Ќе си кажеш културно дека ти пречи некој да ти трчка и раскрева. Во брак ќе те читаме како ти дипли гаќи и буричка по фиоки. Вака започнува тоа. Убаво што можеш навреме да воочиш што ти пречи и да реагираш.
И дечкото и вика де мамо остави поседи тука и она нее како така да стојат.. многу пати се осеќам како да незнам јас тоа да го направам башка кој од нас кога ќе ја испие чашата со сок одма а мие а планира пак да си стави незнам незнам ме известува и дека ги навалила цврќињата горе на тераса дека оставила прозори отворени зошто било загушно буквално не застанува а мирна сим и ништо не ми згрешила друго па да и речам нешто не сакам да се карам ни кога ке бидеме во брак нити пак сега уште не дојдена како снаа таму.
Ами нека си зборува не мора на се да обрнуваш внимание. Така си зборуваат тие оти си мислат дека ете треба да се знаее кој знае колку е битно дали прозорот е затворен или дали цвеќињата. Нема што да се караш и расправаш, нема на се да обрнуваш внимание нека си зборува таа ако сакаш нешто да и кажиш добро а ако не, не ни мораш. Малце и таа треба да е свесна дека со некои работи замараат едноставно има и попаметни теми на разговор а не за прозорите. Ти терај си го магаренцето таа што сака нека прави и тоа е тоа.
Жената дефинитивно има некаков disorder поврзан со чистење. Знам како изгледа таква персона. И не е проблем тоа што она влегува и чисти туку што влегува во интимна зона. Еве гаки сред дневна оставаш, пример. И она тогаш се качува, средува. Еден убав муабет на дечко ти со неа, дека коа сте вие горе има кој да раскрева нека си глеа кај неа да е чисто. Ако кај вас не е чисто и дојде некој вас ќе ви се смејат, не нејзе.
Cekaj de seuste ne zivee tamu I znak prasalnik Dali ke zivee pa da kazuva toa ke se srede koga ke bide del od taa familija uste sega ako kaze moze poinaku da bide sfatena deka uste sega saka da komanduva sega zasega samo neka ja ignorire
Пред 2 3 недели се догоривме да одам кај него и од кај него да одиме во кафуле и после да спијам кај него и носев фармерки на мене трењерки за резерва и плус алишта за вечерта. Кога си заминав од таму сум ги заборавила тренерите кај него следното одење трењерките исперени исушени... И он пробува и имат разговарано остави ја не е дете ама...
Така де зошто уште сега да си средува се. Тогаш коа ќе се омажи може слободно да дојде тука и да кука од свекрвата. Некои работи е подобро да ги пресечеш во корен него ли да ги остаиш да нараснат до недоглед. Свекрва и коа уште сеа ќе сфати дека не треба да се меша полесно ќе и биде послето.
@Sannelaa не верувам дека ќе се смени жената, особено ако не работи, освен ако не реагираш ти навреме. Како да читам за бабата на мм, свекрва на свекрва ми, 10 години ја знам и исто прави буквално се, дури и за перењето се насмеав дури читав. Имав проблем дури бевме кратко во заедница, ама неколку пати јасно и кажав дека не сум побарала дури сум на работа да ми брише под во собата или да ми собира чаши ако ни останале и слично. Свекрва ми го има истиот проблем ден денес, 80 годишен човек не менуваш сега, не реагирала на време и цел живот трпела, ама денес ретко која го може тоа.
Извини, ама си чисти жената во своја кука, горниот спрат. Како ке и речеш, ај не ми чисти, а ти уствари не живееш таму. она глатко може да ти одговори не ти чистам, си го го средувам спратот. Немаш тема на муабет ич. Син и може да каже остај мамо, немој мамо, ама ти не. Кога би живеела таму друго е, ама не живееш.
А што да пресече кога не живее таму и не е снаа уште? Плус си чисти во своја куќа. Ај да има дечкото посебна куќа друго е, ама вака... Не се меша жената во ништо друго, само што чистела.
Има што да се прави. Ќе си пишеш во темата свекрви-снаи задоволни. А сите што мислите дека нема тема на разговор кога се знае дека наскоро ќе се мажи и живее во таа куќа запрашајте се зошто потоа е темава полна како свекрвата и дипли низ фиоки и зошто тогаш велите на време требала да пресече. Што е поентата од имање двојна аршинатура освен од правење мајмун од некого што се пожалил или побарал мислење?
Па на пример свекрвата може ко за почеток да не иде да му чисти на синот кај него на спрат додека он си седи со девојката, а и плус девојчето си кажа дека она средува кога е таму. Него свекрвата многу е радознала и нема основна култура. Треба некој ден да ги начека на сред секс, па да видам дали ќе се појави уште еднаш да ,, зачисти ,,.
Мене ми се има случено мајка на дечко мој да ни влезе во спална (на посебен спрат живееше он) со канчиња од кисело млеко и да седне на кревет да објаснува во кое канче каква боја да растворам за фарбање јајца.. едит-на некои ништо не им значи што си правел во кревет и дека си гола под чаршав. си тера по свое до крај
Божем тогаш на дечко ти ќе му ги вапцаш јајцата........не е ич смешно иако ме насмеа малку...јас сум за секој да си има приватност.
она мислеше модерна е ако има став-знам што правите ама не ми смета. син и сега има 40, не е женет уште. а ок чоече е. I wonder why !?
Повеќе генерации во една куќа не бива и готово тоа е јасно како ден. Јас престанав да му зборам на мм за нив и општо што се случува и одма има ефект,му се отворија очите дека сопствените родители го бркаат од својот дом и ти вика снаоѓајсе. Деновите се бројат тука тоа од хиликоптер се гледа,дали ќе биде станбен или кирија нее важно важно е сами. До мајка му е изгледа многу вапца јајца
Го читам постов и се пронаоѓам во свекрвата јас исто сакам се да ми биде под конец тоа е кака некоја навика која тешко можеш да ја искорениш ... па нека чисти барем за тоа нема да се секираш секогаш ке ти биде чисто незнам и што се нервираш ... и не мисли дека таквите личности се лоши или тебе свекрвати ти мисли лошо или сака да кажи еве јас чистам ти ништо бе фаќаш НЕ значи нема врска едноставно таквите личности се педантерија а тоа тешко може да го сменат ... јас млада сум имам дечко па истото го правам како еден вид зависник од чистота а поготово ако си невработен ...од друга страна тебе повеќе ти смета што влегува во вашата соба него тоа што чисти, барем нека не влегува кога сте тука а секако дека има право да си чисти во целата куќа пошто е нејзина тука немаш право да се лутиш за тоа, ако дојде во твој личен стан да чисти тогаш лутисе но во нејзината куќа која ја спечалила никој нема право да наредува што да прави , ако не му чини нека се пресели јас така гледам на работите, јас со моите родители живеам и ништо немам право да кажам што да прават во неа не пак кај некој други ако сакаме да не ни смета никој малку ке се потрудиме во животот да изградиме нешто свое.
Од многу трудење главно трудни остануваат па во брак влегуваат. Да се насмееме. Коментаров се ти е на место пишано ама си занемарила факт дека во нашава напатена земјичка нит работно место нит фиксна плата не ти се загарантирани. Па да се потрудиш ти сам како поединец да створиш без да наследиш од блиски или ти помогнат на некој начин твои тешко. И мојот личен пример ми сведочи дека без да наследев не ќе можев да купам. А и повеќето отплаќаат кредити со учества итн. на нивни едно време на по 30години отплата на камата,така да тоа е.