Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Eeee чекај, чекај, рано ти е, уште што нема да доживееш до свадбата... а за после ич не сакам да те плашам :D
    Гледај направи што е можно поскромна свадба затоа што најблиските што искрено те сакаат и почитуваат нема да замерат ако порцијата е 9еур наместо 22еур или ако не купиш скапи подароци за сите, важно да се обележи со нешто скромно од срце дадено. И јас не верував кога ми кажуваа ама сега гледам дека сум се изглупирала страшно што купував скапи бовчи и внимавав се да биде "на ниво", со тие пари можевме да направиме многу работи дома.
    Чувај парите и бегај под кирија подалеку од свеки ако сакаш да си го зачуваш мирот и бракот :)
     
    На maca99, soncenceto.matea и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  2. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Оф леле чувствувам во иднина особено после свадбата дека ќе бидам уште поредовна на форумов :D :D :D .
    Е да во право си Sun.shine,дефинитивно бовчите ќе бидат скромни а не како планирав претходно па кој колку сака нека замера.
    Фала на советите ;)
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    A бе едно чување на парите што ќе удри кога ќе отиде под кирила, глава боли :x ...може и посебна штедна книшка да си отвори, нека ја именува џабе фрлени пари за кирија. :!:

    Нема врска дека ако отиде под кирија ќе си го зачува мирот и бракот...еве ние тераме 4та год. во зедница па види богати бракот се` уште не ни се распаднал, баш напротив и зацврстен ни е.
    И тоа не е благодарение на тоа што живееме заедно со старите, туку благодарение на разбирањето и поддршката што сме си ја пружиле еден на друг во поедини ситуации, а да не ја занемариме и љубовата, и таа е битен фактор и тоа каков. :!:
    Тоа е она што е потребно за нормално функционирање на бракот и секако игнорирање на се` што иде на живци, капата на страна и терај си по свое.

    Киријата и бегањето не се решение. Гледајте малку пошироко на работите. Утре задутре ќе дојдат дечиња, ако ништо друго ќе имаш кому да му го оставиш детето да ти го причува...ќе има ситуации кога и те како ќе ти треба помош и тоа најмала, дури и за одење до тоалет, а не камо ли кога ќе треба да се тргне на работа па трчај од сабајле.... дали дете во градинка да носиш, па врнело, детето и ти сте накиснале, па детето настинало, а не можеш да земеш боледување, па требало сируп да пие, да не мислите учителката во градинка ќе му даде :^) па дали отворила градинката на време, па да не ти избега автобусот, итн. .. има многу ситуации кога старите и те како можат да ви се најдат и да ви помогнат....не треба усвитени глави и ај ќе бегаме под кирија, па ќе се снаоѓаме...така е тоа лесно. :^)

    Инаку тој што сака да се меша и да соли памет ќе најде и начин и средства. Ако на време сопругот почне да ја согледува реалната слика што и како е, тогаш се` ќе биде во ред, тој е тој кој треба да ги постави границите и секој да си го знае местото. Мешање секогаш имало и ќе има, прашање е само колку ќе им се дозволи. ;)

    Што се однесува до бовчите колку ти е чергата толку ќе си ја пружиш и ногата, а останато само по себе ќе си се среди.
    Секоја свадба е нервозна, нема некој што правел свадба да рече дека се течело лагано, глатко и без никакви проблеми. Дури и се` да биде совршено, секогаш ќе се најде некој паметњаковиќ кој ќе најде замерка. Тоа е тоа.
     
    На danika, srcekrsacka, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  4. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Се си има свои позитивни и негативни страни тоа знам од искуства на блиски кои живеат сами односно со стари,кога си сам имаш поголеми трошоци во тоа не се сомневам,па таа варијанта би ја избрале доколку ни се зголемат примањата(вереникот чека унапредување наскоро,а јас каде што работам сум со средно,па во меѓувреме дипломирав и чекам да ме распределат на друго работно место па со тоа и мене платата би ми се зголемила),исто тие што се сами имаат поголем мир и приватност,помалку мешање и сл.,а со стари кога живееш имаш колку толку финансиска помош,како и помош за чување дете и сл,ама имаш солење памет,мешање,приватност 0,една блиска личност што живее со свекрва ми кажува како свеквата чукнувала на врата пред да влезе кај нив во спална но не чекала да и речат напред одма влегувала па еден ден ги видела во незгодна ситуација :x :D
    Најубаво е сам во свој стан не под кирија ама здравје може ако ни падне 7-ка на лото :D :D :D
     
    На Anyshka и Sun.shine им се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.969
    Не мора да значи дека ако се младите во заедница со старите,ќе имаат помош од нив-финансиска или околу децата.
    Конкретно ,ние(јас и мм) бевме тие кои го полневме фрижидерот(за сите ),плаќавме сметки за се и сешто,а кога ќе дојдеше лето , јас и мм со детето одевме на одмор со тенџере и сл.а старите летеа со авион на море :?:
    Моето дете мораше да оди во градинка бидејќи „неможеа “да го чуваат,а жена за чување не сакаа да слушнат да влезе во куќа-немој ,богатството ќе го украде.Па моето богатство е детето,ама секој си гледа за себе.
    И така ние со тенџерче на одмор,дете во градинка,сметки за струја,јадење ,пиење,се оваа добри 5-6 год.кога мм пресече-Толку,се одделивме-се вмешавме во свет.
    Пред тоа никој несмееше после 22х да ти остане на гости-доцна било,овој гост пушел-не го викајте да доаѓа,оние многу седеле-одете надвор на пијачка,абе бруки живи пред луѓето.
    Ама ,трпи душо трај,помина и тоа.
    Сега,колку имам толку трошам,што ќе купам тоа јадам.
    А ,да сеуште не летиме со авион на море,ама тенџерето не го носам веќе со мене на одмор.
     
    На Calypso, srcekrsacka, AIT и 7 други им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Kaко прво рекла казала не слушај,особено не комшивки.Сето тоа прими го со доза на резерва! Друго посвети се повеќе на мажот,т.е. гледај повеќе да те слуша тебе и да биде на твоја страна ;) Најбитното.
    Трето-ако попушташ ќе ти се качат на глава.И не мораш да бидеш скромна заради нејзиното мрчење! Значи прави си свадба со колку души сакаш,зошто и да пробаш да ги уштедиш никој нема да ти рече фала.
    Злато те следува,па така да одбери си.Еве јас не носам злато,па пробувајќи да ја уштедам свеки,почна да си зема многу за право.Па си реков,што ме следува тоа ќе си земам ;)
    Коментари има и ќе има.На нив тоа им е работа,а наше е да гледаме на работите со поладна глава,за наше добро и наш мир.
     
    На soncenceto.matea и maca99 им се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Со ова апсолутно се согласувам, не само што не те помогаат, туку знаат и да ти одмагаат.

    Поентата ми беше дека ако барем малку имаат совест, жал и љубов кон внуците ќе ти се најдат и ќе помогнат. Еве и мојата оди во градинка пошто нели многу сакаа да ја чуваат ;) ама кога е дома знаат да ја причуваат ако им побарам или пак кога одевме со мм на работа и неможевме да останеме дома (боледување) ако таа беше болна ја чуваа. Мм категорично им рече дека ако не ја чуваат ќе донесе дома жена за чување, па нека им се смеат сите комшии како двајца пензионери седат дома, а жена им го чува внучето.
    Некогаш ми е жал што така им рекол, ама па и жал ми беше детето да ми го шуткаат, греота единствено внуче им е сега за сега. :(
    Сепак како поминува времево, си средивме некои работи, на чисто сме и задоволна сум од, ајде така да го наречам, животов во зедница.
    Поентата исто ми е и дека не можеш да заштедиш пари ако одиш под кирија, знам зошто и таму сум била и сум го поминала и тоа и ако јас се прашувам никогаш повеќе не би отишла под кирија....сепак пак останува она никогаш не вели никогаш, затоа што животот пишува романи.:)
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    За свекрвите и снаите да бидат во „ок“ односи постои само едно решение, они во Ѓорче јас во Аеродром или они на Водно јас во Железара :D
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    А бре ние сме во комшии, ама добро ни е! Одвоени сме сосема, ама близу, за недај боже. Мислам дека и на нас, (кога ке дојдат бебинња ;) ) а и ним здравје боже ќе им треба помош понатаму, посебно што моето маже е единче ;) .
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.748
    Допаѓања:
    11.160
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сум мажена али сепак би избрала живот ни со мојте ни со родителите на маж ми , па макар и под кирија... многу се поважни моите нерви од парите што ке ги дадам за кирија, така барем никој ни да ми смета ни да му сметам ке бидеме срекни и барем ке имаме почитување, ке јадам леб и сол ако треба ама сакам да имам раат во мојата кука, а не да морам да се стискам за многу работи, и да живеам со свекрвата таа ако не сака да ми го чува детто дзабе е , инаку не сакам никаква корист така да чиста сметка долга лјубов мислам дека така од далеку ке има повеке почитување...ке се мислам јас дали ке станам во 7 или во 9 што ке рекле другите затоа што некој станувал во 6..моја кука моја правила, да ги изгубам нервите поради некој па после да однемам живци и нерви за моите деца не фала, ова не го зборам напамет туку од искуство нервирајки се како мајками патеше од мојте баба и дедо иако беа на посебен спрат епа така да не благодарам !
     
    На Anyshka, soncenceto.matea, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    значи јас се чудам со мојата свекрва...уште не земени некако многу ми прави проблеми,се тера некој инает како што ја учи ќерка и..не ми кажуваат мене лично,ама многу ја претеруваат,а овој мојот не сака ништо за нив да речам,ако реков и готово еве расправија,мамина маза е,,сфајќам ама не можи да сфати дека и тие неговите некогаш грешат,не се секогаш во право.едноставо не можи да сфати...свекрвата да е сама можам да се разберам со неа,и се,,знае дека со мене треба да живее ,ќе ќути,,ама кога ќе разговара со ќеркаи и веднаш с еменува..друга работа не ми се допаѓа..многу се занесуваат,се мислат бог знае кои се..колку и да се трудам да им пристапам другарскли,тие се како резервирани...осеќам како да нема простор за другарување со нив,како да има некоја граница...се лутат ако не прифајќам нешто што сакаат тие,ако не ми се доапѓа тоа што го прават..итн..ако се скараат со синот нешто веднаш во мене е вината,,не ми велат ништо а ме гледаат на криво,,,напротив јас никогаш не сум му рекла прави вака,или така,,никогаш...а они мислат тој ради мене така прави...сега треба да се купуваат работи за свадба,нив воопто како да не ги интересира...откако ќе отидам на проба,купување...и веднаш ааааааа зошто не сум ги викнала,треба да ги испоштовам..а кога ги викам,ќе се договориме,,и потоа веднаш менуваат план дека не можат да дојдат тој ден.и тоа преку синот ми кажува,не лично...па нека ми с ејави како човек,ја лично и се јавувам,не и праќам пораки преку синот...за роденден место да ми се јават,една снаа им сум од синот тие порака ми праќаат а бесплатно ни е за разговор...пред да се свршиме,аууу подароци и дома ми праќаа хеххе,,,се чудам жими бога што им е..они мислат дека синот ќе ми се жени и готово го губат,веќе не е нивни,,сфајќам поврзаност дека имаат ама ова ги премина сите граници...жими бога да знаев дека вака ќе биде автоматски ќе го оставев него,што е ова више...ја претераа....друго..таа сверквата не сака ама ништо да работи,мисли ќе има снаа дома и треба таа се да прави...па ја не сум видела вакво нешто,,некогаш треба и таа да фати нешто...јас памтам мојата баба ама ништо не и оставаше на снаата да работи,викаше млада е,,,итн..и други жени кажуваат дека и готват на снаите,итн..оваа бог да чува не сака ништо..па тш ќе мие тогаш..не мие дете јас неа да ја ранам,,во ред е и јас да работам,да чистам,да готвам,,ама што е ова,,веднаш сама да ме препушти на се........боже боже..се чудам со нив...не знма како ама мора да се најде решение!!!
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Драга моја, еве ти совет од мене-Трпиш трпиш трпиш и еден ти пука фил и фино лесно ја седнуеш свекрва ти и објаснуваш како стојат ствари. Јасно, на мирен фин начин но тоа не значи да не си дрска ;) Јас трпев 6 месеци и кога спиздев еден ден, не можеше крајот да си го најде. 3 саати и држев предавање ако сака да останам со син и што треба да прави. :?: И јасно-се повлече гласот не и се слушаше. Сеа у позадина не знам дали продужила да му ја пуни главата на него, но битно ја коа ке се свртев таа кутеше :D

    И патем ако од сеа не ти иде, одма сечи. Пред да е доцна. Не мораш па баш со тој да се мажиш. :inlove:
     
    На stilas7 и soncenceto.matea им се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Жал ми е, ама не знам како ќе најдеш решение, а веќе се спремате за свадба!!!!???? :^)
    Тешко дека ќе се променат. Ти еден збор не кажа убав за неа. Ќе живееш со нив и ќе трпиш цел живот.

    Најголема вина има маж ти, кој е од ист калап како повеќето наши `мажи`. Нема глас. Мамино галениче. Ако тој сега не те заштитува, отпосле барем ич. Ќе си тераш така со нервози.

    Размисли уште еднаш што добиваш, а што губиш со тој брак. :!:
    Не се мажете бе девојки со сила.
    Зошто влегувате во куќа каде расте пелин, а очекувате да пораснат рози??????
     
    На veronikaveronika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Нумеро уно девојко.23 секаде имало и ќе има препирки каде помали, каде поголеми меѓу снаа-свекрва. Тоа нешто ти се вика генерациски јаз. И немој ако тебе не ти успеало за кое жалам, да ги тераш на двоумења оние кои веќе се решиле на тој чекор. ПА на крај краева не се сигурно странци во сопствените животи за да се преиспитуваат па одма оставање. Ехееее драга моја низ какви работи не поминал човек само да знаеш има за глава да се фатиш кога ќе споредиш. Иљачот му е да си научиш(ова за хризантема особено а и за сите останати) на кој кои дугмиња да му ги притисниш, а кои да не ги чепкаш. Се љубезно да си зборуваш и да имаш нерви. На никој не му било сервирано мед и млеко по патот. Мора секој сам да си се бори за своето парче среќа. Најважно е и да знаеш како да го сервираш тоа што сакаш да си го кажеш. Ама и кога да покажеш малку заби. Е сега, поддршката од сопругот е најважна, па најди си некој начин да ја добиеш-биди фина, упорно со насмевка труди се околу мајка му, сепак му е мајка а они нека си прават по нивно. Кога и тој ќе види дека се трудиш и си позитивна и отворена тогаш не сомнено дека ќе те поддржи. И околу свадби, не грижи се нервозите предсвадбени не се ништо во споредба со оние после, само силно, позитивно и не го заборавај своето ЈАС во толпата. Дали тоа што моментално го имаш со свршеникот е доволна силна причина да се бориш?Ако е, само напред, ако не си сигурна, дека сепак треба тој некој цел живот да го делиш во добро и лошо, тогаш размисли внимателно.Никој синџир не ти реди да мораш.
    Со среќа и секое добро
     
    На НаталиЛили и iva.89 им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.790
    Пол:
    Женски

    Затоа што нам жените во природата ни е да мислиме дека некој (читај мажот) може да се промени заради нашата љубов. И од глава ни се удира кога ќе сфатиме дека не е така.
     
    На bittersweet, blond, AIT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674

    Јас не гледам дека нешто поразлично и кажа од girl.23.
    Секако дека вреди да се потруди, но и да спречи наместо да лечи ( и двете исто кажувате)

    Јас би кажала дека штом некогаш таа жена (свекрва ти) била добра, те поштувала итн., најверојатно сега е во предсвадбарски стрес.
    А за готвењето, чистењето, перењето , не му ја мисли. Ако не ти помага околу домаќинството, нема утре да и дозволиш да ти помага околу детето, нејзиното внуче, секако со милно фациче - фалааа, можам јас сама. Е тоа богами повеќе ќе ја боли, него што тебе ќе те боли правењето манџи. башка , башка манџи и во продавница има, а внуци богами не :)

    Ако се сакате, терај си што ти кажува срцето.
     
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.969
    Тоа околу работа по дома,што велите дека едвај чекаат синот да се ожени-да влезе снаа дома -па сета работа и ја препуштаат на снаата-мислам дека не е нешто „намерно“против снаата(е чекај сега она нека работи ,јас ќе лежам) туку мислам дека е до карактерот на самата свекрва.
    Жена која држи до ред и хигиена во куќа и болна да е ,пак на газ ќе се влече по куќа и пак работа ќе си најде.Работа за жена по куќа секогаш има.
    Е сега ,има некои аљкави свекрви кои од зор -со мрза чистеле,готвеле,переле,па сега доаѓа снаата која најверојатно повеќе внимание обрнува на хигиената,се фаќа за крпата да чисти,свекрвата од ден на ден се повеќе се „опушта“ и ете ти нервози.
    Од моја денешна гледна точка,гледам дека од самиот старт си имам сама направено големи пропусти кои од ден на ден се повеќе ми враќаа од глава.
    Јас се знаев,се можев,се умеев-и нормално,кој знае тој ќе работи.
    Згрешив што од почеток не си поставив граница до која ќе преземам обврски и до каде може да поднесувам туѓи хирови.
    А кога еднаш ќе ти ја „скршат кичмата“после лесно може и најмало ветре да ти предизвика болка.
    Многу е важно да си го задржите своето јас и пред старите,ама и пред сопругот.
    Велите подршка од сопругот да се има-на сопругот му е најтешко,верувајте,не им е лесно и на него да гори меѓу два огна.Затоа ,проценете,согледајте ги сите аспекти за заедничко живеење или пак одделно.Генерално правило нема,сите семејства не се исти,како и карактерите,образованието,финансиите,стамбеното прашање и сл.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја темата а и од реалниот живот имам дојдено до закључот дека ние жените имаме двоен аршин кога станува збор за мажот и неговата фамилија.
    Тоа што е во ред и ни е сосема нормално за нас ни пречи кога истото го прави и мажот.

    Мм е мамин син, мене тоа воопшто не ми смета, не гледам ништо лошо во тоа што се слуша секој ден со мајка му на телефон или сака почесто да се види со неговите, како да се љутам за нешто што и јас го правам, не поминува ден без да се видам или слушнам со моите.
    Или за мене е во ред, за него не е во ред ? :?:

    Мојата свекрва додека не останав бремена не ме фермаше 2%, беше културна ама скрос на дистанца, кога и кажа мм дека сум бремена прв пат во 4 години ми се јави мене лично на тел, пред тоа се одеше преку мм.Да правевме планови за свадба одма после веридбата, која беше повеќе мачкање на очи на татко ми да не мрчи дека живеам со мм, можеби односот ќе и беше поинаков, вака изгледа не ме сметала за член на семејството туку како уште една од низата на девојки на син и :lol:
    Е сега како да му мрчам на мм за мајка му кога односот на татко ми спрема мм беше ист, и тој не го фермаше 2%, сметаше дека е несериозен затоа што не се земаме, иако тоа беше повеќе моја одлука него на мм.А кога му викав на татко ми што ако никогаш не се земеме, цело време вака ќе се однесуваш, одговорот на татко ми беше ако имаш дете ќе го почитувам како татко на моето внуче до тогаш ништо не ме поврзува со него, не ми е официјален зет и тачка.
    И сега пак доаѓаме до истото, татко ми дека е мој може така да се однесува ама мајка му дека е од неговата страна не може така да се однесува, мора да ме сака и прифати ако си го сака синот :?:

    Сега и двајцата се однесуваат прекрасно, и мајка му спрема мене, и татко ми спрема него, едноставно и двајцата увиделе дека сме сериозни и сега сме прифатени како членови на семејствата.

    Една од причините поради која сум со мм е неговата блискост со семејството, само таков човек може да ја разбере мојата блискост со моето семејство, не би сакала да бидам во позиција да бирам помеѓу мм и семејството, мислам дека не е во ред да го ставам ни него во таква позиција.
     
    На RedWine, Calypso, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  19. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Ако они се занесуват и ти занесувајсе не се труди да им се допаднеш прави како ти одговара и не се замарај . Со вереникот све најдобро за нив збори демек ги разбирап а пред нив терај си по свое , ако ти режат нештио само ах речи и толку не се објанувај и носот у пблаци како нив.
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Јас и многу други навидум сме многу слични. Свекрвата и золвата се здружени против снаата. Колку и да е добра снаата, прават се за да ја омаловажат, одалечат и не ја прифаќаат. Синот најчесто е мамин син, кој е по 100% влијание од мајка му, и жена му не смее да му се пожали за ништо, зошто одма ќе дојде до расправија. Мамичка негова е најдобра и никој не смее да и противречи за ништо. Золвата, иако е мажена, сака да се меша во претходниот дом.
    И знаеш каков живот е тоа???
    Пред да одиш на работа, да ти го расипат утрото, кога ќе се вратиш од на работа, наместо со насмевка, те пречекуваат со зајадување, влегуваш во спалната, гледаш некој ти префаќал, од секој празник ти се стемнува, зашто следи карање околу готвење, пречекување гости, кога ќе ти дојдат пријатели, таа удобно се сместува до нив да не можете да разговарате слободно, го полниш фрижидерот со храна за золвата и децата да го празнат....и така натаму......А, мажот ниту еднаш не мрднал со прст за да ја промени ситуацијата, неговата жена е безгласна буква, гледа како трпи и се нервира, ама никогаш не ја одбранил.

    Јас овие работи ги гледав и претходно, но верував дека откако ќе влезам во куќата ќе се променат. Го давав најдоброто од мене. Колку ми зборуваа со лошо, јас само со убаво им враќав. И немаше крај на тоа. Попуштив со нерви, секој ден ми беше нерзвоза и се одлучив на крај.
    Извини, јас бев храбра што реков не, што ставив крај на еден ужас. Размислив милион пати претходно, разговарав многупати со него. Си се ценам себе си и знам дека тоа не го заслужував. Со сила убавина не бидува.
     
    На enca.69 и DigY им се допаѓа ова.