@Ccc123 де бре, жено. А да живееше одвоено од свекрвата како ќе се спремаше? Има многу парови со деца што живеат сами. Не можам да сфатам. Зрела жена со дете очекува да дојде свекрвата да и го чува детето за да се спрема. Еве јас и мм сме во друга куќа и замисли сами се снаоѓаме. Ќе го ставам во дубак и ќе завршам се дома. И да поплаче додека му спремам јадење нема врска, барем според мене. Не чекам од неа ништо.
Кога очите ќе престанат да ти гледаат САМО во јатрвта и нејзиното дете, кога ќе престанеш да се споредуваш со неа, кога ќе си го прифатиш фактот дека еве нејзиното дете повеќе го сака баба му од твоето, верувај ќе ти биде многу полесно. Така ќе престанеш да се расправаш и со маж ти, а тој ќе почне повеќе да те почитува и ќе застане на твоја страна. Вака испаѓа дека ти само бараш рачка да ја нападнеш мајка му. Ова ти го зборам во варијанта да останеш со маж ти. Имаш и друга опција . Детето и кај мајка ти. Само да знаеш и таму ако ти заплака детето а ти треба да му спремаш торбица , обврската да го смириш ќе биде , т.е треба да биде твоја . Ако таму мајка ти гледа да му погоди на брат ти случајно, ти пак ќе се налутиш и тогаш шо правиме ?!. Мене само не ми е јасно едно. Во претходните постови пишуваше дека во 9-ти месец си ја чистела цела куќа, си готвела за сите, си се занимавала со внучето од јатрвата , си миела купишта садови. Сега проблем и џаФа си кренала зошто не ти го причувале детето за ти да се спремаш на раат.
Ама ете готово разбравме не те сака ,повеке ја сака јатрва ти и нејзиното дете И што можеш ти да смениш?Ке ја натераш со сила да те сака да ги сака твоите и детето? Јасно ти е дека нема и јасно ти е дека само повеке кавги си правиш
Сега ми треба многу повеќе помош. Штом јас можев со стомак до заби даим помагам и да не одбивам можат така и тие сега да ми вратат, а не никој да не ме гледа. Ни сопствениот маж. ЈАс да имав маж и да имав помош од маж не барав никој.
Е за жал ете не ти помагаат ни маж ти а ни свеки Тури си го тоа у главата и терај таму ако одлучиш да бидиш у таа кука Си чистела оти си сакала не те терал некој со сила е сеа они некат да ти помагат
Незнам што да ти кажам .Немам дете и не знам колку е ТЕШКО сама да чувам дете. Читајќи те тебе вака си мислам дека покрај мм, ќе треба и едно 2-3 дадилки и некој батлер да земам. Не за друго , стари ми се свекор и свекрва , и да сакаат не ќе можат да ми помогнат да изгледам едно цело дете
Ако ти помага маж ти немаш потреба од дополнителна послуга доволни се само мажот и жената да изгледаат едно ЦЕЛО дете. А сама, без никаква помош секако не можеш да постигнеш се зошто некогаш и одмор му треба на организмот посебно кај тазе породена жена. Во тој случај можеш да си викнеш и дадилки и батлери и слугинки да ти зачистат бидејќи и сега сами жени ви чистат по дома а не пак со дете. Поздрав.
И јас кај едните баба и дедо бев најнесаканото внуче... Бев сакана помалку од другите, и братучетка ми беше НАШАТА, а јас бев ВАШАТА, оти не ме сметаа за нивна. Па никогаш не направи мајка ми драма. И отворено си кажуваа дека едната снаа си ја сакаат повеќе од другата. Не можам да замислам мајка ми да крене телефон и да исправа криви дрини, па уште и додека татко ми вози. Не знам, различни сфаќања имаме. Мене ми е понижување да се расправам со свекрва на тема: ти помалку ме сакаш од другата снаа, или детето помалку ми го сакаш од другото внуче. Со сила не можеш да тераш некој да ве сака. Јас те разбирам дека може имаш проблеми дома со нив, ама јавувањето по телефон, и муабетот што си и го направила бил непотребен. Многу избрзана реакција.
Јас после се што поминав со свеки, гарантирам дека мајката може се сама, гарантирам! Само разликата е во тоа што јас и одбивам помош и молам бога да се држи далеку. Со добра организација може се мајката.
Обично кога ќе се прелие чашата, тогаш кавга избива. И' се собрало на жената. Може не требало така да изреагира, ама пак, од друга страна, подобро да се извика да и' помине, отколку да трупа во себе. @Ccc123 , малку поработи на односот со маж ти. Навистина е проблемот со него, а не со свекрва ти. Иако, се ми се чини, дека си зборела за се' што ти смета, но тој не се менува. Да речам пак, најубаво е секој башка да живее, ако има можност.
Znaes li kolku zeni od tuka ziveat sami bez svekrvi a mazite im se vo stranstvo? Tie kako se snaogaat?
Имаат мајки ваљда кои им помагаат. Или ги носат наизменично кај мајка и свекрва на чување барем еднаш неделно.
Тетка ми маж и го загуби кога близнаците и беа 3 год , а третото беше на пат. Сама ги израсна во прекрасни особи. САМА! Така да ова ти паѓа во вода. А тоа што сега , ем без дете , ми чистат други по дома , је.. га , к'смет сум имала таков добар маж да ми се погоде, да ми угаѓа. Нешто слично како к'сметот на јатрва ти . Ем маж и на нејзина страна, ем свекрвата ја тинтре. Девојчееее не си во право та до утре ако сакаш пишувај ситуации, излагај аргументи некои. Преувеличуваш до немај каде
Епа тогаш што се секираш. Штом ксметот ти е таков и детето кога ќе дојде дај Боже секој да си има, и тогаш ќе немаш вакви проблеми како мене. Ви се погодило затоа не знаете како е. Штом една куќа не можете сами да си исчистите не знам како дете сами би гледале.
Преку недела не, оди на работа, иде и оди да спие, го гледа само пола сат. Навечер спие во друга соба. Ама тоа е друга тема. Затоа ти викам немој да се грижиш, уште си тазе мајка, ке имаш мн повеќе сила. Пр наутро кога спие бебето си чистам, попладне се средувам јас дури спие. Цела недела чистам по малку, за викенд да сум слободна да не случајно дојде таа еј чистиш дај го бебето ке ти го чувам. Не фала!
Доста бе ја напаѓаш. Не живееш со нејзе дома па да знаеш секој ден каков и' е. Па уште ликување: Мене ми чистат, ми помагаат. И може тетка ти направила тоа што направила, не значи дека сите можат. Како се понашате значи арогантно. И не само ти. И други нагоре. Па и такви уште немажени и без деца, филозофираат како требало. Многу право си давате.
Ама мене мажот ми е погоден . Проблемот кај тебе е што ти немаш проблем со свекрвата, не знам како не можеш да разбереш