Абе ајде жити се,немало добра свекрва? Хм.Види,не сум мажена и не ми е местово тука,ама опкружена сум со свекрви и снаи,ќе си земам право да те цитирам,ептен очи ми боди ова со упорното терање муабет накај свекрвите-вештерки,а снаите-мили ангели Да бидеме искрени и во двете страни има лоши и добри луѓе,ама традиција е да се тера муабет како свекрвата е само лоша во сите случаеви. Како што кажав,примери имам еден куп од омажени другарки,до братучедки кои живеат со свекрви,значи често имам прилика да видам како им е во заедница,и можам да кажам,дека снаиве малку од повеќе претеруваат. Свекрвата арна е за пари да дава и да чува внуци,а за друго јок
затоа пишав секоја чест на исклучоците јас сум опкружена со лоши свекрви почнувајки од бабами. како што има лоши свекрви има и лоши снаи. во мојата околина роднини другарки пријателки владее лоша свекрва.
Колку и да е добра свекрвата, го немате она најбитното - приватност. Ова се однесува на оние кои живеат во заедница. Ретко да видам добра свекрва. А ако немам услови, не се ни мажам.
Јас па познавам неколу случаи од типот "ако немам услови не се мажам" и на 50 год.се немажени и живеат осамено, која со мајка и и татко и,која со братот и фамилијата негова...зато поарно да си се расправам со свекрвата и да си правиме криви дрини секој ден,ама да имам за кој да живеам,отколку на 50 год.да живеам сама без никого..
Баш ми е мило што најдовте заеднички јазик со тм, во заедница е така се некој нешто ќе каже ќе дофрли баш те заболе што рекол девер ти, ако не ценат што си правела не прави веќе па барем да има за што да зборуваат, не си должна никого да гостиш и по никој од нив да слугуваш, гледај си детето и работи си на односот со маж ти, ако тој е на твоја страна никој друг не ти треба
Колку и да се идеални свекрвите кога ќе дојдете да живеете во заедница, уште ако мажот има и брат и снаа пречи. Пречи што приватноста е сведена на минимум. И тоа што свекрвата се труди да најде баланс помеѓу двете снаи, а не секогаш може, особено ако се скроз различни, како ние. И тоа што сеуште она прашува што ќе јадат синовите, па потресување ако не јадат нешто, а да угодиш на 6 души не е баш лесно. И тоа што собата ти е ко хотел промаја, оти на таа тераса се спружираат алиштата, а секој ден по 2 машини се пуштаат. И кога се влегува без тропање, и кога ти дели совети како да ти ги отварала шкафовите, па што да прередиш и како да здиплиш и не само тоа и се нешто не така туку вака. Ок жено имам свој начин и јас. Што ако на крај испадне исто? Да напоменам дека секој ден ја чистам собата и пак мани. Не дојдов да се жалам тука, оти јас имам јасно поставена граница до кај може некој да оди, а мешање во приватност кога си легнавте, кај ќе одите, мт ли ти рече во тоа тенџере да му вариш макарони, не дозволувам. Разбирам мајка, ама гледајте си ги и мажите. За односот со јатрвата не би да пишувам многу. Малце ми беше криво што она беше наметлива, некогаш и не ме рецкаше пред нив, ама потоа си велам жено ама си била глупава... па ако сака толку да и се умилкува на свекрвата оставија помирна ти глава. Иначе не е вработена, не ја осудувам поради тоа судејќи како е кај нас... ама кога си идам прва смена правам ручек а она спие, или затворена во соба... и што да правам да си свиркам. Со садови е скарана и милион други работи. Да нема заблуди оти свеки не прави ручек, кпнѕра смена сме. Се трудам да сум присебна и за тоа, голем плус ќе ми биде мене понатаму во животот оти можам да менаџирам со повеќе обврски. Маж ми се наоѓа често во ситуација да искоментира, може не директно ама го нервира тоа, општо мрзеливоста на никој не му прија, да гледаш некој цел ден во пижами. А свеки ја брани, не сака ништо синот за неа да коментира. Не дека јас сакам да коментирам, ама знам со сигурност дека тука сме привремено и нема да останеме уште долго
Ако немате услови не се мажите? Абе ајде. Условите за живеење може да ги создадете и откако ќе се омажите. Мојава уште кога дојдовме од болница ноќеска си спиеше, а дента беше будна.
Ако чекав услови до 35/40 години ќе си седев кај мајка ми. Вака со заеднички сили за 2/3 години ќе се осамостоиме. Се е полесно кога има љубов и кога сме заедно во проблемите. Јас не се каам воопшто што не чекав. Горда сум што заедно сме на праг да создадеме наше катче, на наши 27 години
Се согласувам до збор. И не се секирај, ќе се осамостоите, кога можев јас на 22 години, со минимална македонска плата и трошоци за факултет, може секој. Секако дека треба време и труд, но на крај се се заборава
Јас и мм сами живееме во различни градови со свеки, па пак немам приватност на некој начин, не па заедно да бевме! Преку 200км она знае што праиме, што сме ручале, кое време мм се вратил од работа кој прднал кој ждригнал. Додека бев бремена сите термини ми ги знаеше кога сум наредно на преглед, бактерија дека имав,што терапија примам, колку грама е бебето итн да не набројувам. И све тоа од мм дознава, зашто нејзе и е природно да праша што си сака а на мм му е природно да ја удостои со одговор. Тогаш сфатив уствари колку е саат, дека мува не и прелетува и за све е заинтересирана, додека на почетокот пак тоа ми изгледаше некако нормално. Кога ќе сме на гости кај нив или они кај нас ќе си збориме нешто со мм меѓу нас и она "А што тоа"? На почетокот некако не ја познавав па ќе и кажев нешто се договараме за тоа и тоа па со образложение со све. Сега само си ќутам и си продужувам разговор со маж ми. Ќе звони на тел нема да кренеме, зашто не сме кренале, па кај сме биле и зашто и кое време сме се прибрале! Сега со бебево е бетер!!! Сега и за бебе сите термини ги знае, рачуна од преглед на преглед колку грама напреднало, па дели по недели па аха, малку е многу е. Што да ви кажувам жени. И од далеку нема мир, не па заедно да сме! Не е лоша душа, не прави сплетки, ама таква е ококорена да речам. Све сака да знае. А богами и сака важна да се прави со нејзини совети околу све! Се спремам психички сега дека треба да се тргнува на работа и ако не го запишам со време мали во градинка или неќе да иде она ќе мора да дојде! Ама ај си викам за дете ќе пребродам некако. Она одвај чека нормално внуче ќе чува
Читам и се чудам. Како бе бебе не знае што е ден, а што ноќ. И те како знае. Мојата преку ден преспива по саат на двапати, а навечер по цела ноќ. Е има вечери кога кенка, се врти, заби вади.
И тебе не ти е крива свекрвата тука маж ти -муле шо се исповедува за се и сешто на мама нека и каже и коа се е*ите колку време тера кои пози и сл
И јас бев од "одморените " мајки. Бебето ми спиеше ноќе, а преку ден мирно и се сама си постигнував. Имало периоди кога плаче нон стоп, ама во главно беше мирна и ден денес е. Ништо не е невозможно. Женава со право се иритира, ама барем да превземеше еден единствен чекор во решавање на проблемот првенствено со маж и. Таа само се жали и тапка во место........ Тука не пишува за совет, џабе си го трошат времето , само си ја олеснува душата и ништо повеќе.
Точно, не си мажена и не можеш да знаеш. Прво секоја свекрва кога ќе дојде снаа ја гледа со љубомора као еве сега синот има жена, она ќе го пере , готви, а претходно тоа го правела само мама. Ете мојата беше таква на почетокот ко бесна кучка и само сакаше да се покажува и да се меша пред мм, а кога не беше он дома, таа не ме ни прашуваше како сум.А да не зборам што ми правеше кога имав спонтани. Па тоа не би го правел некој најголем душман, а не мајката на мажот . А знаеш каква беше пред други и пред моите, абе лизни мазни,најдобра на светот. А и не можеш да знаеш зошто снаите што ги знаеш претеруваат, сигурно заслужиле свекрвите
Сигурно нема да се натпреварувам кој ќе го пере и кој ќе му готви на принцот. Никој со никого не се мажи за да му готви и пере, жената не е домашна послуга. Двајцата сопружници, заеднички ги извршуваат тие обврски , независно дали се во заедница или не и чиста сметка долга љубов. Ќе нема со кого да се натпреварува свекрвата, а и снаата. Се додека нема рамноправност меѓу полови и во домот, ќе ги има овие глупи кавги за чистење , перење и одење по газот на принцовите!