Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    346
    Луѓе давајте совет како да се однесувам спрема свекрвата,пресна невеста сум страв ми е како да се однесувам :(
     
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Природно, биди тоа што си.
    Не им создавај лажна слика умилкувајки се, па после еден ден кога тогаш ќе се покажеш во право светло, и ќе озборуваат дека си дволична.
    Разговарај исто како што претходно си разговарала со вујни, тетки, стрини немој многу многу да се устручаваш што ќе помисли и како ќе те доживее. Почитувај ги како постари, како родители на маж ти али не им се притресувај многу. Капата на страна и уживај си.
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Однесувај си се најприродно, неможеш цел живот да глумиш и пред некој да се покоруваш. Ако има толеранција од твоја и од нејзина страна тогаш ќе има мир, но во спротива доколку барем една од бас се перчи потешко дека ќе се сложувате. И според мене сепак мора овде да постои дистанца, неможе свекрвата да ја третираш како другарка зошто колку си поблизок толку имаш поголеми шанси да си замериш за нешто.
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Имај почит пред се и осет дека треба да се прилагодиш таму и дека не треба да се однесуваш ко да си ранета со златна лажица дома, зашто вакви има многу. Биди природна, помогни, биди активна, не да чекаш се на неа и другите ... и кога можеш седни со неа едно кафе напи се барем да оставиш впечаток дека си девојка која не бега од повозрасни туку знае и со нив да направи муабет. Немој само да си тераш цело време по свое, покажи дека имаш воспитание и култура. Ова ценат сите посебно свекрвите.
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.952
    Допаѓања:
    123.541
    Пред се ,културно.
    Заземи си став и држи се до него.
    Помагај колку можеш,свари кафе,седнете муабетете се за општи работи....
    И најбитно од се,немој нити да очекуваш премногу, нити ништо.Значи златна средина,за да не се разочараш потоа,труди се колку можеш,но немој со форсирање,умилкување,значи фино и културно,и нормално почит-како кон постар .....
    Сепак,да си знаеш дека од твоја страна-ако дојде до недоразбирање било се направено што е во граници на добро однесување,и се надевам дека се ќе биде ок,ќе ни пишеш понатаму :)
     
  6. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :D :D :D цуро дај ма објасни прво дали си прва невеста дали имас јатрва, золва дали си ти единствена дрн ,дрн, јаринја, потоа дали треба во заедница да живееш после кој степен на образование имат свекривати дали имат добри семејни односи со твојот сопруг исо нејзиниот ха ,ха !Односот со неја зависи оф Х фактори но најважно е да си имаш свое ЈАС да си поставиш лимити да не пушташ никој да ти се качува на глава ! :$
     
    На girl.23, lolyta777 и blond им се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Хахахахаха soco, и матичен број да побараше? :rofl:
    Шала на страна, ама навистина се потребни овие информации за поконкретни совети :rofl:
     
  8. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    честито мажачката.совет?убиј ја свекрвата ]:)
    п.с.во секој случај не биди блиска со неа.кога јас сега би се мажела повторно би го следела тој совет. ;)
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.462
    Допаѓања:
    114.800
    Пол:
    Женски
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Немој да се налутиш, ама малку детско ми е прашањево. :^)

    Ако си станала невеста, веројатно треба да си зрела и изградена личност со свои ставови, стабилна и цврста. Ти да им даваш совети на идните невести, а не друг тебе. ;)

    Советот е толку едноставен, биди тоа што си. Почитувај ја, но не дозволувај и` да те шиша. ;)
    Свекрвата не е посебна жена па да се однесуваш поинаку пред неа.
    Биди тоа што си пред сите.

    А, голем фактор ти е мажот. Се надевам дека сфатил дека е женат со тебе, а не со мајка му, и дека веќе се разделени со папочната врвка. :)
     
    На ANGEL1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Некое време читам низ темава, богами колку страни се испишани не би можела од еднаш да ги прочитам, и страф ме фаќа.
    Се плашам дека некој ден тоа неминовно ќе ми предизвикува нервози.
    Немам ни дечко моментално, па рано е да зборувам, но како што растам почнувам и на вакви работи да размислувам кога бирам партнер.

    Од една страна, што вика мајка ми, денес сверквите се помеки во однос на минатото зошто и тие некогаш биле снаи и поминале низ многу потрауматични ствари. Па и ова е право, нели?!
    Но, не мора да значи..
    Од друга страна, не можеш да знаеш на какви ќе налеташ, глумата е опасна работа.
    Се додека не искусиш секој може да ти се прави добар, наивен, незаинтересиран...

    Ама едно знам, научи го "непријателот" за да знаеш како тактички да се однесуваш. Без избувливост и многу емоции, се е работа на политика и тактика.

    Не сум соодветна повеќе да коментирам, имав само ова да го кажам, па ќе останам само да ги читам постовите. Некој ден, Здравје кога ќе се омажам, ќе направам разлика и ќе дадам поумен совет.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vase1204

    vase1204 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    bi sakala da prasam dali nekoj od vas znae kade ima domovi ili nz nekoja pomos od drzavava da mi ponudi,sakam da go ostavam mazot zs poradi svekrvata me tepa i maltretira.za sreka me nema povredeno loso ne se ni primetuva deka me tepal zs nemam ni modrinki ni skrsenici,no dodeka ne e kasno sakam da si odam od negoviot dom.dokolku nekoja od vas znae kaj ima takvi institucii ve molam da mi pisete.sakam da si odam no nemam kade i ne sum vrabotena vo mnogu teska situacija sum,duri ni moite nemozat finansiski da mi pomognat ni da me priberat doma so decata.
     
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Најдобра помош можеш да најдеш тука http://www.semejnonasilstvo.org.mk/.
    Има шелтер, сигурни куќи за жени што немаат каде да одат, а се жртви на насилство.
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Моја подршка што бараш помош и спас. Што имаш храброст и покрај незавидната финансиска ситуација да продолжиш напред. Среќа што немате деца. (така претпоставувам по постот).
    Секој почеток е тежок, но ќе се вработиш и ќе си го средиш животот. ;)
     
  15. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Мене мојава две недели ми се закачи дома глава не можам да кренам.
    Искрено сум во период каде самата себе не можам да си се поднесам камоли некој друг, уште па и свекрва! |(
    Се знае, гости со спиење ( и тоа најавени ) два - три дена, повеке ниту сакам да ми доагаат ниту пак да им идам, ни во случај кога се работи за мои родители.Секој си сака мир и раат , да сум сакала да живеам со свекрва немало да плакам кирија.
    Девети месец сум тешко ми е да лежам во кревет па камоли да му ја мислам на гости дома, па капак на се е што финанскиски сме во криза , па не можам ни да ја удостојам како што треба.
    Можеби злобно и нетолернтно од моја страна ама самото нејзино присуство ме иритира, како врви времето си го покажува правото лице.
    Не можам веке да ги слушам малограганските муабети.Цел ден гледање турски серии, некулутура :envy: ( да не знае да тропни на врата пред да влези во сплана !!!) јас не знам како да и кажам некој работи кои требало да ги научи уште пред 40 години, не можам да ја превоспитам сега на 50 години.
    Ниту сум воспитана да бидам дрска со неа за да свати некој работи.
    Само си трпам и се нервирам цела недела и и плачам на мајка ми на телефон.
    Хормоните ми се катастрофа..
    Eте така барем си ја испразнив душата..
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    ^Јас да сум на твое место ќе ја избегнувам....мислам ќе си спијам цело време и ќе се вадам на бременоста. Или пак почесто ќе излегувам под изговор дека треба да се движам (иако е лошо времево и не е за шетање јас би шетала полека-полека)...и тоа без неа, ќе нагласам дека сакам сама да излезам, да го излуфтирам паметот.

    Што се однесува до турските серии земи си го далечинското и смени канал....место ти да се нервираш, таа нека се нервира....смени си канал и речи дека турски, шпански, индиски и сл. сра*а ужасно те иритираат, а не си во состојба да се нервираш.
    Користи си ја бременоста во своја полза и нормално обвинувај ги хормоните. Ако те заморува нејзиното присуство, извини се културно и повлечи си се во др. соба (се знае клуч на врата, па ќе мора да тропне)....маж ти нека се замара со неа. Избегнувај ја, може и ќе и текне дека доста и било и ќе си оди. Или пак наговести и` дека имаш намера некој ден да одиш кај твоите да поседиш.

    А за во иднина кога ќе ти се појави ненајавено на врата експресно пакувај се и летај кај твоите демек само што си сакала да одиш. Со некои безосетни мораш, за жал, да бидеш безобразен, инаку како тргнала работава со нејзиното седење што ли ќе биде кога ќе се роди бебето :^) ... ќе се пресели кај вас па после ќе видиш што значи да имаш мака. :tmi:

    Поразговарај малку и со мм на оваа тема, отворено и искрено кажи му го тоа што всушност и го напиша во својот пост-ако сакаше да живееш со свекрва, немаше да плаќаш кирија. Тој нека го реши проблемот со мајка му. :)
     
    На Anyshka, katalina, blond и 2 други им се допаѓа ова.
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Извини што ќе кажам спротивно од тоа што очекуваш, но мислам дека претеруваш.
    Очигледно жената дошла со добра намера да ти се најде во помош (нели си во 9ти месец), како и да ти се најде околу бебето. Колку е таа успешна во тоа, ти си знаеш.
    Но јасно е дека таа не очекува да трчаш пред неа по неа и нема да ти замери за ништо.

    Велиш гостин, но како можеш мајката на мажот ти да ја наречеш гостин? Дали мајка ти твоја можеш да ја наречеш гостин? Тоа се блиски луѓе кои никогаш не ги нарекуваме и не ги третираме дома како гости. Иако не живеете заедно, тие треба кај вас да се чувствуваат како дома, а и обратно.

    Финансиски сте тесно, но каде јадете вие, не е страшно ако јаде уште една уста. Маж ти и` е син, и едно парче леб да има, ќе го подели со неа. Утре неа ќе ја бараш да ви го чува детето. Ако имате финансиски проблеми, утре тие први ќе излезат да ви помогнат (ако можат и колку можат).

    Велиш гледа серии...Ништо ново за поголемиот дел постари жени, кои немаат што да прават дома, па си гледаат серии. Разбирам дека ти пречи, но мислиш таа не сака слободно да е оптегната на својот кауч, пред својот тв, на раат? И ти, ама и таа трпи дел. Постои разбирање. Нека изгледа една серија, потоа ти гледај нешто. Нека има компромис.
    За спалната соба, едноставно речи и`: без тропање не влегувај. Ако не се разбира, заклучи си.

    Како и да е, таа нема вечно да остане со вас. Прифати ја нејзината помош. Ете имаш и друштво дома. Гледај позитивно. ;)
     
    На rakce69, Hipica и hunny-bunny им се допаѓа ова.
  18. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Прво lolyta777 фала ти за убавите совети, се што кажа ти беше на место.
    Разговарав со мм и тој го делеше истото мислење па ја средивме работата и кажа јасно и гласно и сега сме раат.

    А girl.23 што се однесува до твојот пост, најверојатно не си ме разбрала убаво и има многу детали кои не сум ги набројала па за да можеш така лесно да расудуваш, или пак си на типови на луге што не знааат за осет ( прости ми ако грешам) :^)
    Не знам дали имаш детенце али ако да треба да знаеш дека во 9 месец од бременоста нa секоја жена и е тешко, се наога во најмачните денови каде сама себе не можи да се поднеси и највеке од се и е потребен е одмор.Нема што тука да ми се најди околу бебето.За помошта околу домот си ја имам од мажот и не ми е потребна, а и не е тип што многу помага, повеке сака да и се делат оредни и пехари.
    Тоа си е твое мислење али јас не се согласувам со тебе и мојот однос не е таков, да посекако дека јас со мојот однос ке направам се да се осекаат како дома, како и мајка ми така и свекрвата но тие секогаш ке бидат гости во мојот дом.Блиски луге се али сепак се гости - ние не живееме заедно.А во врска со гостите се изнјаснив во предходниот пост дека сум тип на луге што сака гости НАЈАВЕНИ и тоа два - три дена(дури и кога се работи за родители) што е тоа да се седи со недели, ако сме сакале живот со нив кажав немало да плакаме кирија.Повеке од два-три дена ниту сакам да одам кај некого да досаѓам ниту пак сакам кај мене.Тоа си е мој став.Кај мене дома една од работите што најповеке се цени е приватноста, слободата на мир и спокојство.Тој што е научен постојано да му се претеруваат луге дома ова не можи да го свати и затоа највероватно и нема осет кога ке оди кај другите луге да го практикува.
    И тука лесно судиш без да ми ја знаеш ситуацијата, напротив не помогнале и не излегле во пресрет и тогаш кога сум знаела дека можат и не е никаков проблем.За разлика од моите кои си ги ускратиле сосптвените потреби за да удоволат и тоа без да побараме помош.Мајка ми кога доага иди со 3 куфери храна, не ја мисалам ни за ручек ни вечера ни благо ни ништо, а финанскики да не ти ги кажувам сумите кои татко ми ни помогнал.Мајка ми да не речам со години не си купила некое парче облека за неа али внукот уште не роден го опреми за све што му треба, додека свекрвами си ги гледа само нејзините потреби никогаш не се понудила да помогне,(не ми се допага тоа али сепак тоа си е нејзино право) а кога сме и побарале некаква си помош со триста префрлања ке даде чека да и се врати и збори по цел народ како таа е жртва за незините деца и колку многу помогнала.Е извини тоа за мене не е родител ,ако ти нешто правиш за своите деца го правиш од љубов и желба а не за да добиваш признанја од лугето околу тебе каква жртва си.
    И во овој дел грешиш, во ниеден момент не и ги ускратив сериите , слободно и како дома испружена си ги гледаше сериите.

    Е така моја мила грл23 не се работите баш така како што ти ги изнесе не сакав да изнесувам секакви детали во првиот пост сакав само да ја испразнам душата ми беше тешко во моментот, ги има уште многу али толку се прости што не ни ми се пишува за нив.
    Можам да уживам во друштво на некој што ми е мил и на иста фрекфенција,а по цели денови да слушаш малограгански муабети и муабети од типот на како другата снашка била ваква таква онакава и не е баш некое си пријатно друштво.Кога сме веке кај тоа братот на мм и снашката се ислејиа од кај нив и погоди ради што?!

    Така да ке кажам само отворете си ги очите не дозволувајте да ви го газат своето јас, стојте си на својот став и мислење, зашто ако им дозволите посекако ке ви се качат на глава, ке ви го земат и најмалото парче мир и спокој.
    И до сите парови кои живеат со своите свекор и свекрва а се гушат без спокој и слобода на приватност , соберете храброст тргнете се настрана под кирија рајатот и мирот ниту една работа не можи да ги замени бесценети се.Подобро поминувате поскормно во мир и спкојство без никој да ви се меша и да ви ја убива и гуши љубовта и приватноста.
    Поздрав :hai:

    Едит Извинете за долгиот пост, морав да го ствам во споилер.
     
    На eli25, enca.69, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.123
    Пол:
    Женски
    ^Значи лесно е да се даде суд , само оној кој се наога во ваква ситуација може да свати (мојот проблем го изнесов никој не свати поЧнаа со напад )
    1 и јас сум бремена скоро во 9 месец и знам колку е само тешко и напорно . Јас ноките неможам да спијам , утрóто имам проблеми си притисокот . Потребен ми е стварно одмор . А и незнам каква помош ке ми е сега свекрвата во 9 месец , ај разбирам околу бебето кога ке се роди ама сега :?: :?:
    2
    Во истата ситуација сум и јас
    И ние со сопругóт ´си отидовме под кирија . Финансиите ни се скратија , мораме да одделуваме многу пари за киријата и да скратиме од некој луксуз ама барем раат сум .
    Истото и го реков на мајками дека подобро е сами да си живееме под кирија , и ми вели како ние Порано сме седеле со свекор и свекрва ? Искрено не знам А и не ме интересира :D
     
    На Anyshka и DeMelo им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.462
    Допаѓања:
    114.800
    Пол:
    Женски
    Не сакам да звучам како адвокат на Гирл.23 ама морам да се вмешам. Искрено И јас помислив слично како Гирл23 кога го прочитав твојот пост. Си викав, што сакаа женава, наместо да одмара и да се спрема за пороѓај кога дома има кој да и помогне ( свекрвата) она овде се жали. И тоа само и само врз основа на она што си го напишала. Значи никој не може да гледа на гравчиња овде што сакате всушност да кажете ако тоа и не го напишете.

    ДеМело ти посакувам со лесно да си се породиш, и само мислис и на убави работи и не се замарај со непотребни работи.
     
    На DeMelo и girl.23 им се допаѓа ова.