почетокот гледаме за нас двајца, другите не не интересираат и така. МАж ми има уште двајца браќа, он е најстар, а јас сум прва снаа, пред 3 години се земавме, не правевме свадба. Имам пишувано дека како снаа од свекрва ми немам добиено ништо, прво ми беше чудно оти во главно и во повеќето случаеви нели, свекрва на снаа и купува нешто, небитно дали накит или нзнам ти што. Јас не добив ништо. Немала. Ок реков, и не мора, не ми играше никаква улога тоа, на крај краева, нејзин срам, не мој, но добро. Тргнувам од себе, утре кога ќе добијам снаа, сигурно дека со нешто ќе ја почастам. 3 години нејзе мува не ја лази. Се родија децата, стана баба на ддве деца, први внучиња и се родија, дојде со 50 евра. Пак реков добро, не ми беше гајле, нека ја што сака нека прави не ме допира, затоа што не живее со мене. На крајот пак ќе речам, нејзина срамота, не моја. Свекор ми умрел во 2012, за жал не го запознав, умрел од рак на белите дробови го столчил во рок од неполн месец. 3 месеца не поминале, мојата свекрва оди да живее со друг човек во тоа селото, немала друг излез, морала. Маж ми пак возрасен, сам за себе, двајцава девери уште деца, едниот, најмалиот го повела со себе, средниот се противел, нејќел, и останал сам да живее. На госпоѓата најлесно и било да се омажи, а не да оди и да бара работа во град детето да си го школува, она не знаела во град да живее била селска жена. Пак ќе речам добро, нејзина срамота, школувањето на најмалиов девер го препушта на маж ми и сите обврски околу тоа, она незнае и неможе. Не се потруди на детето да му овозможи нови алишта за матура, јас и мм му пративме пари да се облече. Мајка. Децата од кога се родија мои, два пати беше дојдена, селото нејзино оддалечено 20 минути вожња, неможела она да иде. Во ред, не мора, мене со две бебиња дојде баба ми од МК да ми помага. Оти она неможела. И не идеше така, се до јуни месец, кога тој дебилот со кој што живееше не ја натепа домаќински, оти средниов девер одел да преспива таму кај нив, немаше кај, ај ја прибрав кај мене, со причата дека она сега нема каде, мораме ние. Ај си реков, нека ја. Купивме куќа, фала Богу голема е, има она минималец пензија од некои 85 евра која ја наследи од свекор ми, си викам нема да ми е толку на грб, пензијата ќе ја дава и ќе јаде, логично, ќе ми помага со децата, и тако даље. Ќе си ставев здрава нога во трн да ја приберам, среќа отворив очи, почна да брмбла дека на својата пензија дигнала позајмица, и кај тој дебилот што живееше со него, реновирала спрат, тоа се десило непосредно пред да ми се доклинка мене. Мене крвта ми зовре, затоа што реално, ама ни на крај памет не ми паѓа, јас да ја ранам, а она да плаќа позајмици што дигала за туѓите куќи, а мене ми виси кредит за куќа над глава, и имам две бебиња, од кои неможам во блиска иднина да се вработам. Му реков на мм со најдобри намери, дека ќе оставам фора да биде кај нас, додека не се снајде, нека бара работа, кога ќе најде работа и ќе добие плата, нека си бара стан, јас навистина неможам да ја понесам на грб. И би така, маж ми малку скакаше, негодуваше, ама виде дека сум во право. Се пресели она, во меѓувреме најмалиов девер не спомнав, закажа свадба со вереницата. И така недела дена пред свадбата, јас излегов со децата да се шетам, на телефон се јавува свеки, прашува кај сум, викам еве шетам во град, вика чекај сега ќе дојдеме со ---- (јатрва ми). Јас чекам, кога еве ти ги, идат. Јас и јатрва ми иначе сме во супер односи, како другарки сме, и ден денес. Јас поима немав што ќе следува, кога шлог, ме покани да дојдам со нив, а они во златара, бира да и купи ланче, обетки и нараквица. Јас, со моите две деца, надвор стјам, они во златарата бираат. Јас 3 години во брак, мене никогаш ништо, се она немаше, кај и ја прибрав кога немаше кај да оди, со целиот памет ме викна со нив да одам. Јас се шокирав од безобразлукот, значи стоев надвор и неможев да поверувам дека некој може толку безобразен и безсрамен да биде, само ја тргнав јатрва ми настрана и и реков, немој да мислиш дека имам нешто против тебе, немаш ти ништо со ова, ама не е во ред, и искрено ич не убаво се осеќам. Јас се осеќав ко некој да ме плукнал овде, ко да сум паднала од крушка, така небитна, ко од заебанција да сум дошла овдека и сум се омажила за син и, првото чувство ми беше дека она мојот брак не го есапи воопшто, затоа што самиот чин тоа го кажува, безобразлукот што ни во еден момент не се засрами од мене, туку ме викна со нив да појдам. Искрено немаше да ми биде толку криво, ќе речев јебига и ќе продолжев ко и вообичаено да ја игнорирам да не ме викнеше со нив, ама кога се најдов во таа глупа ситуација да стојам со моите деца надвор ко некој технолошки вишок, ич не ми беше сеедно, а она на тие деца ви кажав колку им пружи, по 1500 денари кога се родија. ( ви кажувамв во македонски пари). Кога најтешко ни беше со мм период со децата, му даде 50 евра ВО ЗАЕМ, да сме ги врателе до свадбата, и за тоа реков добро. За се јас нејзе само и викав добро. Татко ми кога дојде од Македонија јас никогаш нема да заборавам, прв пат човекот доаѓа, ќе оди да ја запознае, јас му викам купи тато успат некоја бонбоњера, кафе и дрангулашки некои ред е, човекот купи, уште па пред тргање кај неа му викам де немој да вечераме дома, веројатно кај неа ќе има вечера, зошо реално очекував, кога отидовме горе, го пречека татко ми, дојден од Македонија, кој прв пат го запозна, со едно кафе, една чаша јабоковача ракија, и една чаша вода. Незнаела оти ќе сме дојделе, ненадејно сме ја начекале, не успеала да спреми ништо, немала, а уредно се најавивме, и знаеше дека тие денови татко ми е дојден. Но добро, нејзина срамота, јас пка и реков добро. Недела дена после тоа откако татко ми си отиде гозба и трпеза од јатрва ми родителите кај неа на село, печење, јагнешко, гајби пива, вино, сокови. Во ред. Јас пак ништо не реков. Тоа со ланчето, мислам оти границата ја помина. Врвот во безобразлукот беше тоа. Мене не ми е дојдено до нејзините сребра, да ми беше дојдено ќе ги захтевав пред 3 години, ситуацијата, беше во најмала рака, одвратна. Незнам колку безсрамна може да биде, кога од себе сама не се засрами, камо ли од мене. Јас дома кога си дојдов, на маж ми му кажав што се случи, прво ја бранеше, она немала, и незнаела, се она нема и незнае, ама кога ми објаснив неколку вистини, виде дека сум во право. Му реков, т.е. го замолив, кога сум сама дома да не ми иде, затоа што немам намера да и правам лицемерие повеќе и да и се смешкам и викам добро, затоа што не залужила, кога ќе е он дома, ако сака нека дојде. Маж ми утредента и се јави, и и рече, дека не е во ред тоа што го направила ,изговорот како и секогаш, она незнаела и она немала. Дојде Д денот, свадбата. Стигнавме јас и маж ми, се паркираме, ете ти ја, она, иде према колата, мм вика, понашај се нормално, немораше да ми рече, затоа што сеедно немаше да правам скандали и да уништувам свадба, а и не ми е на ниво тоа да го правам, јас можам насамо да ја испичкарам и да и речам шо и мислам тоа 100%, излегов јас од колата, само и реков добар ден и се тргнав, логично дека нема да ја гушнам и бацам. Со целиот памет, се доклинкала до една моја пријателка со која она апсолутно нема никогаш во животот поврзано 2 збора, да и се жали, оти и било криво, јас со неа не сум зборувала, оти она мене ланче не ми купила. Помина свадбата, не дојде ебано извини да ми рече. Мене моето воспитување ме научило дека ако некој навредиш, или повредиш, одиш и му велиш, извини, не ми беше намера да те навредам. Не добив извини, госпоѓа ме искулира, изиграваше главна ѕвезда таму. Мислам оти залужив едно извини. Тогаш во мене се прекина нешто, му реков на маж ми, ако јас не сум достојна за нејзиното извини, а факт дека да го речеше поубаво ќе си поминеше во животот, може же и речев добро, или во најмала рака ќе дозволев децата да ги види, слободно можеш да и пренесеш, дека, во овој живот, и во наредниот ако го има, она со мене завршила и со моите деца. Моите деца јас ги родив, ако јас за неа не сум достојна за извини, ако она ниеднаш во нејзиниот беден живот не помисли со мене да остане добра БАРЕМ заради децата, тоа значи дека нејзе и е сеедно. И му реков, во мојата куќа, немој случајно да згазила, на крштенка не ја сакам, ако јас како мајка на твоите внучиња толку не ти вредам НЕКА ТИ Е НА ЧЕСТ и на ОБРАЗ. 3 месеца поминаа од свадбата, ни на маж ми му е јавена, ни мене, се до пред 2-3 дена почна да пушта коренчиња по ФБ, ставам слики јас со јатрва ми шетавме и се сликавме, она лајка. После почна да лајка слики на кои сум јас сама, јас ја игнорирам, исто ми се фаќа. Денес кога ме виде, мислеше ќе и попуштам, јас го оттргнав детето од неа. Затоа што сеуште никогаш во животот се нема јавено да рече, синко, јас ќе дојдам, сакам да поразговарам со жена ти и да расчистиме, госпоѓата покажува некоја гордост, нејќе да се понижи, а ми продава цигански далги по улиците. Јас се намачив во последните 4 месеци колку сум сама со децата 24/7, пола ме нема колку сум ослабена, не јадам, ни имам време со две бебиња во фаза на проодување, имаше периоди во кои бев на работ да си пресудам колку сум била беспомошна, а она ниеднаш не се јави да ги поабара, како да чекаше ситуација ваква да се ослободи од одговорноста која од неа никој не ја бараше. И сега што? Ќе изиграва баба на готово? Јас сум 24/7 сама со две бебиња, мм ради од јутра до сутра, сама готвам, чистам, перам,спружирам, ранам,,соблекувам,бањам,успивам,смирувам, шетам деца. Нема кој ни половина час да ме замени. И апсолутно стојам зад тоа дека никој не треба да ми ги чува децата, јас ги родив и мои се, ама едно е чување и тупнување по цел ден, а друго е прискокнување у помош на пола саат да здивнам еднаш во 3-4 дена. Настрана муабетот дека кога живееше еден месец кај мене, јас и мм бевме во фаза кога средувавме документи за куќата, купопродажни договори и нотари кои богатство коштаат и ни зачкрипи, госпоѓа не рече еднаш, еве ви пари на децата млеко купете им. И сега што? Баба ќе изиграва? Нека изиграва кај друг.