ЕТЕ ВИДИ ОД МЕНЕ ИМАШ ПОДРШКА! Јас живеам 17 години со старите т.е. со свекрива и свекрив ама една година живеев под кирија господата ни рекоја тогаш ако сакате да се делите ојте си ! И си отидовме под кирија со детето враце само со цуцлата и шишенцето и месец дена плативме како туристи зош во Охрид на сред лето немат стан да се најт подкирија ! дури најдов стан наместен и тоа со бебе никој не ми издаваше ! Псоле година време дојдоја да не молат да се вратиме и ,,ТОГАШ ЈА НАПРАВИВМЕ НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА,, - ,,СЕ ВРАТИВМЕ,, П.С. НАЈУБАВ ПЕРИОД ВО ЖИВОТОТ СО МОЈОТ СОПРУГ МИ БЕШЕ ТАА ГОДИНА ШТО ЖИВЕЕВ ПОД КИРИЈА !
Јас ја сфатив одма каква мака си има. Прашајте паталец за совет, а не гаталец. Работава -се смешкам, за да не заплачам....не сега, тогаш кога јас бев на нејзино место и кога ќутев и плачев и кога гледав на секого да му угодам за да биде задоволен од снашката, а никој не ја праша снашката како е. Ама ако, искуството е многу добро школо за во иднина, сега сум каде -каде попаметна од тогаш... за жал животот ми покажал некои сурови работи, ама истите ме направија посилна. Можеби и затоа моето омилено мото е -она што ме повредува, ме прави посилна Не дека се правам нешто паметна, ама соочувствував со неа, се ставив во нејзина кожа и ја сфатив. Затоа и го пишав тоа што го пишав. Поздрав ДеМело и секое добро. Со лесно да си го истераш последниов месец и свиркај си. Ако ја имаш подршката од сопругот, имаш се`. Само тоа е потребно, партнерот да те разбере како ти е, реално без предрасуди и објективно да ја согледа ситуацијата и да те поддржи. И само да додадам, во 9 месец од бременост дозволено е секакво претерување и преувеличување, хормоните се криви.
Можеби и ти си во право.ама како што ми изгледа пишаното од De Melo не станува збор за разбран човек.сум била во двете ситуации првото дете живеевме со родителите на мм и повеќе ми ги креваја нервите од што ми помагаја по цел ден го држеја детето враце а после секој по своја работа па јас се расправав со ќерка ми и ме напрај ја до девет месеци дури да прооди враце да ми спие.фала богу што рано прооди оти на блиску ми се децата разлика се само една година.малку пред да се породам за второто дете се преселивме сами да седиме.конечно рајат дишевме.детето го гледав јас како што сакав а кога ќе дојдеа и мојте и неговите и ќе почнеа јас да го кренам другиот јас да кренам а јас сама бев по цел ден со децата мажот ми работи во смени и јасно и гласно им кажав ако сакаат да го гледаат нема потреба од кревање со ќе му гледаат на бебе од неколку недели.од лично искуство ви кажувам оти од сам поарно нема.а тој сака да помогни не мора да ти се клапни и да ти кажува што и како по дома пак ќе помогни.кај нас барем е така од кога седиме заедно повеќе се сакаме со свекорми и свекрва ми.далеку од тоа дека се лоши луге ама имаа некој старски сваќања по цел ден ме масираја со бабини деветини што од такт ме вади.извинете претерав со писувањето ама сакав да кажам мислење оти сум била во двете ситуации.
jas imam sverkva koja sekoj den e kaj nas posle 6,od golema ljubov kon bebeto,na telefoni celo vreme se javuva i prasuva do detali ,sto jadelo,dali spielo,a za 2 meseci ke ziveeme i zaedno spalna do spalna
Влегла млада невеста во новиот дом...сите ја пречекале со насмевка и радост на лицата...А таа одкако се одморила им се обратила: Мил мој свекре...тоа што влегов во новата моја куќа не треба да направи никаква промена, јас ќе ве почитувам ситe...нека биде се како што досега било Оние кои готвеле....нема да им се мешам, нека продолжат Оние кои чистеле...без никаква премисла не им го одземам тоа задоволство Кој што правел до денес...слободно нека продолжи и утре Дури и јас ќе продолжам со моето...ќе спијам до 11 часот,а потоа ќе бидам Невеста ! Малку да се насмееме
отвори си врата на ѕидот кој ги дели собите мислам спалните ако го љубит детето нека му купит стан ! а не да кажуват колку го љубит само со зборој !
Така да ке кажам само отворете си ги очите не дозволувајте да ви го газат своето јас, стојте си на својот став и мислење, зашто ако им дозволите посекако ке ви се качат на глава, ке ви го земат и најмалото парче мир и спокој. И до сите парови кои живеат со своите свекор и свекрва а се гушат без спокој и слобода на приватност , соберете храброст тргнете се настрана под кирија рајатот и мирот ниту една работа не можи да ги замени бесценети се.Подобро поминувате поскормно во мир и спкојство без никој да ви се меша и да ви ја убива и гуши љубовта и приватноста. Поздрав Едит Извинете за долгиот пост, морав да го ствам во споилер. Точно така но едно многу важно нешто-кога мажот ги поддржува упорно нив а не вас во никоја ситуација, а старата пред вас глуми лудило а зад вас ви прави кавги...кај води сето тоа? Тоа е тек ПЕКОЛ!!
Здр. на сите. Еве сеа ја читам оваа тема после некое време... Можи некои се сејќаваат на мојот проблем, и на моите постови, морам на некој да кажам како заврши работата, зш ми е многу тешко а вака можи и ке ми олесни...ај малку да се вратам на почеток кога ми тврдеше дека ме сака, а неговото сакање беше, ќе седам дома и мама ке ме финансира а жена ми ќе работи, и така таа дома нема глас, има само мајка ми... Кога конечно помислив дека ке си одиме под кирија и ке заврши се, отидовме кај моите некое време дури да се најди работа и стан под кирија...Е сеа, се беше добро до нејзиното прво јавување кај него, почна да пушта муви за да тој на крајот се искара со моите, иако се најде и стан и работа.. тој реши да се врати кај неговите како демек да покуша да ги среди работите... Но при неговото заминување тој ми ја зеде неговата слика, мојот клуч од станот од кај неговите и моите работи ми ги извади од куферот..Јас траев и се надевав дека ке ме повика, се дури не отидов да си ги зеам сите мои работи од таму и гарнитурата кои ми беа исфрлени пред влез... на -20 јас чекав карго пред влез, цели 5 саати..во текот на тоа време јас случајно разбрав дека тој и не бил нивно вистинско дете...Мили мои од него нема ни трага ни глас еве 1 месец... мн. ми е тешко, кажете ми дали е можно да ме сакал?, све шо работев све потрошив на него, сега сум без динар кај моите, ако ме сакал зш да си земи се негово пред да си оди, и да ми речи ти си виновна за сите караници..иако при здрав разум треба да знај дека тоа беше "мајка му"?или сево ова му беше испланирано, како шо одолговлекуваа и за свадба и за регистрација, која шо регистрација ако не си ја платев кај комполетно немаше ни да ја има....Фала му на тие шо одвоија време да го прочитаат ова, иако е само на кратко... Мили мои сакам само еден одговор од вас...Дали тој, мојот сакан, оној со кого планирав дом и деца, ми играл зад грб заедно со неговата мајка, еве чисто сакам ваше мислење да слушнам... фала ви мн однапред
и конечно ,,пукна тиквата кај вас,,????????????негде спомна дека си на висока медицинска ,а сега дека работиш некако не си ми јасна и не кажа дали си од Охрид бидејки употребвиш З*Ш ???? а бе женска ЈАС ич ама ич не можам да те сватам,,сконтам,, ха,ха, некако !контраверзни изјави имат на твојте постови и паради тоа не можам да донесам заклучок ни за ТЕБЕ а камо ли за твојот маж ли , дечко ли што ти е уште не е нај јасно ! а да те сакал мојт да те сакал ама не бил спремен за понатака и си избегал чоекот !
Пророчица Клеопатра сад ќе да погледа у карте и да вам каже одговоре за све ваше питања.(неам поим од српски,ама и Клеопатра не може да предвидува!) Како бе вака,дали ме сакал,дали било план,дали вака,дали онака?! Јас разбирам дека ви е тешко. Ама зошто сте оделе со глава у ѕид?! Не,љубовта не е посилна од се. И не,љубовта е комплицирана емоција од проста и страстна физичка привлечност која кулминира со опсесивно обожување на одредена личноста каде отсуствува прогрес,конструктивен однос, наградба на двајцата партнери. Ајт така,па свекрвата била крива...како не бе.Она само била бонус!
јас тотално не се согласувам со тебе......како може да не е гост кога е гост .....кога не живее некој во таа кука е гост ..и јас живеам со маж ми сама ..и сестра ми е гост и мајка ми е гост и свекрвата е гост и сите тие се најавуваат како може така ...безобразие сакал да помогне ма немој.
Не се рекло за џабе трпени-спасение. По многуте поминати исклучително 'забавни' моменти со мојата свекрва, конечно можам да кажам дека се средија целосно односите. Се научи да ме прашува дали нешто смее да даде на малиот, дали ми треба ова или она. Се научи да ја почитува нашата интима. Сеуште се учи да не се меша кога јас и мм разговараме ама ќе се научи и на тоа. За сето ова да биде вака ми помогна золва ми, која и солеше памет на свекрва ми како треба и не треба да се однесува. Плус јас почнав на работа да одам, а она постојано го чува малиот. Овој пост го посветувам на неа и на нејзиното добро однесување. И така да продолжи . П.С Можеби се согласуваме бидејќи се гледаме поретко ?
Јас дефинитивно пу пу да не се заречам имам свекрва само каква што некој би можел да посака. Таа кога била млада не била во добри односи со нејзината свекрва, па сега сака на мене да ми погоди. Јас и маж ми живеевме сами до пред да ни се роди ќерката, ама такви беа околностите моравме да се преселиме да живееме со неговите. Јас дома се грижам буквално само за детето, а таа си го води цел домаќинлук, јас помагам само кога мене ми е кеиф, односно кога малата спие. Плус и со неа ми помага. Да ја поживи господ свекрва ми 101 година . Добро понекогаш знае да претера со устата, ама се и простувам, зошто има заслужено и тоа со печат !
Случајно бев сведок на еден разговор помеѓу свекрвата и едната золва (секако тие не знаеа дека јас ги слушнав), разговараа за другата золва (ја озборуваа ) иако таа е навистина добра, имам супер однос со неа, има современи сфаќања и сето тоа... Се изненадив и си реков мајка и ќерка ја озборуваат својата сопствена ќерка и сестра а пак за снаата (за мене) кој знае ли што зборуваат ама искрено не ме интересира , јас си терам како што ми е мене убаво а со такви дволични луѓе воопшто не се замарам. Ми падна жал затоа што таа секогаш е тука за нив за се што треба и пак на крајот испаднува лоша.. така си е тоа.. денес доброто со добро не се враќа
Моментално мојата свекрва се натпреварува со мене. Кога бевме сами со вереникот му направив пастрамајлија и тој ептен ја бендиса, а правев прв пат. И ме пофалил пред мајкаму и ајде да сум правела и она да видела како правам. И земав да правам и ај да не се осети неважно ја прашав како ќе знам колку меко треба да биде тестото. И она зема право ми покажува и вика дај јас ке месам. И и реков дека сакам да се учам јас, а она ако сака да ми помогне нека исецка габи месо..Го направи тоа а јас почнав да си ги формирам пастрмајлиите, и она коо зема, за да ми покаже како се прават форми ги направи мрсни и тенки ( не по мој кееф форми). И шо да и правам 100 пати и јас и вереникот и кажавме дека доволно помага дека јас ке си ги доправам, она не ке ги направила и коо ги нашлапа у плехо. И ајде замижав си ги корегирав јас после во кујна без она да види и биде јадевме им се допаднаа на сите(имавме гости сестра ми и најдобриот другар )..И сега дека јас преку недела не сум дома работам во друг град, земала пак ке му правела пастрмајлии на маз ми да видела дали знајала. Смешки невидени...Тоа ти е тешко им е на мајките кога веќе нивните синови се осамостојуваат и се приврзуваат за друга жена. ..
Хахаха е свекрвиве се закон))само мојата не се натпреварува со мене туку со мајка ми,ако вереникот каже дека бил на ручек кај нас и одма мајка му ќе направи некој,,специјалитет,, да покаже дека и она знае а мене ми е смешна... А тоа дефинитивно дека се плашат дека синчето кога ќе се ожени нема повеќе да ги слуша како порано и чувствуваат дури по малку и љубомора..
Општо правило ,, две жени во кујна не бива,,. Не мора да е свекрва, нека е и мајка, сестра секогаш едната на друга ќе си сметаат и ќе изиграваат кој е најпаметен. Добро е што вереникот ја гледа ситуацијата и знае колку е часот, тоа е голем плус за тебе. За да не и остане синот гладен таа уште некој рецепт ќе ти предложи, туку еве ти идеја, викни ја да сукате кори за зелник, е тука да се покаже
А тоа си е башка за мајка ми...Колку пати кај нас на ручек ке му се допадне нешто и ке и се пофали и ете ти ја и неа со специјалитети...купив една книга со рецепти онака да си ја имам и сега се труде секоја недела да готве по нешто и тоа у недела со душа чека да станеме оти она направила нешто и да јадеме и одма не питува и как ви се допадна ли...ного ми е интересна барем немаме засега кавги само што ми е интересна как се однесува
I JAS IMAM TAKVA SVEKRVA SO SAKA VO SE DA SE POKAZE BASKA SE MESA I TAMO DEKA NE I E MESTOTO AMA BAS VO SE.TAA KE MI KAZALA NA MENE KAKO DA GO OBLACAM DETOTO KE MI KAZALA DALI DA SE DOTERUVAM ILI NE.PA NE SUM ZAVISNA OD NEA NI NAJMALKU RABOTAM I ZARABOTUVAM PA SI KUPUVAM STO SAKAM TOA E MOJA RABOTA.ONA BILA DOMAKINKA JAS NE ONA ZNAELA DA GOTVO PERE METE CISTE JAS NE SUM ZNAELA TAA BILA 30GODINI VO TAA KUKA PA STO I TAA E SNAA VO TAA KUKA KAKO I JAS.SITE KAVGI SE ZARADI NEA.I KAKO DA JA SAKAM NEMOZAM DA JA SAKAM KOGA SEKADE SE MESA.MAZ MI E PRIVRZAN SO NEA AKO TREBA NA MENE KE MI SE IZVIKA OTKOLKU NA NEA DA I POGRESI NESTO.SAKA SE DA ZNAE KADE ODEME STO PRAVEME.JAS SI DOAGAM OD RABOTA TAA MI PRASUVA STO UTRE RUCEK KE SUM PRAVELA A USTE NE SUM SI GO VIDELA DETETO.JAS KE KRENAM NA RABOTA AKO ISPAZE DA E DOMA SAMA SO MAZ MI I SVASTA MU IZNAKAZE ZA MENE PA POSLE SE KARAME.I IMAM KAZANO MNOGU PATI DA NE SE MESA AMA NERAZBIRA.ME IMA VREGANO PRED MAZ MI A TOJ TRAA NE SMEE DA I GUKNE AMA JAS NE SUM I SIN I DA I TRAA PA I KAZAM STO SI MISLAM NOGU MI E GAJLE