Цветче тебе само што ќе помислиш на свекрвата ти се накрева се, па не да ја видиш со детето. Дали сопругот е свесен за се што се случува ?
Она родила три сина и знаела како треба. Она живее во едно село во друг град и таму адетот е мајката да не оди на крштевка. Бабата по татко била главна. Така си е за таму. Овде нема така. Јас сум мајка и ако на неа не и е нешто по мерак, нека седи дома. Така му реков на маж ми.
Па ако де, она ете редот (адетот ) го истерала. ТИ не си од тоа подрачје и готово. Речи и јас моите адети ги правам од мојот крај. Дриблај ја малце со убав збор. Демек ти сакаш да и исполниш желба, ама тоа е. јбг. не си од таму....
И кажав убаво и сфати дека со мене не може да прави што сака. Затоа за крштевката на помалиот син си ја држеше устата затворена.
Немам зборови. Јас одма ќе и ја покажев вратата при таквата изјава и може слободно да заборави дека има внуци, па да види тогаш кој е главен. Имам едно мото, кое многу го користам во последно време - со стока на сточен јазик можеш да се разбереш. Докажано точно.
Намерно го болдирав тоа. Тоа успеа кај мене. И сега сум раат. А госпоѓата е навредена. Баш ми е гајле. Не сум должна да го трпам нејзиниот безобразлук.
Обично додека младите се во врска, свекрвите си ги држат муцките затворени. После тоа им изникнуваат роговите, веројатно од мака и страв дека нема повеќе да бидат први виолини.
Овде зборувате за екстремно понашање. Зборот ми беше за нормално однесување. Што дека ќе го придрже ако дошла да помогне? Па и тоа е помош, јас ќе пофатам нешто по дома. Или да го прошета , бања, нахрани. Вас не ве оставале вашите за викенд кај бабите? Мене да , и од тие викенди ги имам најубавите спомени. Не зборувам за тегнење од раце или да ми наредува што да правам. Ама се е до луѓето и карактерот. И од двете страни.
Не ми пречи да го држи во раце, да си поигра, да го избања. Ама, да не коментира дека не ме бива само затоа што сум млада. А она уште помлада родила. Многу терсене жена. Додека да се породам со поголемиот беше ок. Многу беше фина. После се смени.
Баба ми и дедо ми ич не ја сакале мајка ми и до денес е така. Ама нас тие не исчуваа, шетаа не, водеа не во градинка, во школо, додека мама и тато беа на работа. Воопшто не се однесуваа лошо со нас, нормално ако бевме лоши дедо ќе не шлапнеше по газот, а баба ми не. Таа дури и не бранеше. Прости луѓе се, во смисла неучени, ама лошо не видовме од нив додека не чуваа. Тоа што на мама и го правеле е друго.
Имаше една случка. Си дојдовме со новороденчето дома (зборам за големата) и двете баби се нацртаа како што бил редот, они ќе го бањале бебето. Ок, јас со царски рез, имав проблем со раната и ајде бујрум, бањајте го, плус атерот голем, така бил редот. Свекрва ми го зема кориото, го наполни, мајка ми ја провери водата, и почна ритуалот. Само што го ставија бебето, кога рече вришти, се откорна. Муабетот беше, бебето несака да се бања. Ок, ајде им поверував, сепак двете по две деца израснале. Нареден ден пак се нацртаа да го бањаат. Иста постапка, ама овојпат мајка ми ми вика: Ај стани да ја провериш водата па да го бањаме. Станувам, брцам рака у корито, што да видам. Мислиш ќе барат кокошка. Водата врела, пекол, ама тоа било љушпиче, морало во потопла вода. Ок, потопла ама не 100 степени. Ајде, донесоа поладна вода, па се избања нормално бебето без глас да пушти. Е, на мајка ми и било страв да каже пред свекрва ми дека е врела водата, да не и падне круната де, не за друго. Нареден ден пак ми се јавуваат, ќе дошле да бањаат. Викам, ние го избањавме бебето, ама вие ако, дојдете си на кафенце, цврц. Се налути свекрва ми, тоа било нејзина обврска и должност, како такво нешто сум и направила Инаку, сакав помош, и деца да држат и се, плус сакав кејф да им направам, ама не идеше. За првото се џавкаше, правеше драми, ама пак не го држеше бебето. За второто, мајка ми пред операција, неможеше да доаѓа, па така и свекрва ми не доаѓаше. Тоа е тој натпревар, таа борба за власт
@forumce тоа е доказ дека треба да се чуваат внуците дури и ако имаш нешто против снаата. Јас му кажав на маж ми дека они треба да ги чуваат децава заради него, а не заради мене.
@forumce супер биле твоите баба и дедо. Мајка ми имаше свекрва, полоша здравје. Не ја сакаше зошто немала пари (читај голтарка-така ја викаше постојано) и ја има скршено влезната врата со камен (еден дел е од стакло) а тоа зошто мајка ми бремена, се заклучила и отишла да дремне во спална. Во иста куќа се, ама посебен влез и спрат имаат, не се во заедница. Никогаш не не сакале ни мене ни сестра ми, еден ден не немаат чувано, муабет ретко ни правеле. Чудо од луѓе има по светов...
Jas ne bi dala da gi cuva vo takva situacija da ima protiv mene a jas da i nosam deca, krvta kje si ja ispijam i dusava kje si ja izedam ama nema slabost da im pokazam. I mene sega ocajno mi treba nekoj da mi cuva decata, so svekrva mi sme vo situacija kakva sto sme, ama ni vo ludilo ni vo najlosite sni nema da i gi odnesam decata da gi gleda makar da umram za leb, posle da se kiti deka da ne e ona neznam sto drn drn jarinja i da drnda deka ete ona kolku e pozrtvuvana. Potta kje si ja izedam i nema da jadam i pijam ako treba ama nema slabost nikogas da pokazam.
Абе жени каков атер, каков матер? Ако гледам дека нешто му штети на бебуш на никој не би оќутела. Во принцип сум трпелива личност, но за свое дете не сум ич. Водата врела јас да ќутам да не увредам, ма дај. Јас кажав од старт дека мојот збор е пресуден кога се однесува за мое бебе. Друг може да даде совет, ама да инсистира не дозволувам. За држење на бебе исто. Не ја држам во раце по цел ден и не дозволувам да се држи. Ете нека ја подржат 10мин и нека ја занимаваат во релаксатор, во количка. Зошто? Зошто кога имаше 3кг сите се летаа. Сега кога има 9кг кој го болат рацете, кој кичмата сите не можат. Е да оќутев за да не се налутат и да ми ја научеа во раце сега мене ќе ми паѓаа раце. Иако на почеток се муртеа, ама ич не ми беше гајле. Мое дете, мои правила!
Затоа јас не и ги давам да ми ги чува децата. Не е проблем да си поигра со нив или да ги прошета, ама да ми ги чува, не фала. После тоа јас ќе бидам неспособна, а она херојот. Баба ми беше свекрва за пример. Помагаше без да и презбори на мајка ми. И не чуваше, готвеше кога мајка ми не можеше, чистеше, переше, пеглаше. Јас од старт и ќутев на свекрва ми. Сепак, мајка е на маж ми. Ама она премногу си дозволи. Е па сега нека си седи кај што и е местото. Ако не знае да се воздржи од недолични коментари, поретко ќе си ги гледа внуците.
Да да, иам пишано предходно. Одлуката беше негова да дојдеме овде. Свесен е и м знае веќе што да направи