Јас немам такви проблеми ама еве ќе коментирам бидејќи истото ова мм ми го има кажано( еднаш свекрвата нешто ми пререче и тој ми вика не се замарај, гледаш јас како не се замарам) а јас му одговорив кратко и јасно: ти не се замараш дека си навикнат,ја трпиш цел живот ама јас не сакам да ја трпам, ниту пак сум должна. Пробај кажи му дека си човек и некогаш не може а да не допре до тебе, па и ти имаш чувства како сите. А не ајде не се замарај и решен проблем така? Не, не , некогаш и старите треба малку да се прават дека не ги "допира", а не секогаш нешто им пречи па прават проблеми таму кај шо ги нема
Случка со свекрва ми, едната золва требаше да биде старосватица на другарка и, јас не сакав да одам поради тоа што маж ми е отиден во Германија, не ми се одеше сама, а и сакав наместо за таа свадба парите да ги дадам за бебето на другата золва, ми беше помило тоа отколку таа свадба. Маж ми знаеше за ова и ми рече како сакаш прави, јас не одлучувам за тоа. Свекрва ми упорна, ќе одиш па ќе одиш, јас ќе ти дадам пари ако треба. Ама кога не ми се оди како да одам, и ми вика јас како ќе прецртам така ќе биде, викам како да не, јас како што одлучив така ќе биде. Не отидов на свадбата. И се налутија и золвата и свекрвата. Не зборуваат со мене како претходно, ама ми е гајле кога маж ми ме подржува, и едноставно не зависам од нив, живееме во различен град. Јас знам да почитувам, и ги почитувам сеуште. Ама она што мислам во однина дека не добро за мене, или не ми се допаѓа нема да го правам. Ќе го сватат тоа порано или подоцна.
На таков муабет, тоа што не си отишла и си и покажала став, дури малце и е. Сега за инат па ич ништо ни на другата золва да не и купиш, туку дај си ги парите и купи си нешто за себе. Ама ај грев е, за бебче е, плус другата золва не е виновна во ситуацијава. Брееј какви женишта има значи немам коментар. Не е се до парите, туку некогаш и почитување на волјата и желбите на друг. Па уште се дрзнува да команда! Ама некои луѓе не го разбираат тоа. Камо и мојава да беше вака директна, па директно и да и покажам дека нема што она да одлучува за мене. Ама мојава е многу суптилна. Врти ко киша око крагуевца. Демек тивко ненаметливо, "според мене вака да би било знаеш најдобро би било, ама вие си знаете не се мешаме" итн муабети од кои ми се с*ре, па се нема асален повод да се најде, да се изнервира човек и да и се покаже место. А се меша и тоа 200%. И секогаш знае на кого да се обрати за да дојде до своето. Абе чудо е тоа мозокот 200 на саат и работи. Мува не и прелетува. Ако знае дека мм за нешто ќе ја одбие и одје*е од старт кај мене врти. Јас дека нели снаа па "морам" по меко со понашањево. Ако знае дека јас од старт ќе негодувам лизни мазни кај мм е, да му ја всади идејата како негова да е, па после он со мене да се расправа. Ама и јас сменив политика сега па истата тактика ја терам кај што можам. А најмногу од такт ме вади кога наметнува на пример мислење кои гости да бидат поканети на одредена прослава, а поводов е наш или за нашево дете. Еве сега после пораѓај у нивни крај за дете има 300 збиднувања и марифети. Не и бранам нек си плаќа и нек праи што сака, пошто тие адети можат и без детето да се истераат. Ама не, ние сме морале да идеме, не ја бивало без нас. Ајде ние макни се со дете, па таму ќе го фати па врзува црвени кончиња за од очи, па стај му нешто наопаку па уште 100 други глупости. Сеа ем носи го, ама ем нека не го гледаат И секогаш кога ќе ја прашам, било за некој адет, собиранка, слава или било што, настанов битен ли е, свечен ли е, многу гости ли ќе има, треба ли да донесам нешто, да се облечам некако соодветно, она вика не бее ништо па ти, малку гости саат време и толку. Идам јас онака неспремна, госпожа од глава до пети облечена, нашминкана, настанов бил со 30 луѓе и не се одело со празни раце!!! Неколку пати ми требаше да сфатам дека уствари ме дрибла. Знае дека ќе негодувам и не ми се иде на места полно со нивна рода што не ги знам, и тактична е па пробува да ме прелаже као, само блиски сите ги знаеш. Добра сум полека и го фаќам и јас редот и провалувам тактики, ама имам уште многу за учење изгледа
@DaenerysT И мојава така врти. На пример ме прашува колку пара чорапи има детево и веќе научив дека сака да каже да му облечам уште еден пар. Колку пати го бањаш? А сто пати сум кажала. Викам преку еден ден. Вика ама секој ден да не треба веќе. И реков некогаш и еднаш неделно го бањам. Детево пролив има 10 дена вика за бајачка било на очи го фатиле така и мм кога бил мал некоја жена рекла дебело бебе и го фатило пролив на бајачка биле. Шта речи а не заплакати.
Па луѓе кои одат по бајачки, искрено мислат дека и на нив некој тоа им го прави. Тоа ти е простотилак. И мојата е иста ама јас рецка не удирам. А тоа што не слушам уште повеќе ја нервира.
И мојата беше опседната со тоа дали ги бањаме децата, како ги облекуваме, дали се најадени, и др. Смешна беше. Некои немаат друга работа па си го пикаат носот кај што не треба. Свашта. Колку повеќе им ќутиш, толку повеќе те прават будала.
Мојата нема среќа да и се погодила таква снаа да и ќути. Јас лепам се што ми смета од прва. Сакала се лутела сакала аргати фатила.
Јас на мојава конечно и покажав кај и е местото. Пред неколку дена се спремам да одиме кај моите, маж ми си работи нешто, таа го чува детето од јатрвата, моето плаче зајдува, немав време да се спремам од што плачеше, а нема кој да го почува и толку фалеше. Почнав да викам да се дерам не дека сакав ама ми се споија жичките. Дојде маж ми му кажав дека бебето плаче а таа во собата до нас слуша и не доаѓа да го почува, тој појде и рече нешто ама не знам што и толку. Се спремам јас излегуваме со малото таа се сокри. Не дојде да го види малото пред да одиме а за детето од јатрвата пола саат седи надвор ги испраќа кога одат кај баба. Му викам на мм мајка ти што се сокри не да сака да си го види внучето пред да одиме. Тој почна да ја брани. Влеговме во кола ама толку бев нервозна срце не ме трпеше да не и речам ништо и и се јавив. И викам кај си што не излезе да го видиш малово. И почна да се правда ам јас со другото внуче сум кај сте вие тука сте да дојдам не и викам тргнавме. И ок. Ај чао тогаш и викам. И таа почна. Ми вели што е работата (ова дека мм и рече претходно зошто не го фаќа бебето а плаче) јас и викам што да е слушаш дека плаче и не доаѓаш. Вика што не ме викнеш, па и викам не сум будала да те молам. Штом слушаш дека плаче а не доаѓаш нема потреба да те барам. И почна да вика што мислиш ти демек јас другото внуче го сакам повеќе од твоето (не дека не е така очигледно е веќе), што се караш по телефон, дојди во лице кажи ми што имаш, така син ми вози го нервираш, малото го нервираш и на крај ми вика епа добро има поважни од мене. Леле кога рече така дозбеснав. Муабетот и беше демек моите ми биле поважни од неа. И реков што сакаш да кажеш дека мајка ми не треба да ми е важна туку ти. Никогаш нема да се случи тоа. Таа менува тема. Сто пати и го повторив истото прашање што мислеше со тоа што го кажа и на крај од немај каде вика па на маж ти мислев. А знам дека не е така. 1000 пати од околу врти за моите дека ме учат да се карам со неа, а тие кутрите појма немаат што се случува. И знам што и беше сиот филм. Дека одам дома се налути. Мене ми било понижување да и речам почувај ми го бебето. На крај и реков што сакаш мисли јас не се јавив да се карам туку тоа ми беше муабетот. Што се скри кога дојде време да одиме дома. И реков ај за мене не мора ама барем за внучето. И уште политики ми прави како не морало за мене како што и бил синот така и јас. Се виде. Овој мојов, ако можам да го наречам маж вика е сега ќе видиш кога ќе појдеме кај твоите и јас ќе и кажам сѐ на мајка ти зошто само ти на мама да и го креваш притисокот. А кажете еве што има врска мајка ми со ова кога таа не знае ништо. Зошто да ја меша. Ме донесе дома и не остана ни на едно кафе го премоли мајка ми тој не па не кога заминуваше ни на малото не го гушна. И после две минути се јавува кај мајка ми, нели да врати на ист начин како мене, и и вика поучи си ја ќерката на мама и вика секако, да умреш сум и Рекла што нема врска. После таа ми звонеше ама не и кревав. Јас ако кажам еден збор значи така ме учат од дома и одма ми се скока ко јас да немам право на збор, сум сакала да се карам, а јатрвата кога се кара тогаш никому ништо таков карактер била таа. Господе што ме казни вака.
Два пати те прочитав и никако не можам да сватам со што тоа те казнил Господ тебе? Што толку лошо ти направила свекрва ти? Тоа што не се затрчала кај тебе у соба кога плачело ТВОЕТО дете? Тоа што не излегла на дворот да ви каже Чао? Тоа што ти рекла да не се расправаш по тел дури вози НЕЈЗИНОТО дете , знаејќи дека маж ти се нервира? Што ?! Многу ме интересира конкретно да кажеш со што тоа ти си казнета?
@Ccc123 Што има свекрвати да трча кога бебето плаче нели ти си мајката и ти најдобро можеш да го смириш. Ендноставно жената е повише поврзана за поголемото внуче а ти од што си љубоморна од ништо правиш нешто. Тоа е мое мислење.
@Ccc123, и јас се сложувам дека не требало по телефон да и се јавуваш од кола, и пред синот така да и се обраќаш. Јас од почит кон мм не би се јавила пред него такви работи да зборам. Јас кога сум била лута на свекрвата, ќе сум кажела на мм дека сум лута, и дека ми треба неколку дена да не комуницирам со неа, за да се смират страстите, и тоа е тоа. Исто било и обратно, ако се налути тој со моите, ќе си дадат неколку дена без комуникација, ќе оладат и никому ништо. Во лутина може да се каже се и сешто, па тоа да остане за на век. Ниту се јавувам, ниту се расправам, а најмалку па за некој да ми го сака детето. Ако ми го сака некој детето арно, ако не пак арно. Не молам за љубов! Има кој да го сака моето дете! А што ако се вознемирел мт и не дај Боже удрел во нешто?
Со маж кој ја става мама пред сопственото дете, кој наместо да го чува своето дете го остава само или ја вика мама, а таа дека многу загрижена трча веднаш и многу други работи. За жал немаме сите мажи кои ни стојат на располагање за било што и од кои имаме се што ќе посакаме, на прво место почит, да не зборувам за други работи. Со маж кој еве со денови не ме бара, не го интересира ни детето како му е, ама мама битно е до него ,заедно се и што сум јас битна. Да набројувам уште?? А кој ќе ги спремеше торбите за бебето? јас фала му на Бога досега сама си го гледам, туку криво ми е што и тогаш еднаш кога ми треба помош никаде ја нема. Ме боли за детето, ме боли што не ми го сакаат исто како другото што го сакаат и сето тоа дека не ме сака мене. Тоа не е криво ако си има таа нешто против мене. Никогаш не барам помош од неа. Прво маж ми го барам ама бидејќи тој секогаш има побитна работа и не може ни 5 мин да поседи со сопственото дете трча ја вика мајка му. После таа ми вика зошто не ми речеш ти, демек јас на син и ќе му ја наполнам главата за тој нејзе да и рече. И стално во такви ситуации доаѓа и демек со малото зборува лелеее татко ти кога ми скокна веднаш да одиш да го почуваш *****. Да му кажам на маж ми лута сум ми треба некое време одмор од неа и не и правам муабет знаеш ли која расправија ќе падне? Па јас со мама негова муабет да не правам не смеам ни 2 минути не пак денови. Камо да имав разбран маж и јас а не недораснато дете.
@Ccc123 da vletala vo soba fa go smiri sega ke pisuvase kako ti se mesala, ti si majka ne ona. Ni jas ne sfakjam sto ti pravi svekrvata ama ok. Valjda ocekuvas da ti postila cvekje koga iskacas i da place po vas a odis na gosti kaj majka ti. Da dojde da go cuva ke se ljutis ti go zima deteto, te ostavila da se spravis sama pak ne cini. Ne sfakjam... Eve segs citam maz ti ne ti cini, a ne svekrva ti. Gresna osoba napagas i so gresna osoba se lutis i karas.
Па искрено, ако реагирав и јас вака како тебе со мајка му, и со мм ќе имаше расправии. Ако не дојде да не испрати свекрвата мене и ќерка ми, може ќе си помислам дека не е во ред, може и ќе спомнам со еден муабет на мм, ама толку. Ни на крај памет не ми паѓа да се јавувам по телефон и да се расправам. И мм би бил лут ако правам такви циркузи. Многу банална кавга си направила за ништо. Мое мислење, не мора да сум во право.
Не знам еве и јас не знам. Зошто утре ќе ми каже 2-3 збора и ќе се испонаша еднаш убаво и ќе ми падне жал. А другите...очигледно не се разбираме бидејќи не знаете точно каква жена е свекрва ми.Кажав еднаш уште во првите постови, гледам како се оденсува со други а како со мене,со моето дете и со моите.Да беше така и со јатрвата ќе речев таква е. А со мене живее и од мене очекува помош за ручек, за чинии миење, за чистење, а од друга страна наместо мене да ми помага и помага на јатрвата.Ако очекува помош од мене нека помогне и таа, а кај јатрвата трча веднаш да помогне за се а таа не и помага воопшто.
@Ccc123 имаш среќа што те игнорира, јас мака мачам да не ми дише во врат нон стоп, не пак дете да ми фати, и тој еден сат што е тука ми пречи. Јас сакам да ве замолам за мислење околу денешната дешавка, дали претерувам или сум во право. Се случи следново. Сабајле стануваме јас порано со бебето, мм покасно. Откако се скарав со неа таа наутро не се качува кај нас, ама веројатно го имаат замолено да го носи бебето долу кај нив во двор. Така и денес мм стана и го носи долу, ја слушам неа баба баба кај што му збори. Кога станавме уште се договоривме да излеземе со бебето, и го спремав, па тој го слезе, кога ете се враќа, јас се спремам, и ми вика мм: на прошетка заминаа (мајка му со детето). Зоврев. Каде му викам? Кај сестра и од свеки, 5 мин пеш живее. Како ке одиме без дете му викам, не и кажа дека се спремаме. Е де вика ке се вратат. И се искарав со него,веројатно фаца направив некоја се испровоцира и се фативме. Не го имаше однесено уште кај сестра и, мм слезе и и рекол да ми го донесе горе. И ок тој замина излезе сам, јас излегов со детето. И ок пред ручекот се вративме, ете ја истата сестра кај што сакаше да го носи со ќерка и(братучедка на маж ми). И седам за инает јас со нив да ги пратам, играа со бебето. Се качив горе кај нас само каша да му спремам, се враќам дете нема. Свеки и рекла на внуката да го сврти еден круг во количка, цитирам и реков кој ти го брани земи го. Пак зоврев. Не изреагирав никако, сакам совет ваш, јас сум нешто невред или тие? Она што ми пречи е која е таа дете мое да дава па макар еден круг, а на моите им забрана да доаѓаат. На мм му реков, рече дека за сабајлето го прашала. Е сега второво со внукава уште повеќе ме изнервира него одењето кај нив. Совет?