Добро бе, што се случува со нас жените? Мајки сме, сакаме најдобро за своите деца, ама кога ќе дојде време да станеме свекрва што се случува? Толку ли една жена може да биде непријател на СВОЕТО дете? И ние малдиве сега претеруваме, не велам не, ама овие случаи што ги читам по форумов, едноставно како хорор филм ми изгледаат. Барем почит да се има една спрема друга, не треба повеќе. Има моменти кога ич не ја можам свекрва ми, ама исто толку моменти има и кога она не ме може мене. Ама никогаш до сега, еве девет години, во заедница, не сме се закарале. Сме прошле низ сито и решето, секакви проблеми, од финансиски, до болести. Пу, пу, пу да не се урочам. Мора да се има толеранција.
Јас лично сметам дека советувалиштата за трудници се многу добри за посетување. Посебно за прворотките може многу да се научи и во иднина ќе знаеш да не слушаш бабини деветини. Познавам неколку трудници што одат и што родиле и само велат дека од петто колено им кажувале што да прават и кај да го носат бебето уште со ненавршени 40 дена. Живи глупости, јас кога би била мајка би посетувала такво советувалиште.
Јас па еве не очекувам свекрва да ми чува дете, а јас да си шетам. А има такви што само тупни го детето и на шетање. Мајка ми и свеки ја причувуваат ќерка ми кога треба да завршам нешто итно, и тоа ми е на трчање.
Исто и јас. Не дека неам доверба во мајка ми, ама знам со кого си имам работа. После ќе биде ете мајка ти повише ја чува, како што и испадна. Вака шетам со детето, причувуваат дур испазарам сд средам. Здравје дете во градинка ја нa работа. А еден син има. Едно дете, едно внуче, башка прво. Стварно ми напраи тешка ситуација, мајка ми да се секира и да прашува дали смее у раце дете да зима, а таа на сите им ја граба. Сите и сметаат и сите само неа ја критикуваат и и го бранат детето, а највеќе она ја држи и на никој не ја дава, да ја земам смеам само ако цица, ако некој се јави ево детево го чувам, ко детево да нема мајка. Дете вришти таа ја трга од мене. Сега откако си отидов конечно се поврзавме со бебо, конечно спие преку ден. Многу е лошо, кога некој само себе си се жали, фали итн. Само неа и е тешко свекрва имала. Само она на работа одела, само она готви и чисти ко другите жени на светот слугинки да имаат. Да не ме разберете погрешно, ни мајка ми не е цвеќе за мирисање и си има свој табиет. Ама бар не навредува кого стигне.
Јатрва ми една недела од ко се породи и го тупна детето на свеки. Да го научела уште од бебе да седи со баба, за да можела таа да излезе слободно, или да оди на работа (тогаш беше невработена). И еве ден денес детето повеќе со баба му сака да седи, плаче по неа, а мајка му цел ден да ја нема не ќе ја побара. Јас искрено, не би сакала така. Не знам како ќе биде ко ќе се породам, ама од свеки помош само за ручек и за капење на бебе на почетокот (ако ми е страв сама). Сѐ друго околу бебето сакам сама и со мм да си извршувам. Од свеки доволно ќе биде помош само околу куќни обврски.
Абе жени не може човек да ве разбере. Еднаш се жалите дека свекрвите не ви помагаат, па велите не сакате помош. Јас сакам помош и не ја одбивам. Фала богу и добивам доволно, бар засега. Здравје и за бебе. И од мајка ми и од свеки.
Ни јас не одбивам ич, ама за тоа што навистина ми треба помош, ако помогне ок, ако не може здравје.. а не тоа на нив што им одговара (и мајка и свекрва) па после се лутат не сум сакала/давала. Пример 1: не ми треба да ми испеглате кошули, дај помогнете ми со прозори бришење.. од октомври доаѓаат да правиме генералка да ми помогнат... хахахаха... Пример 2: ручек си јадеме долу со старите, да не сум се мачела многу, и ми одговара, фала многу
Какво доење, со мм почнала демек да дои (ова како курс по кинески, ќе почнам па ако ми се свиѓа ќе продолжам) и после два три дена вришти она од разранети брадавици, дете вришти гладно, мастит и тука завршува приказната. Со ќерка и на пораѓај апчиња побарала и никогаш не ни пробала да ја дои. Помош на секоја од нас е добродојдена! Ама не дете од раце да ми тегнеш пошто си ти постара и подобро знаеш. Дојди помогни со чистење и правење ручек, дете фала Богу и мајка и татко покрај има. Има и жени што не знаат да чуваат деца, тетка моја подалечна, внуката ја чуваше грижејќи се само да не плаче по мајка и. Дали е јадена или не, тотално не битно, ден два ќе истераа некако. Ја носеше кај нас и и викаше на мајка ми, маре цело време прашува за нејзе и реков епа мора да ја донесам еднаш. И така цел ден ќе си заседнеше, малата изиграна, помолена од мајка ми да касне и ке си отидеа кога ќе дојдеше време за спиење. Обавезно до 8 мораше да заспие, за да не пропушти турска серија да гледа! Налет и од такво чување. Едит: @forumce кога бев таму, малиот спиеше и они запнаа на кафе да одиме. Реков ок блиску е ако стане и сплаче ќе дојдам одма (непозната средина, луѓе итн). Само што седнавме ете ја свеки ѕвони дека станал и не може да го презаспие сакал да цица. Јас станав и правец дома. Тогаш прв пат рече ауууу ја вака не би издржала.
Од дека знае дали за цицање плачело детето? Или така кажа само да се извади? За нова год втората вечер бевме кај другарите овде блиску се, ја оставив малата нацицана, ама почнала да кенка. Баба и и дедо и се обиделе да ја занимаваат, да ја играт, свекрвата кажа не сакав да ви ѕвонам одма, да не досадувам. Исто и вчера кога ја оставивме спиеше, па кога станала плачела и почнале да ја занимаваат, по кратко пак ја успале. И повторно се разбудила и била гладна, и веднаш ни се јавија да се вратиме. Сакам да кажам еве за мојата свекрва само ако ептен е дојдено нож до коска ќе се јаве да ни каже да си дојдеме. Онака нема проблем и да ја оставеме, ќе ја занимава, игра, може и да ја успие. Си ја сака внуката, сака да ја чува. Не е тип на жена што ќе измислува проблеми за да не ја чува.
Тука зависи и каков тип на човек е личноста што ја чува.На пример свекрва ми е паничар,исто како и мајка ми кога малото ќе почнеше да заоѓа вриштеа по мене како улави трчаа низ стан викајќи наместо да му дувнат да се поврати.Еднаш двапати трипати сфативме дека нема соодветно да се снајдат во ситуација па решивме да си го чуваме ние да не излегуваме дури не порасне.Кај нас дедовците се покажаа поефикасни и постабилни од бабите.И бабите страшно попуштаат и ги прават лигави децава буквално се им дозволуваат што мене ме нервира ептен.Сакам да кажам ете тогаш и да сакала да ми го чува свекрвата џабе кога така ми реагира.А да не зборувам на секое плачење беше ист муабет немаш млеко трчи во аптека по адаптирано.И нормално будала два пати отидов купив дадов гледам дете пак си плаче и решив колку и да ми врши притисок да не потпаѓам.И еве здрави прави цицаме сеуште 1,6 месеци тоа дека немав млеко и дека било слабо.
Navecer bese, go zaspav nakaj 8 ipol - 9 i okolu 10h se razbudil videl nepoznato, se rasonil i ne mozela da go prezaspie oti bez cicka no way i den denes da zaspie. Go poniskala rece ama pocnal na placka da ja tera. Se toa vo 15 min max haha. Toj period mozese da se desi na pladne vo kolicka vozejki da go zaspijam, sega ni toa. Dodeka ne dojdeme doma da se zaspieme nema spienje nadvor. Pocnuva da kenka, da vika i zatoa doma si sedime
Па добро не се сите бебиња исти. Некои не бираат место и време за спиење кога им се спие, а некои па не можат било каде да спијат. Кај нас луѓето е така, а не па кај нив. Ќерка ми знае да заспие и кога шетаме со количка, кога се воземе во кола, а денес и во кафана спиеше во моите раце пола саат. Кај ја оставеш таму заспие, исто како татко и. А јас не можам така.
Мене не ми се јавува ни бара ниту кога зајдува дете. Плаче таа го тресе ќе се смири, нит пелена да се провери нит нишо. Само да не ми ја даде.
Не и ја давај. Со кое право го зема бебето од мајката. Да ми плаче бебе, да ми зајдува а таа да не сака да ми го даде, нема теоретски шанси. Баш преска спомнаа за ова свекор ми и свекрвата. Велат кога плаче малата, само тупкаме во место чекаме да се смири, не сме ни да се качеме, ни да не се качеме. Нормално загрижени се, ама не се случило од раце да ми ја земаат. Бебето си има мајка која треба да го смире.
Potpisuvam! A za razlicni deka se, mnogu normalno. Zatoa i pravam kako sto e najdobro za nego, odnosno kako sto mu e ubavo. Izleguvame saat vreme i rikverc koga treba da spie. I da se sluci da go zaspijam nadvor 20 min mu e dremkata i posle cel den e nikakov.
Ти женче оваа не треба у очи да ја погледнеш не пак да се враќаш и муабет да и правиш. Немој, немој повторно да дозволиш да ти го зема бебето од раце. Немој. Еднаш си мајка, еден е животот гледај максимално да си го искористиш секој момент со него во среќа и спокој а од таа подалеку. Што подалеку да бегаш. Не дозволувај да ти грабаат бебе од раце, да сум јас у самиот ист момент би излегла од таму и засекогаш би пресекла се. Се пренервирав читајки те.
Кога се породив јас се случуваше нешто слично на ова-грабање.Детето плачеше страшно плачење со заоѓање.И се тоа беше само од грчеви.Кога ќе го земеше свекрва ми ќе го фатеше некако и се смируваше не секогаш ама знаеше да и успее.Шеташе по дома со него како она да го родила.Јас тазе породена шиена до бесвест неможев ни да седнам бев ужас.На цела таа мака бебето во мене плачеше,премногу.Од оваа гледна точка тоа во сите си плачело него мене ми изгледаше дека во мене највеќе.Ме удри постпородилната во глава.Секој ден си плачев во соба кога требаше највеќе да уживам.Му викав на мм бебево мисли дека она му е мајка мене не ме сака.И место она да ми помогне она ми се смееше како да се ситеше.А јас глупа преќутував за се.Милион сцени од немаш млеко купи му АД детево е урочено дајте да му барам,сечење горење коса од сите нас,горење шкорчиња и што уште не.Ама се сменија нештата она тргна на работа.Во почетокот ми беше страв да сум во иста просторија сама со детето одвај чекав она да си дојде.И еден ден ми пукна филмот си земав сама си го бањав,му купив капки за грчеви полека се среди се.Ќутеше само на града кога беше ама издржав седев така и по 20 саати само да и докажам дека не сум неспособна.И еднаш и реков место да ми се смееш земи покажи ми како го држиш за да му смириш грчеви,јас сум му мајка.Кога слушна дека сама си го избањав дури криво и падна.Не живееме заедно после три месеци од пораѓај.Со овој памет сама би си го чувала од прв ден.Памет за второто.И не не пропуштајте,мајката е најдоброто што може да му се случи на детето барем во првите три месеци.Колку и да е тешко вие ќе му го фатите редот и ќе ви биде поубаво.Да слушав сега немаше да дојам ќе давав АД а имам свое млеко.Детето дури беше на пет месеци во тежина за десет.И секако имав најголема поддршка од мм за се,он да не беше јас ќе се шекнев.Кога ќе дојдеше некој од раце не го испушташе моите го немаа фатено.Ама се се врти се се менува сега татко ми му е омилен,од мене не се двои а во свекрва ми ретко кога оди.
Заради тоа и пукна тиквата и си заминав. Вратени од кај мајка ми да китиме елка. Таа чува дете дете плаче. Мм ја зима за да ја смири. Дете не се смирува зошто била какана. Пак ја даваме, пак вришти и си ја зимаме велејки не смее да плаче, таа на тоа ќе се смири оставете ми ја идете китетр си вие па ич не ја оставате да поплаче(сме и ја бранеле, така се осеќала), мм сепак и ја зема и она искомемтира " да видам да видам на друг дали вака му ја зимате, мм вика на сите и му вика не верувам. Тоа беше таа вечер и си заминав сабајлето, пошто знам за кого е речено, а и речено е намерно за да ме здоболи. Предјодно имало 3-4 ситуациии од кои една кога мајка ми требаше да ја спушти у релаксатор, таа дај јас и и ја зема. Друга мајка ми доаѓа и вика не сум си ја видела таа и јас денес не сум ја видела само пола саат. Кога имаше жолтица идеше против као не нема. Не сме знаеле ние ( мајка ми исчувала 4-5 деца и тазе мајка што поминала низ исто). На мајка ми и рекла трошиш пари па се жалиш немаш, ти имаш повеќе од нас(таа е у пензија а мајка ми плус работи). А мајка ми и рекла за дете не гледам и не ни водам сметка колкк трошам. А таа е јас точно знам се што сум потрошила. Кога има гости, кој и да ка земе таа ајде.сега дај ми ја, демек ти да мезнеш. На дедо и му вика деде ја сакаш. Ќе му ја даде и на првиот звук му ја зима демек плаче. И уште куп ситуации. И ова да продолжев да го трпам ќе оболев нервно. Мореее ако сака и маж нек ме остаи око не ми трепнува. Ич не можам тоа да трпам. Едит: на почеток, ја оставивме да ја чува нацицана стокмена. Ние легнавѓе со мм, станав бебе плаче. И вика незз што и стана знеш она мирна си беше сега последниве 15/мин плаче, до сега супер беше. Ееј 15 мин дете плачело она не ме викнала. И после ја лоша?? Ја треба комшромис??? А не фала. Многу сум револтирана многу.
И мојава,јас уште ни бремена не сум,таа планира како детето ќе го чува,бања,шета и сл. Нека си збори,тоа ми е нова тактика,не и одговарам ништо,ама кога ќе дојде време ќе и кажам дека нејзината улога е да биде баба и ако ми треба помош ќе и кажам. Мислам жената не е злонамерна,повеќе е напорна и нападна. Еднаш речи и Не,уште стопати истото ќе те праша. Ама за разлика од почетокот сега виде колку ич не ја рецкам,па си се повлече. Таквите луѓе те разбираат само ако им се обратиш на нивен јазик.