@Red Flower споредено со проблемите на други жени на темава, ова не е ништо. И јас би купила за двете места нешто, без разлика чии роднини се.
Искрено, не е само свекрвите да ги напаѓаме. Еве јас, која скоро секогаш сум на страната на снаата, сега ќе кажам дека женава и со ова, а и со претходните постови покажа дека има и снаи кои од мравка прават слон. @Red Flower прочитај ја темава и види какви проблеми имаат жените. Па после размисли дали и ти имаш проблем со свекрва ти или сама си правиш од готово, вересија.
@Red Flower прво, ти си некултурна, потоа и свекрва ти е злобна. Ја кога одам на гости, дали другарка, дали роднини, носам барем кафе или чоколадо. Кога одам/ одиме на гости кај роднини каде што не сум/ сме била/е одамна, небитно дали се мои или на дечко ми, носиме благо и кафе. Кога одиш на роденден, носиш чоколадо, на посета во болница носиш банани. Не делам мои - негови, гости се гости, културно е да се однесе нешто.
Кај неа одиме мн често да не речам и секој ден и затоа секпгаш не носам. А како што реков да ми напоменеше свекрвами дека сака јас би купила јас ја ценам сестраи душа човек е
Браво беее за кај тетка ти си купила а за кај тетк аму на маж ти не си купила со кој ум брееее со кој и после свекрвите биле лоши???
Таа веќе била и купила само за кај тетка и, она нема да оди на другото место? Тоа е од култура, ако веќе свекрва и нема осет, нека не паѓа таа на нејзино ниво. Ако ја цениш, ќе си купела сама едно кафе не да чекаш да ти рече свекрва ти, извини вака.
А ти ништо не би рекла ако свекрвати ти речи дека нејзините документи си ги криела па после намерно си ги ставила кај незе в чанта за ти да бидеш среќниот наоѓач на нејзините документи?
Искрено кога читам тука, се чудам. Ја немам проблем со свекор/свекрва. Имав проблем со други околу. Зошто не сум ја викала "мама"?!?! У рок од 2мин со мојот брз и безобразен јазик им разјаснив (бидејќи ако не кажев ќе бев пак препрашувана), добив поддршка од свекрвата... Имаме добар однос, се знаеме веќе 7ипол год. Нема потреба од глума и зборење меѓу редови. Од ова што читав, заклучив дека 99% проблемите се заради живеење под ист кров.
Ти погоре за друг проблем се жалеше од свекрва ти, сеа се најде во тесно па пиши сосема трето. Види низ темава какви проблеми си имаат и размисли дали имаш проблем вистински и ти. Поздрав
Ама изгледа на свекрвами не ни и текна да однеси нешто кај се Не не ти го немаш прочитано моето мислејне од пред некој ден. За ова со документите напишав пред некој ден. Прочитај
Свекрва ти што не купила за кај сестра и е нејзина срамота и нејзин грев А ти оти многу ј асакаш и поштуваш тетка ти од на мажот страна шо н еи зема едно кафе како на твојата тетка ? свекрва ти за на свекрва ти место ти биди човек ти спрема луѓето биди човек оти викаш ја сакаш таа жена и е добар човек и баш дека одиш секој ден си блиска ос неа па требало сеа секако зимаш и за другата земи и за неа тоа е почит ништо друго никој не е умрен за 100 гр кафе
Ситна душа си жено, да не си се осиромашела за 50 ден ако купиш уште едно кафе, аман. Богами има лимон свекрви, ама и снаиве рушат рекорди во последно време. Наравоучение: Нема лоша свекрва и лоша снаа , има само лоши и добри жени.
@Red Flower тогаш си требала да и кажеш дека си однела кафе пред некој ден и готово. Од тука натаму остави маж ти да се расправа. Туку, зошто одите секој или секој втор ден на гости? Ја само кај дечко ми одам секој ден, ама не и кај неговите. Сериозно, ме интересира...
Да да и баш и таква сум. Многу пати јас сум била иницијатор за да и однесам нешто готвено од дома. Некој слатки што сум ги направила и сл. Истото ваши и за бабаму и дедому на мм. Нејзини татко и мајка. А иначе јас кај тетками одам прв пат во 4 год брак. И ме заболе што свеки ми го исорекара тоа. И и реков ..за една кутија што сум однесла ми прекараш ами да одев кај мајками да носев што ќе речеше.. иначе не контактирам со моите 4 год
Па добро, зарем за едно кафе или колачи ќе се осиромаши снаава? Не сфаќам. Во последно време се среќавам со погад снаи отколку свекрви. Богами има снаи што палат и жарат во туѓа куќа, т е. во куќата кај свекорот и свекрвата
требало и за кај оваа тетка да земеш барем едно кафе Со тоа ке си и покажела на свекрватидека си почовек од неа дека имаш поголемо срце од неа а сеа вака си се спуштила на нејзино ниво та и побетер од неа а да си земела кафе ?ке си и ја затнела муцката тактички бе жени тактички