Е значи се нервирам кога ќе слушнам како мамините синчиња одма и се ,,жалат,, на мама за се и сешто,до пред неколку години идниот мој сопруг не зборувал со мајка му за толку интимни работи,ниту пак се жали,туку за општи работи поврзани со мене,каде сум била,дали сум настината,дали не сум положила некој испит и сл.а мене ме нервира се она да знае така да ако нешто не сакам да се знае му велам не кажувај и ме слуша не можам да се пожалам
Јас имам голем проблем со мојата свекрва, но уште поголем со сопругот бидејќи за него таа секогаш е во право таа знае се само неа си ја слуша и никого друг. Живееме во куќа на први спрат тие на вториот ние он кога иде дома мора прво да влезе кај неа да и се “ исповеда“ па после ќе дојде дома а со мене ни муабет не прави ке појде кај неа на ручек таму ке си руча, а дома ручек нормално, ајде па она ќе му ѕвони на тел. ке му рече ајде кафето е готово, и многу други работи што неможам повеќе да зборувам ме фаќа нервоза кога зборувам за тоа. Многу пати сум била навредувана од неа еднаш ја заслушав како вели дека сум била животно од шума слезено а јас никому ни збор му немам речено никогаш не сум се скарала со никого и на тоа што го слушнав преќутев му кажав на сопругот и ми рече кој знае што си слушнала а многу добро слушнав. Од неа неможам да си живеам мирно, имам многу проблеми, со сопругот постојано се караме за неа верувајте повеќе незнам што да правам од толку маки со неа сум размислувала и да си заминам од дома но ми е жал за децата имам 2 дечиња. Каде да одам што да правам како да жиеам понатаму стварно незнам. Ве мозам за совет поздрав до сите.
поздрав и до тебе.. ти го зачитав случајно постот и останав без зборови, сварно незнам што да кажам. Дали некогаш си седнала и отворено да зборуваш со неа и да ја прашаш што толку и смета кај тебе, каде грешиш, според нејзината теорија, најчесто проблемите се решаваат со зборување, седни а и направи си муабет, а да си одиш од дома не е решение.. е во краен случај ако почне физички да те напаѓа таа или пак соругот тогаш е оправдано заминувањето и разводот, но во ваков случај разговарај со неа, и кажи што си слушнала дека кажала се кажи и што ти смета, па таа нека одговори.
Не е кај свекрвата проблемот, кај мажот е. Треба да седнеш и да поразговараш со него, да му укажеш на фактот дека толку добро го истренирала што мајката ја става пред жената, а тоа не е во ред. Па на што личи тоа, мажот кога си иде од работа да оди прво кај мајката и таму да руча, знаејќи дека си има жена дома? Ако толку си ја сака мамичка, не морал да се жени. Кристијана, навистина, со мажот мораш да поразговараш, жената си е таква, затоа што и' се може. Ако мажот ти поинаку се постави, односно и' го покаже местото, тогаш и таа ќе пее друга песна. Па и да не се смени кај неа ништо, не е важно, поважно е мажот ти да ги промени навиките
според кажаново ти си ,,делена,, од свекрвати така ????не објасни дали сте имале конфликт со неја и дали таа те поштува како невеста? дали одиш ти на работа , дали ти ги повардува децата кога ке излезете со сопругот исто така дали ги сака децата ? дали имаш свекор ? морат да кажиш нешто повеке за да можеме нешто да те подучиме вака имаме маЛКУ ИНФОРМАЦИИ ! ИСТО ДАЛИ ТАА РАБОТИТ ИЛИ Е ,,ОЧАЈНА ДОМАКИНКА,, СИТЕ ОВИЕ РАБОТИ СЕ БИТНИ И ОБРАЗОВАНИЕТО НЕЈЗИНО ДАЛИ е ДОСТОЈНО СО ТВОЕТО И ОБРАТНО . дАЛИ ИМАШ ПОДРШКА ОД ТВОИТЕ НАРОДНО РЕЧЕНО ,,грб,, ако си ТИ ,,очајна домакинка ,, тешко ке одит работата !
Да се обидов и тоа отворено да ја прашам во што е нејзиниот проблем што така се однесува со мене, но ми рече дека тоа си е нејзина работа дека што сака таа ќе си прави а јас да си молчам дека сум била во нејзина куќа и ако не ми се допаѓало да сум си заминела кај мајка ми. И јас тоа му го казав на сопругот и ми рече дека убаво ми кажала.
иии... лелее значи таа жена апла не те сакала тебе, па добро бе што душа има, и еве да си заминела кај мајка ти, нема да и биде жал што ретко ке ги гледа внучињата (оти ако се малолетни секако ти ке си ги земиш децата со тебе, и судски ке ти ги доделат)??? ејј сварно незнам што да кажам, ако неможеш повеке или разговарај со сопругот твој и речи му па макар и уцениго да ја смири мајка му, или иселете се од наводно нејзината куќа(што не е само нејзина ако ти си му жена на син и тогаш е и твоја), и ако неможиш повеќе па исплаши ги почни собирај ствари да видиш како ке се стресат сите. вујна ми така направи, но од други причини,(таа е како свекрвати лоша, и сака да биде сама, а оти на баба ми и дедо ми станот не беше готов мораа да живеат заедно некој период)и на вујна ми и сметало тоа сето си собра ствари и правец кај мајка и, па одеа а молеа сите да се врате заради децата и сега после многу години пак си живее среќно, со капата на страна по нејзино е се.незнам што да правиш, ама и размисли убаво дали некој таму и воопшто вреде.позз
И со него сум разговарала секогаш на убав и мирен начин за да му докажам дека греши и дека не е во право што така се однесува со мене, но секогаш тој разговор преминувал во расправија. колку и да му кажувам тој во главата си има нешто замислено дека така треба да биде и готово. за ништо неможеш да го убедиш дека не е така. колку и да зборувам тој си тера по негово.
Незнам на таа жена дали воопшто и е жал за некого она е родена само да направи на некого нешто лошо. пред некое време и на мажотми му реков дека повеќе неможам да издржам така дека ќе си одам од таа куќа ако сака нека иде со мене и со децата но тој ми рече дека си имал куќа дека несакал никаде да оди а јас ако сум сакала слободно сум можела да си заминам каде сакам. и што да очекувам јас од него да ме сака да ме поштува стварно незнам, после се и јас незнам дали сеуште го сакам него за да го продолжам животов со него па јас имам само 24 години животов е пред мене ке се нервирам за некој што не вреди најубаво да ставам крај на се и да продолзам понатаму, а тој кога ја сака толку мајкаму нека си живее со неа.
Добро бе, кај гледаше кога се мажеше? Не беше тогаш таква работата? Те поштуваа тогаш? Стварно не ми е јасно. Ситуацијава ми изгледа или ќе седиш и ќе трпиш или ќе си заминеш. Очигледно никој нема да се оправи. А ти ако си ќутела од почетокот, сега е веќе касно.
за тебе тоа би било најдобро, нема да бидиш ни прва ни последна, со текот на времето и на децата ке им објасниш, кога ке почнат да разбираат и се ке биде во ред. но прво да не избрзуваш, соопшти му на сопругот твој и на мајка му што планираш, и дај му последна шанса (барем јас да сум така би направила), и кажи му ги последиците од твоето заминување какви се, потоа поседи уште некое време ако не бидува, тогаш побарај ги мајка ти и татко ти и кажи му каква ти е ситуацијата се надевам ке те разберат, и ти посакувам побрзо да го решиш проблемот... но да знаеш дека за таа твоја ситуација и ти си малку крива, сигурно пред да ти биде маж ти бил дечко, требало порано да сватиш дека е мамин син, до некаде разбирам врска и брак е различно но за такви работи болје спречити него лечити, е сега кај е тебе е лечити, знаеш очи гледале, очи плакале, ајде мисли со главата што ке правиш, дали ке се жртвуваш за децата и ке продолжиш да живееш во пеколот со свекрва ѓавол, или ке си одиш кај мајка ти, сепак семејството е многу значајно и кога цел свет ќе не напушти семејството треба да е тука да ни помогни и утеши. ти си знаеш размисли убаво
Од почетокот беше исто само што јас тогаш ништо не гледав бев заљубена сите си играа со мене како играчка но јас бев невеста и требаше да ќутам нормално да не згрешам нешто да не речам нешто погрешно па некој да не се налути и така а тука плус имам и золва која е главна во се само неа ја слушаат сите. а тоа мое ќутење тие го злооупотребија и сега сите си ме вртат како што знаат.
незнам дали ја знаеш песната-што ти се чинеше кога се мажеше? МАМИНО синче си е мамино синче и НЕ се менуват т.е. да доколку ТОЈ сака да се смени(што не е така во случајов) можеби треба да го ставиш мажот ти во позиција да бира-мегу тебе и мајка му(мајка му му е мајка ама ТИ си му сопруга, мајка на заедничките дечиња) постави му ултиматум, и кажу му јасно и гласно дека си одиш од таа кука, и ако сака нека дојде, ако не ке си продолжиш со животот сама(а за дечињата судски би се решило, т.е. на кого судот ке ги додели, ако случајов дојде до развод) не свакам КАКО си можела да се омажиш за човек кое нема свое ЈАС и во семејство каде што си била третирана како крпа ти посакувам срека ако си невработена , потрудисе да се вработиш, да бидеш повеке ценета и во неговите а и во другите очи
Утре ќе пишуваме што ни подариле уште е рано вечерва ќе се врши примо-предаја на подароци јас и купив на иднава свекрва саксиско цвеќе не знам како се вика
Јас на свекрва ми и купив Playboy парфем и гел за туширање.Хахаха, баш секси поклон имам за неа, ама незнам она мене што ми купила.Денес ќе видам...
Ако сакаш ти да испаднеш дека си во право треба да си ја свтртиш воденицата на твоја страна. Трба да ја наместиш мајкаму да те извреѓа пред него. Ако прво влага кај нејзе дома а не кај тебе чекај го во тоа време кај нејзе ама не еднаш или двапати упорно на глава даи се качиш без да се караш само симни се и да те брка гајле ти е икога ке дојде баци го пред неа не сочно се разбира ама доволно колку да покажеш дека го сакаш. Ако она прави ручек и ти ручај таму насмеј се и речии фала за ручекот и неправи дома. Кога го вика за кафе и ти симнисе и смејсе биди расположена не се карај со мажот така само она добива. Ако те врега не кути врати со исто темпо , ама пред мажот прави се наивна дека немаш врска со тоа. Со срека.
Jaс мислам дека џабе се советите. После ова се е јасно. Мажот и со прст нема ни да мрдне она да си замине. Самата си кажа. А цел живот ова да се трпи, како да живееш во туѓа куќа, не знам баш колку е возможно. Ќе пукне кога тогаш. Затоа сега додека си млада и имаш волја смени ги работите. Понатаму касно ќе е.