Нивна работа дали превземаат или не. Тоа не е тема дали превземаат или не превземаат, тема е дека милион луѓе од Македонија и Балканот несакаат да се земат поради тоа прашање, еве и овде мм има братучед кој нема решено станбено прашање, женска му го напиња за дете и брак, он несака додека не реши било што. И тоа е на пример разумно размислување. Еден кууууп примери, колку сакаш кај и да се свртиш има. Имам другарка која се омажи, предходно беа долго во врска со штеделе пари, си дадоа за учество добија кредит купија стан, мирна глава. А од на таа истата другарка деверот се ожени и ја доведе невестата дома кај мајка му, кавги и ѓурултии сакаш ли, свекрвата изиграва мајка на детето, оваа го воспитува свекрвата го разгалува, па затвараа ѕидови, отвараа врати на друго место, вргови, бесови... Да ти се плукнам во таквиот живот. А имам другарка пак, што не се земаа со дечко и додека двајцата не фанаа патот за германија. Кга доби едниот од нив документи и виза, се земаа, другарка ми доби виза на основа на брак со него. Ене ги си живеат во Штудгарт, ги боли уво. Да се земеа додека беа голтари во Македонија сега и они ќе имаа кавги и ѓурултии.
Абе ок е ова све твоево, најмалку 100 пати ти ја имам прочитано твојата успешност за одделувањето, ама факт е дека бебе воопшто непланирано може да дојде и кај непијаници и нЕмалолетници. Тоа се случувало,се случува и ќе се случува, ти сакала верувала или не
На 11 год врска не може да се случи ? Шо знам ,кондом да пукне, овулација да се поместе... Абе едноставно да се десе. Јас се си мислам може
индивудуално е 11 години не би се влечела во врска па што сака нека биде.Не ја гледам поентата на 11 годишни врски искрено. мислиш некој за 11 години ако не створил услови за една соба дека допрва ке створи?
А колку ги има такви што велат дека не сакаат да се женат поради стамбено прашање,а не превземаат ништо за да го решат тоа. Мислам дека тоа им е само изговор. Оти никој нема да ти го реши стамбеното прашање ако ти со прст не мрднуваш.
Има Норлево, сигурно ако некому му се скине кондомот нема да ја остави ситуацијата на „жими мајка“, особено ако не сака дете во моментот.
Јас со мм никогаш немав односи со кондом и не останував трудна, свршување надвор и решен проблем. Останав трудна откако решивме и почнавме да не се пазиме. Јас сеуште незнам за ниеден случај каде што се случило несакајќи, ама затоа знам за едно чудо примери каде снаи и свекрви „среќно„ во заедница си живеат со 1-2 деца склепани во такви (не)услови. Па вие пак смејте се.
Од темата за СВЕКРВИ до НОРЛЕВО дојдовме. За да нема бришење, Ве молам да влеземе со дискусијата во колосек. За деца, кондоми и норлево има посебни теми
Јас со свекрва ми имам проблем од друг тип, немам проблем кој настанал живеење во заедница. А замисли, да живеев во заедница и да морав да ја гледам после се секој ден? мирна ми е главата, ја немам видено 3 месеци, 1 случајно.
Значи цело време тоа , кој од што се откажал за живеење одделено. Сите сме се откажале од нешто сите сме се помачиле , па не го потенцираме тоа на секој пост. И ние сме сега настрана и мене станот не ми падна од небо , јас си знам што и како морав да направам и уште правам. Целта на групава е да се советуваат оние што имаат проблем со свркрвата , а најчесто живеат во заедница , а не да се осудуваат зошто се земале. Секој си ја знае причината зошто стапил во брак не е наше да осудуваме туку ако може со совет да помогнеме.
Аура душо,премногу омраза и гнев имаш насобрано во себе,за тебе не е добро,ова најдобронамерно ти го кажувам. Разбирам да живеете заедно, ама па посебно сте,за мир во бракот не мораш дотолку да ја мразиш. Ќе стегнеш заби,ништо страшно ако ја гледаш неколку дена,па и да не се изе....еш неколку дена,ако исчистиш во кујната или во собата каде седела крај на светот дан е? Додека е тука покажи почит кон неа,сепак е постара и е мајка на маж ти. Не знам каков проблем си имала што ја мразиш, но премногу си огорчена,дури и злобно звучиш.
Па ако некоја не сака или не планира дете, што би било најлогичен чекор? Да си го роди (ако се фати) и да биде исфрустрирана до крајот на животот можеби, во друштво на свекрвата, золвата и не знам уште кој под еден ист кров. Не постои непланирана бременост, јас се согласувам со Офспринг. И мислам дека доволно реплициравме, темата не е за непланирана бременост и употреба на Норлево.
Abe dusho dushicke gabe ti e stan i vila da imash bashka od svekrvata koga netie mirna dushata..ti mozhis da pishuvas kolku ti e mirna glavata ama ako e taka nemashe pred pola sat da ja spomnish svekrvata aj pozdrav sega
Тешко ми е да поверувам, еве јас со години имам незаштитен секс и бремена не сум останала. Уште неколку мои другарки практикуваат таков секс, еве ниту една не останала бремена. Не велам дека е невозможно, технички еден сперматозоид е доволен кој можеби го има во предсемената течност, ама праксата покажува друго. Додека не ми се случи мене, нема да поверувам дека баш од предсемена течност може така лесно да се остане бремена. И да, и во долга врска се пие Норлево. Бебе не е добивка на лото, па ај, еднаш игравме и ете ни се посреќи. Мене не ми е јасно како не ви е жал за детето ваше така непланирано во мизерни услови да го растете. Мајката несреќна, бебето нервозно и плачливо. Па очите ви се на глава, гледате ситуацијата каква е, како маѓепсани да сте... Еве свесни сте дека свекрвата е терсене, злобна, таква-онаква, a сепак одите во таа куќа. Туку ме интересира каков совет да дадеме, иако некомпетентни ама со можност рационално да рамислуваме, кога под еден покрив се збрале еден куп луѓе. Во таа збрка на генерации не можеш да фатиш ред и крај, кој е крив а кој прав.