Па ја глеам ти знаеш дека мајка ти е проблемот, али малце и жена ти оти и враќала... Па уште и очекувале од тебе да реагираш, молим ти се... Или кажи и на мајка ти да олабаи, или оди под кирија. И на крај, моеш и меракот на мајка ти да и го сториш, да си се разведеш, и да си живеете заедно среќно до крајот на животот. Поздрав.
А ти посебно да ја грабнеш мајка ти, посебно жена ти да разговарате, каде е проблемот, малку памет во глава и на двете да им дојде. Малку трпение и од двете треба. А зошто жена ти се кара со мајка ти? Нек ја игнорира. Мене секогаш кога ми сметало нешто или ќе ми преречат, ќе си преќутам едно уво влага друго излага, а ако се претера ептен тогаш сопругот се расправа со свекрва ми, не јас. А мајка ти не е господ па да кажува до кога се спие, што се пазари... секој си има свои навики. Затоа најубаво е посебно, ама не секогаш може да се дозволи тоа.
Само делење, башка тв во ваша соба, башка кујниче па ако треба и тараса да преградите. Се башка и мир у куќи.
Башка под кирија одете ако треба. Ова е сериозно. Барај чаре пред да се убијат, не во буквална смисла на зборот.
!!! Ќе ве молам без сарказам и потсмевање. Човекот побара совет ако имате нешто добронамерно да му кажете, повелете...
Не бадијала рекле дека две жени под еден кров е лудило,тоа се разлика на генерации,различни мислења и сваќања.Ако не можете да се делете седни ги двете и ти покажи си ги малку забите ,оти вака како што кажуваш ,да не ве дадат на тв за убиство уште малку. По колку години имате со сопругата ???
Моја возраст. Види, имаме трпение, но далеку од она што било порано, да молчиме од почит. Јазикот ни е предолг можда, но верувам со причина. Има шанси под кирија бар? Поарно помалце пари во џеб, раат глава. Секоја жена сака да ужива сама со сопруг, посебно сега на почеток. Ова го велам од свое искуство и од искуство на пријателки. И онаа која беше најмирната во друштво, и пречат некои работи од свекрвата па се повлекува. Не и е лесно и на сопругата, но ни на мајка ти. Мајките се многу себични кога се работи за син.
Па и не била мала сопругата ,мислев дека е помала па затоа за секоја работа се расправа.И добро праша ја дали сака младоста да и помине во кавги за глупости ,како што наведе ти за што се се караат. Јас не викам дека стариве не се мешаат и кажуваат ,но да се разбереме и денешниве снаи немаат влакна на јазик.Отпеј ги другар двете за да не те боли главата тебе ...
Eheee a dete tek koga ke dojde? Gi sakas i dvete, a na majka ti ne znaes da i reces da ne go pika nosot kaj sto ne i e mesto! Zena ti gleda deka kjutis, sigurno si mirno dete, pa se bori ona so majka ti. Se soglasuvam so muabetot deka majkite se premn sebicni koga se raboti za sin. Taa sto si ja donel u kukja, razmisli zosto si ja donel, dodeka ne ti izbegala, pa so mama u mir i sloga da si ziveete srekjni zasekogas. Znam u kakva situacija si, ja sum snaa ko zena ti, vo mozebi slicna polozba
A malku da sednes I da razgovara s so majka ti oti vaka ne biduva oti so toa ti prave nervozi I na tebe znam vi ista situacija sum I jas ama mm poveke e na moja strana brani si na zena to dodeka ne si otisla
@jocXX Штом дошло до физичка пресметка значи долго време се случувало нешто што успешно се прикривало или си се правел дека не гледаш, па си мислел дека проблемите сами ќе се решат со време. Мајка ти најдобро ја знаеш и така можеш да процениш дали таа е провокаторот? Нема да смениш ништо со разговор со двете истовремено-едната секако ќе се најде навредена и обесправена, а тебе и двете ти значат подеднакво. Делете се доколку имате можност, дали под кирија дали во станот. Мир меѓу нив не очекувај, само уште поразлошени односи.
Некако ми се причини дека многу време поминува дома затоа прашав.Што помалку време поминуваат заедно тоа ќе биде подобро за сите.А најдобро решение е да се оделите да не живеете во заедница.
@jocXX Мој совет е со сопругата да почнете да живеете одвоено. Секако дека секогаш мајката има посебно место во Вашиот живот, но сопругата е онаа која Вие сте ја одбрале да биде со Вас во добро и во лошо, онаа која треба да биде со Вас во секој момент и онаа која треба да живее со Вас. Гледате дека во домот ситуацијата ви е алармантна и неподнослива - зошто би се измачувале да се нервирате и расправате секој ден? Додека живеете сите заедно секогаш товарот ќе паѓа врз Вас - и мајка ви и сопругата очекуваат да бидете на нејзина страна. Меѓу два огна живеете буквално. Ако и двајцата работите, што побрзо одделете се - под кирија за почеток. Ситуацијата би се смирила постепено. Друго решение за жал нема. Не постои начин да се смират и да речат „ајде сега за мир у кучи ќе се сакаме“. Ако мислите дека сопругата не вреди за да се борите за неа - разведете се. Не и го одземајте неа правото и можноста да биде среќна некаде на друго место каде нема да се замара за свекрвата. Сфатете дека не сте само Вие жртва во оваа ситуација, туку и неа не и е сеедно секој ден да се расправа со мајка ви и да трпи провокации. Доколку сопругата ви е на прво место - земете си ја под рака и избегајте заедно од таа нездрава средина. Сите кавги и проблеми еден ден можат да се рефлектираат врз вас двајца.
@jocXX нема потреба да бегаш од дома и да мизеруваш, самиот пиша дека не си моќен, а како е да си под кирија и да врзуваш крај со крај ќе ти кажат само тие што имаат живеено. Најлесно е да бегаш, за тоа сите знаеме, тешко е да се соочиш со проблемот и да го решиш. Сам си ја знаеш мајка ти убаво бидејќи те пораснала, гледам по коментариве дека повеќето ја штитат твојата сопруга, но мислам дека нашава младина нема никаква почит ниту воспитување, како тоа со коленото да ја притиска мајкати за стомак? Греота и жално е. Еве јас сум скоро омажена и живееме под ист покрив со бабичка, кај нас е огромна генерациска разлика но мора да се има толеранција и почитување
Уште на почетокот мајка ми беше со негодувања околу мојата сопруга, бидејќи нејзе ова и е втор брак, еднаш е разведена, така што стварно не знам кон што да се осврнам и да дејствувам...Како и да е , фала ви многу и се извинувам што ви досадував, ќе барам решение во одење под кирија, само да издржиме уште некој месец. Фала ви уште еднаш Наводно мајка ми провоцирала да дојде до тоа, јас навистина не знам зошто не бев присутен. Сестра ми ми кажа. Згора на се и мојата сестра зема повеќе замав и се спротивставува на мајка ми за многу работи, што воопшто не е толерантно и прикладно... А целосно се сложувам со тебе и многу ми е криво што е вака.
Извини вака ама и мајка ти и жена ти се нецивилизирани штом проблемите ги решаваат со тепање. Жена ти ако има проблем со мајка ти треба на тебе да ти каже за ти да дејствуваш и да разговараш со неа. Проблеми не се решаваат со карање и тепање поготово ако живеете под ист кров. Ти треба да разговараш посебно и со двете. Кажи и на мајка ти да не се меша за се и става закони, а на жена ти да биде малку потрпелива и да не си зема при срце се. Оти ако се кара ништо не добива. 2,5 год живеев во заедница со свекрва и ниту еднаш се немав спречкано или скарано со неа. За се се договаравме, од јадење до чистење. Ама тоа затоа што таа не ми се мешаше во штипки, а јас си притрајував секогаш. Нормално дека имало некои коментари и постапки од нејзина страна кои ме изнервирале, ама по богу и со мајка ми и татко ми така било, а не па сега. Со нив ќе се скарам и пречкам ама со свекор и свекрва неможам, оставам мм да среди. Нема фајде од кавги во куќа. Нормално најдобро е делени ама не секој го може тоа.