@AURUA nit tvojata posesivna svekrva nit tvojot taka narechen soprug ne ke se smenat nit za vek I vekova.. Mislam deka samata si znaesh deka vo zivotot imash dve opcii! Ili so nego ili bez nego!!! Ili ke ziveesh so nekoj koj ke ti broi zalaci I na sekoe tepa Po nos Zatoa shto Toj te izdrzava i pridonesuva samo toj za vas trojcata ili ke ziveesh bez stresni situacii od tipot na loshi ispadi od sopruznikot tvoj !!! Istive problemi gi imashe chinam I Vichy kolku me drzi memorijava !!!
Јас си пишав за мои проблеми. За на другите браковите не знам. Мислам дека на точна тема се обратив. Ситуацијата моја лична е такава каква што е. Опциите се тие што ги наведе. Свесна сум. Ама за реализација и одгледување на мало дете требаат пари исто така да не се лажеме. Затоа решив да вложувам во нешто што очигледно и тоа нема да ми се исплати(си имам пишувано во друга тема соодветна на тој проблам) така да ми останува во мака да си пишам тука понекогаш. Кој разбрал,поддржал разбрал кој не разбрал исто така фино. Ова е форум не е магично стапче за решавање брачни проблеми кои секој може да ги има. Еве јас посакувам моиве да ги нема баш секоја,само понекоја чисто да разбере знаејќи дека и неа тоа и се случува. Дека сит на гладен не верува.
@AURUA jas potpolno te razbiram deka navistina si imash problem so zakoraveni I nerazbrani lugje ,ama muabetot mi beshe deka “bash” toa magichno stapche e vo tvoite race
Во право си ама делимично. Еве моите знаат што е како е. Викендов малото седи кај нив требаше да правам нешто друго низ дома и свекрва ми да заминеше вчера,ама се испокаравме вчера се,намерно-ненамерно и г-жата драматично замина утрово и синко со се неа. Денес бистрам мисли со препорака од моите да си се приберам на некое подолго врме кај нив а на оваа циркузијата да му турам пепел. Проблем ми се финансиите со оглед за себе што нема да ми стасаат а додека се решиме на суд и алиментации и дали ќе се накани да плаќа(он се прави сиромав за една пица). Плус ми е страв да не ми оптужи родителско право со оглед што сум невработена(ама олеснителна околност е што е мало детево и оди со мјака секогаш). Паралелно студирам,натрупани ситуации до немај каде. Ете такви ми се рацете со магичното стапче-заврзани.Ама па има светлина на краојт од тунелот,така да тоа е.
Добро Аура зашто деновиве не најдеш работа? Бираш ли што ќе работиш? Не си свесна колку е олеснително кога имаш свои пари. Никој нема да ти рече ова јади тоа јади или да чекаш од мажти пица. И вака и така нр живее со вас што не седна да сркнеш малце од гравот и денеска ќе си јадевте пица. Ние ќе се договориме да јадеме нешто и кога ќе си дојдеме дома она веќе направила за јадење. И ќе рече маж ми ај ќе каснеме малце да не се навреди па после ќе јадеме тоа. Мора разговор се со разговор се решава но изгледа ти тоа го немаш со маж ти.
А зошто јас страници наназад пишувам не е до пицата?Кај нас во брак е како каже мама. Он ја вика мајка а јас мајка-сезнајка. За работа имам пишувано во друга тема да не одам оф топик тука и само да се повторувам.
@AURUA а зошто ти не ги викнеш твоите на гости како што иде свеки, да се осети и маж ти ко ти шо се осекаш Друго, коа веке имаш гости во куќата нели е ред ти да им спремеш за ручек. Штом си дозволила таа да спреми значи не ја глеаш ко гостинка.
Она не допушта децата да се мачат, не се осеќа нити се однесува како гостинка. Сум им предложила на моите ама не сакаат,пусти срам. И моите разговарале,објаснувале џабе,дури ај сега да не сум злобна моите се соменваат дека маж ми има некоја блага форма на аутизам и затоа неговите се залепени за нас и се тоа,демек како мал бил болежлив,а он така си е малце на дистанца од роднини,пријатели итн. и на моите им е под човештилок според нив да се расправаат и замараат со болен човек. Неговите се расположени за развод во секое време(читај и тој јер како кажат мама и тато-закон). Моите вака си ги толкуваат нештата,старински,заштитнички како да пишам. Јас мислам дека на маж ми така му одговара бидејќи што и да прави неговите во се го подржуваат и финансираат и за нив јас не чинам.
Мене овде ништо немие јасно. Како тоа они сумљаат дека он има аутизам? Ти толку време не примети дека е болен? Аура пицата е во прашање,зашто да дозволиш да чекаш пица од него? Ние кај нас имаме договор ако некој не сака да хаде од ручекот нека си направи што сака и решена работа.
@AURUA на тешка мака си. И пред да пишеш дека се сомневате на болест, мислев да те прашам,ама прашањето е доста безобразно па се повлеков. Тебе убав ли ти е бракот со него ако неговите не доаѓаат? Ти го сакаш ли него воопшто? Можеш ли да најдеш работа? Ако сите три одговори се ДА, не отстапувај.Глупо е да ти речам -бори се за него, инфантилно делува. Совет:најди билокаква работа. Ако не си дома додека свекрва ти доаѓа ќе имаш далеку помали главоболки..пола ден на работа,дојди си-ручај си-легни си..вечерта излези си со детето. Што фајде од постојано заминување и враќање..само трауми за детето.
Кога не седат неговите со нас си се имам навикнато не некои услови на живот,мирно,фино бидејќи нив ги нема да ми наредуваат и да ми командаат. На пример сакаат да се мешаат кога легнуваме. Наутро ќе речат абе светеше во соба и маж ми ко од топ она нешто на компјутер или читаше. Он нема одбрана од нив и они и со мене така. Севекор ми држи лекции како сум требала да почутувам снаа сум им бла бла-мажот е глава во куќата поготово дека не заработувам(јас што вложувам во диплома кој ме врти). Е сега кога не с етука него си го командаат и нивна работа ама мене душичката раат,малово раат ми е гледано-чувано. Сакање е релативно. Јас повеќе би да бидам почитувана отколку сакана. За раб.имам пишувано во др.тема да не одам оф топик,ама сега за сега ништо на повидок.
Нова случка кај мене од пред 10 мин. Седиме во дневна и едниов девер вика ми се јаде, ајде кај другиов брат (женетиот) да јадеме тост. Купија тостер пред некое време и којзнае што им се чини. Јас ниту сакам ниту јадам тост ама другиве нон стоп јадат. И мајка му на тоа кога скокна. Нееее, ако сакате тост купете си салама и кашкавал, па и тостер купете си ефтин е. А досега тие двајца не работеа и мојов ги издржуваше сите. Од мајка и татко до браќа, јатрви и деца. Сите освен мене. Кога ние ќе купиме нешто мајка му одма вели одете горе однесете им, или таа им носи, и од нашето јадат сите (8 души) , па до другиот ден немам ништо за јадење, а кога тие ќе купат вели не им земајте купете си сами. Денес мм купи намирници, направивме ручек, торта и од сите само ние останавме гладни и сега за една салама скапана ќе ме нервираат. Вчера пржев лепчиња и свекрва одма му се јави на синчето да дојдат да јадат а ко дојде мм од работа немаше ништо и правев пак одново. Многу се изнервирав. Тие цел живот да ни прават тостови и да купуваат салами пак не ќе можат да го исплатат сето она што мм им го има овозможено, ама сега барем имам причина да речам нека си купат сами ко ќе донесам и јас нешто.
Сите имаат посебен спрат а седат по цел ден кај нас. И јадат и пијат од наше а навечер си одат кај нив и си јадат тајно а мене јадењето ми се изело и нема што да јадам. Сега едниов брат му звона на другиов и се качи горе и скришно јадеа а нас не не викнаа. Ние така да направевме хаос ќе беше. Муабет немаше да ни прават со денови. И уште овој мојов ми скокна што ти е брат ми крив. Лом ме направи мене бремена за брат му што го бара само пари кога му требаат а после му исклучува телефон. Мочко. И појде си легна на новата гарнитура што ние уште не ја имаме ни чепнато. Нека си оди кај другиот брат да спие туку го избркаа од таму.
Те имам читано и тебе покрај моиве проблеми. Во таквите заедници сите си се осеќаат како свои освен дојдените=снаи,домазетовци итн. и секогаш еден брачен пар служи да се музи. Маж ти седнување со убаво. Утре со мало ќе видиш што е живот на штедење. Мора со разговор и договор ако не ќе ти ги докинат нервите ни за сама себе и дете нема да си здрава,од искуство ова. Со време преземај мерки.
Од такви мажиња што ги бранат другите, а ги напаѓаат жените ми е преку глава. И мојот едно време беше таков, ама му укажав на некои работи. Седни го маж ти и одржи му лекција дека сте ти и бебето на прво место, а браќа, сестри,мајки, татковци на второ,трето
Епа затоа од сега не купувај јадење, оди надвор јади си нешто. Ако ти речат кај е ручекот, ааааааа па јас јадев надвор. Или направи доволно за двајца и одма седни јади ти, за другите не гледај. Купи што купуваш колку за тебе и за мажот и седни одма јади ти, а ако некој друг јаде и после маж ти вика кај е јадењето па кажи брат ти изеде све што да правам јас, не можам да му кажам на брат ти да не јаде. И свиркај си.
@zalosna девојката маката си ја кажа. Нема потреба од такви коментари. Никој на темава не е зошто му е сѐ рамно. Ако не можете да помогнете барем не одмагајте. @Osamena5 Мене ми е жал што се наоѓаш во таква ситуација, бидејќи точно знам како е да живееш со 100 души. Само разговор со маж ти, како што те советувале и другите членки.
@Osamena5 без навреда ама тебе буквално они те е*ваат во здрав мозок и ве користат како што сакаат.Мораш да пресечеш и да не дозволуваш во иднина вакво понашање.Нека стегнат газот нека работат па нека јадат.
Интересна пресвртница на настани за неполна година. Немаш работа, ок, вистина тешко е според струка да најдеш, но кога знаеш дека ситуацијата не ти е поднослива, ќе работиш било што, не е срамота како го вадиш лебот. На крај краева, имате станови до кај 30-40 квадрата у периферија на град, каде квадратот е за 700-800 евра поевтин од центарот. За почеток тоа е супер варијанта, ем ти раат, ем они раат. Има решение за се, ама ако навистина се сака. Пренасочи си ја негативната енергија кон творење и планирање на иднината, дали пица или грав ќе јадеш се банални работи.