Епа и ти кажи и да не ти врти ниту на тебе. Мене не би ми представувало никаков проблем на свекрва да и речам да не ме замара, да не ми врти и да не ми кажува што да правам. Игнорирај ја, стави го на сајлент телефонот па и 100 пати нека ѕвони ако сака и нека пукне од нервоза. Цело време така прави и, кога-тогаш ќе прекине да замара ако види дека не ја фермаш.
Мајка му на дм така правеше, со јавувањето. Мене не ме нервираше колку него. На крај се објаснија, па веќе со години чека ние да се јавиме
А бе не знам што свекривишта ке беа Се е пробано. Жената едноставно е љубоморна и тоа е тоа. Ама пак е тој нејзин син бе мајке ми, мене ми е маж син не можи да ми биди Не сфаќа бе ах бе главоооо А бе дај да си отвориме една тема Што би и кажале на свеки па да си ги олесниме душите @macka91 Маци не сум веќе за во таа тема, гледај што ме има снајдено И ако дојдам соси неја ке ви дојдам и така и така
Тој привиден рај не те спасува од пеколот ако свекрва ти е како некој од погоре опишаните примери. Таква свекрва ќе има креативност да ти го расипе рајот на секаков можен начин. Ако пак не е меѓу живите свекрвата и од тие причини не живееш со неа во рајот си ти навистина.
Што ако не и е дома ене и на офспринг не и е дома ама бетер и е со таква свекрва. Финтата е и со и без свекрва е да е жената на место со умот и се што прави да ти е рај и со неа и без неа. Вака излегува му умре ѓупката што ме фалеше чекај сама да си се пофалам.
Син на мајка е една од улогите играни по сценариото на сценариописецот свекрвата-the Devil himself. Затоа најважно е свекрвата да си е на место,со умот па потоа со се останато (исто и за снаата важи,бидејќи разбирање и почит се на патот на двосмерна улица од место А-свекрва до место Б-снаа,а синко или маж е на средина,така да треба компромис да се најдат и 2те на пола пат до синко или маже).
Еве ви сценарио: Ако не ви е дома, ке се најави да дојде на гости. Може да не и отворите врата, ама ке се јави на синчето нејзино т.е. мажот ваш и ке ве накодоши. И сега шу праиме? Свекрвата сака да има контрола, вие се инаетите а мажот иако физички одделен од мајка си, сеуште е под нејзино влијание, па прашува зошто не сте ја примиле на кафе.
И да дојде ќе дојде саат, два, три. Па и цел ден нека е. А секој ден да ја гледаш и да ти се меша во сѐ и сешто??
А зошто место да пишувате на форум не и кажете што ви смета и да го решите проблемот ако сака да го реши а ако не сака ќе и кажете дека нема да ја толерирате повеќе и готово. Можеби не е толку едноставно ама ако нив не им е гајле за вашите чувства и вас нека не ви е гајле. Мислам дека подобро од отворени карти нема кога веќе живеете заедно мора да најдете начин да има почит од двете страни, а верувам дека со разговор се може да се реши.
Читни назад во различна земја знаат да бидат, па да ти се одмили се'. До карактерот е. Еве @Luna91 мислам дека живее со свекрва и', па немаат проблеми.
Имам читано. Сепак според мене никогаш не може да биде ист живот со свекор и свекрва во иста куќа и живот настрана.
И јас верувам ако станува збор за разбрана жена што си е наместо со умот. А дека со разговор ќе решиш проблеми со не разбрана жена од збор повеќе не верувам,голема сум веќе да верувам во бајки. Реалноста е сурова ама е таква каква што е. Според мене подалеку од очи подалеку од срце и не земање се при срце со свекрва и најарна на свет дури да е.
Ќути поплукај . Немам апсолутно никаков проблем со жената. Голема поддршка ми е за се во животот. Преосетлива и со огромно разбирање кон нас како млади. @Skorpija25 секако во право си. Јас немам свекор, ама имав прилика да го запознаам и тој беше душа од човек. Имам пишано низ темиве дека правиме спрат со мм, па со Господ напред ќе живееме одвоено и секој ќе си има целосна приватност. Вака се прават компромиси од двете страни...
И јас вака читајки ве се чудам па после сваќам дека всушност секој носи различен карактер и тоа е тоа против нешто што не можеш. Јас на пример и кажувам се на свекрвата, значи буквално се од а до ш и што ми смета и што не ми смета и зошто сум среќна и како а зошто сум несреќна, кажувам и интимни работи и шали и смеа броиме и редиме гаки, се заебаваме и околу гаки и се по ред и не се притисњавам. И да ѕвонела некогаш 10 пати пример ќе се јавам и ќе и кажам фино и културно дека така и така не ми е во ред итн итн во буквална смисла на збор имам со жената секаков муабет а најбитно и многу зафраканции небитно на чива сметка. Сум живеела со нејзе во 1 соба и пак не сме се скарале од причина што си шлапавме се во лице и лошо и арно и пак ќе се смиревме и решеме што имаме да речеме. Значи поентата е таа. Не со секаков карактер можеш да градиш ваков однос, друга работа не секоја снаа е отворена, трета работа не секоја свекрва е позитивна и се обидува да разбере некои работи итн.. Секој засебен си е, ама искрено овде сум се изначитала свашта па дури и на свекрва ми сум и читала делови од темава и не сум верувала какви се жени постојат ете додека не прочитав овде.