Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Дефинитивно се сложувам со тебе, Грл. И јас претрпев многу маки, голтав, влечкав, спасував нешто што не ни постоеше. Тоа ти е исто ко да бараш црна мачка у темна просторија каде што не ни влегла. Кога не оди не оди, сега верувам си свесна колку ти е поубав животот. Едно е мали препирки, друго е препирки кои ти го загорчуваат животот до толку што не можеш ни да функционираш ко живо суштество. Кој може нека трпи-јас не.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    фала за советот,сега имам тактика и така ќе терам да видам што ќе биде хехех...сега само насмеана,со разговори,,,нека си зборуваат што сакаат како со шала ќе им одговорам...додуша свекрвата в лице не ми рекла ништо,а золвата бооооо а отвори уста,и демек као ја братот ќе и го раководам,ќе прави јас како што сакам,,итн хехе,сфатив што била болката....хехех....а таа со мажот и што прави ,не размислила ли?како теле го носи каде пто сака хехехех,епа тоа и смета и на нејзината свекрва,и на золвата,ама таа си тера...затоа се плаши да не го направам брат и како таа маж и хехе...а свекрвата ако е сама со мене,мислам ќе се разбереме,бидејќи јас секогаш сум лјубезна со неа,разговарамс о неа,ако има нешто ќе и помогнам,,не епроблем...таа мислам се прилагодува по малку...ама золвата ја прави некогас да биде поинаква,,таа му ја полни главата...и пред неа се држи на дистанца,да не и се лути ќерка и.боооооооо будала работа...не знам што се меша,кога нејзе брат и никогаш не и се меша дома,,што сакат нека прават со мажот и...или најмногу ме нервира,,ако треба да ја префрлиме некаде со колата,и ќе и речам ајде дојди .неееее,не ,не сакам да сметам,оди уживај ти.....аман веќе испаѓа како јас да сум, рекла дека смета..а жими бога никогаш ништо лошо не сум рекла,,,баш напротив јас сакам да се зближам ама таа се крева на големо,ама сега и јас така правам..и јас имам вкус,мои правилча,мое его,достоинство,,и не може таа да ми кажува што да правам,,можи да даде мсилење,,ама не да ми кажи што да правам......и треба да сфати дека тој и е брат,а не маж.и дека тпој има братска лјубов спрема неа.и не губи ништо со тоа дека тој е со мене.........!!!!!!ама не можи да сфати!!!.....јас би сакала да се дружам нормално,со нив,,кафе да пиеме,едно друго...ама тие многу се мешаат двете,кај што нема место занив!!!и сето тоа ради ќерката.....таа само се буни,се нешто не и чини........ако не и чини нека ќути...
     
  3. steal

    steal Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    26
    не е проблем ниту снаата ниту свекрвата проблем е синот мажот кој не знае да застане пред мама и да и каже дека не е повеке мамино галенице и дека не се слуша веке мама.јас имам свекрва и многу се сакаме кога ке се видиме ама тоа е засто не сме заедно и се гледаме еднаш во месец.башка уште на почеток мојот сопруг расцисти некои работи.
     
    На Anyshka, AnelijaP и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^ Мојот маж пак,кога се фативме беше мамино галениче.За сукњата на мама :lol: Кога и да се јавеше она он трчкаше дома,и требало ова,она,он ми се извинуваше велеше само на мама да и завршам работа и одма се враќам.Некогаш кога не ми се излегувало,он си шеташе со неа,абе шо да ви кажувам.
    Знаев дека ако продолжи така,дека со таков маж не сакам да останам,иако лудо вљубена....Но ако не поработиш на случајот,не можеш да знаеш ;) ,а и плус ми дојде во прилог кога он случајно слушнал како она по телефон ме оговара мене на нејзината сестра,чул буквално се и влегол во соба ја направил лом,до тепачка.Потоа кажал и на татко му на што он и рекол да не чуе веќе таква работа ;)
    Но,потоа тој се смени за 360 степени кон неа..Мене ми одговараше зошто му реков-Ти реков ,ама ти не ми веруваше.Осеќаше грижа на совест дека не ми верувал башка :!:
    Сега не е воопшто близок со неа.
    Тој е таков-добар е со сите,ама кога еднаш ќе му направиш лошо,заборава се и за него веќе не постоиш.
    Така остана и со мајка му,дури јас го терам да и се јави за роденден или 8ми март,воопшто не сака.
    Така да.неможеш да знаеш додека не пробаш.Секој може да се превоспита,само мала тактика.
    Ако не оди,отварајте очи мамини галеничиња не ви требаат,баталете и љубов и се кога после без нерви ќе останете и цел живот во сенката на мама
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Мислам дека понастрана е поарно,две жени во иста куќа или стан не ја бидува,па башко ако се има и золва ептен се згуснува состојбата,кажи нашето општество е такво скроено да ние младите живееме со постарите,инаку сите да си се делени ќе нема никакви проблеми,кога сакаш или ако сакаш ќе одиш ќе ги посетиш,ако не ја го маж ти нека оди кај нив ти не мора да се н замараш со нив,така јас барем мислам од лично искуство,сега сме си под кирија и мирна ни глава,а и ним мирна им глава од нас,некни за прв пат отидовме на госте со малиот инаку до сега не се бевме гледале поубаво здравје,кој сака да му е мирна главата понастрана ,што сакаш ќе си правиш,ќе си купуваш без на никој да му даваш до знање е зошто е тоа е зошто е оноа,е детето тоа требало да му се прави е оноа,е зошто таму го носите не треба,е сега што сакам ќе си правам,како мислам дека е добро така ќе си правам и за дома и во врска со воспитувањето на детето
     
    На Anyshka, N.Kety и stetoskop им се допаѓа ова.
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.969
    Во врска со несогласувањата на релација свекрва-снаа,мислам дека нема да има до толку несогласувања помеѓу двете жени доколку само тие две „дебатираат“-без некој друг од страна да ги подбуцнува.
    Обично кај што има золва(не велам дека сите се такви-немој некоја од вас да се навреди)свекрвата повеќе се сили,„поучена и посоветувана “од ќерката што да и каже на снаата.
    Свекрвата слепо верувајќи во посочената ,малку по малку започнува да си ги квари односите со снаата,не размислувајќи дека таа снаа утре прва ќе притрча да и помогне (за не дај Боже)бидејќи и е тука во куќа ,за разлика од ќерката .
    Не е само золвата која подбуцнува,тука се и сестрите на свекрвата-кои неможат да се „изначудат на новата снаа“ и за тоа колку е „неодговорна“,без притоа да си ги погледаат проблемите што самите тие си ги имаат .
    Од друга страна пак,снаата е „подучена “од мајка си(иако мислам дека вакви случаи се ретки) и еве ти проблем.
    Една моја „тетка“ сите ги оправуваше во фамилијата како треба со снаите,чиниш државен непријател е во прашање,на сите им го загорче лебот -и на снаите и на свекрвите.
    Ама кога нејзиниот син се ожени,затвори уста,збор не и се слуша.Им готви ,пере,чисти,се најубаво пред нив,а кога ќе ми текнеше како им збореше на свекрвите во фамилијата да не им готват на снаите-ако треба нека цркнат од глад,деца да не им гледале-нека си ги носи снаата децата кај мајка и на чување....идр.глупости.
    Абе неможам да ја гледам,ама не само јас сите си ја увидоа,а што е најбитно се освестија дека лошо постапувале со снаите.
     
    На Anyshka, Eleonorastrumica, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Дефинитивно докажано дека мојата е таква заради ќерка и ;)
    Викендот свеки беше во Скопје,седеше кај нас,купуваше гардероба за свадбата.Ќерка и и звонеше на пола саат,и ја прашуваше што правиме.Оваа детален извештај,не смее да мрдне.
    Кога шетавме по продавници ,она и звонеше од продавницата и и кажуваше-Еве сега сме пример во Манго,и оваа прашуваше а што има гардероба или обувки и дали нешто сме си купиле :o
    Вечерта се допишуваа на ФБ,и она го оставила неисклучен.
    Се мислам дали намерно или не,ама мислам дека ненамерно. :?:
    Во секој муабет главна тема-снаата. :|
    Золвата известена за секое мое движење,за секоја моја нова гардероба,буквално за се.
    Немаше до толку да ми биде криво да не ги спомнуваа мајка ми и сестра ми,па дури и татко ми. :@
    Мислев дека работите се сменети,особено зошто викендот беше се ОК,муабет,смеење и се,баш се зачудив колку опуштена е жената,ама ако оди по паметот на ќерка и нека оди,еден ќе се кае,ама ќе биде доцна.
     
  8. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Мојава пак свеки викендот ја зедов да одиме да гледаме венчаници и само зборуваше како многу биле скапи не се давало толку пари за еден ден,и како требало да најдам негде да ми сошијат и се вкупно да фатело 3000-4000 денари,јас се изнервирав и реков фала ти многу ама сама ќе си ја платам венчаницата,а вереникот кога слушна што ми рекла збесна зашто списокот со гости од договорени 100 вкупно од двете страни она сака да го направи 200 само од нивна страна,а ваму штеди на венчаница.Многу сум разочарана :(
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    :o Па кај ќе најде венчаница за 3000-4000 денари |( Нормално за тебе не и се дава а да и беше ќерка ехее и тоа како ќе дадеше :devil: Мојата да направи така, не и зборам, ни на свадба не ми треба :envy:
    Ама за да не дојде до тоа , со либето се договоривме јас да си ја купам венчаницата, не сакам да бидам ограничена, каква сакам таква ќе си земам, тоа е мој ден, и се случува еднаш во животот :) Истото би ти го препорачала и тебе, ти купи си ја твојата, а вереникот нека си земе сам одело :hai:
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Јас му реков ама он не сака вели да не ја слушам мајка му зашто она немала да ја плати туку он,ама сепак не сакам да слушам после свадба оговарања и сл.па ќе инсистирам секој своето.Во секој случај ми го расипа меракот свеки,немам желба за ништо :x
     
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    матеа јас па ти се чудам на умот што си ја зела со тебе иди со другарки одбери си нешто и готово. кога е ксмет две различни генерации да се погодат за ист модел. ..

    не се разочарувај и не се нервирај уживај си во овој убав период на подготовки
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    хехе,,,и мојата свекрва некогаш мислела дека венчаница може да се изнајми,што ќе е за една вечер.толку пари итн...ама јас уште од порано му имав кажано на вереникот дека сакам да ја купам,,сама си најдов модел,бутик,,итн,,и само им кажав дека најдов..тие веќе беа запознани со тоа дека сакам да ја купам и готово,,мене ништо не ми рекоа,,кога еднаш многу порано вереникот рече леле колку ние девојките сме опаседнати со венчаница итн...јас му реков,епа тоа е сон на секоај девојка,ми јас че си ја купам венчаницата..ако не можете вие сама ќе си ја купам,,моите родители нема шанси да ме остават без убава венчаница,,и он рече неееееее,ова немој да си го спомнала уште неднаш.ќе ти се лутам,,јас ќе ја купам,,и сега најдов 400 евра ќе ми сошијат балски модел јас како што сакам...суперрррррр,пак е по моја желба хехех
     
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.969
    Дај Боже ,само тоа да ви е проблемот со свекрвата-кој ќе ја плати венчаницата и дали да се шие или готова да се купи.
    Мене мојата свекрва ми ја купи,јас ја бирав,немав ограничена сума (финансиски се одлично обезбедени),самите ми бираа злато,ме накитија целата со злато како новогодишна елка,ама после тоа се ми излезе на нос.....Напоменувам дека за ништо не ме прашаа-дали сакам да ми купат или не сакам(злато,кожни ташни,чевли неколку пара,комплети ,долен веш-таков бил редот кај нив,на зетот му купиле,па и на снаата требало.
    Така да ,финансиите околу свадбата не се мерило за добри односи....
    Посреќна ќе бев со едно најтенко прстенче,а добар однос со свеки,отколку целата во злато,а попреку да ме гледа и да мрчи постојано.
     
    На Anyshka, koritsaki, blond и 5 други им се допаѓа ова.
  14. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Исто и јас на вереникот му имав кажано дека сакам одреден модел кој го имам одамна замислено,дека тоа ми е сон,желба...знаеше дека од кај Жана сакам да нарачам,не да изнајмам и сл.он знаеше ама мајка му очигледно не знаела,е сега кога му кажав секој своето да си го плати не сака да слушне ќе ми се налутел...а мене инаетот ме фати сакам сама да си ја платам за да не може утре свекрвата да ми префрла,не знам што да правам :(
    а односот точно не се гледа од финансиите,но кога штедиш само на невестата а за се друго околу свадбата се расфрлаш со пари мислам дека со тоа на некој начин ја понижуваш невестата..
    Ееее и како ќе ја сакаш свекрвата кога уште не си и отишла дома сака се по нејзино,па дури и поканите што јас ги одбрав не ги сакала :x
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.092
    Пол:
    Женски
    A да не се замараш толку со неа? Не си го уништувај овој период, терај си по свое, а она нека си мрчи. Маж ти е на твоја страна, тоа треба да ти е најважно. :) Уживај сега, понатаму ќе си викаш колку сум била глупава што сум се нервирала и придавала важност. ;)
     
    На srcekrsacka и soncenceto.matea им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Знаеш дека нема невеста на овој бел свет што се замара да и угоди на свекрвата :$
    Гледај си тебе да те биде со идниот маж а околината поштувај ја од куртоазија ;)
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AneAnence

    AneAnence Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Ние правевме свадба и немавме никакви проблеми, не ни се мешаа во ништо, ни мојте ни неговите, си ќутеа и даваа пари :) и свадбата заврши во најдобар ред, се беше под конец и од тогаш и со мојте повремено си имат идими дојдими. Одреден период живееме со мажотми заедно и немаме никакви проблеми, во ништо не ни се мешаат, никогаш не ми пререкле за ништо, се трудат да ми угодат и мене и на синот. Со еден збор фантастични се, повеќе од 6 месеци живееме заедно, свекрвами многу често и кафе во кревет ми има носено. Ама луѓе се, не се нелуѓе, овде на форумов кога видов акви свекрви има мене срце ќе ме фати така за еден ден. Се е до среќа во животот. 8)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Види ја твојава итрица, сака да ти купи фустан од 3000ден!? Кажи и за себе ако може нека си сошие фустан за толку пари па после нека збори. Ех луда жена....Може е во климакс па не резонира добро :fubar:
    Гледам дека имаш 31 година, сигурно и вереникот е тука некаде, па не сте деца, превземете си ги работите во ваши раце. Што има таа да се меша какви покани и каков фустан ќе носиш???
    Едноставно одбери си фустан и кажи му на вереникот да оди и да остави капар на твое име и крај. А кога е таква безобразна свекрва ти заслужува фустанот да ти го види дури на свадбата.
    Со сопругот буквално се биравме сами, не дозволивме никој да ни се меша. Родителите покани си добија заедно со другите гости :D
    Биди си коректна, фина и културна со свеки ама држи дистанца. Ако не живееш уште сега со неа гледај да ја гледаш што е можно помалку до свадбата. Поздрав и без нервози ;)
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  19. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Во право си Sun.shine така и ќе направам културна ама на дистанца,а свеки за неа ќе си купи фустан од 200 евра 100% :x
    Денес пробував венчаници со вереникот,а свеки не планирам воопшто да ја викам на проби,ќе ме види на свадба директно,се по заслуга |(
     
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Маж ми сам се дотера од свои пари, јас од мои мирна глава и на никого не полагав сметка за што и како Иако свеки ме потече да не бил корсет фустанот разголена не сакал демек свекор ми. Ах леле на почеток си викам како да угодам на сите страни. И оп кога си бирав фустан најубавиот што сум го видела до тогаш, беше со деколте и со врзување околу врат па кога се сетив што велеше свеки а сосема бев изумила се згазив од смеење сама во соблекувална. Нервози имало и ќе има, ама воопшто дикат да не ставате уќивајте ваш е тој ден и бидете најсреќни. Ако имате некој динар сами да се скоцкате најдобро ви е за да не полагате сметка никому.
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.