Она после сигурно ќе биде од свекрвине за кои што читаме во темава. Пред народ злато, помага на свекрва ѝ, а позади затворени врати летаат пердуви.
Ама треба да се помага зашто сакаш да помогнеш, а не да правиш лице пред народот или пред вереникот твој дека си вредна.
@Neophodna ако веќе го имаш ставот што тука го пишуваш, што бараш во тема за проблеми со свекрви? Имаш тема за задоволни, напиши таму да прочитаме како убаво се живее со свекрва
Ама најјакото е што таа не живее со свекрвата, а и сама кажа дека со дечкото или вереникот планираат да живеат во друга куќа.
Мене пак ми е симпатичен односот,видувањето на @Neophodna за помагање,можда малку да ми е чудно да не сакам да помагам од старт на свекрва ама ќе помагам за да правам лице.Иако добро барем е искрена и си пишува не ја сака свекрвата од старт. Реално ретко која од нас на почеток не помагала и баш во таквата интеракција откако ќе бидне бракот и одиш кај нив и нивниот дом станува и твој дом или твојот нејзино вечно сврталиште тогаш започнуваат кавгите. Ти и помагаш правиш како те научиле дома или правиш како сметаш дека е исправно и свекрва ти постојано пререкува ама не вака ама не така,се не и чини, па фино културно отстапуваш место таа сама да си заврши работа. После снашка не сака да помага. Муабетот ми е дека сите на почетокот сме пристапиле со желба да соработуваме со свекрвата(или барем јас за себе можам да кажам така било,затоа ми делува она симпатично,бидејќи во најголемиот број случаи после станува антипатично секое умешување и солење памет од свекрва)е сега до каде се развивал односот снаа-свекрва и до какви последици стасал и од кои причини си знае секоја од нас и секоја од нај најсубјективно тоа си го доѓивува.
Бидејќи е слична ситуацијата и кај мене и многу сум размуслувала што и како да постапам дојдов до заклучок дека омразата кон снаата е поголема од љубовта кон сопственото дете. И после кога ќе дојде моментот да неможат сами да се гледаат тогаш абе синко многу те сакам, а каде било сакањето претходно. Некој ќе ми рече попушти од љубов кон мт, ама јас попуштав многу за таа љубов а каде се свекрвите да попуштат за да не се нервира синот. На крај се се сведува на јас тебе атер ти мене матер. Инаку кога бев млада и недозреана си викав супер ќе живеам со свекрва, ама кога јас не издржав нема ниту една друга да издржи.
Да. Жал ми е. Тебе не би ти било за маж ти ако сите дома го нервираат па уште ти фалиш?? Немој молимте да ми кажете дека вас никогаш мажот не ви згрешил, дека никогаш не ве изнервирал и дека никогаш не сте помислиле на развод? Секој си знае за себе како е, не сум јас будала да трпам ако гледам дека ни од него немам подршка. Има моменти и кога немам, ама после се извинува и знам колку му е криво и колку и тој сака да сме сами и среќни. Што да правам јас кога е така воспитан. Кога за него родителите се нешто свето. И нормално дека се за секое дете, ама ако ти помогнале во животот и ако сеуште ти помагаат а не уште да те цедат нон стоп. Ем психички ем финансиски. Еве другиот син не му е гајле кажува немам, не сакам, се спротивставува ама знае дека мојов ќе им излезе во пресрет. Мм и да им рече нешто по некое време се премислува оти му е жал. Што можам јас тука да сторам? Мене моите ме гледаа цел живот денар не ми побарале и кога немале ги давале последните пари за нас, јаделе сув леб за да не ми бараат 20 ден за леб. Оти се луѓе со осет. А овие немаат срам ни од дојдените невести тука не пак од синовите. До луѓето е. Можеби јас бев навикната да живеам со поинакви луѓе и ова ми дојде како шок. Тотална промена. Да им плаќам сметки, храна да им купувам, да им мијам, да им чистам без никој осет да нема да ти рече седни одмарај. Криво ми е што на моите не успеав да им вратам за се што направиле за мене и сеуште прават. А на животниве овде им имам давано колку за 10 години. А сум само 2. И колку пати да ви кажам дека мм им има речено многу пати ама тие за инат уште толку не нервираат. Значи не е до него туку до нив. Тие се криви за сѐ. Во право си. До мене е реков и јас. Затоа си почнав поинаква политика. Станувам јас ја зафаќам кујната, јас си правам што сакам и јатрвата виде не виде си се повлекува малку по малку. Јас досега седев во еден ќош, намуртена, лута со сите, дозволував да ми се качуваат на глава и некоја во мој дом да изиграва газда. Најдоа слобода па си искористија. Затоа сега прередив сѐ во кујна па свеки нека ме прашува што кај е и кажав дека тука е подобро или мене тука ми одговара да стои и готово. Решен проблем. Јатрвата ќе види дека јас си ја зедов работата во свои раце и таа ќе се повлече. Утре ќе имам и причина да се развикам ако ми растури. Сум чистела јас а не таа или свеки. Нема мм што да превзема тука. Јас се нервирам што ај свеки туку и свекорот е полош и од неа. Него ништо не го интересира битно кога ќе дојде од работа да има поставена маса, да има мезе и салата пред тоа за со ракија, па после вино. Не прашува дали има. Мора!! А денар не дал. И ајде сега јас од уста моја ќе делам за да му купам вино. И тоа секој ден. Ај свеки ако не друго едно јадење ќе направи, ама овој тотално незаинтересиран за ништо. Мм вика по него исклучи ги светлата оти сегде ги остава пуштени тој вика не ми е гајле. Не му е гајле дека невестата и син му му плаќаат струја. Затоа не му е. Јас не знам како не им е срам. Да се засрамат од кого земаат пари. Ај синот син им е, ама од мене и од бебе. Што можам јас со 8000 плата. Ама ако не дадам од нив пола за сметки ќе ја направиме големата и тоа е. А му реков на мм барајте си чаре барем за сметките, утре од детето ќе делам за нив. Двајца се нека си се снајдат. И им рече мм, дајте да направиме некако парите што ги даваме за сметки да ги тргаме настрана ќе купиме нешто, ќе реновираме. Ама на кого кажува. Мува не ги лази. Пред некој ден се жали потрошил 500 ден. Цели 500 хахах. И тоа за негова потреба. А што да речам јас што ги трошам за работи кои не ги сакам и тоа многу повеќе од 500. Ама по свој џеб боли. Посебно кога ќе си се навикнеш друг да те издржува.
@asistentka јас кога одам кај дечко ми на гости, на памет не ми паднало да помагам и да изигравам домаќинка сите овие години. Јас сум таму гостин, и здравје боже, таа кај мене ќе биде гостин. Такви соработки со никого не сакам. Ниту па имам потреба да се истакнувам некому, па ни на дм, со домаќински способности. Секој возрасен треба да е способен сам за себе да се грижи - да си зготви, испере, испегла, исчисти, и дм го може тоа, нема сигурно со него да се натпреварувам кој подобро брише прашина. А не па со мајка му.
Јас така се поставив на почеток. Демек од срам да не седам само и ај ќе станам еднаш ќе измијам чинии незгодно ми беше да ги оставам. Нареден пат одам цела кујна лом, а јас сеуште девојка со мм, и ми вика мајка му ај ако сакаш измиј ги. Добро. Трет пат друга работа ми даде, е после веќе наебав. Ем не мажена ем сета работа јас. Ме зафатија така си се научија и после ако не направев ништо крај на свет беше. Малку по малку дури не е касно се свестив и почнав по малку да забушавам. Сега ги навикнав поинаку. Не можам само да лежам, досадно ми е ама не сум толку проста како порано. На секое одење таму тие ме боцкаа со јатрвата ее на ццц ова ќе и го дадеме да го направи, и тоа со потсмев. Видов дека ме искористуваат само дека таквите луѓе бараат само жртва за тие да уживаат. Јас му кажав на мм досега јас вака живеев нема сега да го менувам начинот на живот заради други како што и ти не можеш да го смениш и да живееш по мои правила и правила на моите.
Ама ок твое си е да си мислиш како треба да правиш така.Јас пишав јас како мислев некогаш. Сепак и твојата ситуација е ко на @Neophodna а ти и се подисмеа на тоа. Мислам статусот ви е се уште не брачен иако тоа мене лично ми е небитно ама смешно е што ти се фати кај другава за иста ситуација ко твојата. Ватевер не е мое да судам некому нит па некој да ми суди. Јас напишав како беше некогаш моето размислување и останало како размислување и однесување на некои во блиска околина кон свекрва. Инаку дека секој си е возрасен сам да се грижи за себе сосем си во право и сите овие што живеат во заедница со свекрва се запознаени со тоа ама оди докажи им на свекрвите нивни дека знаат и не им треба солачи на памет. Да е се така лесно и сјајно во живот во заедница немаше ни да постои темава. @Neophodna помагала ти за да нема кавги со свекрва пак ќе има за друго проблеми ако свекрва ти така намерила на кавга да тера со тебе. Помагаш зошто ти така сакаш и осеќаш дека треба не за да не ти прави кавги свекрва. Или ич не помагај ако така сметаш дека треба т.е. си наумила. Додека се токмиш да правиш да угодуваш некому си губиш од времето,енергијата прво себе си да си угодиш. Е сега ако за себе угодување сакаш да помогнеш слободно помагај ама не за да немало кавги,за да виделе дека си вредна итн. Живеј си го животот за себе угодување не за други па макар и свекрва била.
Па не си доволно долго на темава за да се сетиш на муабетот за атер момите. Еве ти живееш сама со мажот ама немаш граници и се нервираш. Границите од прв ден на врска се прават, ако јас сега и' трчам и и' изигравам "ќерка" не може после пу пу не важи, сакам сама. Дистанца е важна работа.
Ако се заинтересира за моите граници и дистанца еве вака да те подучам,јас никогаш не сум и потрчувала од проста причина што не живеела со маж ми и фала Богу не ни живее. Јас со неа по толку години имам коректен однос,значи го мерам моето однесување кај неа на гости што е однесување на гостин кон домаќинка.(А на почеток на брак сум се местела да и помагам,немало фајде само дополнителни нервози). Проблемот е што таа кога доаѓа на гости нема почит кон тој однос,па од моја страна добива нејзиното некоректно однесување дистанцирање мое лично и непожелност да ми доаѓа така наострена да соли за се памет,да се меша во се. Во мојот брак лично мм е проблемот што не успева да и објасни дека не е веќе главна жена во неговиот живот,дека има жена која со години го рани,пере,одржува како таа смета и еве уште е жив и влакно од коса не му фали. Он и кажува и пред мене најнормално ама џабе. Така да тоа е. Ама и јас пред да кажам оп бидејќи сум ја немала во видно поле еве ко тебе одма да и акнам блок и дистанс сум мислела дека се што лета се јаде. А @CameliaMiller и во моја околина имало случај па и меѓу МЈФ(Андријана Јаневска)со години беше нечија вереница па друг ја омажи. Па така влези во брак искуси се во бракот ко што велиш искусна си на темава,а јас не па не ви ги знам муабетите(кои искрено нема ни потреба да ги знам,моето лично мислење и искуство не зависи од напишаното тука) па после прави дистанца да те видам. Сега се е лесно и се што лета се јаде. Сепак ти си знаеш за себе ама штом го пикна носот во границите на мојот дом и комфор па да ти одговорам.
Да ти кажам право ич не би ми било жал. Тој не е бебе па да може да го врткаат! Ако нив може да им угоди, зошто тебе да неможе? Да финансирам и издржувам две куќи, а да не ми е гајле за мирот од жената и бебенцето не е до воспитање, него невоспитање. Девер ти е маж, што ја поставил жена му како принцеза пред сите вас и ве дриблаат сите, тој си го гледа семејтсвото и ве корусти. Старите се криви, или маж ти што дозволил? И тој да те преставел како кралица, кралица би била пред сите, а не дух вп сопствена куќа. Тој да поставел граници, би имало граница. Да не си изигрувала хепи фејс за да не ги налутиш свекрва ти и јатрвата не би дошла до ова дереџе. Ти не сакаш ништо да смениш, само сакаш да ја олесниш душата на темава, а дома пак ќе си тераш како до сега и твое право, како сакаш така живеј. Последно ова ќе ти го кажам: ќе видиш дали вака ќе размислуваш кога ќе се роди малото и дали ќе ги жалиш маж ти кога ќе не можеш да го гледаш како сакаш, да го легнеш каде сакаш, да не може да спие на мир, кога ќе му купиш јадење и кога ќе се вратиш од работа ќе нема што да му дадеш да јаде, оти комшиите се изеле, кога имаш пари за едно чоколадо, а мораш да купиш две зошто нон стоп имаш уште едно дете дома, кога ќе не може на раат да си игра зошто другото дете ги закача твоето,кога ќе нема простор каде да патка кога ќе проодува од толкава гужва дома, со еден збор кога ќе не можеш да го гледаш како сакаш сопственото дете. Не ти зборам зошто сакам да ти се ситам и да те исмејувам, напротив ти посакувам да излезеш од оваа ситуација. Ако сакаш пишувај ми приватни пораки кога ќе ти биде тешко, ќе те ислушам и посоветувам, понудата си останува. Но, се додека размислуваш вака нема да се смени ништо.
Еве новости. Ќе си пишувам јас. Да ми олесни. Ако ни тука не пишам ќе ми пукне главата. Си дојде мм од работа, работеше и нешто друго дома откако дојде и го прашуваше татко му за некој алат каде е тој заигран со мобилниот си ќути. Мојов пак го прашува тој си ќути. И му се развика мм. Е тогаш го слушна. Му се пушти да му вика како можел тој да му одговори кога на мобилниот гледал нешто во моментот. И сега лут му е не му збори. Мм му зборува тој ќути. И јас се нервирам бидејќи без потреба само го нервираат. А сабајле се искарал со другиот син и тој му вели сѐ и го навредува го пцуе и пак со него не се лути со мм муабет не прави. И вика мм на мајка му направи ми кафе и татко му вика нема да му правиш. И таа не му направи. Сега да станам јас да му правам ќе мора и за нив оти одма ќе ги кренат носевите а не сакам да им правам и нив. Ако мм што работеше 9 часа и плус уште 2 откако си дојде од работа не заслужил едно кафе тогаш тие немаат воопшто. Посебно татко му. Што доаѓа од работа, јаде и пие цел ден, лежи и само наредува. Нему треба да му е срам што така се однесува со мм оти тој ги издржува. Плус вика и ме вознемирува мене бремена. И само соли памет, гледа глупости по интернет и вика еве ова за тој што сака да работи демек син му, т.е мм не сака. Тој не можел, одел на работа. Па и мм оди на работа и тоа дупло саати од него. Неговата работа е со седење а мм цел ден не седнува. Многу се изнервирав. Тој најпаметен од сите е. Затоа сега ќе го земам мм и одиме на кафе некаде. Или ќе чекам да легнат за да направам. Ѓубриња. Ем ги издржуваме ем едно кафе не сме заслужиле. Вријам од нервоза.
А зошто штом штедите да одите надвор да трошите пари за кафе? Ќе станеш и ќе му направиш на маж ти кафе ако си во добра состојба. Инаку наместо да се нервираш сериознод да ја отвориш темата да си одите од таму,кирија,ваше на кредит. Нема место за сите 4ца на тој спрат плус јатрва,дете и брат му. Премногу луѓе,различни карактери,некој мора да пресече и да замине. Јас вака размислувам сепак ќе си ги изанализирате сите ваши можности.