@Girly90 ќе се спасиш само или да замините под кирија или барајте стан со станбен кредит. Ние се исселивме од заедница ко имаше малиот 2-3 месеци. Немав проблеми големи ама самата ситуација после пораѓај е многу деликатна, тешка сама по себе со големи хормонски промени, па и совети бескрајни што треба, како треба, па заплакало сите на врата деноноќно, за бањање сите по една рака да стават, што да ти кажувам ќе видиш и сама. Сега се гледаме еднаш неделно, и една недела од месецот свекрва ми го чува малиот и никогаш не сме биле во подобри односи. Се преродив од ко се одделивме и на сите што мислат дека не можат им кажувам штом ние со една плата и на сред зима успеавме без ничија помош, сите можат. Точно дека сме цел живот со кредит и мал стан, ама нервите и времето не се враќаат. Тешки кредитот и парите да ми се најголем проблем цел живот.
Мајка ти не го сака зетот повеќе од тебе туку се однесува фино со него заради доброто на сестра ти. Така најчесто и се случува, повеќето баби ги тинтраат зетовите наспроти свекрвиштата кои не тргаат очи од снаите и изгледа основна цел во животот им е да респраваат со нив, да се мешаат во браковите на синовите и да им го загорчуваат животот. Секоја чест на исклучоците а и секоја чест на синовите кои знаат како да застанат во одбрана на своите жени. И самиот велиш дека мајка ти зетот го сака но стравуваш дека еден ден нема да биде тоа така со твојата избраничка. Зошто е тоа така? Затоа што изгледа дека мајките кои имаат синови не можат да се помират со фактот дека кога синот се жени тие веројатно нема да бидат повеќе први виолини кои ќе му командаат за се. Уште додека е време барај решение како да се одвоиш со живеалиште кога ќе се ожениш. Колку подалеку, толку подобро. Живот во заедница не е живот, макар и посебни спратови да се. Наместо секој да си живее опуштено и да го прави она што му се прави, постојано треба да се прават компромиси и да се попушта а во спротивно војна не изостанува.
А каде е родениот син во оваа приказна? И зошто се женел ако немал услови да гледа фамилија и како воопшто дозволил жена му и детето да бидат избркани?
Кaј мене беше вaквa истa ситуaцијaтa. Не избркa зaеднo сo ќеркa и мене сo мaлoтo и мaж ми кoгa скoкнa му рекoa и тoј дa си oди нa штo тoј им oдгoвoри декa немa шaнси нaс дa не oстaви. И тaкa си oтидoвме пoд киријa a пoдoцнa и нaше си купивме. Тoa е нaјгoлемaтa услугa штo мoжеше дa ни јa нaпрaви. Сaмo не те свaтив вo делoт кaкo мaжoт мoжел дa дoзвoли. Нa ненoрмaлни луѓе штo прaвaт ненoрмaлни рaбoти не им требa дoзвoлa.
Се согласувам во се што сте напишале, ама ако него го тинтра заради сестра ми, зошто тогаш на секоја девојка која ќе ја донесам наога маани? Нели по таа логика ќе треба да ја тинтра и снаата? Искрено многу сум разочаран, веќе не ми се ни инвестира во таа куќа затоа што знам дека нема да имам убав живот поради нејзината преголема доминација. Понекогаљш си велам џабе ни е се што правиме кога она на крајот се упропастува. Сите не третира како да сме малоумни, само она што ќе каже тоа е исправно и ок. Да бидам искрен незнам како таткоми ја издржува, душа му извади, сирот човек уста неможе да отвори од неа. Единствено е расположена кога ќе дојде зет ми, тогаш е насмеана од уво до уво, дури и шалите им се некако непримерни како за зет и баба. Ок можеби грешам, можеби им завидувам, можеби сум премногу конзервативен, но тој однос не ми се допага. Ајде кога веќе си ја отворив душата да ви го кажам и ова, сум се обидел да разговарам со неа зошто така се однесува, дека е непримерно.... Тогаш настанува уште поголем хаос, почнува да плаче, ти мене ме правиш ку*ва па ова, па она.... и на крајот излегува уште поголем куршлус. Но она што најмногу ме загрижува што таа не трпи друга жена во куќата и свесен сум дека ако останам со неа да живеам ќе имам огромен проблем. Кога бев тинејџер не ми дозволуваше да донесам девојка дома а уште помалку да се осамиме во соба, се неа ќе ја украле, ќе ме зезнела да остане трудна со друг па мене ќе ми го тупнела детето.... се такви некои небулози кои не можам ни да ги замислам а камо ли да ти го трујат мозокот секој ден.
Ете и сам кажуваш дека си свесен дека не се живее со неа и не ти се инвестира во куќата, па не инвестирај. И ова ти го кажувам најдобронамерно, кога ќе се жениш жената под рака и надвор од таа куќа. Ти како нејзино дете не можеш да живееш со неа, а камоли снаа. Не дозволувај и идната ти жена да ја читкаме во оваа тема.
Или најди некоја слична на неа и остај ги неколку дена сами па ке видиш дали можда така ке функционирате
За сите што сте на страна на јатрвата еден пост па заклучете кој е во право кој не. Пред неколку дена имавме гости. Вечерта пред гостите ја исчистив цела куќа. Другиот ден свекрва ми спремаше, јас со бебево плачеше многу. Цело време дур беа гостите тука јатрвата си ги послуживаше само нејзините моите јас си ги прашував за пиење. Бебево дента многу беше вознемирено и плачеше така да цел ден останав со него. Вечерта ко заспа средив и измив тоа што беше останато. Денес слушам деверот со мајка му зборуваат како јас сум се скрила а јатрвата правела сѐ сама и рече барем од мајка и чинијата да ја измиеше. Леле притисокот ми се крена. Јас цел живот секој ден мијам чинии нејзини од детето од маж и а таа само за гостите ги изми и одма муабети јас ништо не сум правела. На крај краева јас сум мажена со мм не со нив. Затоа им реков делење секој посебно и нема надгледување јас ова направив ти ништо. Јас бремена 9ти месец чистев по 10 души и чинии миев и дете им чував за пак лошата да сум. Јас сум и предобра што го трпам ова никој не трпи. И викам зошто седат овде зошто јадат. Тука била кујната. И викам и кај нив има кујна. И се замолчи. Не можам повеќе да издржам во оваа куќа не сакам детето да ми расти во ваква фамилија.
Дали си ги среди ти односите со тм, ако не јас незнам ни што воопшто сеуште си таму. А јатрва ти да отидеше во соба ако детето и беше вознемирено ти ќе се залеше дека таа се скрила, а ти си служела и си средила се. Едноставно неможе да функционирате во заедница зошто секој гледа во чинијата од другиот и мери кој колку јадел кој колку направил, за мирна глава ако ги среди работите со тм земај го под рака него и детето и барајте си чаре, ако не земај детето и оди си кај твоите.
Kako uspea bre zhenche cela kujka da ja ischistish pa neli ti nemozhese ni do wc da pojdis od bebeto a sega si stignala i cela kujka da ja ischistish koj ti go chuvashe bebeto ti duri chisteshe?
Тој не знаеше... додека беше на работа, свекрва ми дојде ми изнакажа секакви глупости и да сум ги соберела парталите да си одам кај мајка ми... мајка ми да ми го гледала детето. Дури и ми се закани да не му кажувам на мажот ми. Мажот ми беше на работа и добив закана да не му кажувам... меѓутоа јас му кажав се и вечерта и се развика зошто постапила така, а аа без срам ми дојде и пред него почна да вика како јас не сум ја почитувала, не сум го почитувала нејзиниот збор! Таа ми рекла да не кажувам на никој, дека тоа било меѓу нас , а јас сум кажала и со тоа сум докажала дека не сум ја почитувала. Тогаш и пред него ми рече да си одам од куќата и ми нагласи брат ми да не иди да ме зема туку да си ги соберам парталите и со такси да одам. Најмногу ме изнервира постапката на мажот ми шо не ми дозволи вечерта да си заминам... но утредента се спакував и појдов кај мајка ми. Тој дојде по мене и останавме една недела... со тоа што ме убедуваше да се вратам назад, наводно ја средил...немало да влегува в соба кај шо спиеме во секое време и други работи шо си имаше навика да си ги прави... но сега гледам дека човекот не се менува!
Многумина немаат доволно пари за живеење одделно. Ситуацијата во Мк и не е баш сјајна. Да имаше вработување за сите, да имаше повисоки плати, не верувам дека некој би си дозволил да живее во заедница. Ама има многу 'да ова', 'да она'.
Чистев вечерта ко заспа бебево со отворена врата од собата кај што спие. Инаку преку ден да, не можам ни до вц да појдам. Чудно ви е вам сами што живеете не ви се верува дека постојат вакви работи. Ама кој не искусил не знае.
како сакате речете ама добра свекрва НЕМА. дали му е до строста незнам ама све е лудо.ако почнам да пишувам ќе нема крај постов.
И свекрвата е човек, а добри луѓе секако дека ИМА Ова е ко да речеш дека сите мажи се исти, а си била со 2-3 Не се носи заклучок врз неколку примери
Со мм разговарав и сега е каде каде подобро. Еве денес по негово барање ќе се разговара и ќе се реши кој каде живее и каде му е местото. Во право си, 10 луѓе во една куќа не може да не се замерат, јас кога чистев таа спиеше, после јас бев со бебето таа миела и послужувала гости и се зафати за тоа. Прави нешто и после ќе пререкува цело време. Работата беше што маж и рече барем од мајка и да ја измиеше чинијата. А јас имам миено од роднини нејзини и ништо во куќава не сум рекла. На мм му се жалам да ама не правам скришно скандали како неа. Затоа најдобро секој посебно и нит јас ја гледам што прави ни таа мене. На крај краева јас за мм се мажев не за нив.