Многу грешиш бе девојче не е така.Имам мајка татко свекор свекрва па никој не го чува.Да сме живи и здрави.Јас кога си го правев знаев дека сама ќе си го чувам.И не не е лесно имам цели 45 кг ама ќе си ставиш во глава дека си сама.Изорганизирај си го денот.Разбирам дека му треба на организмот одмор ама ете ќе си ставиш во главата дека тоа ќе се случи кога малото ќе има некои три години па на даље.И вистина е дека има жени со мажи во странство и не не земаат жени за чистење.Само ти си си увртела во главата дека сите функционираат со баба сервис.Не ни се лути на нас реши го проблемот со мм ама со ладна глава вака ништо не правиш
И ти си недорасната. Си можела да ја спремиш торбата порано.Кога бебето спиело. Си можела да ја повикаш да ти го зачува,нема жената кристална кугла па да знае дали треба да улета или не. И на крај на пат си да си го растуриш бракот ,не поради свекрва ти,туку поради себе.
Неверојатно Значи пис усти сте сите. Истото тоа што го зборувате, можете на многу потактички начин да го кажете, без да навредувате. Ама нееее... кај така? Па нема да бидете прописни македонки ако не се излаете врз некој. Па после, оти она се излајала врз свекрва и'? Не гледам никаква разлика меѓу нејзе и сите вас.
Има парови што се сами во странство. Како тие чуваат дете и средуваат куќа? И аман со тоа чистење. Ти секој ден ли чистиш онака се? Јас секој втор ден усисувам, џогирам и така прашина површно ќе забришам еднаш во две недели, купатило ќе потфатам кога можам, а не правам генералки. Генералки еднаш во годината и тогаш да, имам помош од други.
Ама сега за мажите колку ни се погодени ќе зборуваме? Јас кажав, не ми се погоди. Твојот е фален, фален по форумот сите знаеме колку ти е погоден. Муабетот го почна ти кога со други зборови кажа како јас не можам да изгледам или не сум способна да изгледам едно цело дете сама, па веројатно тебе ќе ти требале и дадилки (кажано со потсмев). Па ти кажав штом една куќа да се исчисти сама е тешко па се вика жена тогаш за чување дете ќе ти треба од се набројано и плус маж ти. Зошто тогаш покрај чување дете ќе имаш и за чистење за ручек итн.
Неможам да сватам стварно толку лие тешко да неможеш да спремиш торбица на дете. Со добра организација сесе постигнува. Јас здравје боже да родам здраво и право нема никој да ми го чува па ни помош нема да имам. Свекрвата не доаѓа во обѕир тоа се знае од дамна а моите се болни и неспособни да ми помагаат околу детето и мајка ми да ми чисти и пегла. Како ли ќе постигнам? Малце премноху девојчево си става при срце и да не речам размазена е.
А што е толку чудно дека сама ги чувала? И кога доаѓа дете на свет таткото и мајката треба да се грижат, а не баби, дедовци. Тие ако сакаат може да го причуваат. А членката Ццц нема поддршка од мажот и ја обвинува свекрвата. Па мене ако не ме цени сопругот што ќе ми е мајка му, татко му
@Ccc123 Немам дете, но однесувањето на твојата свекрва е исто како и на мојава. Знам колку е тешко да им одиш на сите по кејф, буквално се од тебе да се чека, и ај што не ти помагаат па и никој не ти признава ништо што си направила. Пробав и со лошо и со арно и верувај не бива. Држи се на дистанца колку можеш, поарно да не ти помага отколку да ти одмага.
Ама на тебе да ти се нацрта треба изгледа . Морав да ти го спомнам мм за да ти доловам . Не знам како не разбираш дека ти немаш проблем со свекрва ти. Имаш си проблем со маж ти . Бараш совет во тема снаи и свекрви. Проблем кој го наведе беше : свекрвата не ми го причувале детето оти го чуваше на јатрвата , свекрвата не ме испрати на портата, свекрвата ми рече дека моите ми биле поважни од неа. И што да те посоветуваме ? Пред неколку месеци се лутеше зошто на јатрвата кога била бремена и купиле цело теле , а тебе не. Пак ќе ти кажам. Не се рамни со јатрва ти и прифати го фактот дека еве таа е можеби поомилена таму. Пет- шест месеци ти кажуваат овде членките со арно,дека ти немаш проблем со свекрва ти, дека нема што да се расправаш со неа. Колку пати ти се кажа дека во маж ти е проблемот. Ти НЕ! Она е крива ! Епа не е крива , ама баш ништо. И нема никаква обврска да ти го чува детето , ако маж ти не сака или не може. Знам дека ме читаш по другите теми . И баш ради тоа треба да си прочитала И тоа дека мене освен маж ми што ми се погоди друго ништо убаво животот не ми дал. Ќешким проблем да ми беше чистењето . Така да глеј си детенцето, остај на страна јатрва ,свекрва . Пробај да се доближиш повеќе до срцето на маж ти. Друго не ти треба , верувај
Не знам, мене ми е чудно. Сама, немаше шанси да издржам првата година. Ненаспана, со депресијата која ми се врати ко од на мајтап. Со маж ми се' заедно правевме, но имаше еден период, кога и тоа ми беше малку помош. Сега, се разбира, имаше опција да изнајмам жена да ми помага, како што направи другарка ми, иако беше дома, ама ете, среќа (или несреќа), свекрва ми беше достапна и ми помагаше многу низ тој период. Иначе, се согласувам за тоа дека маж и' е проблем. Веќе и пишав поназад во коментарите. Сепак сметам, дека не мораше да ја нападнат, можеше со арно. И тоа веќе пишав.
Имаат да да, имам јас маж од 24 часа, 13 е на работа, 7 спие, 4 е со нас руча се бања и игра со дете. Мајка и свекрва по 1000 км оддалечени. Откако е малиот роден една минута ама буквално го немам оставено на никој, не дека не сум посакала, туку не сум имала кому, па знаеш здрави и прави сме се уште фала Богу! Не чекај од никој најпаметно ќе ти биде. Маж ти е проблемот никој друг.
Речи му на маж ти: Уште еднаш, да не и' го даваш на мајка ти или сама да си одлучува, да се шетка наоколу, кога веќе имам нешто друго испланирано.
Упорно проблемот го бараш во другите се некој не ти чине а јасно ти е дека тебе мажот ти не ти чине додека не сватиш дека со него имаш проблем се вака ке биде и да тек до прва доаѓа потешкото
@FlowerPower се до делот дека на твоите им е забрането, мислев дека претеруваш, ама... Кој им забрани на твоите да го гледаат детето твое и како дозволи ти?
Дај Боже и друго да ти се погоди. Се што си сакаш да ти е погодено. Од срце ти посакувам. ЈАс не љубоморам , баш напротив. Камо на сите се да ни беше погодено. Мене ми е проблемот дома не ми е со други.
Таа им забрани да доаѓаат кај нас, имам пишувано порано, имав проблем со доењето, долга приказна, дозволив зошто ме навреди, не е достојна да доаѓаат во нивна куќа.