Toa што снаата и свекрвата не се поднесуваат, не значи децата дека треба без баба да бидат. А да очекуваш од некого, значи дека пред да затрудниш си бил кај свекрвата и си ја прашала дали ќе го чува детето ако го родиш. Ако рече да, е тогаш ќе очекувам помош, а во секој друг случај може да ти рече не те терав да раѓаш ако не си способна да чуваш. Имам пишано за свекрвата на пријателката, фино лепо, јас моите ги исчував и кажа, сега ваш ред е да си ги изгледате вие вашите. I agree
Е има и такви што нивните деца не си ги исчувале а сакаат внуците да ги гледаат. Свекор ми го исчувала баба му додека мајка му и татко му шетале по државите сами. Тој неговите деца не ни знае како пораснале, никогаш ги нема држано, играно, нема домашно пишувано со нив .И смета дека обврска на бабата и дедото е да ги одгледуваат внуците, а не на родителите. Е нече мочи. Немам јас 100 деца за некој друг да ми ги уче,воспитува и цел ден со нив да биде, а најважно да се праве како јас да не постојам. Тоа кај друг, не кај мене. Родителите се тие што треба децата да си ги одгледаат, а баба и дедо се тука за да си поиграт со нив, да ги прошетат, ако сакат секако
Tacno! Svoevolno! Da gi prasas za pricuvuvanje dali ke se slobodni itn, a ne da go rodis so namera da ti go cuvaat drugi. Ama pak koj kako e naucen od doma...
Јас сум тазе невеста, 7 години во врска, дали 5 пати таму кафе сум сварила, додека не ме побара маж ми јас бев само гостинка и ништо повеќе. Една година верени, живееме во заедница, имаме една кујна, една дневна соба, едно купатило. Девојки верувајте ми првиот ден откога влегов таму како вереница со свекрва ми имавме еден муабет во смисол она ми кажа ако ти смета нешто ќе ми кажеш на мене, не да дознавам од комшии, јатрви и слично, се што ни се случува ќе си го решаваме сами. Истото беше и од моја страна, млада сум може ќе згрешам нешто, за се што мислиш дека треба ќе ме подучиш ќе ми кажеш мене, оговарања ова она позади грб не. И еве после една година ние супер функционираме, за се се разговара, се договара, се преговара, со мирен тон, со разговор па и низ смеа. Нормално дека ми фали простор и да си уживам сама со мажот ми, јас да сум домаќинка во куќата, ама знаев каде доаѓам и искрено јас сум не сум домаќинката, ама сум госпоѓата во куќата. Свекрва ми ме чува како ќерка. Со мажот ми правиме муабет дека имаме такви работи кога по цел ден си на работа , не стигаш да се избањаш а камо ли да зготвиш, испереш, јадеш како човек, што ќе правевме ако не беа свекор ми и свекрва ми. Вака си ги делиме обврските низ дома и се побрзо се завршува и како семејство седнуваме сите четворица на маса. Поентата ми е добар муабет на почетокот, разбирање на реалните околности, и волја и желба за да успее заедничкото живеење, и ги нема проблемите снаа свекрва.
Се зависи и од свекрвата. И кај нас така муабет од почеток се да си кажеме што како смета оти нема потреба мм да го замараме соо ова она , се додека не си чув низ град еден куп муабети , што не ни бев сигурна дали ги кажала , за да по една наша караница сите тие работи ми ги кажа. Затоа ти реков неможеш сите во ист кош да ги ставаш, среќа па имаш разбрана свекрва.
Далеку од тоа дека треба да им се ускрати љубовта од баба и дедо. Зборот ми е снаата не ја поднесува свекрвата, 300 маани и наоѓа, а пека за да и го чува детето. Еден близок пример, снаата и замерува на свекрвата за односот кон внуците. Не ги бришела кога иделе во вц, зборела пред нив разни глупости и пцости, се жалела како и е тешко да ги чува, а упорно и ги клепнува на свекрвата. Јас пред да оставам дете на чување прво ќе размислам каков ефект ќе има тоа врз детето. Ако гледам дека лошо влијае во смисол на воспитувае не го оставам и точка. Ако не ми се допаѓаат погледите на свекрвата во однос на воспитување, ако немам доверба во неа и ако не го почитува мојот збор, куче не би и оставила на чување, а не пак дете. За да си поиграат одреден период од денот ок, ама 9 саати никако.
Се согласувам. Свекрва ми постојано за се ми оде контра, јас речам нешто таа спротивно се прави, уште сега на детето кога го држе му вика удри мама, удри тато и со рачето мава кон нас. Детето сега не разбира што прави, ама го повтараат тоа што некој ги учи и кога ќе порасне истото ќе го прави. На кој да ја оставам, на некој што ја учи да си ги тепа родителите и да се смее на тоа? На некој што си праве како му одговара и како јас да не постојам? Не фала .Не негирам дека сака да ја чува и дека ја сака. Ама не сум ја оставила подолго од 2 часа и не сакам да ја оставам на некој во кој немам доверба.
Јас веднаш им викам не, немојте така, и образложувам. Сеедно свекор, свекрва, мајка или мм. На пример, едната почна да го кубе дедо и, ама силни. Он се смееше, ја играеше, и она уште повеќе го кубеше. Иако е обратен случај примеров, одма му реков да не и дозволува, она ќе мисли дека така треба, дека е игра, и во градинка или со други деца ќе имаме проблем. Веднаш пресеков и дете не повтори. Две минути се доста, а не два часа или цел ден за дете да најчи некоја навика која ние родителите не ја одобруваме.
Твоето разбира ама моето уште не. Јас реков тогаш Не така мамa, не се кубе мама и тато, ама баба и е упорна. После тоа пак проба на мм и јас истото го повторив. Преска ја држеше и јас и викам на малата да пукне, пау,пау и ја гушнав а баба и и ја зеде раката и маваше по мене. Не изреагирав, ама следен пат ќе му кажам на мм да ја удре неа (мајка му) да видам тогаш како ќе изреагира таа. Убаво пишав горе, од искуство знам дека со некои нема разбирачка, не помага муабет, само треба на нивно ниво да се спуштеш
Можеби имам пишано во темава, свекрва ми е супер жена полна со разбирање кон мене. Ама гледам како ги чуваше внуците од золва ми. Се дозволено, менување јадења по 20 пати на ден, тие ја маваат и плукаат, а она злато бабино си ги гушка, кога ќе направеа глупост ги игнорираше... И резултатот можете да го замислите. Ако се каже не тоа е општ хаос. Малиот е прво одделение и уште се ака од земја зошто му дале голема лажица он сакал мала, зошто мајка му не седи он каде што и кажал. Прошли пат ќе ја истепаше ќерка ми од 8 месеци зошто го штипна. Акање од земја мислиш го заклала. Јас не можам така. Ако греши детето сакам да му се укаже. Не дете од 6 години мава и плука, она на тоа дете е. Се учи теле, не се учи вол. Јас сум строга по природа и не сакам дозволувањр глупости. Од сега и кажав, фала за понудата, ама ја би сепак градинка.
Што подалеку и од свекрви и од мајки. И физичка далечина - живеење одделно и емотивна - што помалку споделување на приватни работи... и со едните и со другите.
Здраво феминки Свекрвиве се чудо невидено Сестрами ми се јави да отидам да ја чувам малечката , бидејки она оди на работа а свекрваи била болна ... И одам јас да ја чувам малата (тоа ми е задоволство ) и цело време сум со малата , свекрваи тука ,болна (се жали ова ми е она , ко ние млади сме болни не пак таа стара) , па ја заспивав ова она ... И се разбуди малата и ја играм ова она , и и викам на малечката :Сакаш да одиме кај Тамара и Маја (тие ни се роднини кои што живеат близу сестрами ,и малечкава мн ги сака и интересно ги кажува) но јас само онака и реков на малата да одиме , и свекрвава од сестра ми коа скокна и ми вика чекај да се облечам и јас идам со вас WHAT??? Нели беше болна женава ?? Се зачудив , и она почна да се облекува ни две ни три и и викам не одиме бидејки не носам пари да им купам чоколади на децата ! Просто не можам да поверувам , болна болна , а за шетање прва !
Не ме чуди ова. И мојата е болна за чување деца, а да скита по куќи е прва. Му се јави вчера на маж ми и му кажуваше што да прави овој месец. Се прашувам дали женава има попаметна работа?!
Еве и јас не ја сакам свекрва ми, очигледно е дека и таа мене не ме сака ама криво ми е кога не сака да го чува бебево. Бидејќи не е само мое. И од син и е ама омразата кон мене прави да не го сака ни детево. Вчера си го заспав бебево и таа дојде ќе го чувала јас да сум измиела чинии. Наместо да рече дај да ти го почувам да одмориш таа уште толку одмага. Плус бебето си спиеше немаше потреба да дојде само да седи тука да лежи. Се направив на три ипол и наместо тоа јас си појдов да си ги соберам алиштата од на тераса. Одам всоба бебето пишти плаче. И викам што е вика го скубнав малку за косата несакајќи. Бебето ми зајде од плачење, се поцрвене цело пола саат не можев да го смирам. И и реков повеќе ни една секунда не ти го оставам. Маж ми наместо да ме брани мене ми скокна мене си ја брани мајка му. Сабајлево пак бебето плаче таа поминува покрај врата и не влезе ни да види што му е ни да ми помогне. А за другото внуче трчаше кога и да заплачеше. Му кажав на мм мислејќи дека ќе биде на наша страна дека ќе го заболи што не му го сака детето ама тој пак на нејзина страна е. Само ме нервираат од ко сум породена помош немам никава плус само одмагаат. Да бев сама ќе знам сама сум и готово вака со еден куп луѓе пак сама по цел ден немам време да јадам. А ако појдам кај моите одма се муртат не им одговара и само ми се јавува мм да дојде да ме земе зошто тие му зборат.
Тоа со нечувањето деца е инает што свекрвите им го тераат на снаите. Ме зачуди ова со маж ти. Бива ли до толку да е муле?! И кои се тие да ти забранат да одиш кај твоите? Не ми е јасно.
И самата на почетокот кажа дека не се сакате така да не гледам никаква логика во тоа околу мое дете да ми помага некој кој не го поднеувам. Подобро така отколку да имаш некоја свекрва која цело време ќе се плетка околу него и ќе го учи на глупости. Баш имам другарка чија свекрва ужасно се однесува и го учи малото на се и сешто а пак мажот нејзин е морон кој постојано застанува во одбрана на мајка му. Со сила се грабаат и и го земаат детето за старката да си има играчка и занимација. Ако го однесе кај нејзината мајка која е супер жена и културна и се, нареден пат веднаш и пререкуваат дека сега ним им е ред да го причуваат детето, дека не е само нејзино. А таква е ситуација да мора понекогаш некој да и го причува. На кантар времето го мерат колку го оставила кај мајка и. Сакаат да доминираат очигледно и да направат малово да поприми од нивното однесување. Биди среќна што ситуацијата е таква каква што е, подобро самата вложи малку повеќе напор отколку да ти се плетка околу дете и да те нервира. Полошо ќе биде така имајќи во предвид дека и маж ти е врзан за сукњата на мама и нема за ништо да биде на твоја страна. Ваков маж мислам дека би го замразила у момент и не би издржала пет минути со него. И дете ќе им се роди и пак мама прва виолина.