Не би можела некој да го вратам од пред врата искрено. Ќе го примам дома, ама ќе му кажам друг пат да не доаѓа ненајавено.
Секакви ги има. Кога почнав на свекрвата да и плескам во фаца, ми се закани да си седам мирна. А тоа и значеше - Ќе си добиеш ќотек. Е па затоа нема ни да доаѓа кај мене, ниту ќе чува внуци. Она безобразна, јас уште повеќе. Кај неа одам заради маж ми. Муабет само службен.
А би ги вратиле и вашите родители ако дојдат ненајавени и ви донесат ручер или ете ви се понудат за помош? Или за нашите мами не боли,битно свеки нека тепа еден саат одење кај синот за на крај вратата само со носот да ја допри
Ама дека е татко ти. И јас мојот не би го прибрала дома,ни на едно кафе. Нешто слични се татковциве наши,затоа и така викаме.
Кој млад брачен пар не го сака тоа. Секако пробавме, сметавме ама неможиме да купиме свое, неможиме со нашите плати. Се знае дека е така најдобро, јас пред да се мажам живеев со мајка ми, татко ми и брат ми, слобода цел живот секаква, уживанција. Нема ништо подобро од сам свој газда.
Самостојност, приватност и се тоа е убаво ама да не заборавиме во која мизеирја живееме. Секој не е за брак се согласувам ама оние кои јас ги познавам, а се одделиле од заедница сите биле со кредити и помош од родителите и тоа е тоа. Не викам дека нема и обратни случаеви, оние кои се на подобри работни места, земаат големи плати нормално дека можат да си дозволат станбен кредит, свој стан и нормално секој на своја страна. Во секој брак имало и секогаш ќе има секакви проблеми, не мора да значи дека е сјајно и бајно. И не знам зошто секогаш или барем во поголем дел од случаевите на свекрвата се гледа како на непријател, едноставно нема потреба од тоа. Секакви свекрви има ама не секогаш и снаите се во право. Не ретко сум била во ситуација да ја слушам снаата мислам таа е во право, ја слушам свекрвата делува како и таа да е во право. Меѓу возрасни и зрели луѓе секогаш треба да има почит и разбирање. Крај на крај не живееме во 19 век, други времиња се ете долги врски, одење по дома, преспивање па секому би требало да му биде јасно каде и во каква фамилија влегува. Друга работа, некоја членка наназад пишала 13 години во врска, а живот во заедница уште колку да се чекало? Епа за 13 години ако некој не заштедил да се оддели не верувам дека некогаш и би заштедил нешто. Секој месец и по 1000 денари да се трга настрана (иако може и по повеќе) и понатаму со некој кредит може и те како да се направи нешто.
Читам мислења се за инат на свекрвата прави или да научи како да ја нервира... Сериозни сте? Го трошоте животот за вакви глупости? Толку слободно време имате? Јас разбирам дека што не гази на земјава и дека има луѓе со никаков карактер ама едноставно одалечи се не им давај никакво значење затоа што не вреди, ако не функсионкра од почеток остави. Никаде не е сјајно ама не секој се замара со тоа на која страна станала денес свекрвата. Гледај тебе со маж ти да ти е убаво и дај до знаење дека во твојот брак никој не смее да се меша.
Јас имам пишано 13 год врска од 13 год сме заедно, како да зачувам јас 1000 ден кога сум била основно одд, па средно, па факултет, моите одвај по 50 ден ми даваа за јадење да си купам не па да штедам. После факултет нема работа и тако даље... Кога да заштедам, нашите неможат да ни помогнат ни едните ни другите и што да чекам јас 28 год имам и уште 10 год да одевме пак немаше да заштедиме. Секој си знае за себе.
Сакав истото да го пишам и јас. Знам дека има секакви свекрви ама зошто вие си го трошите своето скапоцено време на свекрвата,наместо да поминувате убави моменти со сопругот и детето/децата? Од инает терање на му наштетување на никој друг,освен на самите себеси. Така си дозволувате заради друга личност да имате горчина во себе,да се нервирате и едноставно да не си го живеете животот како што треба. Еве јас од мене тргнувам. Јас живеам во иста куќа со од мм родителите,башка спрат и башка влез. Многу пати се случило свеки да се качи,да тропни и да влези веднаш. Јас претежно држам заклучено од безбедносни причини,не заради неа. Заради малава,оставам отклучено почесто од претходно. Ко се породив,идеше горе ама ме имала начекано неколку пати кај што спиеме со малава,па ми оставила јадење или пиење и си одела. Пред нејзе имав слобода да шетам буквално со градите надвор за доење,ништо страшно,исто како пред мајка ми. Ако мислев негативно,очи ќе извадевме тогаш. Еве сега не сме дома,неа и дошло идеа да сменува врати и да стави стакло кај кадата,да биди како кабина. Претходно не ни праша. Само кажа дека викнала мајстори. Да беше друга снаа,ќе имаше кавги “како мајка ти се качува горе и прави нејзе како што и одговара” . Јас не реков ништо,уште подобро. Таа ќе среди се,ќе плати и јас ко ќе се вратам,ќе си појдим на готово. Треба да се карам за некои постапки според вас? Јас не се нервирам воопшто ако дојди, ако и дај на малава некое јадење,ако се качи и заврши некоја раб,ако реновира. Како можите да се замарате со толку небитни работи,зафрканцијата настрана,многу го тупите. Јас да сум на местото од некои мажи,најискрено би се разведил,ако жената ме замара секој ден со истите муабети “мајка ти вака,мајк ти така”. Јас нормално си го сакам и мм и детето ама стварно не можам да слушам да ми вели лошо за мајка ми. Мене такви муабети ме вадат од такт. Ај вака,одиш на раб,под стрес си,си одиш дома и партнерот ти ги тупи истите муабети. Аман,да ви се пријатели,ќе се скарате и крај. Овде зборуваме за родители. Не знам,не сум на ваше место ама мое мислење е дека треба да баталите негативни мисли,ако имате корист од свекрвата за дете,јадење или финансии, попуштете некогаш и сите среќни. Ем свеки ќе ви се најди некогаш за икс причини,ем со мажот нема да се карате и оддалечувате заради мајки и сл.
А зошто не отидете под кирија? Јас и маж ми откако се зедовме сме под кирија. Тешко се издржува финансиски, ама не ми е во куќа госпожата. А со една плата сме. Скратив од многу работи само да не ми се плетка по дома. Тоа важи и за моите. А ако сакаш да си шеташ и да имаш помош од свекрва, ќе ќутиш и ќе трпиш.
Да, можам. Ако доаѓа секој втор ден ненајавено, можам. Не е најавување ако ти каже некој дека е пред врата и чека да му отвориш. Се прашува: дома сте, слободни сте и договараш. Истото го практикуваме и ние за било кој, не само за родители. Тоа се вика добро домашно воспитување.
Ако се однесуваше на мене, истото важи и за едните и за другите. Со тоа што моите не го сфаќаат тоа како навреда, баш напротив се горди, прво на мојата самостојност пред брак, а после и на нашата самостојност во брак. Во врска со тепањето еден саат, тоа е ризикот кој треба секој да го прифати, бакнеж на вратата Еднаш ако бакнеш врата, за вторпат ќе знаеш. Е ако и втор, и трет пат бакнуваш врата, и уште неколку пати, ќе се замислиш, нели?
Можеби не сте ги читале моите мислења од претходно. Јас немам проблеми со нив, сега за сега ми одговара вака, не се карам, имаме разбирање сите. Па здравје Боже можи ќе се делиме на спратови, ќе си имаме повеќе слобода.
Јас пак ќе пишам овде. Можеби не е за во оваа тема ама тука пишував претходно и сега да се надоврзам. После се сфатив дека не е свекрва ми виновна. Мм е. Јас уствари немам маж. Да ви кажам што се случува. Сопственото дете не си го сака. Ниту еднаш не се јави да праша како е. Дојде да ме земе од дома и после неколку дена малото што не го видел не му обрна воопшто внимание, не го ни крена, не го гушна,не му зборуваше. Седна и цело време си чепкаше нешто на телефонот. Другар од брат ми беше тука и тој цело време го чуваше малото го гушкаше а татко му не го ни погледна. Знаете ли колку боли? Дојдовме дома му викам почувај го детето до вц да одам, тој си лежи не мрда. Не ми е јасно како може да не си го сака детето. Не му недостасува? Му пререков нешто и ме турна а бебето ми беше во раце. Што ако паднев. Сега само едно знам. Не е маж. Да беше маж ако ме видеше нервозна ќе ме смиреше а тој вреѓа и мава.
@Ccc123 не знам зошто си со него кога гледаш дека не те рецка? Сами си ја барате белјата. Не се интересира за детето? Чао-пријатно. Крај на приказната.
@Ccc123 Добро, човеков ништо не ти нуди. Н и ш т о. Да кажеше барем едно добро нешто за него. Освен што ти е маж на хартија. Не знам која е причината да си уште таму? 10 пати поубаво ќе ти биде дома да си се вратиш. Барем нема да се нервираш.
@Ccc123 Ни ти не се сакаш себе си, а излегува и детето, штом уште седиш со дете во таа средина со таков никаков маж. Зошто не си идеш еднаш засекогаш од таму?