Што и да правите, ако не иде со свекрвата, бегајте подаелку. Знам како изрснав јас, и какви проблеми имаа моите со баба ми. Моите, заради х причини не беа во можност да се оделат од старите, и и покрај напорите на дедо ми и татко ми, баба ми не престана да ја мрази мајка ми, и покрај тоа што мајка ми на сите начини се трудеше да има добар однос. Резултат - мајка ми се разболе, почина. Одкога почина она, и татко ми се разболе од стрес (неможеше да прифати дека ја изгуби) и он почина. А баба ми... уште живеам со неа, и сега му ги прави истите работи на брат ми. (те на девојката на брат ми..) .. Значи и покрај се, она во тој поглед не е сменета! Затоа... како знаете снаоѓајте се, само бегајте од вакви луѓе.
Фидани....до кога ќе се караш за секакви ситници и глупости?? Зошто си се замараш до толку со неа? Ако сака да ги преместува алиштата на жица, нека ги преместува, ама само нејзините. Твоите и на маж ти да не ги чепка. Млада си, наместо да си го тераш животот напред на подобро, ти си ја тупиш главата со секојдневни глупости со свекрвата. Читам и гледам дека ич немаш самодоверба. Тоа ти е голем проблем. Научи да се цениш себе си, за да те ценат и другите. И од маж ти немаш некоја подршка....ама со него разговарај отворено, со убаво околу проблемите. Не знам ни дали воопшто разговараш со него како маж и жена? Свекрвати тешко дека ќе се мени. Затоа ти гледај си го животот со маж ти и не и` дозволувај многу мешање! Знам дека лесно е да се напиши, а тешко е да се спроведи, ама труди се.... Англе92 - Фотомоделката беше Кокоххххх, таа со проблемот над Фидани.
Фидани, и ти навистина, ама навистина мислиш дека имаш проблеми? А бе дете... Дај Боже цел живот најголем проблем да ти се алиштата и тоа што маж ти сака да излезете некаде со друштво... Навистина треба да се вработиш, оди работи некаде, што било и за колку и да е пари, оти вака од што не знаеш што да правиш со себе си измислуваш проблеми. И порасни, си се омажила, срамота е како дете да се однесуваш.
Како би реагирале кога вашата сверква би ви чепкала и претресувала по ваши лични работи? Е мене ми се случи токму ова,што ме извади од такт Уште не ми е официјално свекрва (така да речам) бидејќи само сме верени со партнерот и не живееме заедно. Во собата каде што најчесто седиме со партнерот кога идам кај нив имав оставено некои мои работи козметика и сл. Кога утредента идам и гледам дека некој ми чепкал и дека ми фалат работи. Многу се налутив, мене не ми беше за тоа што ми го зела, да ме прашаше да ми речеше дај ми го со задоволство ќе му го дадев, а не без мое прашање да зема. Никогаш не сум му чепкала на никого по лични работи не сакам ни да ми чепкаат. Знае ли таа жена дека во туѓа чанта не се чепка Му кажав на партерот, рече дека ќе зборува со неа и дека ова повеќе нема шанси да и се повтори. А таа уште се прави како ништо да не се случило.
Во право си да се лутиш,затоа што ова ми е најмизерна работа што и мене би ме извадила од такт.Ние можеме се супер да си бидеме ама да ми чепка по мои работи каква смелост.Барем кажи ми немораш официјално писмо со прашање да ми пишеш,али барем речи или одпосле кажи,извини ми требаше хитно земав.Не дека е и ова во ред,ама да се прави на три ипол после па бетер ќе те изнервира.Убаво си направила,што си му кажала на вереникот,да разговара со нејзе,сепак да не одиш одма ти да се расправаш нека среди тој.Но,ако приметиш дека се повторува јас да сум на твое место ќе и речам.На културен начин но ќе и речам,те молам наредн пат кажи јас ќе ти дадам и готово.Ако таа нема срам немаш ни ти.
Савана, никој нема право да ти чепка над твоите приватни работи, без разлика за што се работи. А, тие што чепкаат, не верувам дека им е прв пат, туку си имаат таква навика! Спојлер Истиот проблем го имав и јас, но немав подршка за ништо од партнерот, па така проблемот никогаш не се реши, се` додека се разделивме. Најбитна ти е заштитата од вереникот. Обавезно да и кажи на мајка си со убаво дека не смее да ти претурува по работите, а не па да намисли да ти земе нешто. И надевај се дека случкава нема да се повтори во иднина. Некои луѓе навистина немаат осет. Тоа се твои работи, ти со свои пари си ги купила и никој нема право без прашање да ти расчепкува или зема. За мене тоа е еднакво на крадење! Дури и да ти побара, ако не сакаш имаш право да не дадеш!
Savana, со право си се извадила од такт. Кога мене прв пат тоа ми се случи, така свекрвата да направи, ми се идеше да се напијам лексилиумче, ама бев бремена и се содржав Од секогаш и велам на моја свеки: Мајка ми не ми чепкала иако она ми ги купувала сите работа, па нема ни ти да ми чепкаш. Ама некои луѓе не се разбираат додека машка уста не прозбори . Добро е што си му кажала на вереникот, ако случајно пак тоа се повтори, кажи и ти. Сепак како што пиша грл23, најбитна е поддршката од парнерот, без неа ништо.
значи алал да им е на тие што немат свекрви.на нив колку и да им погодуваш нема погодувачка.срека голема подрска имам од маж ми,тоа е најбитно
Јас моментално живеам со свекрвата (не дека сакам) туку додека да најдеме стан . Ете од јануари ке можеме да се преселиме и ке бидеме сами . животот со свекор и свекрва не е лесен. Неколку месеци седиме кај нив иако имаат голема кука , и ние сме поделени сепак , се гледаме и заедно понекогаш јадеме . Сопругот е на работа до 18 Ч. Јас останувам сама со свекрвата преку ден . Она има фризерски салон во куката ама работи само до 12 Ч. во поЧетокот ја прашував дали можам нешто да и помогнам , и женава буквално си се навикна на мојата помош и сега секој ден ми наога по некоја задаЧа колку да не седам на празно . Јас од дома сум науЧена се да ми е средено и Чисто ... така да и овде . Него проблемот е што јас сум бремена сега и не можам се дá работам . а и проблем си имам сабајле со притисокот . Сега поЧна буквално секоја недела да Чисти , да се пренемага , да ми глуми Чистока иако не е .. Бев и претходно и знам колку и беше средено Мене не ми е проблем да и помогнам него ме нервира нејзиното однесување .И да ми збори како она кога била бремена многу работела и се... Не ме интересира ... Нема што јас нејзе да и ја средувам дневната да и Чистам... Јас му кажувам на сопругот дека стварно многу работам , и дека ниедна бремена не работи колку јас .... Едвај Чекам јануари да се се преселиме и што е можно помал контакт ...
чувај си го здравјето ! ако таа е саглам не те пушта да заминеш во бременост или со мало дете ! ама ете некои се бес чувства ! а колку за чистењето не се нафаќај на тешки работи или после тоа жали и се дека имаш проблем од тоа и малку нека се замисли !
Јас живеам подалеку од Македонија и секако тешко е затоа што моите се далеку немам на кој да се пожалам , ( а и нејкам да ја замарам мајками со глупости) Свекрвами си е навикната на друг наЧин на живот , друг менталитет е секако . Него она самата му збореше на сопругот да најдеме побрзо стан . ние сакаме секако ш то побрзо да се иселиме ама стан добар не се наога туку така А за дека бремена , и кога ке се породам подобро е сама да се снаогам нејкам ниЧија помош.
Маченце , не се замарај воопшто што и да ти збори , ставај се на игнор. И бидејки си бремена само нешто лесно , немој да ја слушаш неа и да дигаш нешто тешко....Сега само бебето нека ти биде најважно.
Па да така и правам на игнор и многу не се замарам , инаЧе ако имаме срека наредниот викенд да се вселиме конеЧно во новиот стан ... или после Божик . Ке биде најубавкоо .
Не сваќам што е проблемот кај тебе искрено..ако не можеш да и помогнеш едноставно отворено кажи и, што поискрено толку подобро. Извини не можам и точка што има тука толку страшно? И што тебе те засега фактот што она глуми дека чисти .. тоа е само нејзино? нема што тебе да те интересира дали она се преправа или не. мислам дека се замараш за глупости. Нека ти збори колку сака . мислам дека непотребно се замараш и коментираш.. немој да ствараш одбивност. немој да мислиш само на твоите чуства. не можеш на човек да му влезеш во кожа и да видиш како му е.. Ти уживај си во бременоста и не се замарај со непотребни работи..
Јас немам проблем Само си ја кажав мојата ситуација во која се наогам . Неможеш да ме сватиш, пошто не си се нашла во ситуација како мојата . Да и тоа што кажав дека глуми дека Чисти стварно е така . Пошто моментално живееме кај нив , во куката во којашто пораснал мојот сопруг сигурно нема да лежам по цел ден и да се тегнам по кревети , од уЧтивост ке прашам дали треба нешто да и помогнам, а друго е тоа што она Ја злоупотребува мојата добрина . И досега не сум се пожалила за ништо на сопругот Јас бременоста не ја гледам како болест да легнеш 9 месеци , туку напоротив ама сепак треба да се пази
Размислуваш пред да напишеш нешто или ајдеее само колку да се напише нешто клинички психолог си па од 2,3 реченици ја прогласи свекрвата за не саглам и без чувства......цццц, а демек од постарите треба да учиме, изгледа треба да учиме како да НЕ се однесуваме. Маченце колку можеш толку работи, сигурно не те тера свекрвата да преместуваш намештај. За тоа колку е чиста/нечиста нејзин проблем, незнам зошто воопшто се замараш со вакви работи. Не си стварај непотребна одбивност, кратко време си таму, ете ќе се преселиш, нека ви бидат односите барем коректни.
чувај си го здравјето ! ако таа е саглам не те пушта да заминеш во бременост или со мало дете ! ама ете некои се бес чувства ! а колку за чистењето не се нафаќај на тешки работи или после тоа жали и се дека имаш проблем од тоа и малку нека се замисли ![/quote Мое лично мислење е дека нјаголема помош ќе и биде ако живее сама баш затоа што е бремена.Ако сакаат бабите да помогнат можи и ако се живее оделно и така повеќе ќе се сакаат.јас живеев со свекрва која како ќерка ме гледаше додека бев бремена чаша вода не ме остави сама да си земам до кревет ми го носеше јадењето.и кога се роди ќерката ми помагаше ама како сите баби знаеше понегогаш да рече нешто.кога останав бремена за второто дете заминавме да живееме сами.нема ништо поубаво од сам.и децата се многу помирни оти кога има многу луѓе сакал или некел по палави се.некогаш еден одбрани некогаш друг.колку да сакаш да имаш авторитет не е исто.ете на мажот ми родители му се и сам вели со ми е мирно од ко сме сами.оти повеќе луге повеќе нерви повеќе проблеми.сепак ова е мое мислење секој има право на свое.и сега многу ми помагаат околу децата и за чување и финансиски ама вака повеќе си се сакаме
Лелееееее бе девојченце,ти ептен си го утнала погледодот на животот,па имаш само 17 год,ај што си згрешила си згрешила,и сама си знеш.ама престани да грешиш,па незначи ако си мала и си се омажила млада треба да ги трпиш за сите да мслат дека убаво живееш,кога ке го изгубиш здравјето и убавината од младоста тие сите нема да ти ја ВРАТАТ,,,,,,,,,,,во очите на свекрвата вие сте деца а и точно дека сте,но штом сте основале фамилија таа само треба да ве води како да го најдете правиот пат за успешен брак како мајка,но очигледно таа нема таков став,но твојот Маж е најголемиот виновник,тој во очите на мајкаму ке остане едно мало дете,исто како и деверти,,,,,,,,,,,,,,тебе најпаметно ке ти биде да си земеш работите и кај мајкати и таткоти,а маж ти ако сака нека дојде ако не,нека ја дели спалната заедно со брат му,и нека си спие со мајкаму,оди уживај во животот,разговарај со твојте,нема родител што нема да го подржи своето дете,поготово во ваква ситуација,,,сепак си им нивно дете ТИ,ова се кажи им го и мислиш мирно ке спијат?????????????????/сами треба да те земат
Живееме во ептен примитивно опшество каде што се морало по свадбата да се живаее со ‘‘старите‘‘ заедно И како сакате да нема кавги? Две жени на едно место, две домакинки во една кујна? Најдобро си е младите посебно, старите посебно. Неможам да замислам да живеам во заедница со родителите на сопругот, во тој случај мислам дека цел живот ќе се чувствувам како некаде на гости да сум, не дома. Мислам дека никогаш ќе нема да можам да си се чуваствувам слободно баш како дома
^^Нема врска, не се согласувам...не ни е општествово примитивно, сиромашно ни е ...кој немал доволно средства да спечали и да го одели синот со снаата во посебна куќа/стан ќе си живее заедно....мислите тие (свекорот и свекрвата) сакаат да бидат во заедница ....и тие не сакаат, сакаат на старост мир, тишина, да си уживаат во староста, а не да слушаат лелеакања и кукања од снашката (со ретки исклучоци), плач на бебиња итн. Не, сиромаштијата е таа која води кон заеднички живот, а не примитивизмот. Друго, никогаш не велете -никогаш нема да живеам со родителите на сопругот, освен ако немате строго зацртано правило кога барате дечко дека тој мора да има куќа/стан само за вас двајца или дека нема да се омажите додека не спечалите заедно доволно за да живеете посебно (макар и под кирија). И трето-новиот дом (соба, дел од куќа, стан, спрат....било што) ќе го засакате дури и повеќе од родителскиот, тоа ќе биде Ваше катче, Вие ќе го креирате (уредувате) според вашиот вкус, желби и можности, ќе се радувате на секое стварче кое ќе го купите (макар тоа било чаршав за маса) посебно ако е купено со Ваши заработени пари.....ќе се гордеете и ќе се радувате, ќе го сакате новиот дом и ќе градите и творите за Вашите деца. Таму не сте гости, а така ќе се чувствувате само на почетокот, треба само време да се прилагодите и навикнете на новиот дом....а гости, верувајте со тек на време ќе почнете да викате-одам на гости кај моите / еве малку на гости до кај моите. Жално е, но вистинито, родителскиот дом, домот во кој сте пораснале ќе почнете да го сметате за гостински.