Да се работам. А ти не би изреагирала никако да си на мое место. Некој те прај дека незнајш какви се суви алишта а какви водени. А те молам стависе во таа ситуација. Не очекував дека олку многу сите ќе ме искритикувате. Сакав само да поразговарам со некој за моите проблеми. Да се искажам на некого за да ми биде полесно. Немам мајка немам сестра немам братучеди на кого би му го кажала ова. Т.е имам ама со никој не сум во контакт. Затоа сакав со вас ова да го споделам. Знам дека не е којзнае каков проблем но јас сум таква личност и се повредувам од ситници и не сум го заслужила ни ова да ми го речи.
Ne dozvuvaj da te povredi komentar i mislenje sprotivno od tvoeto. Namesto da se namrshtish na takvite komentari, svari kafe i sedni razmisli zosto x zeni taka ti pisale. Svekrvata ne e za da umiras od ljubov kon nea, ama site nie gi pocituvame kolku tolku posto tie gi rodile nasite sopruzi. Ima isklucoci kako toj na flower, svekrva koja treba dozivotno da lezi vo bardovci, ama tvojata sto prerekla za glypost koja ne e vredna za muabet, moze u pms e ovie denovi, pa mozes da podgoltnespi premizis. Mlada si mnogu, kje se naucis. Do togas samo bez nervozi. P. S.ako smejam da prasam so tvoite zosto raskrsti?
Постојат и ваков тип на жени. Односно не лоши жени туку жени што обожаваат да зборуваат и мрмљаат за било што, тоа се секогаш постари жени во време на климакс што и тие самите да ги прашаш што сакаат и зошто сакаат нема да знаат да кажат, во таква фаза се каде што сметаат дека треба се да кажат. Ама и затоа лек има. Кути си и прави си, не си должен да се објаснуваш за сопствен живот и финансии. Секој има право да збори уста не можеш да затвориш на никого ама пак од друга страна и секој има право да прави што сака со животот не објаснувајки се на никого. Сосема нормални се тие разлики на генерации и нивното понашање, нивниот свет и нивните гледишта. Да објасниш не можеш ама да си кутиш и наместо да се нервираш да си имаш и правиш попаметна работа е најдобро. Глупо е да се анализира и пресметува за секој еден збор тоа е залудно потрошено време наместо да инвестираш во некоја попаметна работа. Да смениш некого не можеш ама можеш ти самиот да се смениш према било кој во животот за твое лично добро.
Зошто тие откако бев мала сакаа да се омажам за некој што работи во банка богаташ бизнисмен(а никогаш не ми велеа да се омажиш да имаш среќа љубов само материјално) Во град да се омажам сакаа. Јас се омажив во село и од првиот ден откако се омажив не контактирам со нив.
Ова на свекрва ти е мачкина кашлица во споредба со оној факт што мајка ти се откажала од тебе. Свекрвата можеби е влезена во климакс па така ја тера несевесно и се ја нервира. Разговарајте човечки постави се ти човечки со смирен тон, другарски да и укажеш. Мислам дека ќе се реши проблемот. Човек со човек бидува.
Ако имате конкретен проблем кажете си или дадете совет, не се фаќајте за ситници, за некое зборче од цел пост, па да се расправате дали е исправно ,,здраОживо,, или ,,здраво живо,, па оделно или заедно напишано. Задржете се на суштината. За сите други сомнежи околу оф топици и дупли профили, имате опција ,,пријави,,
Ок се убаво си и пишала. Ама ти и сите што ја исплукавте @Red Flower едно нешто дали прашавте,дали снаава имала доволно пари за здравожива кај било кој што секој 2ден го посетува а? Можда последните пари во новчаник и биле за влошки. Убаво ја прашале свекрвата сака ли и таа нешто од гранап.
Јас викам тешко на вакви случи каде мажот е слеп набљудувач како неговата сопстничка секојдневно трпи психичка, а како што вика во една прилика била и удрена. Во сите вакви или счични ситуации најголеми виновници се мамините синови кои буквално се безгласна буква кога е во прашање решавање на проблем кој произлегува од заедницата. Затоа мој совет е дотичната да поразговараа до допругот и му даде до знаење дека така не може повеќе и дека е време да превземе тој мерки а не да биде безкичмењак и мамина маза. Доколку не преземе мислам дека девојчето ќе се разболе пдихички, а може да дојде до развод.
Можда и 3000-4000имала ама и биле планирани за друго. А може и си осеќа голема блискост секој 2ден што се таму и не и ни текнало да купува за таа тетка во споредба со тетка што не ја видела 4год. Ако така како можела кај теткава што не ја видела 4год.со кафе а? Срамота. Безобразна снаа,а свекрва и од фина пофина дури ја учи што се влажни недосушени алишта.
еми теле се уче вол не се уче хахахаха мала шала не е наменето за никој коа нема обострана разбирачка се е џабе ние ке дискутираме тука од страна ама они си знаат најубаво како е
ама они си знаат најубаво како е. Јас тоа го потенцирам во случајот на @Red Flower . Taa најдобро си знае не сите ние што ја направивме никаква снаа што не купила кафе за кај тетка од маж кај што се изгуби ги најди ги секој втор ден. Мене ми личи дека таа сакаше да се пожали што намќор свекрва има,одма да пререче што купила за кај тетка и што 4год.не ја видела а не и за сестра и,а убаво ја прашале ако сака во дуќан да купи свекрвава нешто да дојде со снаата. Ама златна свекрва оваа нејќела да троши пари а прва уста да отвори.
Јас не чувствував потреба да и купам ништо на тетката од мм бидејќи бев пред два дена кај неа и тогаш и однесов и самата таа ми вика..што се трошите на секое нема потреба.. а кај мојата тетка прв пат одам откако сум мажена и затоа имав потреба да и купам нешто. А свеки небеше појдена кај сестраи поќе време а сепак ко праша мм дали да застани во маркет таа не рече..застани јас сакам да купам за кај сестрами неш.. сакам да кажам, неа не и текна ич и полесно и беше на душата ако ме обвини мене за тоа
Само сакам да кажам, дека мојата идна свекрва е кул човек, ја обожавам целосно, од нејзиниот хумор, разговорите до начинот на кој се понаша, се надевам таква ќе е и понатаму!!!!!!
стапни и прво па ке видиме дал е фина ко од Финска хахаха се шалам дај боже да си остане таква и да си имате разбирање
Во тоа се надевам многу, за сега кога и да одам да преспивам кај дечко ми седеме до покасно и збореме за се, знае време за зафрканции, за озбилен разговор, перфектна е за сега, се надевам дека староста нема да ја погоди и да е као баба ми сега ѓавол од жена
Дај Боже да биде така. Повеќето си го покажуваат вистинското лице кога официјално ќе имаат снаи. Мојата беше бајче пред да се омажам со маж ми. После тоа се виде каква е.
Баш и тоа викам, да не ја погоде староста или свадбата ќе видеме, ќе кажувам тогаш поплаки и критики со сигурност
Отсекогаш сум била против блискост со свекрва. Комуникација исклучиво службена. Одење по кафиња, одење во шопинг, споделување интима, и др., не благодарам. Се држам на страна. Муабет од култура и доста е.
Не сум сеуште отидена на кафе или шопинг или пак да делиме нешто, чисто онака нормален разговор за секојдневние дека не секој ден се гледаме