Ќе порасне бебето и ќе сака кај неа да оди, може ќе сака и да преспие таму, да шетаат, и се друго што е нормално за баба и внук. Освен да се скараш целосно и да не комуницираш или да се преселите не можеш да спречиш, жалам ама мораш да се навикнуваш. Не би ми било сеедно и мене после случките претходни, ама тоа е сепак му е баба.
Сега видов, ама пак ке те цитирам. Во право си дека оние што живеат во куќа каде што секоја генерација има по една соба - спална, а во дневниот боравак се скокаат и едни стануваат за да седнат другите, се во далеку полоша ситуација. Пак ке кажам и јас, има свекрви кои прават сплетки и од различни градови, немој да си мислиш дека осамостојувањето е решение на сите проблеми. Има примери и примери. Знам за семејства кои живеат заедно, еве да речеме одреден период и одлично се сложуваат. Ама сите се разбрани, од свекрва до снаа, некои работи се толерираат ама има мир у куќа. Од друга страна, знам и за парови кои немаат мир иако свекрвата живее на различна адреса. Инаку, целосно се сложувам со овие две мислења, и јас страници наназад го имам пишувано истото:
Да! Истата баба која мислеше дека му е мајка, се однесуваше со мене како сурогат да сум и. Истата баба, која бараше да го тргнат од креветот до мене кога се роди и да го легнат до неа (дојде да спие со нас), ги избрка моите од болничката соба, подоцна и од домот, па не можеа цел месец да не видат, истата која нон стоп ме корегираше како го држам, која одвај чекаше да го надојам, да ми го земе од раце (дете не фатив месец и пол). Истата која му викаше дека било штета што нема млеко, инаку ке го цицала, а за мене ке земела калашников ако сум му направела нешто. И за крај ако јас сум го сакала еднаш таа пет пати го сакала. И сега пружа раце по неа ако јас го држам, а задоволтвото и е огромно, погледот неможам да ви го опишам кога ќе ме погледне, и да ми го крши срцето.
Ama toa ti go znaes, bebeto ne, toa samo ljubov cuvstvuva. Podobro za tebe sto pobrzo da zaboravis na se i da se pomiris deka mu e baba, pa i koga ke porasne i nema da mu odobris nesto, ke trca kaj nejze za istoto taa da mu go dozvoli/kupi. Sto vika kristina, osven da se iselite dr resenie nema :/
Требаше навреме да и покажеш кој е мајка а кој баба. Секој да си го знае местото треба. Можеш и сега да го направиш тоа.
Леле бе не ми се верува. Ќе земела калашников ако ти си му направела нешто. Што да му направиш ти како мајка? На ова не би се воздржала да не и одговорам дека јас пак ќе и го скинам јазикот за во иднина вакви отрови да не пушта низ уста а патем и прстите дека ќе и ги искршам ако се обиде дете од раце да ми земе. Изгледа многу им попуштате штом си земаат за право вакви изјави да даваат.
А што ако е баба ако претходно глумела лудило ? И што ако живеат заедно? Море, јас да сум, ќе и го покажам местото. Нема да го пипне детето, па да се свести што глупости тресела. Она ќе се правела мајка. Јас едно време така ќутев за се на почетокот, па кога имав спонтани се подебаваше со мене и откако се породив се дрзна дете од раце да ми зеде зашто плачеше(и тоа пред мм да се направи) , она ќе го смирела. Па кога звикав да си гледа своја работа,да видиш како се повлече. Се знае баба, а се знае која е мајка.
Секој ден е борба со неа. Сепак некој работи се сменија од почеток до сега, сфати некој работи и сама, касно е сега, за мене тогаш беше крајот, само што бев сама, исплашена и со личен проблем околу детето,па немав сили тогаш да се пресметувам.
Луд ум, и сфатив со неа мора на ист јазик, инаку до бескрај оди лудилото. Е сега како ова со калашниковот имаше милион други изјави, ми ги претвори деновите во натпревар со неа, дури сега после 10 месеци се стабилизирав, со трајна штета само према нејзе, несакам со очи да ја видам. А за ова со калашниковот планирам да и вратам деновиве и да ја потсетам дека не заборавам ништо.
Оди и на нерви. Прави се што знаеш дека ќе ја извади од такт. Не и го давај детето. Ако проба да го земе развикај и се. Шетај, гледај да не се вртиш дома. Оди си по гости, кај твоите, било каде само за инает дома не седи. Таман сега убаво е времето. Фали се пред неа кај си се шетала со детето, што сте правеле. Ќе видиш како ќе се нервира што нема да има толку шанси да те закача по дома и мака ќе и биде детето што не и е на располагање. Кога ќе почне да разбира, учи го да зборува убаво за другата баба, да си ја бара. Има да ја пукнеш, ќе и биде криво. Незнам како си со работа, детето обавезно во градинка, никако она да го чува. Ако веќе не сакаш градинка и решиш стари да го чуваат тогаш ќе го носиш и кај твоите а не она да се прави главна.
Ама ти не разбираш за детето таа е баба негова и мајка од твојот маж без разлика дали ти ја поднесуваш или не. А тоа што спиела со вас е затоа што ТИ сама и имаш дадено таква слобода. И тоа што се смешка така е затоа што и ги имаш покажани слабостите па сега знае точно како да те изнервира. А на детето не можеш да му забраниш да си ја сака бабата затоа што колку и да забрануваш кога ке порасне пак ќе си ја бара имам многу случки такви околу мене.
Eeee toa odamna trebase da go napravi, uste ne e kasno, ama devojkata treba da se resi ednas zasekogas da stavi kraj na ovie gluposti. A deka deteto ke ja saka baba mu, ne moze nikoj da go ospori, samo kako ke raste taka na pogolemi problemi ke naiduva majkata. Treba da e spremna psihicki!
Мајки, нормално е првата година хормоните уште да не ви се "на место", и да ви смета сѐ. Сите истото го поминавме и го поминуваме. Но ќе ви кажам едно нешто. Детето никогаш нема да ги одбере бабата и дедото пред родителите. Да, ќе подава раце како бебе, ќе плаче и ќе бега кај нив кога нема да му ги исполните желбите, но вие како родители секогаш ќе му бидете на прво место. И јас не сум во добри односи со моите свекор и свекрва, се гледаме 1-2 пати годишно, и тоа ептен официјален однос. Сѐ тоа поради големи несогласици околу воспитувањето и одгледувањето на нашето дете, па и предупредувања дека кога ќе го чуваат внучето, пак ќе прават тие како што мислат. Се разбира, тие изгубија многу, не го чуваат внучето и не го гледаат толку колку што тие сакаат, но никогаш не забранив да ја гледаат. Гледам дека се трудат и премногу околу неа, почитуваат сѐ што кажуваме, прашуваат преку мм дали смеат нешто да ѝ дадат, или совети околу купување. Знаете зошто? Затоа што ниеднаш не сме дозволиле да се вмешаат и одлучуваат како тие да се родители. Тоа на почеток се прави. И беше ептен тешко и напорно на почеток, стресови за нас, упорност од нивна страна, лутење, расправии (само со мм), ама еве после толку време, си прифатија луѓето дека мора да нѐ почитуваат нас и нашите одлуки. Не им е најдраго, ама важно не нѐ ни убедуваат со нивните размислувања. Ќерка ми сака да оди кај нив и мене ми е мило, и за неа и за нив. А што се однесува за земање од раце, еве ја мајка ми, истото го прави. Вчера падна малата, прва таа ја зеде да ја смири. Не дека сака мене да ме замени како мајка, туку баш дека уште ја држи тој мајчински инстинкт и ете, сѐ уште реагира брзо како за родено дете.
Да не ти ги цитирам сите мислења... Многу логички ти се ставовите, и така би требало да биде, но во релност, не е толку едноставно, бидејќи имаме и чувства, а не само разум. Сите... и ние и идните сопрузи и нивните родители и нашите и пи*ку матер. Иначе, дефинитивно, одделен живот е најпаметно решение. Пишав и предходно некаде на темава. Одделно не само физички туку и емотивно, без разменување детали за нашите животи со свекрвите и мајките.
секој на своја страна во свој дом му е спасот.Се додека сте под ист покрив не ве спасуваат ни компромиси,ни трпение,ни ингоририрање.Свој клуч кога ќе си имате од свој дом ќе се препородите.
Најчесто така е, ама ете во нашиот случај, иако секој на своја страна, пак имаше проблеми. Пак ќе кажам, отпочеток треба цврсто да се заземе став и да нема отстапки за никого.
затоа што така сте дозволиле.Мој стан мои правила.Кога живеев со свекор и девер цело лето сум седела дома по тренерки оти ми било незгодно да седам по шорц,со гол стомак со деколте.Сега дома на лето буквално по гаќи некогаш само си шетам.Кога не ми се зборува со никого не отварам ни врата ни тел(се правам дека не сум дома).Кога не ми се готви не готвам.Си спијам за викенд колку сакам.Тоа ми е зборот и тоа е разликата од заедница и свој дом.Не се правдам никому за ништо откако сум сама.Тоа е благодетот на сам свој газда
Баш напротив, не дозволивме Проблемот беше што не очекуваа такво нешто од нас, претходно не се расправавме, туку само ги откачувавме и по наше правевме. Имам во друга тема пишано, куќата беше нивна и требаше да ни ја препишат. Тие живееа во друга куќа на еден саат од нас. Ние од сам старт се поставивме така како да е само наша сѐ додека ние живееме таму. Значи немаа клуч од куќата, не можеа да дојдат ненајавени и кога сакаат. Ако се јавеа и да ни кажат "тука сме", ние само им кажувавме "сега одмараме". И џабе им беше патот. Ја немаа слободата како што сакаа. Имаше и моменти од типот ви донесовме нешто, ние им кажувавме оставете на врата, ќе го земеме подоцна. За џабе патот. Па ајде да ви зготвиме, да ви исчистиме и сл. Ништо од тоа не се случи. Ништо не дозволивме. Ни еднаш. Ама луѓето мислеа дека кога ќе ни се роди дете, без нивна помош нека да успееме. Демек се правиме самостојни, ама не сме до толку. Упорни си беа и тие, ама ние уште поупорни. Ехеее, па да не спомнувам уцени, условувања, па како не ни е жал, ама видоа-невидоа си легнаа на брашното Сепак мислам дека љубовта кон внучето победи и се вразумија.