И да е олош не паѓам на нејзино простачко ниво или ќе го игнорирам разговорот или врачам со смирен том па нека се мисли што сакаше писателот да каже
свекрвата на другарка ми и викаше НЕ СМЕЕШ ДА ЗАБРЕМЕНИШ СО ВТОРО.На синот и викаше:ако таа забремени ти за мене не постоиш.За какво ниво тука зборуваме или комуникација со смирен тон?Тоа е психички пореметена личност.
Мене така да ми рече, ќе ја фатам под рака и правац црква. Да и се исчисти гревот, па после нека мјаука. Боже, ретардирани луѓе.
Јас знам за случај - снаата бремена со трето и ја натера да абортира а мажот мамино синче. Ја однесоа на државно и таму не и ја извршиле како што треба интервенцијата фати бактерија и после на приватно Скопје лежеше и платија еден куп пари, а женава кутрата се стопи со маки. Бидејќи свекрвата решила дека не им треба 3 то дете доста биле 2. Се има. Инаку подалечни роднини ни се. Женава дури и кажуваше на мајками многу плачеше. Од како е мажена многу маки трга. Си замина неколку пати ама пак се враќа заради децата.
Треба на ова маживе еден психо тест да им се направи пред женичка. Не можам да поверувам какви дебили од мажи постојат. Ако може да се наречат мажи...
Јас да сум на место на жената нема ни да сакам трето покрај такво маже, мамино синче.. Абе и јас се нервирам кога читам какви се случаи има. Ама не секогаш се криви мажите. Со некои стари нема разбирачка, колку и да им кажуваш и зборуваш.
Ај вака, како прво кој СМЕЕ, не кој може, мене да ми каже да не останам трудна, да абортирам, да не јадам, да не одам кај моите, и како второ со кој ПАМЕТ јас тоа ќе станам и ќе го сторам?! Ајдете ве молам, па сами се правите кутри и неспособни. Ај еднаш, прв пат да ви се деси вакво нешто, па да ве разберам, али втор, трет, милионити пат, и да си трпите и траете, и да ве жалам и разберам?! Епа мало сутра.
Значи 98% од македонски мажи се прави мулиња. По кафичи и во јавност изигруваат лудило, а дома гушнати со мама гледаат серии... Се прашувам зошто воопшто се женат такви личности? Ете им ја мама за да им готви, да ги гушка, да ги теши, да шета со нив... Жената за изживување за земаат? Разбирам дека се нема финансии па мора да седиш во заедница, ама со платите од двајцата може за почеток барем едно гарсоњерче да се изнајми колку да се одделиш од дома и да имаш мир. Здравје, после ќе дојде и до поголем стан. Ем подалеку од старите, ем поретко ќе ги гледаш, ем помили ќе им бидете.... Вака секој ден со нив живееш и нормално ќе се расправаш. Па како што има некои (читај повеќето) свекрви без грам осет, без размислување треба да се направи прв чекор за бегање од дома со сопругот. Знам дека лесно е да се пише, ама сигурно од небо нема да падне решение...треба сам да превземеш нешто, инаку цел живот ќе патиш и ќе пишуваш на темава. П. С. Сопругот ако навистина те сака и почитува тогаш се ќе прифати со тебе, а ако се прави наудрен треба да се прашате дали воопшто ве сака.
@Gosh и другарка ми не ја послуша.Трудна е веќе 30 та недела.Него зборот кажан од некој така не доликува.Мене родител да ми е и ваќа да ми каже јас веќе за жив нема да го сметам не пак свекрва.
Па по мое мислење, човек што си ја сака сопругата, сака да ја гледа среќна. Ќе се спротистави на цел свет за нејзината среќа. Ова не е љубов 100%.
И јас како што читам добивам впечаток дека голем процент од мажите се исплашени, немаат свое јас и многу ги слушаат мајките ко да се мали деца. Секоја чест на тие што се со отворени очи и рационално гледаат на работите. Исто како на приказните порано што ги даваа со Шенка...Свекрвата ја малтретира снаата, ја навредува, се изживува со неа, и кога ќе дојде синот од работа уште му се жали дека таа била тепана и измачувана. Некои за жал уште како во тоа време да се заглавени...Жално...Школувани мажи со свои пари во џеб, да немаат свое јас и да зависат од зборот на мајката како под турско ропство да сме уште.
Точно така. Родител е разбирам. Треба да се почитува. Ама до толку да не знаеш да разграничиш што е жена, а што мајка... Не можам да разберам. Уште им фали до мајките да легнат да спијат. Исто толку е грозно нивното однесување.
Јас пак се чудам како уопште легнуваат со мажите во таков брак,секој ден да пукам од нервози,кавги,понижување и на крајот од денот да легнам со него мало морген. ..........да раѓам толку деца ,па уште толку да се заглавувам,кај јас,па и децата да тргаат маки во нездрава средина,не знам што мислат искрено.... А за женичкава многу ми е жал,ама претежно наивни,лековерни и мирнички може да ги манипулираат вака,да им се погодила друга имало пердуви да летаат!
Мое мислење зошто Македонките се опресирани во брак/врска и зошто парцијално носат дел од вината. Според примери од блиска околина, т.е другарки. Случај бр.1 Девојчево, коа се запиша на факс, немаше никаков претходен контакт со машкиот род. Религиозна, веруваше во невиност се до брак, таков мајндсет. Фати дечко, 8 години постар од неа. Под фати, подразбирам дека таа ја презеде иницијативата, не само за запознавање, туку и се поврзано со врската. Типот сфати дека е наивна, па почна да ја искористува. За да ја задржи врската, му ги исполнуваше сите каприци, вклучувајќи и редовен секс без кондом. Остана бремена, се омажи на 22. Факултетот го запостави, иако носеше голем потенцијал. Денес е домаќинка, која нема никакви финансии, а треба да се грижи за дете. Сопругот, од неа постар речиси декада, е љубител на кафанскиот живот. Живеат заедно со неговите родители. Без нивна помош не би можеле да преживеат. Редовно е опресирана. Случај бр.2 Treasure hunting Девојчево, лоцира дечко (повеќе од 10 години постар од неа), кој има сопствен бизнис и многу пари. Повторно таа иницијатор на се, дечково на зрела возраст, па му пријаше тоа и наскоро влегоа во брак. Она работи осум часовно работно време за 12 000, а од неа се очекува дома да биде се туто перфекто. Редовно и вика ако не му испеглала алишта, или не стигнала да зготви. Очигледно е дека не се однесува добро со неа. Таа упорно си трпи, затоа што копнееше да стапи во брак, исто како и претходниот случај. И сега кој е крив? Зошто не ги поставите црвените линии уште на сам почеток? Зошто во Македонија мажењето се смета за најголем дострел? Ни магистратура не е толку значајна колку една свадба. Девојкиве се трпат во врска, мислејќи кога ќе стапат во брак, се магично ќе се промени. Зарем досега не научивме дека не сме способни да им го промениме карактерот?