Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.126

    Значи како да се читам самата себе, и јас имам таков однос уште на почетокот и до ден денес и за се разговараме отворено што ми смета и кажувам и таа ми кажува и така се решава проблемот уште пред да започне.
    Мора да се најде баланс од двете страни и да се сфати дела секој човек има различен карактер.
    Ама најважно од се е да се има почит од двете страни.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.998
    Допаѓања:
    276.433
    Плукам, чукам во дрво... :)
    Тоа ми беше муабетот. Заедницата си бара компромиси, ако било кој само за себе и свој ќеиф гледа, нема шанса за нормален живот.
    Но, ај да не копам наназад по членките, колку има што сами живеат, на различна адреса, па свекрвите им имаат клуч и како дома си се осеќаат :)

    Значи, разбрани луѓе и во 50м2 ќе издржат без колење, неразбрани во 2 куќи од 300м2 ќе си останат неразбрани.

    Инаку и јас со мајката на дм имам скроз отворен муабет, кога нешто не ми чини најотворено и' кажувам. Имало работи што ми пречеле, има начин и има тон тоа да се каже, барем до сега никогаш не сум наишла на инает или неразбирање од нејзина страна.
    Еве прост пример од скоро.

    Јас и дм на големо сме ангажирани со куќава, документи, бирократии, фирми... итн.
    Во една прилика изрази желба да дошле со дм "на збор" кај моите. Дм и рече прв дека такво нешто нема да се случи, ама не и' објасни, па мислеше дека за инает и' зборува. Јас и' објаснив дека јас и дм сме договорени никакви зборови ни веридби да не правиме, туку кога ќе ни биде куќата, о том потом, ќе ги поканиме двете семејства на "званично" вселување и тоа ќе им биде и збор и се' што мислат дека треба да им биде. И дека ние не сакаме да дојдат со дм кај моите и да "ме бараат".

    И тука заврши приказната. Ни што, ни како, ни зошто. Прво, сама знае дека секој има право на свои одлуки, па и да не и чини, мора да ги почитува. Исто како што и мене некои нејзини избори може не ми се нај по ќеиф, но бидејќи не се однесуваат на мене, мое е да ги почитувам.

    Ако ваков ни остане односот, со взаемна почит, не верувам дека би имале посериозен проблем.

    Па посебно не од типот "многу ми ѕвони". Тоа не се проблеми. Стануваат проблеми ако нема разбирачка од партнерот, и маме му е центар на светот.
     
    Последна измена: 7 јануари 2018
    На ivi1987, Mari-Ja, fina erika и 6 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    222.219
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило :)
    За таков однос треба и свеки да е културна коректна и компомисна пред се разбрана а и снаата пред се исто така.
    Јас и да кажам нешто многу пати се смеам па го вртам се смеам се шалам итн.. па се насмееме нели доаѓа до шала и смеа наместо до нервоза и солзи.

    Се сетив на една случка од пред 2 години. Јас и свеки пред нова година сами двете и она ми вели абе имаш црвени гаќи за дочекот дека така слушнала викам немам вика дали да одам да купам или да ги измастиме со нешто е значи ко реков да се смеам викам царица си а она имала купила да има за секој случај и така муабетот падна за гаќи со солзи до смеа и зафрканции на наша сметка.
    Ова дека муабетот со гаќите на темава што беше..
    :)
     
    На Mari-Ja, stetoskop, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  4. SexyGirl2

    SexyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2017
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Имаш среќа :D Ти се погодила. Мојата нит се водит, нит се терат. Мислам дека и да и кажам нешто отворено, ќе ми се испонаша и ќе треба да се скараме. Скроз различни поими сме. Таа и спрема мм не е како што треба. Чудно ми е мајка место да си ги фали децата, ги куде пред други. Само внуките (децата на јатрвата) и се главна окупација и гордост, другите ништо не и вредат. Мерак ми е вака кога ќе видам дека некој има толку другарки однос со свекрвата. Од секогаш сакав да имам таква свекрва, што ќе ми биде другарка, да одам и на кафе со неа и по бутици, ама мојата се погоди доста конзервативна и дива. Гледам да избегнувам конфликти со неа. Разговараме на дистанца. Доколку некогаш ме испровоцира, нема да останам должна секако :) Не сум некоја што дозволува да ја газат. Ако пишувам тука за свекрвата и јатрвата....треба да пишувам до утре. Доста е толку. Поздрав драга и биди среќна, не баш секој ја има таа среќа да и се погоди свекрвата.
     
    На tina-63, Luna91, Meckicja и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.843
    Допаѓања:
    110.028
    Пол:
    Женски
    Јас се трудев на почеток да разговарам за се со свекрва ми ама кога ке и кажев отворено што ми смета и дека некои работи што ги прави не се во ред таа за инат правеше повеќе.
    Ни правеше долгови кои мм мораше да ги плаќа сметки зошто беа на име на мм.Мува не ја лазеше кога и кажувавме дека ни требаат пари за да се лечиме од неплодност.Вртеше по роднини на моб од фиксен иако имаше моб и правеше големи сметки ќе го пуштеше термото да дува и врата или прозор ќе отвореше додека јас во спална се смрзнував и плаќавме со мм енормно високи сметки таа си тераше инает.Ако нешто не и беше по ќејф одеше да се фрла од балкон сум пишувала за ова на оваа тема.Мм се обидуваше на секаков можен начин да разговара со неа ѓабе посебично створење не сум видела.Манипулативна болна особа која и јас не знам како и успева секогаш да е по нејзино.Му се закануваше на мм дека ќе направи она тоа набројуваше глупости ако сме се иселиле дека и во пеколот да сме оделе таа таму ќе дошла.Така што да скратам ќе речам блазе си им на оние што имаат свекрви со ум нема ништо полошо од тоа родителот да ти е најголем непријател и да не знаеш што со него.Кај што немав среќа за бебе па морав да сум толкав баксус и психопад свекрва да имам.
     
    На Mari-Ja, azelea, fina erika и 2 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.998
    Допаѓања:
    276.433
    А чаре за на страна, било какво? Кај твоите?
    Жал ми е многу, на цела несреќа уште ваква некоја дебилна да оправаш.
     
    На Luna91, Glasna и Milobebence им се допаѓа ова.
  7. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.843
    Допаѓања:
    110.028
    Пол:
    Женски
    Имаме да дуру и спрат правевме бидејќи сакаме да посвоиме дете.Ама сега свекрвами е во кревет неподвижна па уште седиме тука .
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.998
    Допаѓања:
    276.433
    Од кај ти е силата :x немам зборови.
    Ама... мисли си на тоа бебушкото што ќе си го посвоите. Сигурна сум дека ќе успеете. Само така вакво нешто се преживува.
    Се` сфаќам, ама до толку бре да не ти е жал за свое, ете не сфаќам.
     
    На Mari-Ja, cresa-jagoda и Milobebence им се допаѓа ова.
  9. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    31.352
    Пол:
    Женски
    Читајќи по темава се ужаснувам какви се психопатки свекрви постојат. Како не се фрлила навистина, ќе ве спасела можеби. :devil: Секој нормален човек на дете гледа да помогне а не како оваа да прави непотребни штети. Ама пак ќе речам, мажите се највиновни. Се додека мајките ги ставаат пред жените а некои дури и пред сопствените деца, секогаш ќе има проблеми во бракот. Некои луѓе не се разбираат од разговор и збор, подрастични мерки треба да се применат врз таквите. Од демонов требало на километри подалеку да избегате и да ја оставите сама а не да вложувате и спрат да правите во иста куќа.
     
    На Gosh, Mari-Ja, stetoskop и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.843
    Допаѓања:
    110.028
    Пол:
    Женски
    Не спрат правевме кај моите.Моите имаат куќа овде сме во стан.
     
    На Mari-Ja, cresa-jagoda, Zaljubena26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.123
    Пол:
    Женски
    @Rose96 @vitamina јас на почетоков кога пишував у темава напишав да си кажуваат се директно и да си плескаат во лице ако толку им смета и со отворени карти да разговараат, ме нападнаа да не сум се филмала, ќе ме избркала свекрвата бла бла. Врти сучи пак дое на мое.
    Тие толку трпат од почит кон постар ама тоа не е добро, ако не покажеш заби за неа си слабак.
     
    На stetoskop, zalosna, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.998
    Допаѓања:
    276.433
    Ако ме избрка свекрвата, а мажот остане, свекрвата е во право.
    Не сум за тоа семејство.
     
    На Justicija, Gosh, ivi1987 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.063
    Допаѓања:
    69.329
    Истово! :rofl:
    Мојата на почетокот сакаше да покаже карактер, ама ја не сум тип што ќе промолчи, па после некој месец најдовме заеднички јазик. Битно таа знае дека не смее да се рчка и да тресе зелени кога сум во пмс, ќе си го добие. :makeup:
     
    На Mari-Ja, Luna91, Rose96 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.591
    Допаѓања:
    23.577
    Пол:
    Женски
    Оооо и јас порано можев се да зборам. И стварно немав проблеми. И јас и кажував какви све свекрви има и заедно се чудевме, заедно ги окривувавме оние кои трпат.
    Ама се се смени. Не можам да сфатам, од таков однос на што спаднавме.
    Убаво викаат, никогаш не вели никогаш.
    И искрено, веќе не верувам во добар однос. Мајка те нервира не па сверква.
     
    На Mari-Ja, ZAHRA, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Дали ова ми личи на љубомора...хм:^);)
    Не живеам со неа, не ми се меша во ништо, не сме ниту замерени ниту искарани, единствено прашува за внучето дали е добро...каква и да е во друг град е, јас спијам со син и, без неа во близина, ох и да , да повторам-каков рај е!! :P
     
    На Skorpija25 и Цвет88 им се допаѓа ова.
  16. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Па така е рај,штом велиш така;) па со право да имам на што да ти љубоморам.
    Еј и за љубомора ли ќе го растураме рајов на темава...хм:^):P.
    На мајка ми се клањам ко на икона со свекрвами рај ми е оној миг кога таа ќе замине таму ако заслужила:D.
    Само те подржувам за никогаш не вели никогаш:rofl:.
    Така да рај не вели никогаш дека е рај.
    Да не испадне на крај ми нисмо анџели:angel:.
     
    На Adeline и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    222.219
    Пол:
    Женски
    Не велиме дека никогаш нема да речеме никогаш. Скраја да е..
    Ама јас доволно си ја знам жената и нејзиниот карактер. Некој ќе рече не сте заедно, не сме точно ама бевме 2 години и сега пак ќе бидеме. На мене не ми е проблем. Оти јас и таа сме другарки, добри другарки. Знаеме да седнеме да тераса со кафе и да муабетиме со саати, да се смееме..
    Ниту јас очекувам кој знае што од свекрвами, знам колку и се можностите ама битна е желбата и мислата..
    Тоа е.
     
    На Macito007, Annath, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.998
    Допаѓања:
    276.433
    И прифаќање дека не сте (сме) исти, и не може да биде совршена, пошто не сме ни ние.

    Значи има луѓе кои можат да ти загорчат животот, ама па и "многу ѕвони", "многу зачини става во манџа", "наопачки пружа алишта"... извинете вака, ама не се проблеми.
    Ни мајките не ни се совршени, па некако ваквите работи им ги простуваме. Ама за свекрва, гревот е неопростлив.

    Малку разбирање дека се тие жени бар 20 години и кусур постари, дека си имаат свои навики, не е на одмет. За помалку нервози :)
     
    На ivi1987, Annath, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.123
    Пол:
    Женски
    ^ Епа тоа е проблемот што се очекува злато од свекрвата а потоа следи разочарувањето. На пример кај Офспринг е тоа што таа вели "мене не ми даде ништо, а за друг даде". Колку и да вика и не мора, сепак длабоко во неа и е криво и ја мачи.
    Затоа што мајка колку ќе даде за свое дете, толку ни свекрва нема.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.998
    Допаѓања:
    276.433
    Добро, Офспринг друго ја нанервира, а и со право е тоа. Не е подарокот, туку бесрамноста.
    И она не направи драма. Прекина контакт. И јас би исто.

    Сепак, на мажот на Офи, таа му е мајка. Него пред се' треба да го почитува.

    Ама лесно е да прекинеш контакт кога си самостоен.