Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Имаш 2 деца.. Тие ќе пораснат и мислам дека со тоа се ќе биде во ред.., тие секогаш ќе бидат на твоја стана ќе те подржуваат и ќе имаш сила да продолжиш..Мислам дека не требит да мислиш на развод поради децата се ке се смири но треба време.. ;)

    Внимавај во односите со мажот..направи некако да те засака да ви тргне работата и се ке се смени..!! :)

    СО СРЕЌА..... :*
     
    На kristijana88 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Извини, ама жал ми е што морам да речам дека работите можат (не мора, ама можат) да се средат само откако мајка му ќе замине на другиот свет.
    Знам дека звучам немилосрдно, ама твојот маж е мамин син со тапија.
    Повеќето се такви, ама твојот ги преминал сите граници, а мајка му наместо да го остави да води свој живот со тебе, уште го држи врзан со папочната врвца, не мислејќи дека му прави зло.
    Твоја вина е што си била слепа. Што си сеела, тоа ќе жнееш, за жал така е.
    Дали во меѓувреме не ги совиде какви се, зошто имате две деца, тоа само ти си го знаеш.
    Да ти се живи и здрави дечињата (за жал најмногу тие страдаат во вакви ситуации), ама да стигне работата дотаму самата си дозволила.
    Колку и да правиш муабет со него, џабе ти е, нема ништо да се смени, само може да премине во караница.
    Можеби и треба да си ги собериш работите и да заминеш, па да види дека нема вечно да ги трпиш!!!!
    А, како понатаму, Господ ќе ти помогне некако, ќе се средат работите.
     
    На kristijana88 и maca99 им се допаѓа ова.
  3. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште неам свекрва, а потенцијалнава е арна, ама вака на почетокот сите се арни. Во секој случај од искуството на мајка ми со баба ми не планирам ама ич да и попуштам. Нека ми рече ова е моја куќа??? Ќе и речам не драга ова е и моја куќа, зашто јас сум сопруга на син ти, јасно? И ич не планирам да имам перде на јазик, се ке ставам во ред уште пред да биде касно. Нема да и давам да ми ги влечка децата кај нејзините комшики, да ми ги направат бабини дечиња. Ќе може да само во мое присуство да ги гледа. Па после да ми рече јас ти ги исчував децата? фала богу мајка ми арна и жива и ако ми треба помош од неа ке побарам. Инаку овааа мојата потенцијална свекрва емногу фина вака, сега греота да зборам лошо, ама имам чувство дека многу сака да се меша со цел "да помогне". Подобро ке се расправам со неа 2 години, додека да сфати деака не е единсвена кокошка на тоа буниште, отколку цел живот да ме боли глава. Ама ич нема да ми биде гајле. Зашто знам мајка ми како ја трпеше баба ми секој ден плачеше од неа, епа кај мене тој филм нема да се гледа!
    А да, и јас никогаш не би си заминала прва и без борба, ке ја натерам она да плаче од мене, ке ме моли да си спие во својата кука. Се на***чив :lol:
     
    На Anyshka, srcekrsacka и maca99 им се допаѓа ова.
  4. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Види во право си тоа сто го велиш , ама треба малце по политичли ако таа е остар камен како тебе. Јас повеке сакам како што велат да ги мачкам на леб а не да ги колам, а путерот се мачка со тап нож .
     
    На AIT, srcekrsacka, maca99 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Кристијана на почетокот после првото мислење ми падна жал за тебе и твојата ситуација ,но после второто и третото сватив дека ти треба да седнеш и да се преиспиташ. Зошто? Затоа што на почетокот проблем беше свекрвата ,па потоа мажот ,па на крај неговата сестра. Можам да разберам да не ти одговара свекрвата која ајде не се погодила,ама па и мажот да не ти одговара а сама и свесно си го избрала ,па уште и две деца си му родила,па сега и золвата не чини,мислам дај те молам има ли некој кој тебе ти чини во таа куќа ??? И навистина смешно и детски е да се правиме невини и жртви ,како ние се трпиме и си молчиме и никому ништо не сме направиле ,а за возврат не не сакаат и не бркаат. Сега седни и размисли каде си згрешила и донеси мудро решение како да ја поправиш штетата која си ја направила затоа што во спротивно никогаш нема да бидеш среќна .Крајно време е да пораснеш и да направиш еден здрав чекор напред за твое и подобро утре на твоите деца. Среќно!!!
     
    На srcekrsacka, NATALI.27, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Е па Кристина и Јас се сложувам до некаде со горниов текс ЈАС ти напишав нешто вчера ти поставив некој парашања ама ти не ми одговори па бес тие одговори неможев да донесат заклучок кој е виновен во вашата ситуација .
    Ама сега гледам ам ,,го сакав,, ам заљубена , ам неможев да разберам ам морав да МОЛЧАМ ??!??!???!
    зошто бе да можчиш ТЕБЕ ти фалеше нешто ќора ,слепа ,куца дојде во таја куќа скраја да е ???? пак да молчиш ???? или мажоти те зеде заради бременост и не те сакаше????? со сила те дадоја ? нешто не е јасно !?! кој би дозволил како тебе ,,да молчит,, за џабе?//???
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ехех ај јас да си ја пофалам мојата, и претходно ја имам фалено, ми даде преубави пижами фротирски шо би рекла таа македонско производство се мн се квалитетни, хехех :D шала на страна стварно се преубај ;) јас и дадов еден крем за раце и сапунче од орифламе, малку во споредба со нејзиниот поклон, ама од срце е ;)
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Јас не добив поклон, ама и купив на неа, не сме од ист град па ке го пратам по дечко ми :D Колку и да се силам, пак ми е мила, пошто го родила син и кој на мене ми е дечко и многу го сакам. Ама сепак понекогаш самите сме си криви, пошто сите сакаат да се покажат како добри снашки на почетокот, премногу дозволуваат, па после сите ти се качуваат на глава. Во секој случај, денеска жените се помодерни и ретко во денешно време има недоразбирања од овој тип, може се да се реши со разговор. Многу ме нервираат некои заостанати и себични мајки, кои ги штитат своите синови премногу и снаите ги доживуваат како конкуренција за љубов. Навистина во ова време да се расправаш со свекрва е стварно заостаната работа. Подобро ке и кажам во лице што ми пречи, отколку да ја оговарам кај комшивката. Само искрено и строго, ке си поставиш свои граници и територија уште на почетокот и нема да те боли глава. Барем така е во теорија :lol:
     
    На Anyshka, srcekrsacka, girl.23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kerin

    kerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    во септември мецес се зацленив во форумот баш заради оваа тема оти ми требаше негде да се истушам и ако можи и по некој совет да добијам,не можев да го најдам постот со мојот проблем што го имав тогаш за да видите каков проблем имам ама ете во кратки црти ке ви казам-мажена сум 4 год и имам едно дете,живеевме сами со мм до пред некои 6 месеци арно ама моравме да се вратиме кај свекрва ми ,која беше многу против нашето вракање дома,арно ама се вративме ние оти имавме голема поддршка и од девер ми.Е сега со девер ми и јатрва ми си имам коректни односи,арно ама девер ми беше ,мн приврзан за мајка му многу повеке од мм,и таја цели 6 месеци ги труеше со јатрва ми дека ние мора да си заминиме под кирија и дека куката треба да остани за девер ми,а тоа со една и единствена причина што девер ми и јатрва ми имаат поголеми примања од нашите и таја сака со нив да остани и да си живеат во заедница-да не се разбериме погрешно и јас сакам таја да е со нива ама моментално сме со една плата и не можиме да заминиме од тука и не е фер за едниот да мисли а за др син не.е срека мм го сфати тоа и навреме ја предупреди дека греши ама пак по старо.Aма се и сешто проба да направи за да си одиме од куката не можам дури да мислам какви глупости оти се нервирам многу,почна да ме оговара да измислува работи за мене пред јатрва ми за да не скара почна да не збора со мене дома,да му купва поклони на јатрва ми за да ми биди криво и триста други глупости,се до вчера кога се случи пресврт-се испокараја со јатрва ми и девер ми и си изнакажаја зборови ниски,навреди огромни и ете си ги берат парталите и ке си одат кај мајка му на јатрва ми,и тоа не е се јатрва ми во момент на лутина ми кажа што се зборувала за мене свекрва ми не само дома туку и по комшиите,еден процент од тоа што го кажала за мене не е вистина ,и ете пред еден саат се качи свекрва ми да ми вели оти не е вистина ништо од тоа и дека јатрва ми измислува,а јас ја погледнав и и реков утре ке разговараме,и ете мм ме моли да не се расправам ама мора да и кажам дека мора да престани со глупостите еднаш,не знам дали ке можам да прекутам леле леле со душа го чекав моментот кога ке можам се да и кажам оти вистина од неа немам арно виденоо досега ама ете мм ми вели да се воздржам оти пак во иста кука сме-нема да можам да спијам цела нок ке мислам што да и кажам...
    инаку на јатрва ми и купи поклон за 8 март вчера а мене не-хахахаха абе по пола сат од ко и го даде поклонот се испокараја
     
  10. kristijana88

    kristijana88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    10
    Само да знаете дека е многу тешко кога немате поддршка од својот сопруг. кога тој за се ја слуша мајка му што и да направиме ние двајца прво треба на неа да и кажеме каде одиме што правиме она мора се да знае.Јас разбирам мајка си е мајка никој не може да ја замени, но чекај човеку ти сега имаш твое семејство имаш жена и деца никој не може да ти биде поважен од нив. неможе она во се да се меша па и ние си имаме свој живот и ние сакаме да си жиевеме на раат неможе некој да ти управува со животот јас тоа неможам да го поднесам но мојот сопруг изгледа дека си може игра како што таа му свири.А за мојата золва значи она е иста како мојата секрва, мажена е има семејство но секоја ден е тука кај нас и му соли памет на мојот сопруг и мене значи како втора свекрва па и навредува како јас не сум знаела да водам сметка за куќата и незнам што друго. и за ова нескакав да зборувам но морам да кажам дека извесно време платата на мажот ми ја чуаше золвами демек тој трошел многу пари незнаел да води сметка за ништо, па јас кога мене ке ми потребаа пари морав од неа да побарам. а јас доволно сум возрасна за да знам што е во ред а што не е но мислам дека овие работи што тие ги прават не се во ред. јас не се правам невина и жртва но верувајте секогаш сум гледала на сите да им погодам не сум сакала да има караници но едноставо со нив неможе така требало да бидам малку построга за да биде се во ред.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Одговорот на прашањето дали да и кажеж се или не лежи во тоа дали сакаш да останеш во таа кукука ,ако сакаш да останеш кажи што мислиш ама со резерва , а ако одиш кажи без устручавање.
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Kristijana јас само едно ќе кажам, јака ти душа :x ...после се` што прочитав за твоите проблеми, јас да бев на твое место одамна ќе си отидев, земам децата, парталите и да ме нема :!: ....золва ми да раководи со платата на маж ми и јас да барам пари од неа....страшно :o ....да дозволам и да трпам да ме тероризираат и секој да се иживљава со мене, да бидам задња дупка на свирало...не знам како си издржала да те брка свекрвата а тој торко од маж што го имаш да ти рече-арно ти рекла :o ....тешко тебе, искрено те жалам.

    Жено, не знам колку години си во брак, ама ако уште првата година не си можела да ги решиш сите овие проблеми и да не наидеш на подршката и заштитата од маж ти, јас стварно не знам зошто си останала во брак со него, па си родила и уште едно дете.

    Сите сме имале проблеми, ничиј брак не бил совршен, особено на почетокот кога се` уште не ги знаеме карактерите на секој член, ама штом маж ти не го сфатил токму она што и самата си го кажуваш, а јас го болдирав, нема никогаш да сфати.
    За жал цел живот ќе живееш во нејзина сенка, а кога еден ден неа ќе ја нема, пак нема маж ти да те ферма. Жал ми е што го пишувам ова, ама мене работава т.е. вашиов брак (мрак) не ми се допаѓа, вашиов брак не го бива и нема да го биде. :(
    Ако имаш каде да одиш и ако имаш подршка макар и најмала од некого, бегај.
     
    На srcekrsacka, slavica999, AIT и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Доволно е комплицирано да си со еден човек во брак а ако се замеша уште некој (свекрва, свекор, золва...) станува опасно. Мислам дека се благословени тие што живеат сами од прв ден, си имаат приватност и да се сакаат па и да се скараат без никој да им соли памет.
    Сега за сега се држиме добро со свеки (пу пу пу) ама веќе осеќам дека ми планинари по нерви некогаш... Ме нервира што синчето си го третира ко да е малолетен а не маж што си формирал свое семејство. Опасна итрица е, знае што да каже и направи во прав момент пред публика и сите да ја мислат за најдобра. Ќе видиме јуначко срце до кога ќе издржи вака, јас не сум многу по глумата па ќе биде интресно ако ми пукне филмот...
    Поздрав до сите напатени снаи, само храбро :rock: :D
     
    На srcekrsacka, kristijana88, Zaljubena111 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. cicek

    cicek Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    ova e mnogu koplicirano za edna zena koja nemaa nikoj pozadi sebe a ni sopsveniot soprugna kogo si se omazila zaradi лубов сигурно јас не би зивела со вакво семество ни 1-ден. А не тулку години па и деца да му родам , и јас не сум несто подобра от тебе само кај мене имаеден проблем сто сопругот е позади мене ,иимаме едно мислене.И тоа ми дава мир во дусата само сто јас не знам да кутам кога несто не во ред и го казувам тоа сто го мислам и тоа сто е праведно затоа сто мислам дека треба да им се крси (носот) на свекрвите.... позрав само храбро...
     
    На Anyshka и kristijana88 им се допаѓа ова.
  15. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Ау ќе пукнам од овие свекрвишта,блазеси и на Ева што немала свекрва во рајот :D иднава свекрва многу почна да ме нервира,сеуште не сме се договориле за датум за свадба и сега одеднаш почнува некои муабети демек сме избрзале(јас имам 31 вереникот 33) :x како немале пари за свадба(а на ќерката иако мажена може секој месец цела пензија да и ја дава,една година да не ја помага ете пари за свадба) вереникот после тоа ми рече да го заборавам муабетот од мајка му ама не можам:envy: :devil: останав без зборови
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Ти го имаш најбитното - подршката од твојот маж, можеш да си свиркаш и се да не ставаш на срце. (Нормално е сега да ја фаќа паника околу подготовката на свадбата, допрва следуваат нервози и трчања околу свадбата :) , но ќе помине)
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Сега за сега ја имам неговата поддршка,но ми е страв мајка му што се ќе му зборува кога пред мене го рече тоа па замислувам насамо кога ќе бидат,сега го покажа вистинското лице цело време дволична се прави а сум чула муабет од нејзини комшивки како го советувала синот да не слуша жена.
    А за свадбата им кажав јас не сакам луксузи поскромна свадба со околу 100 луѓе од двете страни е доволна, а злато и сл.нема потреба да се купува за мене,плус повеќето трошоци се од женската страна,не од машката.Ама свекрвава идна цело време е незаинтересирана за тема свадба,воопшто не ме ни прашала дали ќе шијам венчаница или готова ќе купувам и сл.
     
  18. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Е па ако немаат пари-немора да правите свадба..или поминете со нешто помало. На крајот на краиштата финансирајте сами-само во тој случај никој неможе да ви се меша. А тоа каде давале пари старите си е нивна работа и така мора да се свати, за да нема нервози. Да, не е праведно, знам, ама изгледа таква е релноста и не верувам и дека откако ке стапите во брак нешто многу ќе се смени.
    А за венчаницата мислиш дека ке ти полесно ако свекрвата многу се интересира? Вака барем имаш слобода да направиш нешто без премногу сугестии. Верувај ми-така е дури и полесно :D
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    40.150
    Пол:
    Женски
    ´Не се замарај со свекрвата . Сепак не е убаво да збори така за идната снаа, да го врти синот на нејзина страна . што оЧекува од синот да седне до неа до крајот на животот и да ја слуша мамиЧка . (божесаЧувај)

    Најбитна е подршката од негова страна , и иЧ не се замарај . Планирај си свадба , и не се замарај дали ке те праша што и како ке шиеш или не .
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Не е тоа толку дека немаат пари а и вереникот ми кажувал дека имале ,,фонд за свадби,, туку свекрвата се плаши јас кога ќе дојдам кај нив да живеам дека нема да може како до сега да ја помага ќерката.
    А јас сакам мала свадба повеќе со млади без непотребно трошење и по можност после свадбата живеење сами,макар и под кирија барем раат ќе бидам,па она после тоа слободно нека си ја дава пензијата кому сака.
    Во право сте феминки,би благодарам на поддршката,не се замарам веќе со свекривава :D ќе си продолжам со плановите за свадба,само криво ми е што веќе не можам да ја гледам со исти очи :x