не се слагам.И јас во влегов во фамилија со алкохоличар па маж ми не е приближно ист како него. За кубење коси не спомна никој,тоа ти си го надаваш.Ама кога некој ме вреѓа мене,дете или мој сакан јас не ќутам.Нека сум проста ,ако.Грешиш и ти ако мислиш дека со држење на вакво ‘ниво’ се постига баланс у фамилија.
Eve primer na mlad covek koj razumno razmisluva. Aje gotovo se zavrsi. Dva pati repliciram, izleguvam od ramkite na moeto nivo.
Али ти битно и пиша пет пати на форумов, да ја посоветуваш да си трпи и трае , и плус ја посоветува да не зема совети од форумов ( кои се различни од твоите , инаку )... Ок.
Секој има право на свое мислење. Нема апсолутно исправно за секому.Тоа мене што ми чини и ми ја одржува и поблиската и подалечната фамилија во баланс во случајот на @Цвет88 можеби ич нема да функционира. Затоа @toogood убаво и објасни да си се советува со постари членови од нејзината фамилија и да не се ослонува на се прочитано на форумов. Сепак кој на што ќе се ослони негов личен избор.Затоа секој познавајќи се пред се себе си,мажот и детето како примарна фамилија па потоа и околните најдобро треба да знае да процени,расуди и примени дела за да има мир во куќа. Јас разбирам дека пукнала цветка ама толку тензија кога се пред нов стан мислам дека е непотребно нервирање. Ми делува дека имаат слога и разбирање со маж и и само да си ги гледа детето и мажот.Ситуацијата станала каква станала тоа е тоа. @Lianna Anna јас напишав не дај боже мажот да замери подоцна со тек на време. Луѓето од денес за утре се менуваат а не па вака. Иако јас по прочитаново мислам олеснителна околност е што мажот моментално е голема поддршка,така да ќе го пребродат ова. Само требало без толку тензија ги очекува набрзо нивни дом.
@toogood Не дај боже, да се најдеш во оваа ситуација. Не е така ко што мислиш едноставно. Да било ќе останев и ќе почекав. Како да се советувам со мајка, тетка кој било, коа ова е меѓу мене маж ми и свекрва ми? Сфаќаш ти дека мм страда? Дека и тој се осетил повреден? Што да истрпам? Колку? Да посочиш некому неколку пати уз нормален муабет дека нешто ти смета и пак да се прави наудрен? Знаеш како е кога правиш се за да балансираш за доброто на сите а ти трпиш и потиснуваш во себе да не случајно си ти грешката? Правиш се колку можеш да биде се ок, да не се случуваат вакви работи, ама доаѓа момент кога едноставно џабе е секој збор веќе. И те молам не се опседнувај веќе со мене. Овде споделив што ми се случило, барам разбирање и муабет а не некој да ми ја реши ситуацијата. Тоа можам и сама дотолку сум способна. Фала ти... На сите останати- ви благодарам, не можеме некого да убедуваме дека некои работи не се трпат, затоа после темата семејно насилство се полни. Уште еднаш ви благодарам.
Од кога се омажив раат не видов од свекрва ми,луѓе нема да ви се верува за какви банални работи стасуваме до развод поради нејзе,најново е дека не сум и лајкнувала на фб,а на сите други сум им лајкнувала и со тоа таа сфатила дека не ја сакам и му рекла на мм и он веке да не ја сака мајка ми па кога си дојде он од кај нејзе незнам што уште не ми изнакажа,многу си ја сака мајкичка мм плачела сирота оти не сум и лајкувала :/ јас неможам да глумам како нејзе она ме мрази од дното на душата а пред другите се прави дека најмногу ме сака и на фб..дури и ми забрани да одам кај нејзе па по два дена ми звони и вика готово не важи тоа ај дојди...ме врега дека сум крава,заостаната,смотана не ги ни памтам сите навреди сум играла како теле на свадба,не сум знаела да ја чистам кујната,а најболно од се ми е тоа што мм ни во една ситуација не ме одбранил не и рекол да престане туку браво мамичке...ми иде дома ми чепка по стварите ми преместива она како сака,пробав да разговарам со мм и јас си го добив за се е она во право она да не се нервира а ако мене ми го упропастува животот..незнам што да правам женски ако има некок совет кажувајте
Свесна сум,како јас да не сум човек со потреби и желби па постојано ги трпам неговите закани дека он нема да ги сака моите,дека нема да оди кај нив луѓе ни земаа 10000 денари и според него они се во право немале пари по ѓаволите некој да ти дојде и да ти ја земе цела плата..тешко ми е а и немам со кој да разговарам..за мене секогаш нема пари пошто јас работам и плаќам сметки,а он секој ден си испаѓа со другарите,а јас дома...ни на душманот не му посакувам ваков брак
Епа @anas23 ако не сакаш да се разведеш и ако ти е поважен народот, трпи си ги свекрва ти и маж ти недоделкан.
А што има врска колку години си во брак. Подобро сега отколку после 5-6. Само си го загорчуваш животот уште повеќе и си ги губиш нервите. Плус пак и ако родиш и дете уште толку нема да можеш да се оттргнеш од таму. Стварно не ми е јасно како може да трпите тортури од маж, свекрва, да бидете угнетени и несреќни само за пред народ да глумите среќен брак.
Добро ти не знаеше каков човек земаш за маж? Не е важно кој што ќе рече. Народот секако ќе си зборува. Гледај на тебе да ти биде добро. Остај ги другите нека мислат што сакаат.
@anas23 какво разведување, се нешто мала ситница, караница-разведи се.... знам дека не ти е воопшто лесно, но се дури си кршлива, ќутлива и трпиш ќе те повредуваат, завземи став и соочи се со неговата мајка и со сопругот, храбро настапи и со силен став спротистави се
Кога бевте во врска не примети ли дека он е мамино синче? Доколку маж ти не те брани значи се согласува со се што мајка му кажува. Па ако на свекрвата и смета што не и лајкуваш на фб, смени го тоа. Почни да и лајкнеш слики или објави. Од твоето мислење сфатив дека не живеете во заедница со свекрвата, па според тоа можеш и ти и она да се договорите на компромис доколку сакаш да имаш мир во куќа. Нема ништо лошо што маж ти им позајмил пари на родителите, во тешки ситуации треба да се помага. Мене искрено овие работи ми се банални и можат да се решат
и јас да се приклучам во темава по 2 пат.. може не ме паметите проблемот уште остана ист на нас се сите трошоци а и свекор ми и свекрва ми се невработени без никакви примања без никаква причина туку мрза!! ако сум дома а маж ми на работа свекрва ми ми дреми во соба, некој пат ке легнам филм да гледам таа влага у соба и ми седнува на кревет и таа ке гледала... На сабајле исто ако сум сама некогаш ке сакам да спијам до покасно ја слушам како ми тропа на врата и влага у соба да види шо правам значи крајно без осет жена.. А од куќа со 2 кујни и 4 спални соби само на една соба имаме право, во другите тие се рашетуваат... Еднаш спомнав да се иселиме на стан под кирија ни рекоа ако се иселиме да не се враќаме веќе а местото кај шо планираме да си ја праиме куќата е на име на свекор ми може да му текне да не ни го даде...
Добро зошто не поразговараш со светрва ти дека сакаш да имаш приватност. Смирено, без кавги кажи и ги тие нешта. Каква и да е ќе разбере ако убаво седнеш и разговараш.
Сакаш да кажеш дека и ти работиш и учествуваш во издржувањето на свекорот и свекрвата?!? Ако е вистина алал да ти е, треба да добиеш признание за снаа на столетието, крај на светот да биде мој свекор и свекрва не би дочекале од мене такво чудо. Мажот што вика на сето ова? Или нека, сепак за мама и тато се работи... Да ти кажам право, условот и не им така лош, само будала би се вратил кај нив откако еднаш ќе види спокој и мир некаде на страна. П.С. За собата не те советувам, нема што да преречеш, сигурно одговорот ќе биде дека нивна е куќата.