Еве да си кажам од мое искуство. Прво да ви кажам дека дали ќе се мешаат неговите или не нема врска со живеењто. Мајка ми и татко ми дошле од друг град во Скопје. Живееле прво под кирија, па добиле општествен стан (50 м2) па го отплаќале, за да стане нивни. Свекрвата на мајка ми, баба ми живеела во друг град. Верувајте дека немаше мајка ми дерман од неа. Едно јавување на татко ми и дома кавги и караници. Тука го кривам татко ми што не знаел да стави граница и што бил мамино синче. Јас требаше да живеам со еден, сум пишувла на темава, и да живееме во мој стан, кој моите ми го купиле со одрекнувања, ( не сме оделе секоја година на море на одмор, не сум имала луксузи ама сега си имам имот), и мама негова пак се мешаше. До тој степен, што кога го уредував доаѓаше да види како е, и да соли памет а не даваше ни денар ( јас не сакав да има удел он во станот ). Така да, се си зависи од свркават и од синчето. Мада повеќе од синчето.
Ние сме едните од тие кои почнаа од чиста 0 (нула). Свеки со нејзината пензија од 11 000ден, ќерка (која ништо не раб.) и баба (значи парабаба) живееја во 2 соби и 1 купатило . Разбирам дека толку успеале да направат (татко му уствари, одамна е починат). Кога дојде време за женачка многу му беше јасно дека ќе треба да се снаоѓа сам, иако од смртта на неговиот татко му е јасно. Бевме пречекани т.е тој со реченица од мајка му ,,снаоѓај се,, и доби одговор ,,и без да ми кажеш си знам и јасно ми е,,. Тоа е реалност. Кога реши да оди на печалка (сум пишувала како ја одржувавме врската и бракот) мое беше само да му дадам подршка и во ништо да не го кочам (и мене ми беше јасна суровата реалност). Ебани 4 год ван Мк само ние знаеме како ни беше. Обезбедивме место за живеење, кола, родив дете и ниту еден ден не престанав да одам на работа и правам куќа. Муабетот ми е дека ако нема од каде и што секоја чест на тие што пробуваат да се снајдат а не да чекаат некој да им даде. Знам дека е тешко во нашата земја со нашите плати да се земе и најмал стан, али секогаш барај друга солуција. И печалката не е лесна (знаат тие што ја осетиле) али што ако немаш амбиција некоја во животот. И искрено никој не сака да живее во заедница ако не е приморан (нема каде или несака или неможе под кирија да оди).
Јас за секое несогласување помеѓу снаата и свекрвата би ги обвинила мажите во домот (свекорот и сопругот). Ако свекрвата е безобразна, маж и треба да ја освести за тоа. Ако јас сум дрска или безобразна кон постарите, маж ми е тој што треба да ми го каже тоа и да пресече, да се најде изворот на нервоза и да се среди работата. Ако сопругот е мамино синче, пак ќе го обвинам свекорот, бидејќи тој требал на време да ја пресече оваа врвка што мајката не сака да ја одврзе. Се знае до кога трае активната грижа на родителот. Потоа може само од страна пасивно да набљудуваат и ако евентуално сакат да помогнат-да се понудат за помош, ако не-капата на страна и секој својот живот. Трендафилке, зависи до семејството како е ситуирано. Мајка ми и татко ми кога граделе, им помогнале и тие и тие. Повеќе од на мајка ми страната,но тие се одлично ситуирани. Еве сега кога јас градев/реновирав, сите пари беа со наши сопствени средства, пари кои ги скративме од шетања. Плус овде помогнаа колку-толку парите од свадбата. Плус моите додатно ни помогнаа. Додека свекор ми и свекрва ми чекаа на нас. Ние ним им помогнавме Сепак пак ќе повторам, зависи од тоа колку добро се ситуирани семејствата. Дома ситуацијата е таква што постарите чекаат од нас, а не ние од нив (и сум радосна на ова ) Татко ми нема што да остави на брат ми, но уште сега си кажува кога ќе се жени, ќе му го отстапи спратот и тој ќе си прави поткровје. Спојлер Колку за споредба, свекрва ми не сакаше да го напушти спратот и да се симне долу на приземје од добро познатите причини-траа се мачела го одржувала домот толку години, сега јас настапувам со реновирање Ама тука свекорот р'жна и бидна работата ___________________________________________________________________________________ Точно, не се должни родителите да прават/купуваат куќа/стан на децата, ама да се соочиме со реалноста, не живееме во Америка, Германија. Едноставно полесно им е да кукаат како куќата им е претесна за живеење и да си продолжат со фалбите каде биле на одмор, на скијање, на викенд. Наше е да одбереме кој живот ќе го живееме. Ако сакаш да вредиш во животот, мора да стегнеш газ и да се бориш.
Кога сум веќе на темава, вчера се замислив нешто, па би сакала да слушнам размислувања. Ние со Хуго одиме веќе 2 години и некој месец, а брат му е тазе во врска, некои нецели 6 месеци, така нешто... Јас во нашиот временски период сум се видела 2 пати со неговите родители, и тоа по специјален повод именден, а другово девојче си оди почесто кај нив дома, си муабетат, ручаат, итн... Не знам дали се очекува истото и од мене, но јас сум строго против дружба со родителите, додека не се случи нешто конкретно, т.е. додека не дојде до the real deal. Истото мислење го имам и за дружба со роднини (мои и негови), покажување пред сите на некои свечености, како свадби, крштевки... Конкретно, кај една моја братучетка, го отварате албумот и имате - еден дечко на сликите за матура, друг на сликите од дипломска, трет кај свадбата на брат и', а сега е па со сосем друг тип, и упорно си тера по старо, повторно го зближува со нејзините и се зближува со неговите, што мене лично ми е патетично. И сега навистина не знам, јас ли сум Баба Рога, не сакам некој (во случајов родителите) да ме мислат за недружељубива, дива и асоцијална, но мојот дечко доаѓа почесто кај мене, јас немам брат или сестра и имам повеќе свој личен простор... и како што напоменав, излишна ми е таа дружба, додека сме се' уште дечко и девојка... коментари?
Искрено, јас би ти рекла да си останеш на своето. Колку што те познавам, знам дека ќе си направиш како што ти сакаш (па нормално), и не ти е важно што ќе речат другите. И остани таква и во овој случај. Ако, здравје Боже, бидне нешто повеќе меѓу тебе и дечко ти (стискам палци) има време за дружење и заеднички ручеци со неговите родители, тоа сигурно не ви бега. И јас сум против запознавање на дечковци со родители и зближување со нив. Никогаш не знаеш каква иднина има врската, па зошто дополнително да ја комплицираш ситуацијата со тоа дружење и зближување? Јас лично ниту еден дечко не сум донела дома да го запознаам со моите, се' додека не го сретнав мојот сопруг. Сметав дека нема потреба од такви запознавања, а кога една врска ќе премине на наредно ниво, секако дека родителите ќе бидат тие што први ќе дознаат. (А ако денес ги запознаев со еден, утре со друг, задутре со трет, сега можеа да ми мрчат „што не си го зеде овој или оној“ ) А и секако, јас одбирам некого за јас да бидам со него, а не за да им овозможам на моите дружби и заеднички ручеци. Голем плус е ако се сложуваат, ама не е пресудно. Истото важи и за односите на снаата со свекорот и свекрвата. Подобро на дистанца, отколку преголема блискост.
Трендафилка од лично искуство сакам да ти кажам, што подалеку од неговите додека сте во врска. Можеш да одиш кај него и повеќе од 2 пати, сепак не си мала или на почеток на врска... ручек, кафе...али зближување, интимни муабети никако. Што има твојата (сеуште не знаеш ни дали ќе биде идна) свекрва да знае што и како ти правш во животот, кој испит си го паднала (пример само давам), а па кога ќе почне да те распрашува за твоите, кај работат, колкави плати земаат, па кога ќе почнат и со оние муабетине, абе знаеш од фамилија да е, културна, воспитана, ќе сакаш да станеш и да си отидеш. Само на дистанца. Тоа што треба да го знае ќе и го каже дечко ти.
Иако не сме многу блиски со свекрвата да не речам ич, мене ми е мило за оние кои се во добри односи...И од денешна гледна точка мислам дека работите можеа да бидат поинакви ако барем малку олабавевме и двете...Настапивме круто и себично на почеток, без некоја желба за зближување, со строги поделби на мое и твое-што е во ред, но малку мекост и толеранција не ќе беше на одмет...И до ден денешен таа уште не ме познава во моето подобро светло, исто и јас неа, од проста причина што не си дозволивме близина-не претерана, но доволно колку да ги тргнеме погрешните слики една за друга... И јас бев дива природа, против зближување и бапски муабети, но сега совет би дала, да не мора толку многу држење на дистанца што овие генерации сега посебно практикуваат...ни јас не сум за киснење по дома и седење со родителите, но тоа време што сте заедно биди позитивна, биди отворена, тоа што си...Тргни ги сите предрасуди за свекрва и снаа затоа што од каде знаеш? Можеби се луѓе вистински вредни за почит кои ќе ти се најдат понатаму во животот а и ќе заштедиш на кавги...(Ова ако веќе на големо се претпоставува дека ќе бидат твоите идни мама и тато ) Ако не оди, односите секогаш можеш да ги прекинеш, но немој уште пред да си дадете шанса да се запознаете...
Трендафилке, треба да го опипаш пулсот на фамилијата,дали нив им годи таа што им оди,а ти ги избегнуваш или им се допаѓа што не се наметнуваш. И како уствари тебе ти одговара. Од свое искуство да ти кажам,кое и не е така далечно. Јас кога одев кај него (поретко во семејната куќа),протоколарно,џоа англиска кралица доаѓа,мирни,фини и на знак,сите џом да ги нема.Нему му бев јасна ко солза,не сакам блискост, не сакав мерење лица,не сакав кафе пиење,не сакав одење по слави, не сакав одење на ручек. И така и си беше,иако...на мадам почна да и смета. Ем нешто не и чинев,ем и сметаше тоа што не и одев по слави да се рекламира. Ме беше видела еднаш во град,ама од далеку и се испофалила на другачка и и му рекла,леле колку ми беше криво што не можев да и пријдам. Јас едно време си викам, Лилит,абе може вака нечини,зошто гледам моиве роднини така си прават,комшиине (па да де,еднаш кажував ) ги гледам помини-замини нон-стоп по дома,ама после си викам кој ве врти вас,јас си имам став,вие смејте ми се.Па утре се може да се случи (се случи) и колективен хејт и жалење ќе прават.Не дека вака не,ама така викаат ууу имаше крив нос,не беше за тебе,па и тоа кафето како го пиеше,не,не синко,со таа пред луѓе не .Па и потешко оди преболувањето. Ама клучното за мрчење од таа страна беа девојките на неговите братучеди и на брат му,кои без осет си одеа таму,по слави центар пажња со сите роднини веќе се знаеле,нозе на маса и си гледаат тв, мислам...ептен непристојно. Си легнале во дневна,родителите тука,они мака си немаат. Мислам невкусно и непристојно,јас никогаш не би го направила тоа. Ама ете за нив тоа беше ок,а мојата пристојност беше коментар ко,многу е дива и дигната. За слави,секогаш испраќав по нешто,за нова година задолжително подароче ,за поголемите верски празници,ма не станува збор дали веќе,дури и со мајка ми специјално сме правеле дупло од некои работи зошто госпожа не знае или не сака да прави,ама тоа е...неа повеќе и беше да ја целивам пред пријателките и да ја фалам,да се пикам,да и дадам слобода,за да еден ден она ми се пикне во брачна постела,да си даде за право. Е татко му ме сакаше со ќејф,за тоа сум сигурна и немам збор. Срце човек,ама тоа е,немавме иднина, не го удостоив човекот со едно лезет кафе и торта и малце криво ми е,ама потешко ќе му беше сега! Сериозно бе...кога ќе сетам,ко исплашени беа сите кога ќе отидев. Значи тишина и грч! Само БУ да им направев и сите ќе скокнеа. А ниту сум се карала,ниту било што такво,јас све лав и хепинес,тој ме раскажувал само Лилит е убедена дека вака и вака,Лилит е убедена вака и онака,родителите на Лилит вака сметаат за она и она и мир у куќа! Па да ви кажам ниту тој со моите се мешал. Имале контакти колку и јас со неговите,дури и помалку,ама татко ми е дружељубив тип,а бога ми и покажа самодоверба со сите мои дечки дека нема заебанција со ќерка му и си одржа пријателска дистанца,а мајка ми им се топи,па така што до неа стои знак строго забрането,зошто има ризик да пати повеќе од мене,пута 1000. Ах да,и очекувај оваа невестулкава кога ќе направи повеќе стаж,на твојот да му биде криво (колку и да не е за на мама фустанот) зошто ти не си таа која повеќе е во фамилијата,туку таа. Мислам,ми се деси,иако ете кажав дека му беше јасно. Не дека не беше свесен,ама природно се наметна да му е криво,па и го разбирав,ама мене тогаш почна да ми се стега ременот околу врат. Иронијата е следна. Ако се десеше да целосно ме изолира и да не инсистира никогаш да ги видам (дури и вака ете),сигурна сум дека ќе се бунев и ќе ми пречеше. Така што момци,ако сакате да не ви џавкаат жените зошто не ме упознаваш со фамилијата,дајте им слобода на обете страни. Не секој бич (еве ко мене на пример) сака стварно после тоа да се зближува и да тера кафиња,туку ви ги гледа само намерите и сериозноста (добро не сериозност ко за брак де,не паничете,ама доволно е за да покажете дека ја почитувате и сакате ко личност,а не ко пилешки копан у вашиот кревет). Ако не сакате да ви ја пука главата,дајте и ја цела слобода за запознавање со вашето семејство,во спротивно ич немојте да бидете во било каква врска. Плус,ако вака почне да се однесува невротично и премногу се дружи со вашата мајка,тоа е добар знак дека треба да и раскинете,зошто е ненормална бре. Запознавање со семејството не е само знак за сериозна врска,туку и одличен тест! А за жените,ако не го почитува вашиот татко и се однесува ко да му е другар и е комотен,макни го бре. Сериозно! Јас му нагласив,на моите сакам да им се обраќаш со вие или со чичко и тетка и на име,ама обавезно персирање,така јас им се обраќам на твоите! Ако му се плаши,значи те гледа сериозно и го почитува твоето семејство и твојата личност.
Мене ми одговара вака. Супер ми е. Сметам дека има толку многу време за тие заеднички ручеци, вечеринки, собиранки, слави, мезиња, што ќе ти пукне чирот во иднина. Па никаде не се брзам. Исто и нему. Еднаш жити, по негова иницијатива изјави дека сака да гледа фудбал кај нас, па се трапнавме сите 4 со моите значи, на едно неформално мезење и помина ок. Што дека доаѓа секој втор ден кај мене, кога не се ни видел со моите (фала ти архитекту за тој посебен ходник). Иииии вчера кога слушнав дека девојчево си оди почесто, си викам - чекај бе, може сакаат и јас да одам почесто, да се дружам, или си мислат - ова разгалењакот единечен се мисли дека е нешто посебно? Дечко ми се смее, ми вика дека сум чукната, дека не мислат така воопшто, а имам покана за ручек секогаш и сум добредојдена. Т.е. повторно остави на мене и моето расудување. А и јас испраќам поздравчиња и честитки, и мене ми праќаат... но од тоа што го видов и го знам за нив, мислам дека како и мене, многу си го ценат својот простор и своето слободно време. Апсолутно не им одговара некој да им доаѓа нон стоп и да им квакнува, па заеднички да се коментира фризурата на Јасмин или што ти знам таму која... Па се надевам во иднина ќе видат дека сум дружељубиво детиште... иако сум зборлесто суштество, кога доаѓа ред за муабет со родители на дечкото, немам поим што би збореле... за политика, смрт и религија не се дума никогаш... бон-тон бре... турски серии не гледам, временска прогноза не пратам... едино некој рецепт да си смениме, што е крајно бапски муабет...
Трендафилке јас мислам дека емногу поубаво вака, да отидеш 2,3 пати, а не секој ден да квачиш кај нив (прости на изразов, но не знам што би правела кај нив постојано, паи со нив). Со бившиот дечко бидејќи бевме пред тоа другари, само по себе дојде и тоа од кога се фативме да се дружам со неговите. Иако најчесто гледав да одам кога они не се дома, гледав од прилика кога ќе си дојдат и џом низ врата. Тој доаѓаше кај мене, па со мајка ми тераа муабети и мајка ми сеуште ме нервира зошто не сум останала со него Сегашниов дечко веќе 3 и нешто години сме заедно, ни јас кај него, ни тој кај мене. И моите и неговите се знаат, па и нс не знаат, но тоа бидејќи се од исто место со мајка ми. Од една страна е лошо моите не го познаваат, па судат за него, а пак неговите се супер. Ги имам сретнато татко му и сестра ми по еднаш и доволно ми е. Луѓето биле задоволни од мене. Е криво ми е понекогаш кога нема каде да се видиме, мрзнеме низ град бдејќи сме од различни градови, но па уште спиење по дома ми фали. Значи ни многу зближување, нит па без ич. Во однос на темава јас би живеела со старци кога би немала свое место, а кирија никако не би плаќала. За среќа ако нема тој си имам јас куќа, па и плац, мајка ми не обезбедила со сестра ми за утре ден покрив над глава да имаме. Но, зото да не живеам со свекрва? Ако најдеме некој компромис, ги спуштиме двете носовите и топките би било океј Искреноста е многу важна за да се воспостави добар однос, ако се правиме двете нешто што не сме каде ќе води тоа? Ако седи дома, знаеме денес какво е работното време, па може и да зготви и да зачисти, деца да ми причува. Јас пак ќе помагам. Мене ми е многу жал старци кога седат сами, па молат еден друг леб да им купи, завеса да симне и закачи. Се влечат сами по лекари и сметки да чуваат, а се жртвувале цел живот чувале деца. Мајка ми и баба ми немаа некој убав однос, но затоа што на баба ми се не и чинеше. Мајка ми и готвеше и переше, чистеше, куќава цакум-пакум ја направи, а таа само зборуваше по луѓе. Па на крај јас и сестра ми ја натеравме мајка ми да го смени одност кон вампиркава. Некој да те чува како капка вода на дланка, не заслужува да зборуваш се и сешто за него. Но, пак треба двете страни да најдат компромис.
Трендафилке, остани си на своето кога веќе 2 години така тераш, а и ако луѓето се ок, јас сум сигурна дека многу им се допаѓа тоа што не се наметнуваш. Па на крајот на краиштата и да те мислат сега за посебна (што не верувам), кога ќе дојде моментот повеќе да се запознаете ќе го сменат мислењето, без разлика што снашка број 2 висела по дома кај нив
Трендафилка, сите снаи се различни. Не значи ако едната оди често, па сега да мораш и ти. Сепак ти и дечко ти сте си еден пар со свои карактери и навики, а другите се со поинакви. Неговите родители треба да знаат дека не треба да очекуваат се` исто од дветте снаи, ниту некогаш да даваат изјави која е подобра, која повеќе се покажува итн., зошто автоматски води кон расправии. Ако мислиш ти на свој начин, прави си по своето, остави ја идната јатрва нека си прави како сака по нејзиното. Имав другарка која имаше јатрва и нивниот живот се состоеше во тоа која повеќе ќе се докажи со спремање, готвење, месење....и наместо да се здружат јатрви, тие пекол си го направија животот и ден денес со очи не сакаат да се видат, ама мораат кога живеат под ист покрив.
Трендафилке и јас како девојкиве, терај си како до сега, според мене попаметно е. Јас со родителите на Петко на почеток од нашата дружба се трудев што поише на дистанца да бидам, иако одев често "здраво и чао" имавме само. Петко беше во многу депресивен и лош период тогаш, и нејќеше многу многу влечарење по кафичи и дискотеки, да сакаше да излегува многу поретко ќе одев т.е. доаѓав но тоа е, така се погоди. Меѓутоа седевме кај него во соба таму си ручавме, но после како стануваше нашата дружба поблиска, така и односите стануваа поблиски и потопли. Првин беше по некое кафенце, потоа ручек, па филмче, и тогаш веќе се веривме. И сега кога веќе живееме заедно дистанцираноста би била глумење лудило, но сега сме верени а тогаш во врска, сепак другачие е. Меѓутоа со тој бившиот врската по ова прашање и период потоа беа катастрофа. Инсистираше да ме влечка сегде со него, и ако стоев на моето дека не сакам, имаше караници и уценувања, префрлања и слични патетики. За слави и слични инвенти не доаѓаше у обзир да не одам, и тој а и неговите се љутеа и беа навредени. Одев кога морав, иако според мене беше доста често и не требаше да одам, ме ставаше во многу незгодни ситуации. Ме додаваа на фб и ако не ги прифатев или одбиев, одма прашања, одма муртење, префрлање и сл. Многу ме гушеше ваквиов однос, едноставно ужасно многу бев против ова, а морав тоа да го поминувам, дотичниот беше тој кој не ме сфаќаше и почитуваше, и тоа го бараше и очекуваше од мене, тоа беше нормално и мораше. И најверојатно го очекуваше истото и од мене, ама не го доби. Бидна што бидна раскинавме, за потоа мајка му и сите остали тетки, стрини почнаа да "тажат". Ме бомбардираа со пораки, ако негде ги сретнев ме давеа, смирете се, добро ви беше и сл. за мене глупи муабети. Му се јавив и кажав да им каже да престанат, зошто трпеливоста и толерантноста ми беа при крај. Меѓутоа си продолжија, момаков сакаше да се смириме па ваквото гњавење мислеше дека ќе ме натера да се смириме. Мораше да бидам груба па дури и вулгарна за да ги откачам, зошто неможев да глумам финоќа повеќе. Некои потоа ни муабет не ми правеа, други си продолжија, од корен ги исеков сите контакти за да се ослободам од тоа мрцварење. Поучена од ваквите срања и глупости, си останав на својот став, дека некој подалечен и поладнокрвен однос е многу подобар отколку секојдневни кафиња, ручеци, слатко... Ако бидне врската посериозна, тогаш ќе има време на претек за се, до тогаш од време на време посети, здраво, како сте и чао, се сосем доволни.
Трендафилке, јас да сум на твое место би продолжила да си бидам таа што сум.....ако ти е супер тој однос со неговите што го имате нема потреба да го менуваш. Јас лично не сум за дружба со родителите. Зошто да се дружиме , за да ме би ме запознаеле подобро, да видат што сорта и мустра сум, па да си имаат тема за муабет со комшиките и поблиските роднини.....ааа девојката на син ми, какво дете, браво, културно, воспитано....туф-туф.....или пак а бе еден намќор што е, не знае два реда муабет да ти каже (а од срам може и да си потонеш во земја како мене, да се здткаш, па и да плеснеш нешто што не те треба...) Никогаш не сум се зближувала со родителите на дечковците (сум се запознала со тие на бившиот и сегашниве), културно поздравување, два реда муабет-како сте, што правите и толку, сме се повлекувале во соба или веднаш сме излегувале. Се сеќавам еднаш бев поканета за Божиќ на гости кај сегашниов ми сопруг (тогаш ми беше дечко) и си седев цела вечер како гостинка, имаше и некои роднини на потенцијалната (сегашна) свеки и едно добацување од една така малку по зборлеста тетка на мм која ми рече-ајде снашке, стани покажи се (во смисла да ги послужам со чаши и пијалок ), јас само ја погледнав онака и и` реков-има време за покажување, сега за сега сум само гостинка и продолжив така се однесувам цела вечер. Откако ми кажа мм што зборнала тетка му за мене (прчла сум била и опасна ) избегнував секакви контакти (иако ме канеа на слави, имендени, свадби на братучетки, не одев никаде). Мислам која е целта на зближувањето со идната свеки и свекор, да ме запознаат, да се зближиме и после што, да бидеме пријателки, да пиеме кафе, да трачариме и како што викаш да раскажуваме за фризурата на Јасмин ....а што ако раскинеме, пак ќе бидеме тема на муабет-е што арно девојче си беше, ама син ми тој, тој е крив или пак фала Богу не се веќе заедно, чурук девојчиште Според мене дистанца, дистанца и само дистанца. Од моево лично искуство со свеки сметам дека дистанцата е најдобра. Јас се зближив колку-толку со неа после веридбата кога почнав да преспивам кај нив дома, и што научив -дека со мене е блиска само кога има некаков интерес, кога нешто треба да се излезе во пресрет, кога треба само да ме искористи ми глумеше добра свекрвица, а потоа пак си продолжуваше со вистинското лице....и до ден денес е така, т.е. беше, веќе не дозволувам да бидам манипулирана, си имам кажано дека контактите ни се сведени на минумим. Што се однесува пак до помошта која ни пружиле и неговите и моите, само ќе кажам дека се` што неговите помогнале (чување дете, правење ручек и сл.) било плеснато т.е јас тогаш и тогаш тоа направив сега ти треба вака да направиш (како Швајцарска крава-дава многу млеко, ама ако ја турне кофата ништо не останува). Значи фала ти на помошта, ама таа треба да биде направена од срце, затоа што Ви е кеиф и мило да помогнете, а не за да утре-задутре имате џокер за да го искористите. Се сеќавам еднаш од неговите побаравме малку поголема сума на пари (четвртокот побара за во петок да му позајмат) нешто хитно му требаа на мм за работа, со тоа што им рече дека договорот во банка ни истекува понеделнички и веднаш би им ги вратил.....а бе цело попладне се мислеа и го држеа во неизвесност дали да му позајмат, а никогаш-никогаш ниту еден скршен денар не побарал од нив. На крај (вечерта) отидовме кај моите и без збор ни позајмија, дури не ни прашаа за што ни требаат, уште не беше муабет целосно завршен, татко ми одма рече-ќе ви дадам. Само да им ја видевте фацата кога утредента мм им рече-фала, не треба, завршив работа. Тогаш ни станаа јасни многу работи. А за чувањето на детево веќе не им се ни обраќам, одма ја носам кај моите, секогаш и во секое време ја чуваат, а овие домашниве требаше два дена унапред да им кажам дека тој и тој ден имам работа, и најсмешното беше што свеки ми викаше-здравје има време до среда, дали ќе сум жива (пр. прашувам во понеделник) Не дека демек еве Ви даваме син, туку работата е тоа што се очекува синот по дифолт да биде зафатен и целата грижа да ја сноси снашката (околу домашните обврски), а за снашката баш многу многу и не им е гајле дали и треба помош околу нешто. Тоа е мое мислење засега стекнато од досегашново животно искуство. Затоа и си имам кажано дека немам ама баш никакви чувства за нив.....не ја сакам нивната помош и подршка затоа што истата потоа ќе биде злоупотребена. Едноставно тие не се луѓе на кои можеме да се потпреме, жал ми е што само касно го увидовме тоа. Греота е вака да пишувам и мислам, ама едноставно не им верувам, секогаш мислам дека има нешто заднинско во нивната помош....а за тоа самите си се виновни.
не би коментирала многу,но знам дека јас сигурно ќе имам многу проблеми...од тие причини што не можам и не сакам да живеам со друга жена и да ми се меша,не сме на иста фрекфенција,и многу други причини кои влијаеле... зборувам ако биде сегашната,ако не истото важи не живеам со друга жена-тоа влијае на брак во повеќето случаи...
Да не се повторувам со останатите,и јас мислам како повеќето дека треба дистанца барем додека не се верите ако даде господ.Јас одам многу ретко кај него,кога ке се неговите тука.Па можам да кажам дека денеска бев прв пат кај него а тие да седат тука па некој муабет да свртиме,а пота си заминавме кај него всоба.Зборувам за врска од двеипол години.Не би сакала ова да се повтори во блиска иднина. Мајкаму ни направи и ручек,па дури и поклон ми даде за Нова година.Верувајте поголем страм не су претпела.Не можев да се препирам со женава не сакам не сакам и мораше да го прифатам. Иначе и јас по природа не сум толку опуштена личност.Имам страм и ми е незгодно во такви ситуации.И секогаш ми е страв да не речам нешто што не треба,или пак да не не речам нешто.Многу сакам да ги одбегнувам таквите средби..Се извиниувам за оффтопик али морам да кажам дека тој со моиве се нема запознаено,а ни дојдено кога ке се тие дома.Ни јас сакам,ни моите да носам дечко дома,кога се уште не се знае дали јас и него ќе останиме заедно.Татко ми е многу против тоа.
Одењето по дома на кафе, ручеци и што ли јас знам за време на врска и јас не ги сакав многу. Додека бевме дечко и девојка имав се на се 3 пати отидено кај дечко ми (сега маж ми) од кои двата пати тој беше сам дома. Зборот ми е, лошо е што кога објавивме свршувачка јас бев тотален странец во куќата, никој со никого не се познаваше и мноогу тешко тргна заедничкиот живот. На почетокот имаше тешки глуми и лицемерие од нивна страна, а јас наивна и неискусна гледав се да им погодам. И нормално бев најдобра снаа. Но сега по 4 години неговите за мене имаат мислење дека сум препотентна, разгалена и дигната (незнам зошто, најверојатно зашто почнав да си ги барам своите права, а тие си беа навикнати да се командоси по дома),а маж ми неможе да ми се изначуди на силата која ја наоѓам да се справам со нив. Мноогу тешки луѓе се, побитно им е комшиите да се најадени и да се добро пречекани отколку синовите. Плус си ги делат синовите, едниот е оставен на милост и немилост а за другиот секогаш се тука. А девојката на братот на маж ми беше сосема обратна приказна од мојата. Таа киснеше кај нив по цели денови, кога се веривме ние дури и почна да преспива кај нас. Додека јас бев добрата и им терав по нивно, таа беше искористувачка, спонзоруша и уште незнам што. И тоа си го кажуваа на глас. Е, кога се опаметив јас и почнав да ја терам правдата, јас станав лоша а таа добра. Ама за белја се скараа девер ми и таа, па сега неможат да ја преболат. Колку е добро толку е и лошо одењето по дома кај партнерите. Најпаметно е изгледа да се тера според тоа како се развиваат настаните. Ако стане врската сериозна и почне да се спомнува темата бррак, неколку кафиња со идната свекрвица не би биле на одмет, чисто колку да видиш со што човек ке си имаш работа. Заради подобар старт
во право си дефинитивно нема ни еден заеднички содржател меѓу МАЈКА и свекрва ....ја го сватив тоа откако се омажив
Јас пак мислам свекрва ми ме сакат ! мојт и да не ме сакат ама сакала не сакала Јас сум и* нужно зло !