@Meckicja Ама треба осет да се има иако е во своја куќа, пример моите немаа влезено во соба ко ќе идеше мм, тогаш дечко, ако се начекаа на врата ќе се поздравеше и толку, а не да влегува мајка ми и да чисти тогаш. Ни па на брат ми му влегува сега, тоа од општа култура треба да се знае и со друштво да си, а не со дечко/девојка.
'дома сум ќе правам што сакам' не ја оправдува некултурата да се буташ кај син ти во кревет што се вели. ..
Има само еден проблем во муабетов.. Санела никаде не пиша дека во спална им се пикнала, туку се јавувала кога ќе дојде и тие од спална оделе во дневна да ја пречекаат. Ситуацијата со тупнувањето во спална за време на секс беше опишана од Лили, а такви будали знаеме дека се 1 во 1000. Да не преувеличуваме за џабе .
Немав јас со неа никогаш директен проблем, нешто да сме се закачеле па да летале мајки и шајки. Се беше одоколу она манипулаторски запаковано, пред мене лице кчери моја, а зад грб манипулации и игри. Овде дојдов сама прв пат, маж ми се врати на терен, незнаев ни до продавница да отидам, уште Босна за мене беше страв и трепет, тука војна било, мислев луѓе се тепаат и пцујат по улица, ни валута знаев, ни знаев и познавав некого, сама самцата еден месец, и се јавував нејзе да дојде еднаш да преспие кај мене, неможела. Имам пишувано тука пред помалку од 2 години, на село однесовме пиленца кај неа, пари ни побара за храна, ај реков добро, дадовме. Мене не ми е за 10 евра, јас ќе и ги дадам и 20 ќе и дадам, ама тоа за неа кажува како личност. Па се селев 3 пати овде, последниот пат трудна со мевот до заби во стан на 3 спрат качена на прозори да бришам, ни дојде, ни праша дали треба помош, трудна висев на прозор и рибав подови. Па расправаше овде кога дојде дека на синот од тој дебилот нејзин казни за колата му плаќале, нас не не прашала имате ли млеко за децата. Децава мои пишав откако се родија 2 пати дојде, а ако не секој, преку еден викенд одеше на село таму кај мајка и, а за да отиде таму, мене пред зграда мора да ми помине, ама кај нас неможела да дојде. Се она неможе и незнае и е проста и нема и е греота, тие манипулации кај друг и изигравања жртва, кај мене не. Мене одамна ми беше јасно, не сум вчера на светов дојдена, ама се трудев да ја игнорирам, неколку пати така кога ќе попиздев си викав во себе, нека ја бе те боли уво не живее со тебе, што сака нека прави. И ја истрпував така да брмчи и меле ко воденица, исто ми се фаќаше се во животот поврзано со неа, и убаво ми беше така, ни лук јал ни лук мирисал, се додека не ми дојде дома со сите нејзини проблеми, ама истиот момент кога згази во градов, хаос направи. Девер ми најмалиот се разболи од нервоза, таман човекот реши да се жени, и отидоа со вереницата, сега жена, подстанари да бидат сами, оваа се доклинка во град, од мака и нервоза аритмија доби, си рекол УФ сега морам и јас да се секирам за неа наместо сам да си живеам. Па една вечер јатрва ми ѕвони на телефон плаче, вика брзо дојдете не му е добро, ние за секунд се нацртавме и го најдовме склештен во рацете и во нозете, укочен, очите превртени, јас реков умира. Тоа беше 2-3 дена откако дојде во град од селото. И замислете, ова е врвот значи, ова е црешичката на шлагот, детето во болница и умира, со хитна го однесовме, она дома кај мене во стан со баба ми, замислете луѓе, ОНА ЗАСПАЛА! ОНА ЗАСПАЛА, а болницата од станот кај што живеев оддалечена 5 минути пешки. ОНА ЗАСПАЛА! Јас гола и боса ќе истрчав за моето дете, она заспала. И и кажав јас на јатрва ми, и она неможе да ја гледа и да ја поднесува, само што кај неа е ситуацијата таква, да она несмее на девер ми да му писне, а особено не за мајка му, а јас смеам и око не ми трепнува, можам се да трпам, ама неможам будала да ме прават, а особено па не она да ме прави будала. Да ме прави будала некоја докторка, некоја професорка, некоја дама или госпоџа, пеки, ама овоа простото и никакво не. И тоа ме нервира што она сега мисли дека е којзнае која, и изиграва некоја гордост што несака со мене да се соочи, несака да дојде да се извини, дефиниција и единица мерка за шуто а боде е она. Јас ќе ставам крај на приказната со неа во животов се колнам, само тогаш кога ќе и изнакажам што имам, да незнае која врата да ја фати. Ќе ја прашам и многу ме интересира одговорот на прашањето кое ќе и го поставам, а тоа е која е сврхата на нејзиното постоење, вака кога ќе си седне да си размислува за нејзиниот беден мизерен и одвратен живот, на што си мисли, за што постои? Нит работа нит сабота, сега лежи лебу да те јадам, 5 месеци е во градов еднаш работа нема побарано, наместо да се бори на децата да им помогне, да ги погура, она им се закачува да ги цица ко некоја гнида. Многу сум напиздена и прв пат волку долго ме држи бесот, оти и ќутев цело време, и на глава ми се качи, само го чекам денот кога ќе ми дојде пред очи.
Има еден феномен, ги воспитала сите тројца А да не и речат, значи страхопичит према неа, ќе тргнам од тоа што свекор ми откако умрел 3 месеци не поминале она оди да живее со друг човек, па вие видете, тоа ни разведена жена не би го направила, а камо ли вдовица со 3 синови. Ама они ни А ни Б, средниов девер нешто само негодувал, ама си легнал на брашното, он несакал да оди со неа кај тој човек и останал сам да живее и нејзе мува не ја полазило. Она цел живот нив ги манипулира, со нејзиното изигравање жртва, значи нејзиниот муабет е тој, дека нејзе никој не ја сакал, свекрва и не ја сакала, свекор и не ја сакал, ја тепале, золвата ја мразела, сите зборувале за неа оти е курва. И цел живот они паѓаат на нејзината улога на жртва. На реченицата МАМА Е ЗА ГРЕОВИ. Арно ама, јас ја прочитав која е и што е. Во почетокот, значи тој незаинтересиран однос од неа мене не ми беше јасен и му наговестив на мм дека ми е чудно, не рече ништо. После имаше уште неколку испади, секогаш она, не дека ја бранеше, ама покажуваше разбирање за неа и жал, оти цел живот таа матрица е. Се додека не дојде во градов и ршум не направи. Кога сакаше кај мене да се вгнезди да и го бришам газот, и кога мене ми стана јасно дека гнидата сака да цица, му реков да се истави од кај нас, затоа што немам намера нејзините долгови да ги плаќам и нејзиното неразмислување. Вика, она ќе си ги плаќа, а викам каде ќе јаде? А каде цигари ќе пуши? Неможе, затоа што ништо не ни пружила, ај да ни пружела ил да ни се нашла некогаш во животот ќе се заложев за неа. И мм среди да си оди подстанар со средниот брат, затоа што јас со факти и чињеници му образложив дека сум во право. И отиде како што напишав људски ја испратив од кај мене, во најдобри односи, си реков супер сега ќе си продолжам ко и пред тоа, се додека не се деси тоа со ланчето, тоа беше врвот, значи колку треба да си безобразна и безосетна, безсрамна такво нешто да направиш. Јас одма истата минута јатрва ми ја тргнав настрана и и реков дека она ништо нема со тоа, јатрва ми ми вика, знам те разбирам, не се секирај. И останавме како што си бевме, дури и уште поблиски сме сега од предходно. На маж ми кога му кажав, автоматски почна значи матрицата е таа, ама она нема, она незнае, она да има и тебе ќе ти купи, и му ја затнав устата со сите овие аргументи кои ги образложив на темава, му викам е сега ќе ќутиш да ти раскажам, и кажувај дали лажам, измислувам, преувеличувам или не сум во право. На секој аргумент го прашував, така ли е? Во право ли сум? Измислувам ли јас? Што ни пружила? Тебе што ти пружила како нејзино дете? Јас во овие 4 години не се сеќавам нешто да направила за тебе, ти се сеќаваш ли кога последен пат како мајка она за тебе нешто направила, дали можеш да се сетиш. Он ќути и ме слуша, во право ли сум, ајде еве кажи дали јас измислувам, дали јас лажам дека татко ми го пречека со кафе вода и ракија? Не лажам, а лажам ли дека недела дена после оа на јатрва ми родителите со печење јагнешко и гајби пива ги дочека? Лажам ли? не лажам, жива висдтина ти кажувам. И него му падна криво кога после се, на свадбата не дојде ни извини да ми рече, тогаш мислам дека му се отворија очите, и само ми рече, не се секирај не ми ни интересираат во животов, те имам тебе и децата, за вас се борам, за вас работам, за вас стварам, они ако сакаат очи нка си извадат. И еве 3 месеца и се нема јавено, ни пак она него. А јас му реков, ти ако сакаш да ја видиш отиди, она ти е мама, ама во моја куќа да ми доаѓа тоа јок. И со колата да ја развозикуваш тоа не, немој случајнод а видам или дознаам, а ќе дознаам. Јас не му забранив да оди кај неа, тоа што он несака да отиде, тоа е негова воља, моја не е. Во главно нашиот брак си продолжи да си е ко што си беше, дури и уште повеќе, јасно му е на мм кој му е семејство и кој е со него во добро и лошо.
Ова што ќе го кажам нема можеби да звучи убаво, но ја опиша свекрвата на сестра ми. Она куќа направила она деца гледала она она она... се она! свекор и телевизор без глас што би рекле старите. Сестра ми пред нервен слом а замисли, не живееја заедно. Ја зема горниот, на ич неубав начин, се удави да не кажам во што. Ама никој не ја плачеше, та ни син и што истотака збор не и пререкуваше.. Совет да ти дадам немам, најубаво ти си знаеш како ти е, јас можам само да ти кажам жал ми е што ова ти се случува. а ако добро памтам имаш близначиња.. Држи се и чувај нерви за нив. Госпожава некако среди ја, најди начин, не ти треба пиштол за тоа.
@Offspring Многу има такви мајки, жртви, глумици, на 2 се сетив уште одма, една е и полоша од свекрва ти. Ама најчесто ги мотаат синовите околу прст, имаш среќа што и ти и маж ти сте такви какви што сте, па можеш да живееш барем во мир, макар и да немате контакт. Тоа ти е предност, какви жени имаме читано овде, да ти е жал да ги читаш, немаат излез.
Па кај сестра и не е кај тебе Или твој е станот? Нели членката ја советуваше дека нема право да се меша во туѓа куќа...
Истата. Она ги васпитала, она се ги научила, свекорот ништо, она за нив се борела, она зарад нив останала со свекор ми, он нејзе ја тепал, за него немало ни суд ни полиција, она морала да трпи, золва и не ја сакала, свекрва и ја мразела. Свекор ми сиротиот кичмата ја оставил во шума работел да ги прехрани и отшколува децата, оваа 1 ден работен стаж нема, ама он не чинел, она чинела. Па има средниов девер малку терсене табиет, сака да се напие, да потроши и да прави глупости, не размислува он баш со своја глава, и одма она, ето га, исти отац. А свекор ми воопшто не бил алкохоличар, по цел ден во шумата работел најтешки физички работи за децата. Тоа секој еден жив сведок за него го кажува. Ама не, никој не чини, сите се лоши, само она е многу арна и многу жртва. Абе, ме разболе, еден месец само верглаше ист муабет дека никој не ја сакал, дека она напатена и намачена, тепана, ја стега кај срцето, ногата ја боли, тој дебилот нејзин 2 шамара и врза 5 пати на контрола на лекар одеше, па пие лексилиум вика неможела да спие, а ми се изнадрема на гарнитурата, гледа тв и туку ја гледаш задремала. Абе ко што реков, мислиш во бандера ќе удри а по жица гази. Ама не пројде кај мене приказната, да пројдеше сега во мојата куќа кафе ќе си пиевме секој дн заедно. Па ја заебавам јатрва ми, и викам утре тебе кога ќе ти се доклинка да ја гледаш, оти кај мене јас реков јок, чаша вода нема да и подадам, јатрва ми вика Де болан шути нечи ни да размишљам хахаха
така де, сега кога е мртов најлош е а. па и да и врзал некоја на таков карактер треба секој ден за доручек да и врзува некој за да седи мирна. жално е ова што го читам, но јака си ти, ќе ја средиш. не си муле да те труе со нејзини приказни та уште и од ваш џеб да јаде . срамота за неа.
@Offspring На тоа и мислев, денеска бар сите сме толку отракани да сфатиме кој каде манипулира. Па жени сме, ние бар знаеме, жена тоа го измислила што се вика. Ти пак си била доста човечна со неа, а си гледала што се дешава околу тебе. Си можела од старт да се дистанцираш. Ти си ја завршила твојата работа. Што било до тебе си испочитувала. Имаш златни деца, гледај си ги нив и мажот и ич да не ти чуе за неа. Еден е животов, нека биде убав. Ако свекрва ми не сака да ни биде убаво со неа, ќе си напраам да ми биде убаво без неа. Само што секогаш тука мажот игра значајна улога. Ти имаш среќа што твојот е разумен па можеш да се потпреш на него. Јас имам коректен однос со мојата сега за сега. Ја почитувам и како личност и како мајка на оној со кој јас спијам, и како жена која за многу се изборила во животот. Ама и ги знам и маните. Затоа ќе живееме и посебно. Зошто ниту јас не сум совршена и имам еден куп мани и табиети. Ама на чисто сум со неа од сеа, да не биде после ниту од мене ниту од неа -“не сум знаела”.
Епа така си ги учат дечковците ваљда. Синчето уште од мајка научено дека мама се ќе му среди, после и девојката се средува по него, па на крај се чудат зошто тие 'рмбаат во бракот, а сопругот ич мува не го лази ни за домашни работи, ни за дете, ни за ништо...
Аааа демек тој еден потпис многу мења. Еве кај вас ништо не сменил, пак немаш нешто право на глас, пак свекрвати си тера по свое... џабе потпис. @Offspring свекрвати нема ни да најде работа, нема ни да помогне, на крај ќе се пикне кај еден од синовите, кој тој што е најмекуш. А што е со куќата/станот кај што претходно живееле додека бил жив свекор ти?
Таа куќа ја направиле после војната. Они се избеглици на крајот на војната нивното село бива запалено до темел и они пребегнуваат овде во градот. После по нејзина иницијатива се селат горе во едно село и таму свекор ми направил куќа. После ратно овде се живеело бедно и тоа е нормално, куќата и не е нешто условна, таму свекор ми умрел, а таму средниов девер со кој она сега живее, останал сам кога она отишла за друг после 3 месеца од смртта на свекор ми. Во куќата нема ни купатило ни вода. Си го остава детето само и оди за друг да живее во таква неусловна куќа, затоа што средниов не се согласувал она да отиде. Најмалиот го повела со себе, а мм бил сам за себе одамна веќе. И они на сето тоа ни А ни Б не и викаат. Веќе начув муабети одоколу дека на средниов му допиздило да ја издржава, логично цела плата дома му оди за комуналии и за кирија, и викам на јатрва ми многу брзо она тебе ќе ти се закачи, мисли му ја што ќе правиш.
Ziv e svekor mi imam I toa kako imam menuva I te kako menuva toj potpis mnogu rab imam status vo taa familija I na mene da mi dojde utre nekoja na goste posto seuste e gostinka I da mi kaze sto da pravam a seuste e nikoj I nisto vo mojata familija ke I kazam ako ne to cine nesto kaj mene nemoras ni da doagas moja kuca moi pravila ako to cine
многу е добро што и во руралните подрачја во земјава е достапен Интернетот. Лошо е што не го користат жителите за едукација.
Како тогаш ти и кажуваш на свекрва ти дали да ја носи сестра си на гости? Шо не си заминеш нели не ти чини? Или 100 стапа по туѓ грб не болат ама на свој се осеќаат и те како. За свекорот на Офи пишав не за твојот, да не дојде до забуна Инаку девојчето што побара совет, сигурно не бара совет за куќа кај што оди на плескање и се враќа ко никаде да не била, туку во куќа на дечко со кој е во сериозна врска и каде планираАТ да живеат тие двајца. Коа се збори за брак на никој ништо не му мења еден потпис ама при вакви проблеми шо се гласни сите да речат ,,ти немаш право,,