Ама во првата година мислам тоа важи,и јас немам никаде црно на бело за него. Убаво си ме прашала па и убаво да ти одговорам, дава не баш за се,за она што тие сметаат дека ми треба ама и низ нос се вади даденото. Ете свекрва ми поклонила некое алиште(мене не ми се допаѓа ама ај од култура сум зела и ене во плакар,и не се ни сеќавам на него). Кога ќе дојде на гости уз муабет како ти стои тоа и тоа блузе(јас не ни памтам дека го имам) да ја откаќам велам ене го во плакар,оди во спална да ми провери. Исто со киндури прави брца да види дали тоа што ми поклонила е меѓу оние кои сум си ги купила на времето од плата.
Izvini ama ne se site isti jas sum 13 god so stari I so dever bev dve god I ke kazam edno nit se starite isti but se mladite
Пoентaтa ми беше aкo веќе си решенa дa oстaнеш сo мaж ти бaрем кoгa дaвaaт земaј. Смири јa тoпкaтa мaлку и пoчни дa земaш зa се и сештo дa си приуштувaш пa кoгa веќе збoрaт дa имa зa штo дa збoрaт. Кaј нaс беше oбрaтнo, тие oд нaс бaрaa a не ние. Дa знaеш сaмo кoлку е тешкo кoгa сaкaaт дa ти земaт oд устaтa нa дететo штo се вели. Смени јa мaлку пoлитикaтa aкo веќе oстaнувaш и пoчни дa ги кoристиш. Се нaдевaм уште мaлку имaш oд студиите зa дa издржиш дури дa зaвршиш пoсле ќе биде пoлеснo. Јaс еднa рaбoтa свaтив зa oвие гoдини вo брaк, декa кoј нaмислил тaкa дa прaви ти кoлку сaкaш збoри си тoј пo негoвo ќе терa. Пa кoгa веќе збoри дa имa зa штo дa збoри.
@AURUA редовно те читам. По мое, ниту ти не си сигурна што да правиш, па покрај другото што ти се дешава и растревожува константно, недовербата по кој пат да тргнеш дополнително ти создава товар. Од напред се извинувам ако погрешно сум сфатила, но, ова го велам, зошто веќе неколку пати заминуваш кај твоите и уште побрзо се враќаш назад. Пред било што друго, ти прво со себе расчисти. Што ти сакаш? Дали да се бориш за бракот, или сакаш да си дадеш шанса надвор од него. Откако ќе одлучиш што ќе правиш, фокусирајсе конкретно и само на својата одлука.
@AURUA во која друга тема си пишувала зошто не работиш?остави линк сакам да прочитам ете за да не си овде оф топик инаку ќе помислам дека не ти се работи и спремна си дури и сите овие тортури да ти трпиш само за да не работиш.Ако не ти е жал за тебе гледај барем за детето какви стресови се ова за него знаеш ли?не знам зошто упорно тапкаш вместо.Парталите и замини си кај твоите имаш поддршка имаш се.Знам дека не е лесно,но полесно е од вакви секојдневни тортури
Јас како што сфатив до сега,Аура има можност и поддршка да се разведе ,но и неа и одговараат финасиската помош и парите од маж и,најпрво затоа што не му ја мисли за детето,друг го обезбедува. Кога имам зорт не пребирај работа,а дека нема ,да не се лажеме по маркети,бутици,конфекции и сл нон стоп има. Вака, трпиш брак без љубов,велиш не те сакаат и сл, детето го растеш во тензична средина,наместо да се трудиш да направиш чекор напред,ти стоиш во место. Најлесно е да се жалиш,а стоиш во место и не превземаш ништо.
оф-топик: Колку само лесно кажувате развод. Она си знае зошто не е спремна на тој чекор и тоа е тоа. Разводот е крајно трајно решение, нема враќање назад и е животоменувачки настан кој се случува тогаш кога сите други опции се потрошени. Се додека не се пречекори здраворазумската граница на толеранција и втори шанси, секогаш постои можност да се најде заеднички јазик и да профункционира бракот (ако постои желба и кај двајцата, нормално). он-топик: @AURUA, извини вака, ама ќе бидам брутална. Тој нема да се смени се додека неговите се живи. На тебе останува да размислиш дали ќе можеш да тераш вака уште 20, 30 години. Лично, тоа што ти го пишуваш за свекрвата, мене не ми е воопшто страшно но ти очигледно си дојдена до ситуација каде тебе ти смета и начинот на кој таа жена дише. И најсрцка да биде, ти и во тоа ќе најдеш мана. Неа секако нема да може да ја смениш, работи на тоа ти да го смириш начинот на кој реагираш на неа.
Јас пак ама готово веќе ова не се трпи. Таман се смирив малку денес пак. Тоа е кај мене, еден ден убав 100 дена пекол. Додека бев на работа ми пишува мм дали имам 2000 ден да му додадам за сметки Му реков не, ќе ги тргам тие пари настрана за малото ко ќе се роди зошто знам дека тогаш ќе треба да го гледам сама. Леле ко ми се втури јас сум била ваква онаква, срамота, цел град ми се смеел зошто парите кога сме правеле свадба сум ги оставила кај моите, требало и тој сите пари да му ги даде на татко му а не со мене да ствара фамилија. Знаете колку ме заболеа овие зборови? Мене моите ме хранеа, ме гледаа, ме облекуваа, ме школуваа со последните пари, свадба ми направија со последните пари, а што сум добила од него и неговите освен нервози и болест. Ништо. Стомак почна да ме боли, му кажав и никако не изреагира. Ќе си го изгуби сопственото дете за 2000 ден. Јас сум трошела вода, струја, храна а не сум давала пари за сметки. Јас сама живеам во куќата, мене ми плаќаат? Татко му работи, за кого? За другите. Брат му работи и шета. Другиот брат и жена му си работат за нив и плус земаат пари од него. Верувајте денар не сум му побарала, а одсега па ич. Со што заслужив јас в а ја??? Зошто мене Господ ме казни? Му реков ќе видиш од денес која сум јас. Само омраза чувствувам кон него и единствено тој е крив за тоа. Бидејќи еднаш не ме погледна, еднаш несе заложи за мене, еднаш не застана на моја страна ниту пак направи нешто за мене. Им кажав и на моите. Не можев повеќе да бидам жртва на нечие сељачко однесување и да трпам и голтам сѐ сама. Ако треба леб ќе немам ама од него ништо не барам.
@Osamena5 Најдобро е да заминеш неколку дена докај твоите на гости и таму со ладна глава да размислиш. Ќе си наштетиш најпрво на себе си а потоа и на бебето. Дистанцирај се за да се смириш а потоа разговарај со сопругот. Батали нервози за такви луѓе, не вредат. Размислувај прво за бебето потоа за се друго.
Верувај се обидувам од се срце на сите можни начини. Ама женава е психо напаст kонтрол-фрик од чиста мира ќе ти набројува какви биле твоите за никаде кога се бунела за атер за керка им за мене,ама ете сега не ми се мешале и браков ми цветал. Ете она кога им објаснила дека не треба да се мешаат а јас да им с епоклонувам на новите добротвори дека се било супер.Се дадено низ нос извадено.Што сакаш од баба која трча зад тебе и сo се тебе во спалана а јас таму сум си ја заборавила секојдневната влошка и оваа одма ах што е тоа,ај во ѓубре, амх а јас мислев да си ја урамам за над брачен кревет главна слика. Има причини и тоа оправдливи причини зошто не ја можам. А таа вели дека за мое добро чинела така,ама Господ и Мајчица Богородица да и ја простат душичката за тоа. Јас не дека не сум простила ама не заборавам и секое мешање нејзино во мој личен простор и на моео дете за мене е мерка да подигнам аларм за внимателност. Секое доаѓање тука прави сцени и немам нерви да се објаснувам што чини нечини затоа си бегам до кај моите малку рааат да сум. Искрено сочувствувам со тебе и потполно,верувај потполно и без да опишеш се знам што те погодило. Има еден момент кога маж во брак жената си ја зема,доживува здраво за готово како своина, потоа тоа оди до таму и почитта да се губи со се љубов. Ова за сите што велат јас немам љубов кон маж ми,обратно е(@ilyan @mackica1 ). Не е бракот само фрли пари купи донеси што треба умешај мајки,татковци,роднини комшии и командај јер си маж-глава на дом. Не не е. По некое време пукаат тие бракови или се полнат со неверство и кавги. Го имам гладано тоа во околина кадешто претходно работев и тогаш се чудев зошто се изневеруваат воопшто во брак. Сега ми е јасно. Осамена почни да си гледаш само за тебе. Што и да чиниш-правиш на ваков сопруг секогаш нема да му чиниш. И мене ми се случуваше истово да ми го прави да ми бара пари за гуми на колата да си купува итн. Гледај да не останеш без работа бетер те чека плус со дете.
Ништо лично, ни на крај памет не ми е да попувам некому. Само си кажав мислење. Тоа со гравот ми падна во очи, не морало да си правиш кавга со мажот заради тоа. Или касни, или замини си демек не ти се јаде. И не, не мора пред неа така да се однесуваш, демек еве јас барам тој не ми дава, можело насамо да му објасниш. Може и нему незгодно му е од мајка му. А и ако е таква жената или е злобна зошто па да се сити на твојата нервоза и кавга? И не мислам ништо лошо, многу сте нервозни не прифаќа никој ни совет ни мислење, после нервозни и ние и децата. Мислете на нив. Сета наша нервоза без разлика кој и да ја предизвикал се пренесува на нив. И да,и јас сум за развод во крајна ситуација кога нема излез, и подобро тоа отколку детето да ми трпи секој ден тортури.
Ах бре пак гравот па гравот.Очигледно не се разбираме. Не егравот во прашање работата е кога сопружникот ти вели сакам пица ти онака жеретски му велиш треба да ме молиш јас заработувам. Налет таква пица. Неговите беа во дневна со се него па слушнаа кога му пререков дека ако така од утре секој сам јадење да си спрема сам да си пере и сам да си чисти во таков брак во кој некој ќе му се чатали некому со пари од работата тате што му ја обезбедил,со тешки ургенции,мољакања. И мајка му тогаш се умеша и разбра што е па уште ми се здаде како јас ништо не правам низ дома(тоа од 7дена престој уочи нели).Јас си заминав во сплана да не се карам пред нив и они да се мешаат дека немаат осет во приватна брачна расправија. И во меѓувреме ја слушам неа и мене ми се јаде пица ќе ми остане за утре по пат.Мѕ фрли паричките и отрча и купи пица за мама.(имаше и за мене дел ама налет таков оброк за кој морам да молам т.е. да те понижува сопствен сопруг).
Епа имаш мака со мажот. Прво него реши го, па после свекрвата. Во брак е се заедничко. И не е до гравот. Сфаќам што сакаш да кажеш, но јас не сакам да се расправам тука. Најдобронамерно пишав. Ако треба да го молам мажот за пица, ексик. Ќе засукам ракави и ќе си месам, искрено.
Е во тој приватен бизнис дома, деверите твои не се вклучени? Мене не ми е јасно каков е тој човек, се убива од работа на три работни места а сите останати во куќата лешкараат и не му е проблем?
Јас ја сфатив осамена дека сите имаат посебни спратови, а седат кај нив и всушност тоа е како една куќа, а не три. Значи маж и гледа една куќа,плус им помага со пари кога им требаат. А другите браќа си купуваат стриктно само за себе.
@AURUA искрено да ти кажам почнуваш да ме нервираш.дур се караш тука на форумот цел ден ппбарај во некок бутик,конфекцијА,маркет,било каква продавница.Да ми страда детето дома,да имам работа со секакви будали а да не се потрудам на никаков начин да си помогнам себе си ми е нон сенс.Да седам и да чекам да ме примат во државно ко сестра дур ваму дома душата ми ја вади некој.Ти бори се за тоа,учи(секако си вонредно) а во меѓувреме обиди се некако да си помогнеш себе си и на детето.Свекрвата ти се меша и ќе ти се меша дур е жива.А знаеш зошто е тоа така? Зошто мажти и дозволува.И немој со приказните дека ко ќе заминела таа тој бил срцка.те молам Нели си одеше тој со денови од дома?а ти уште седиш се нервираш дома и не преземаш ништо во своја корист.Ко децата мали,ќе ми купиш пица,ќе ти купам и после јади грав нема пица.Последна да е на светов таква пица,да знам дека ќе умрам ако не каснам,нема да каснам. Сама си си крива.
Осамена изнаброја еден куп трошоци, по што мора да заклучам дека маж и работи од јутра-до-сутра и не му е проблем. Еве, сериозно ме интересира каква е таа личност што дозволува сите пари, до последен денар да бидат раздадени кај другите. Дома жената бремена, овој плаќа задоволства на браќата негови.