Не ни посочив дека не е, ова е за кнедлата во грло што ја држи. И ја би прекинала контакт со таква личност. Се согласувам дека мајка за син треба да даде,тоа е некоја мистерија што мајките сметаат дека синот треба вечно да ги слуша и издржува. Вечна мистерија е. Затоа и велам да не се очекува многу кога се оди во туѓа куќа, за да немате кнедли во грло. А боли за друг да даде, а за тебе и мене да нема без некоја посебна причина.
Јас на пример ич ништо не чекам и очекувам од свеки. Нит ланци нит кредити нит станови. Сакам и сама си печалам да си купам.
@buba4e89 муабетов нема врска со очекувањата. Зборуваме дека некои немаат осет со нивното присуство насекаде околу младите, замарање на телефон безброј пати на ден, изигравање приколица и сл. Тука битен е осетот кој го немаат, а не дали и колку дале/не дале.
Само едно не ми е јасно ,зошто свекрвите ги именуваат со "свеки", а одржуваат нормални односи, барем според пишувањето тука? Ај другиве што се зајадени разбирам...... Мене многу грдо ми звучи, како "кроки" на пример, тешко е да се рече "свекрвата"?
Мајка му на дм за себе вика "свекрвиштето" а нас не' вика "снаиштата" кога меѓу себе збориме. Заебанција е. Јас на пример по надимак и' се обраќам
Јас на мајка ми и се обраќам со надимак, а ја сакам најмногу на свет. На луѓево едноставно се им смета.
Не дека ми смета, кој како милува така нека се обраќа , само прашав , не ја знаев шемата со "свеки", ете сега ја дознав . Некако со кроки иста звучност ми има, можеби затоа не ми звучи убаво Инаку јас на никој не се обраќам со надимак, посебно на мајка ми.
Надимак кога реков мислев на нагалена кратенка од нејзиното име. Ако ти не се обраќаш така или нешто не правиш, не значи оти тоа е погрешно. Секој си знае каков однос има со своите блиски.
Еми , не значи дека тоа што ти го правиш е правилно . @vitamina ја имаш слушнато анегдотата со кроки? на тоа мислев
Абе колку сака нека е ок и најдобра али на мене кога ќе ми текне на нејзините испади мислам црнила пред очи гледам. Еднаш кога ќе се остави белег не се брише.
Јас моите нагалено ги викам од името нивно, исто и свеки. Па децава од другаркиве ги обожавам па ги викам ќофте, ќумбе, гомце, гмечко, глувче, смотле.... од милост е тоа До сега никој не ми се налутил, шознам. ..... ич да не кажувам на дм како му се обраќам, ќе испадне дека го нејќам
Јас пак на повозрасни не се обраќам со надимак/некој збор од милост, шо знам , некако не ми звучи убаво,а на другарки, маж ми и.тн да не почнам да пишувам Сестра ми ја викам Рајне . (не се вика така инаку)
Па зависи кои повозрасни. Комшиките и подалечните роднини сигурно не ги викам по надимак. Баба ми освен бабо ја викаме и Кики, што нема врска со нејзиното име, ама ете така децата нејзини ја завикале, па и ние внуците.
Е така, се сложувам. И тогаш е џабе што дала и колку дала. Како кравата ќе даде млеко па ќе клоцне кофата. Ако навистина си го сакаш детето, нема да броиш на прсти колку си потрошила. На крај краева правиш за синот не за мене. Не битно. Криво ми е што сами си прават рчки кај што ги нема. Порано верував дека мажите се виновни за лошиот однос меѓу снаа и свекрва. А сега гледам дека не било така. Ама, има некои што намерно прават за да те здоболи. Има себични. Има што мислат дека како нив никој не е. Ете си научив. Ако ми е. Предобра бев. И пак сум добра. Лута сум уште. Многу. Ама морам да кријам, да се преправам само ради мм. Ќе истрпам, ќе биде подобро.
Па во твојот случај, сопругот те поддржа. Ама да не беше така, еве читај наназад, маме е светиња а жената небитна, и те како се криви.
Затоа и викам трпам некои работи ради него. Убаво прават мажите, мамичка си ја гледаат. Дали ние жените така би се понашале за мајките.
Не прават убаво. Секој што стапил во брак треба да е свесен кој му е примарно семејство. Та жена, та маж. Ако не може да се оддели од фустанот на маме, ич нека не создава свое семејство.