Јас имам одличен однос со свекрвата , а детето го чувам сама . Помошта е сведена на следново: ја носи во градинка овие месеци кога не можам да се качувам по скали,може и понатака ќе ја носи зависи како ќе бидам на работа, ќе видиме, кога имам обврски по институции ја чува, кога одам на прегледи,ако е многу ладно кога одам во продавница и сл., значи во ептен копмплицирани ситуации. Се ама буквално се околу неа е препуштено на мене и маж ми и финансиски и се останато. Ама не се жалам, и благодарам и на тоа. Кажав, кога ми беше најтешко не ме оставо сама, во тоалет ме носеше кога мм не беше дома. Знам дека кога ќе ми згусти нема да ме остави сама, доволно е и тоа. А до тогаш, обврската за ќерката е моја и на сопругот. Ја почитувам, ме почитува .... Не значи дека ако го гледам детето сама дека ја мразам свекрвата, напротив.
Пример кој со свои очи го видов и сеуште неможам да се доначудам. Седиме во советувалиште во здравствен дом чекаме за вакцина на малата. Доаѓа една жена со бебе во рака (малечко околу 1-2 недели), зад неа помлад маж и зад него помлада жена со две ташни во рака. Си седнаа бебето цело време во постарата жена (свекрвата). Мажот цело време си чепка во моб, свекрват со бебето в раце оди на шалтер, го пријавува, се распрашува за него. Мајката седи и гледа. Се враќа свекрвата со бебето во раце тоа плаче, мајката станува да го земи, свекрвата не и го дава и му се обраќа на бебето : "злато бабино, сега бабичка ќе те заспие". Го нишка, го смирува. И бара на мајката шише со чајче оваа вади и дава, постарата жена го зема шишето си седнува и му дава на бебето. Цело време постарата жена оди на шалтер прашува кога се на ред, бебето и спие в раце. Таткото баш му е гајле си седи на мобилен, мајката само ги гледа од далеку. Дојдовме на ред, влеговме. Кога излеговме бабата седеше пред вратата на докторката со голо бебе в раце да влези, а мајката зад неа со ташните в раце. Јас навистина не знам која е таа мајка што дозволува да е во споредна улога во животот на бебето. За мажот и, немам коментар изгледа му одговара тоа друг да е одговорен за неговото дете. Читам овде и неможев да се доначудам. Со свои очи видов и уште се чудам. Обично не коментирам, ама толку ме исфрустрира ситуацијата што морав да ја споделам. Едно е помош, друго е некој да ти го завзема местото. Сепак едно ќе речам, кој колку ќе дозволи. Доколку сами не ги поставиме границите сигурно нема другите да ги постават.
@Ana_mk Ако не сакам никаква помош од свекрвата не значи дека ја мразам , ја почитувам колку и таа мене. А јас кога ќе бидам свекрва прво ќе се потрудам да ги одделам од мене , зошто две генерации во една куќа не бива. Ќе помагам ако ми побараат помош и за деца и за се , ама АКО ПОБАРААТ. Во никој случај нема да легнам во ист кревет со снаата , ако и треба помош како тебе што ти требала во случајот ќе дежурам и јас ама не легната до неа. Само незнам кога еве ти што толку се почитувате со свекрвата се препираш со нас "што ги мразиме свекрвите" па и баш во оваа тема.
Едно е помош, а др е да изиграва мајка. Сепак секој треба да си ја знае улогата и местото. Едно е мајка, др е баба. Едно е татко, др е дедо. Посебно во конкретната ситуација при здрава, права мајка и здрав прав татко. Ако намерата и била да помага можеше да си седи настрана и да чека да побараат помош, или да поможи со други работи пр. носење на ташната на бебето, а не да изиграва мајка. Во ситуацијата јас не ја наоѓам крива свекрвата туку жената и мажот. Така и дозволиле. Исто така има разлика помеѓу тоа да побараш помош на минута две или одредено време да извршиш некоја обврска, и помеѓу тоа некој да ти го зема местото како родител и да донесува одлуки место тебе во врска со детето. Сепак пак ќе речам кој колку ќе си дозволи. Детето си носи свои обврски, и секој свесно влегува во улогата на родител. Доколку не си спремен/а да се сносиш со обврските, проблемите и општо промената на животот и секојднивието кое го носи раѓањето на бебето, подобро ич да е се размислува на тема бебе.
Јас сум кажала - Ако дочекам да имам снаи, сакам одделно да живееме. Помош од мене ќе имаат само кога ќе им затреба. Не сум личност што сака да се наметнува. Си ја гледам својата работа. Мојата свекрва и како млада била терсене, таква и остана.
Неопходнаб ич не ја сака свекрвата, ама цело време ја брани. Нема врка, да одговорам на постот од @kiki_riki така да ми се умеша, со мене по доктори да оди и кога плаче место млеко чаеви да му дава ќе се разведам сместа. Ене ја ја иам една, детено сама не го однела ми кај мајка и. По парк и свекорот и свекрвата идат со неа. На 5 мин жиееме не рекла ај круг со децава, не смее. Не и го даваат. Ни со маж и нема излезено. Само со драгите му мама и тати. Али и помагаат бе...и помагаат.
Ама зошто мешаш баби и жаби? Што има врска односот со свекрвата сега со односот наш со нашите снаи во иднина? Нема никаква поврзаност реално. Јас дур живеев во заедница имав проблеми со свекрвата. Откако се преселивме и се родија децата функционираме нормално, ги гледа децата, ги игра, им се радува најнормално, ништо не и е скратено во нејзината улога на баба. Одам и сама кафе да пијам со неа, се слушаме и на телефон. Ама, и она и јас имаме граница кога станува збор за децата, не им се прави мајка, одиме и доаѓа на гости и седи неколку саати и им се посветува на нив (а тоа е зошто отворено пресеков за многу работи кои намерно ги правеше додека беше бебе големата, и од грешките си научи). Ама, да ми спие свекрва со мене, да им се прави мајка на децата, да ги чува и кога нема потреба, навистина е премногу. Има градинки за децата, 90% се од бебиња таму и многу подобро растат и се развиваат во споредба со оние кои се чувани од баба (зборам и за мајка и за свекрва) зошто со нив ќе гледаат турски серии, ќе слушаат без врска муабети додека зборат на телефон, нема да се во близина со врсници, нема да стекнат основни навики и ред други работи. Секоја од нас прифаќа помош кога ете се работи за болно дете кога неможе да оди во градинка а мајката неможе да земе боледување или слободни денови. Се останато е претерано и премногу и не е добро за детето. Ова од искуство на мои блиски луѓе ти го кажувам, свекрвите што им ги чуваат децата и е огромна разликата во однесувањето со децата што се израстени во градинка.
Куќата е поделена на два дела во едниот дел живее брат му со посебен влез во друг ние со посебен влез а старите дојдоа во подрумот односно приземје...куќата е семејна односно ја граделе сите заедно за синовите....како се уселивме (а старите си живеат во др стан си имаат) они ете ги се уселија и они повде....
Е добро де, не ти се вселиле дома, во посебен влез се. Ти врши притисок, ти седи дома постојано, ти се меша во одлуки, ти кажува што да правиш. има клуч од вашиот спрат, ти буричка по стварите, ти кажува како да готвиш, ти наоѓа маани, и давате пари за нешто? Ако има граници свекрвата и ако одговорот е не, тогаш немаш лоша и проблематична свекрва, туку едноставно пошто е свекрва ти неможеш да ја гледаш и поднесеш, а голема е разликата помеѓу тие две работи.
Значи во нивно си се уселиле. Сега е ваше да им ставите граници, да се навикнете или да се отселите. Вие сите имате свои влезови, свои кујни и купатила, мислам дека можете човечки да се разберете и да си поставите граници.
А јас во кој дел реков дека баба им се прајт мајка на моите деца? Само шо наместо да поставам граници на еден сат денот со баба му и дедо му тие се цело време околу него.Иначе грижата за јадење,пиење,спиење,капење си ја имам јас и никој ама баш никој за ништо не ми се замешал или пак ми се десило некој дете да ми грабат од раце!!!!
Јас не реков лично за тебе туку општо. И да, мене ми е претеризам баба и дедо постојано да се околу детето, доаѓа до размазување и немање авторитет врз детето, зошто кога и да треба мајка или татко да скараат дете, бабата и дедото го бранат, макар и што може да се повреди или беља да направи. Граници треба да има, премногу близина не е добра.
Што убаво по цел ден заедно .. Идила. Еден фати, друг фати дете ќе се изгледа, ама ќе правиме муабет колку ред и дисциплина ќе има тоа дете, кога сто раце во денот ќе помине...
Под помош подразбирам да ми го причува некој детето ако имам некоја обврска. Кога можам јас нема зошто некој друг да ми го храни, пресоблака, бања, и сл. Самата сум способна да го направам тоа. Има свекрви/мајки што изиграваат мајки на децата. Јас тоа не го дозволувам. Маж ми знае да ме нарече лоша затоа што не дозволувам на мајка му да изиграва мајка на децава. Ама баш ми е гајле. Му кажав - Ако нешто не ти се допаѓа, спакувај се и правец кај мајка ти. После тоа што дотичната ми го правеше, со неа комуницирам само заради маж ми. Да не е тој нема да стапнам кај неа. @Luna91 тоа дете во иднина нема да има никаква блискост со родителите. Ама на некои снаи им е полесно кога децата им ги чува друг, а тие си уживаат. Познавам таков брачен пар. Детето е цело време кај свекрвата, за да можат двајцата да се прчат. Детево не ги ни погледнува родителите. Цело време ја бара бабата.
Потпишувам. Вчера баш тоа зборевме. Почнувам со дохрана сега. И баба и прашува јадеше ли сака ли бла бла. Како што. И викам гасиме теливизор, нема муабет и она си јаде седната во хранилка. Да да паметно така, само ќе и викаш ајде ам ам...викам ништо реков, ни ам ам, ни авиончиња ни бутур. И ќути. Знам дека кога ќе ја чува ништо од ова нема да се испочитува. Затоа избегавам се обврски околу дете пред нив. Зошто ја јансмирувам у дневна таа од кујна ја шшка, викам немој Аа добро извини и пак за минута шшшш... Пак викам ти кажав немој таа пак да да добро баба се заборави пак после минута шшшшш...ја уапивам ја ставам на кревет таа рипа и пак шшшш и го тресе креветот. Ја опоменав па среќа бар тоа престана да го прави. Уште да ја оставам цел ден со нив. Сите болештии ќе ги научи на 1 год, ќе знае која комшивка кај отишла кој умрел итн.... И така...и не, не е ова само за свекрва..и за другата баба важи... Баба е...има 60и кусур не 20икусур.
Е и мене ми се чудат, како живеам со свекрва, а не сум ја користела. Будала сум била.. Јас сум во скроз коректни односи со неа. Секако има некои ситуации, не можам да кажам дека ми е идеално, но се има разбирање. Меѓутоа нејзините погледи за чување и воспитување скроз се разликуваат од моите. И го дадов тоа до знаење и рака на срце избегава да се меша, но одвреме, навреме ќе лупне некоја нелогичност поврзана со бебето. Кога кажав дека бебе чувам дома максимум до годинка и некој месец, потоа во градинка. Почна да негодува. Мала ќе била, на 3/4 години да сум ја запишела, она ќе ја чувала. Фала и на понудата, ама знам дека ако она ја чува ќе ја направи лигава до бескрај, а така не сакам. Спремна сум многу да жртвувам за да ја израснам како воспитано дете, а не лигла. Ете на пример, треба да се вратам за месец дена на работа со никакво работно време во кое нема да можам ич да ја гледам малата. И фино лепо си најавив отказ. Ќе барам работа со нормално работно време, а во меѓувреме ќе и се посветам целосно. Изгледа дека и оваа одлука не и се допадна, но Боже мој. Одлуките ги донесуваме јас и мм. Инаку заборавив да напоменам, дека не седам по цел ден со неа. Може едно кафе заедно или еден ручек и си се повлекувам со малата. Ќе ја поигра пола саат и ќе ми ја даде. Само така можам да функционирам. По цел ден заедно не можам и не сакам.
Исто и мене ми вика потполно хахха си праи бајрам на паметот дека ќе чува. А дете додека бевме таму од шо го мачеа не ми спиеше дење.
imam edno prasanje do site koj sto se zacleneti na ovoj forum i koj sto bi sakale da mi pomognat 6 god sum vo brak ziveam so svekrva i bratot na maz mi imame dete 5 god maz mi e navistina domakin covek nemozam da se pozalam no svekrvata e kao od pekol pratena vo se se mesa ne tropnuva nikogas pred da vleze napadna e vo se ima penzija plus sie doma za pari zdrava e finansiski voopsto ne ni pomaga samo odmaga vo toj del stalno mu trazi na maz mi pari duri i na mene nekolku pati dodeka rabotev deteto mi go cuvase no ne bas kako sto treba ne soodvetno obleceno ne nahraneto dobro plus brat mu na maz mi voopsto cel zivot ne raboti nisto a isto i svekrvami i samo mu trazat pari na maz mi jas se bunam non stop kavgi i raspravii doslo i do fizicko tepanje so svekrvami zasto e dolzen maz mi da go rani brat mu koga e zdrav a neke da rab na moeto dete mu se odzima a samite pravime kuka na strana vo ist dvor bez nicija pomos ve mola posovetuvajte me sto da pravam dali da ostanam vo ova semejstvo vo ovoj brak ili da baram sreka na drugo mesto so dr covek .