mm odi na rab sveki spiese so mene 3 dens deka carski..edvaj istrpiv go pribrav mm so nas i negovo dete e ke izdrzi...sega se cudam kako sum prifatila so nas da spieama toa e koga si so carski i vo sok.
Ај ете три дена, плус маж на работа. Ама 40 дена и маж во друга соба... плус природно породена и немаше никаква мака. И јас што се чудам, таа сега спие со свекрва ми кога маж и е трета смена на работа. Не знам што си има замислено. Неопходна веќе досадна си едно те исто. Помагај си ти остај не нас другите да се срамиме пред сите што ништо не фаќаме.
@Neophodna едно те исто верглаш во повеќе теми и само со една реченица ти е постот и толку. Дај искажи се убаво да те разбереме.
Нема да одговори, зошто е свекрва...само едно исто кажува. Си се брани самата. И јас барав да даде конкретен одговор. Лечење комплекси и ништо друго.
И јаа приметив дека во повеќе теми оди контра со кратки недоречени реченици. Игнор е најдобра опција за членови кои само си го трошат вишокот време тука без желба да дадат било каков допринос или да си помогнат самите. А може и машка личност да се крие зад дотичната неопходна.
Здраво на сите,Се мислев дали да пишам во темава но решив да си олеснам малку. Скоро се омажив и живееме во куќа со сопругот. Пред да се земеме, неговите родители живееја во кужа подалеку од првава каде сме ние (на 10км да речеме). Јас ни на крај на памет дека штом стапиме во брак ќе ни дојдат под нас, на приземјето, ниту некој спомна нешто такво ниту се планираше ни ништо. Мојот живот оттогаш стана пекол. На свекрвата намерите и се најдобри (да направи ручек да ти помогне) но таа е друга генерација многу е поинаква со позастарени сфаќања и воопшто не сме компатибилни. На почетокот доаѓање секое божјо утро на врата, влегуваше без да засвони или с емоташе околу дворот секое мое излегување таа да ме испрати...почна да станува неподносливо. Реагирав бурно се искаравме со сопругот тоа беше страшно по што незнам точно што но тој нешто им спомнал на неговите па оттогаш не доаѓа мајка му не ми ѕвони.... Сеедно, мене ужасно многу ми пречи што се тука штоимаат увид кога не сум дома кога сум дома и што ја делат 5 чекори од мене едноставно се гушам немам приватност. Незнам што да правам, велам има добри намери но ние не сме мали децајас можам и ручек да направам и да си исперам фала му на господ на човек со сила да му помогнеш мислам неможеш....Тип на жена е што научила да ги контролира синовите и мажот порасната е на село многу пати се меша дури несвесно како.. Почнав да станувам погруба во однесувањето како за инает не се симнувам докај нив на кафе или да ги видам...Но ова мене ми пречи ненормалчно многи
А вие вака шо се мразите со свекрвите ваши да ве прашам вака во подалечната иднина каков однос очекувате од вашите идни снашки или вие одма од старт "шо сакате прајте очи да не ви видам,ни внуци на чување да ми носите" или ке сакате да си се радвите со децата на вашите деца за кои маки мачите да ги порасните и изгледате??
Еве јас ќе ти одговорам. Јас нема да се подебавам со снаата (ако имам снаа) ако не дај боже има проблем со добивање дете. Мојата свекрва тоа мене ми го правеше и затоа сум таква кон неа. Не ја мразам,ама ме повредила многу и немам почит.
Баш затоа што сме "паталки", знаеме утре како не треба да се однесуваме. Лично јас учам на нејзините грешки, а додуша и кога би сакала не би можела да бидам толку бездушна и себична како неа.