Aman ziti se sto moram na jatrvata na decata da kupuvam nesto nie I samite sme si krivi za takvi raboti jas na vnucite na mm Im davam poklon pari samo za rodenden I nisto drugo inaku realno I na mene bi mi bilo krivo da sum kupuvala pokloni a oni nisto da ne dadat na moeto dete no pak ke kazam od druga strana nikoj ne me teral da davam samite sme go odlucile toa nesto
Секој што има и најмали услови треба да се тргне и да не живее во заедница. Без оглед дали се едно или 5 деца. И дм е сам со мајка му, тоа не значи дека треба ние да останеме и да живееме со неа. Затоа што вакви нервози секогаш има кога се на куп луѓе. И јас во дневна кај моиве дома не можам на ред да стигнам до телевизор, сабајле во 7 и јас и мајка ми и сестра ми се бориме за во ВЦ, во сабота јас сакам да спијам до покасно сестра ми сака во 10 на укулеле да свири, татко ми си пуштил некоја емисија па од укулелето не може да ја слуша, па попуштил да слушне... и ќе ме разбудат. Значи крв ни се па се нервираме едни со други, јас покасно искачам за на работа па мојата кола и' смета на мајка ми за да тргне, па ме брза да излезам итн. А не па луѓе што не ни се крв. Затоа не е важно дали е еден син или тројца, при најмали услови - секој во свој дом.
Ама не со овие луѓе не се живее. Ја преминаа секоја граница. Главата ми пука од нервоза. Дојдов од работа јатрвата овде со детето. Ај лежам ама психички што не сум одморена што правиме? Цел ден со болки сум во стомак од како дојдов од работа. Ај свекор свекрва што трпам цел ден и ниту една секунда не сум сама и немам мир туку мора и други да трпам. Маж ми дојде од работа, мртов уморен, татко му му текнало да работи нешто на спрат кај брат му и го вика да му помогне. Мојов одби ама веднаш почнаа коментари неработник ваков таков и појде. Јас пак сама, јатрвата со детето пак тука, маж и спиел да не му сметале и дојде мене да ми смета. Си појдов во спална и му реков на маж ми јас не можам повеќе да издржам вака. Ај дојде тој малку, појдовме во дневна, и згази на играчка и почна да вика аман што е ова. И мајка му веднаш да врати, и твоето ќе фрла вака. Ќе фрла ама кај мене, а не кај брат му и јатрвата. Ми го меша детето уште не родено за да го одбрани другото внуче. После маж ми вика ќе нарачувам нешто за јадење што сакате и ај кажавме сите и мајка му одма дали ја праша ххххх што сака (за јатрвата). И тој и вика правела таа сега пилешки медалјони јадела. Ете зошто таа не не понуди кога правела? А пред некој ден 100 кг компири испржив, 2 саати над шпорет зошто мајка му ми рече за сите да има. Кога готвам јас и кога купуваме тогаш мора сите да јадат, а кога јадат тие само за нив си прават. Па не можам јас за 10 луѓе јадење да правам. Не дека ќе се изморам ама инат ме фаќа. Брат му дојде, вика по него со секакви зборови, мојов глуп ќути, јас што можам можам да речам. Ај тоа само наредува нема гледање на тв ова, нема она, и менува канали. Тв не сум гледала 100 години. Се озрачив со телефонот.. Не можам повеќе главата ме боли цел ден.
Ти на свекрвати ќе и кажеш дека во твојата состојба не можеш за толку луѓе да спремаш храна дека ти е заморно. Кога ќе дојдеш од работа оди и легни си во спална и одмарај колку ти е потребно. Гледај си тв во спална најди си го твојот мир и одмор таму. Штом сте вие заедно ако сватив добро со свекрвата заедно тогаш јатрват ти мисли дека а и рачуна дека оди кај неа и затоа е така опуштена . Најди си го својот мир друго чаре нема нерви допрва ќе ти требаат ќе растеш дете. Не се замарај со другото не можеш да ги промениш работите само ќе ги влошош со нервози и расправии на крајот ќе се префлат на вас двајцата вие меѓу себе ќе почнете да се расправате. Маженцето и во спална одмарајте уживај те после сите тројца заедно. Јас 14 год ги поминав во спална таму сум повеќе од времето седам и во дневна пиеме сите заедно кафе јадеме и одма правец во спална дали ќе одморам гледам тв не е битно. Чистам готвам и откако се ќе завршам правец спална во дневна они нека гледаат што сакаат во спална јас си гледам јас што сакам. Одмори се најпрво после седи со нив дружи се ќе ти биде полесно кога си одморена сега и хормоните ди го прават своето.
Прифати го фактот дека живееш во заедница или пресели се. Оваа ситуација никогаш нема да се промени. За играчката на земја смешно е што се налутил маж ти. Жива вистина е дека децата растураат два пати побрзо одколку што може да се раскрене. Место да вика требало да се наведне и да го крене играчето за да се навикне на движењето. И детето не фрла кај тебе туку кај баба ми, разбери дека тој дом не е само твој и го делиш со уште едно семејство. Инаку и јас живеев во заедница и золва ми ги оставаше децата цел викенд кај мајка и. Она спиеше сабота и недела да си се одмори а тие кај мене пред врата или во соба ми беа во 7 саатот сабајле. Раскревав по нив, им давав да јадат пошто нели свеки е една и од почит кон неа и помагав. АМА ич не ми беше мило и се нервирав ама неможеш ништо да речеш зошто ако не ти одговара никој не те држи, секогаш можеш да си заминеш. И да те предупредам, кога ќе се роди бебето ќе биде полошо.
@Ccc123 убаво ти пиша @cecilia откако ќе имаш бебе со се сите на купче кај свекрва ти во домот бетар ќе биде. Немој да се навредиш, те читам по темава и мое размислување за твојата ситуација е вака. Кај 2ца браќа секогаш родителите се лепат за помекушот/попопустливиот да ги издржува(а тоа е маж ти.) Друго убаво ти пишаа бидејќи маж ти живее во домот на неговите и ти како негова жена живееш таму и во најголема мера во нашево општество ти си таа од 2те снаи што ќе и слугува и ќе и биде ко ќерка/друшка за свекрва ти нели од почит дека мајка на маж ти и во иднина вас ќе ви го дадат домот(кој бдв другиот брат и јатрвата си го добиле онака,и во мојов случај е така). ЧАре или ќе прифатиш дека си во заедница и свекрвтица ќе си прави и ја кани јатрвица на гости кога сака и колку сака бидејќи тоа е нејзин дом или ќе си седнеш со маж ти,асален муабет и ќе си одите под кирија или ако не ви се плаќа кирија тоа како рата од станбен кредит за отплата на ваш стан отпишете го. Сепак ако имате доволно пари за ова,дека врти-сучи за стан и мир во кучи треба пари и најважно слога меѓу брачните партнери. Друго чаре нема. Ќе изгубиш нерви,години за џабе и пак истото ќе биде.
Едно станче,собирајте парталите и шо подалеку од такви луѓе,па нека се јадат сами со себе после или повиши го тонот малку и стави им до знаење дека колку шо има јатрвата исто толку и ти имаш права во таа куќа валда не те зедоа од улица па кој стигна мајтап со тебе,развикај се малку отерај се и пичку материну и одма ке ти олеснит
Мои видувања и од мое лично искуство е дека јатрвите не се сакани/почитувани подеднакво од свекрва-жена која по правило има 2сина(т.е.поим си нема од психологија на женско чедо а и најмалку знае да ракува и се однесува соодветно кон снаи). Плус свекрва нечовек.Таа што има човечност коректна е и со снаа и со зетче.
Смешно ти е а? Мене воопшто не ми е смешно што пред да го рече тоа мм, брат му си го избрка сопственото дете и ги пушти со жена му кај нас, бидејќи тој одмарал и не можел да го слуша кај што плаче и лупа со играчките. Штом татко му не си го трпи детето и штом мајка му не се наведне да ја земе играчката од под, што сме должни јас или мм? Плус таа не доаѓала кај мене туку кај свеки. Епа свеки нека и собира и нека чисти по нив. Јас нема шанси. Мене детето не ми е ништо криво, ама родителите му немаат памет. И како тоа споредуваш гледање деца од золва само за викенди и гледање деца од јатрва секој ден по цел ден? Камо да беше само викенд. Па макар и тогаш нема да одам и раскревам по неа туку ќе си излезам на кафе или ќе си одмарам. Мене ми смета тоа што немам мир. Секој нормален човек сака барем еден час дневно да има одмор и мир само за себе, посебно кога се работи за бремена жена која оди на работа. Јатрвата јаде овде, овде си готви понекогаш само за себе и детето, овде ми ја замирисува цела куќа на јадење, овде растура.... Еднаш јатрва ми цел ден туфкаше како НЕЈЗИНОТО дете извалкало нешто кај нив а за тука нема гајле така? Овде да сум трпела бидејќи идела кај свеки. Тие свое дете не трпат моето ќе го трпат мислиш.
Така е во право си. Мм е тој што не знае да каже не, мм е тој што го користат за сѐ, а другиот не го замараат. Си има тој фамилија. Не знам како не се свесни дека чекаме дете и дека си имаме трошкови и обврски спрема него сега. А не им текнало дај за ова дај за она, оди купи ми тоа и тоа, па уште и лутење ако не појде, и после ќе немаме за детево да купиме што ни треба. Јас не мислам дека поради тоа што живеам со свеки мора да ја трпам и да и слугувам. Ај да беа само таа и свекор да. Ама и брат и јатрва и деца не можам. Плус таа си живее овде, не доаѓа на гости саат два па да се бунам што доаѓа. Еве на пример зошто еднаш јатрвата не рече ајде кај мене на гости. Дали три пати сум појдена досега. Еднаш бев и од околу ме избрка. Ќе спиела. Јас да направам така тешко мене ќе е.
Зошто да бега од своја куќа ради нив? Куќата е и од маж и, зошто да бега заради девер и јатрва? Со таквите како нив само ѕверски да дојдат до степен да бегаат од тебе и да не можат да те поднесат, кога ќе те видат тука одма вратата да ја фатат. За да опстанеш во таа средина треба да си бетер од нив. Не е за еден спрат од куќата, јаката ствар, башка и заедница, туку до гордост е, не може некој да се праи газда на цела куќа, а некој да не го сматраат дали е жив! Утре ќе имаш дете, тоа не е дужно да нема мир од такви без осет. Зошто ти не ја отвориш устата, ако маж ти нема намера? Ништо не губиш .... Гони ги сите по ред, само дрско и безобразно, оти со арно си пробала, ама не те фермаат. Ако се понашаш циле миле ништо не правиш.
Затоа ти пишавме бетар ќе ти биде откако ќе се породиш. Со овој совет и јас се согласувам и ти пишав. Ако останеш само нервите ќе си ги кинеш безпотребно.
@Ccc123 искрено маж ти е винпвникот во приказнава. Жал ми е за тебе, знам како е бремена на работа, едвај чекаш кревет и мир. Но не очекувај да се освестат свекор ти и свекрва ти да било до нив и да биле свесби немаше да е таква ситуацијата. Туку каде бил маж ти да се побуни што брат му добил сопствено катче вие не? Каде е маж ти да рече ти треба мир? Полошо ќе станува ао бебето кога ќе дојде..уште нервози плус ќе имаш...со маж ти зборувај отворрно, или нека почне да се буни и нека средат нрговите ситуација или нека зборува дирекрно со брат му, да побара да се повлечат они малку за вие да има каде да функционирате... Во краен случај, убаво ти пишале, само со лош однос кон нив да пробаш останува.
Колку пати сум се развикала и џабе. Пак крива јас. И од тогаш, од кога им дадов до знаење дека ми сметаат и дека не сакам по цел ден да ми седат тука, и тоа со карање, викање, кршење, лупање врати, плачење, свеки уште повеќе ги вика. Од инат, демек моја куќа е нема да ти дозволам ти да ми кажуваш кој да доаѓа а кој не. И здружени се со јатрвата, и кога таа има подршка од свеки да доаѓа тука по цел ден со се дете со се маж, оваа уште поголема сила си зема и си се понаша како дома. За инат за да ме нервираат и да ме пукаат. А не сфаќа свекрва дека така и на син и му прави проблеми со мене и му го уништува животот. Нејзе и е побитно јатрвата да не се налути. А не се лути свеки кога јас и мм сме избркани од кај нив. Ако биле толку способни што не направиле уште една куќа или спрат за и ние да сме посебно. Па после ако сака нека си спие со другата снаа.
Многу пати трпам и не се повлекувам во спална токму поради тоа. Зошто јас да бегам да се кријам? Нека бегаат тие. Тие ем посебно се и има кај да одат, ем јас да се повлекувам. Значи јас немам ништо. Ама верувај веќе не знам што треба да направам за да бидам побудала од нив. Мислам дека ваква комбинација не се наоѓа никаде. Ќе треба гола да почнам да шетам или да му се качувам на маж ми пред нив за да испаднам побудала. Прашање е дали и тогаш ќе бегаат.
Добро дечки, зошто мора кај мажот да се живее? Зошто не пробате кај вашите, може ќе биде подобро, можеби бетер. Ама стварно старите имаат право кого сакаат кај нив дома да викнат. Чинело или не.
Поштувам што си пишала,но со ѓубре свекор и свекрва не може да се истера по снаино. На крај снаата ненормална ќе ја зборат е и во најмала рака синко ќе си го завртат пак накај нив а снаата шипац,аут од куќа,од синко.... Според видени и чуени настани пишувам. @Ccc123 не и е гајле на свекрва ти другата снаа да не ја налути. На свекрва ти и е гајле да те избрка од куќа и син и дека ти новодојденка си и пререкла кој ќе вика дома,па со кршење и лупање-она со какви маки го заработила ти да го кршиш. Не те сака свекрвати. Од искуство ова пишам.