Мажот треба да гледа да не ги повреди и двете. И пак му е мајка, а некогаш и снаите се виновни за сите кавги, а некогаш свекрвите.
Снаите се сепак полоши и по виновни....Аман бе жени, како сакате вас да ве брани а родената мајка да ја куди?? Па нели ви е жал?? еден ден и вие ке станете свекрви, па зарем нема да ве боли кога родениот син ке влезе во расправија со вас поради снашката?? Умна снаа е таа што нема никогаш да дозволи војна меѓу син и мајка....затоа еден совет..бидете политичари со свекрвите
Синот треба да е на страна на правдата на оној кој е во право. Не треба ниту свекрвата да прави да има кавга помеѓу синот и снаата. Не се ни снаите цвеќе за мирисање не е никој луѓе сме и грешиме но баш често мајките бидејки имаат силен адут дека се мајки и дека пред нив мора да се ќути и да прави синот се онаш то мама ќе рече без да се внимава на тоа дали е во право мама или не. Не велам дека треба да се расправа со мајка му пред снаата туку да се седне и со ладни глави да се разговара кога теба со мајка му кога треба со жена му. На крајот на краиштата свекрвите се повозрасни и поискусни би требало да бидат и помудри па на мудар начин и да ги решаваат проблемите а не да манипулираат и малтретираат нечиво дете. Зошто и снаите се нечиви деца што многу свекрви тоа го забораваат според нив само они родиле само они се мачеле и само они имаат дете само они се мајки. А снаата не се множи со 0 поготово ке ги спомнам оние кои мораат да живеат во заедница ем се приморени да живеат во заедница ем се дрско и безобразно манипулирани а се затоа што мамините синчиња се така виспитани да ја слушаат мама и ако сакаат самостоен живот тоа доѓа како да ја убиваат мама и избива војна.
Ние живееме во заедница веќе 1 година и повеќе, свекор, свекрва и девер помал. Знаев кај идам и знаев дека ќе живееме во заедница. Тешко е не велам не, уште не сум опуштена како дома и мислам дека дури не се делиме нема ни да бидам. Јас повеќе не се трпам со свекор ми, тој е потежок карактер, се сака да е по негово, само тој се знае, само тој е главен, а свекрва ми е помирна. Дебер ми е 16 год и тој ме сака и јас него и добро ср сложуваме. Сопругот е мирен и страв му е да му преврати нешто, ама полека почнува да се челичи најбитно е дека гледа кога не се во право ме поддржува. Јас кога нешто не ми одговара си одам в спална и таму си седам, досега не се имаме скарано, само еднаш-два пати се законтравме со свекор ми, но и тоа помина како ништо да нр било. Моја политика е таа, кога нешто сакаат да се скараат јас си поќутувам и в спална си одам, па нема со кој да се караат и не зборуваме многу, многу, не сме толку блиски, с и не ни мора. Имало и потешки денови, но засега се трпи.
Јас денес се разочарав крајно. Слегов сабајлето во дворче со бебето, беа дојдени некој братучеди на мм, и да скратам да не ве вртам, бебето посегнува по неа да го земе во раце. Приметно сите видоја и коментираа. Ми се скрши срцето.
Што има да ја сака или да влегува во конфликт со мајката на сопругот for fuck sake? Нека заработат доволно, осамосталат па нема да има конфликти. Така нема да има потреба од политики и лажни улизувања со некој што не врши никаква функција во нејзиниот живот, (свекрвата).
Па има ли поголема функција од мајка? Значи свекрвата е мајката на твојот маж, сериозна си со муабетов? Мислиш сите остамосталени имаат мир и се им оди како подмачкано? Ако мислиш така, тогаш треба уште многу леб да јадеш за да пораснеш.
Што е дебилно овде, објасни. Фактот дека секој пар треба да се стреми самостално да живее за да не доаѓа до расправии ради генерацискиот јаз? Дека бракот не е меѓу 10 члена туку двајца? Едно е да ја почитуваш мајката на сопругот, но сосема друго е да глуматаш лудило и да трчкараш по неа како мачка по изгубено клопче. Истото важи и за сопругот. Ако не умее да разграничи почит кон мајка, и почит кон сопруга, и притоа да прави баланс, не треба воопшто да се жени. Апсолутно сум сериозна со муабетот. Ако парот нема услови за самостален и колку толку комодитетен живот, подобро е воопшто истиот и да не постои. Не се сите створени за брак, и тоа не е крај на светот. Оние кои живеат самостално а немаат мир, не може да се споредат со овие кои живеат во заедница со цело семејно дрво, од причина што проблемите со кои се соочуваат овие самосталните се исклучиво ради нив двајца, а не ради свекрвата, свекорот, деверот и уште три генерации со спрат над нив.
Аха да, само паровите кои живеат сами немаат проблеми. Разврти ја темата и ке се увериш дека лоша личност, конкретно лоша свекрва ке најде начин да прави сплетки и проблеми без да живеат на иста локација.
Ребека, прочитај горе што напишав во врска со таквите проблеми, надополнив редактирајќи сега пред неполна минута.
@Nigredo Odor со свекрва ми се познаваме еден месец, толку во сите овие год време заедно сме поминале. Е ако 30 дена сме поминале заедно и биле ок, 330 сплетки направила у меѓувреме. И тоа знаеш зашто, за раб која син и ја направил поинаку од тоа што она очекувала и нормално снаата е крива. Од завист, да врати, сплетка направила. Ама на се има крај. Некои раб не сум и заборавила колку ме повредила, ама јас верувам дека има Некој што гледа.
Ако неможиш да се осамостоиш тогаш да не се мажиш??? Долга врска од 13 години и да чекавме уште 20 нема да можиме да се осамостоиме во оваа наша држава. Годините поминуваат треба да се мисли за потомство, што ќе ми е мене стан мој празен на 40+ години. Ќе издржиме некоја година па кој знае што носи времето. Мора да се најди некоја средина, да попушташ и ти и тие тебе, оти ако се почни со инает се знае кој губи таму на ,,туѓ терен" за жал тоа е реалноста.
Да, нема да се мажиш. Рационалноста и планот треба секогаш да бидат приоритетни. Точно е, живееме во тешка транзициска криза, ама не може никој да ме убеди дека носењето одлука за стапување во дисфункционален брак е подобра солуција за разлика од никаков брак. Нема нешто такво како ,,додека бевме во врска не знаев дека неговите родители се толку лоши". Да, си знаела, и нема оправдувања, зошто свесно си ја донела одлуката да живееш во заедница со тие луѓе. Пак ќе кажам, не е крај на светот ако останете немажени/неженети. Подобро така, отколку да оставите простор за развој на мал милион проблеми чиј исход најчесто кулминира со развод.
Верувај дека има свекрви што и тоа како знаат да се преправаат пред бракот на синот. Така беше и со мојата. Се правеше лизна мазна, а кога се земавме со маж ми ја сврте другата страна од лицето.
Ок секој си има свое мислење јас го почитувам и твоето. Пишав и погоре, мене ми одговара за сега вака, немам 100% слобода ама не е ни толку лошо. Свекрва ми си прави ручек, јас правам кога ќе сакам, сметките поделени, останува и некој денар настрана. Мојот брак не се дисфункционален, баш убаво функционираме со сопругот, досегс не се имаме скарано, сега си чекаме и бебе така да немам време да се расправам со глупости, со сплетки, си се тргам настрана и си одмарам. Поздрав и секое добро.
Ама Самер, пак ќе кажам, па лутете се и осудувајте ме колку сакате. Ти не си во брак со неа, туку со сопругот. Тој е оној кој секогаш треба да знае како да се постави, за двете страни да не се чувствуваат оштетени во односот. Конфликтите меѓу вас и неговата мајка настануваат само од причина што вашите сопрузи го дозволиле тоа.
Каква и да е, не можеш да ја избегнеш. Дури и еднаш годишно да ја гледаш, таа пак може да те изнервира. А маж ти сигурно нема на прослава да се расправа со неа. Зборам од искуство. Мајка мора да се слуша, ама жена не мора. Зошто? Затоа што госпожа мама така ги учи. Сака да биде прва виолина во животот на синко.